Шампон за коса од лотос од Афродита. Беспрекорно ја чисти косата, и дава неверојатен сјај, а мириса на нежно и чисто. Малце ја суши косата, тоа да, но не е ништо што еден регенератор не може да го реши. Сите шампони на Афродита ќе ги пробам, ако се сите добри како овој, веќе не менувам шампон, конечно најдов нешто што совршено ми одговара на косава. Башка, 1000мл - 100 денари.
Го видов многу намален во еден маркет па се заинтересирав. Дали ја мрси косата дополнително, содржи ли силикон или масла во него? Се извинувам за оф-топик.
Garnier clean sensation Презадоволна сум од стиков. Отсекогаш сум била против стиковi и вечна дебата ни беше со мајка ми, ама од овој не планирам да се откажам во блиска иднина. Нема силен мирис за да се измеша со парфем, остава да не речам воопшто бело на маичка и трае буквално цел ден. Го користам веќе 3 недели и ниту еднаш не ми се случило да осетам било каков непријатен мирис. Пре, пре, пре задоволна сум. Alvedre All in one маскара Имав една друга маскара од Алверде, онаа со зелено капаче и беше одлична. Во Италија користев на некоја нивна позната фирма и не ми беше баш по мерак ама ја искористив. Цела радосна отидов да си земам од Алверде маскара и ја земав оваа која е навистина супер. Четкичата е убава, фино ги разделува трепките и дава волумен. Дополнително, што мене ми беше многу важно, се препорачува за оние кои носат контакти леѓи. Имам користено на Менхетен ваква маскара и поголема иритација на очи не сум имала. Но оваа е одлична. Цената исто така прифатлина, 177 мислам беше, ама ние имавме купон за попуст па уште поефтино ми дојде. Се заљубив во шампонов, совршен мирис на лаванда. Не е пренападен, таман за пред спиење да те опушти. 5-ка од мене.
Овие карминчиња од авон -преубави се,кремасти и многу убаво пуштаат боја и трајни се, јас ги имам овие нијанси што ги постирав, а има многу убави летни боички
Во Март и Април се подновив со неколку производи од органската козметика Лавера па чекав да видам како ќе се покажат за да споделам впечатоци. Посебно го заслужуваат местото во оваа тема заради нивната ефикастност. Не само на месецот туку на векот ми се откритие и ќе ми бидат омилени верувам. Најмногу ме привлече тоа што се органски, немаат парфемирани додатоци на кои сум доста осетлива кога станува збор за нанесување на лице, единствени препрарати за миење лице и пилинзи кои не ми ја сушат кожата на лицето. Да почнам: Гел за миење лице за чувствителна кожа. Пренежен е со кожата, одлично го чисти лицето, не прави пена (сосема малку) а е многу ефикасен. Пилинг за лице со невен. Малку е груб за мој вкус ама не ја суши кожата што е најбитно. Флуид за лице со алое вера, дава разладувачки ефект, многу лесна текстура има и лесен свеж мирис, дава влажност на лицето која трае со часови. Тоник за лице со алое вера. Многу свеж и природен мирис има, нежен е и го освежува лицето.Мене ми е тоник број еден!!! Единствена маана му е што e многу мала милитража само 50мл, а цената му е околу 700 денари. Пилинг-гел за туширање со зелен лимон. Немате поим колку освежува. Мириса оргинал на лимон, не е многу груб, уживам кога се туширам со него.
Мај- месец на предобрите Ревлон Пудрата немам коментар веке за неа се е кажано Шампонот за сува и оштетена коса ----прекрасен е само пофални зборови косата е мека и прекрасно мириса. И спрејот кој е и за заштита и за лесно рашчешлување ,косата никогаш не ми била повеке негувана. И парфемот Blue на A.B траен ,за летниве денови освежителен.
I love.. Vanilla&Ice cream! Совршенство од гел за туширање! Мирис неверојатен, се мачам секое бањање, сакам да го испијам за љубителите на ванила - ова е тоа. 500 ml. за 232 ден. во ДМ.
не на месецот туку на годината 1. Перли од некоја си фирма noubeier од на тезга се ама се преубави. Златеста боја како што се на сликата. Едвај чекам да се исончам 2.Essence Colour and Shine eyeshadow-fabulous 1 Името кажува се.Едноставно преубава.(ја начекав намалена на 85 ден )