ж Млеково е совршенство. Мириса убаво, нежно, на чисто како што сакам, плус е и многу хидратантно, баш како што пишува кожата ми е 24 часа хидрирана како само што да сум ставила. Презадоволна од производов, сигурно ќе го користам и подолго, кожава толку сјајна не ми била никогаш Нешто без кое неможам да живеам, прво со нив си ја вадам шминката (најчесто за тоа ги користам) и потоа со пената од авон и на крај крема
Овој пат заслужено. Единствено место ќе и отстапам нејзе. Нејзиното височество маската за коса LORYS со потекло од Бразил. Во моево 25 годишно животно искуство поубава коса по миење не сум имала. Маскава е чудо. Јас обавезно ја пеглам по миење, а мирисот од маскава е толку интензивен што првпат во животот ми се деси дур ја пеглам од неа да мириса, а не на изгорено. Имаше најмалку 8 типови на маски, ама оваа со арганово масло најмногу ме привлече поради фактот што на неа пишуваше дека го намалува обемот на косата, а мојата коса е екстремно сува и густа. Ја купив од Бугарија, 1 kg. за 8 бугарски лева (приближно 250 ден.)
Одличен регенератор! Претходно го користев жолтиот и бев задоволна, но за овој немам зборови. Најчесто косата ми е мазна по измивањето, но по сушењето, ја чувствувам повторно сува и безживотна, а со него ми се реши проблемот. Мека е, сјајна и мириса преубаво. Го купив на попуст за 117 ден. Дека делува против испукани врвови сеуште не сум тестирала, но и вака е повеќе од предобар. Немаше да знам дека пенава е толку ефикасна да не ми се истрошеше . Ништо не ми помагаше за поголем волумен, но сега моето тенко косиче делува густо, а волуменот се задржува дури и сабајлето. По миењето нанесувам пена, ја сушам и фенирам и ниту тогаш не се сплескува, ниту пак кога ќе станам од спиење. Презадоволна! Чини 225 ден во ДМ.
Омилени периодов: 1. Clean&Clear dual action moisturizer - oil free Фино кремче за мрсна кожа. Хидрира, ја матира кожата, а воедно и помага против акни и флеки. Јас со акни немам проблем, ама со флеки, т.е. црвенила да, така што супер ми одговара. Се впива инстантно по нанесувањето, а кожата ја остава мека како бебешка, хидрирана и мат. Си го користам под пудра и совршено ми е. Цена - околу 160 или 180 ден. во Тинекс (не памтам точно). 2. Bourjois Flower Perfection youth extension foundation Добро позната на „среќниците“ со масна кожа како мене Убава пудра, фина, мат текстура, доста покривна и издржлива. Да не се повторувам, се изјаснив во соодветната тема. Одличен производ. 3. Loreal Paris Studio Line Silk&Gloss Volume Hairspray Лаков е фантазија Пред извесно време ја пофалив во темава пената за коса од истава линија на Лореал, а сега го пробав и лакот. Изненадена сум колку е добар. Не ја стврдува косата, значи и по прскањето може да се чешла и обликува, а сепак ја држи на место и ги скротува разлетаните влакна. Јачина на зацврстување пишува дека е 4 (од 5), ама воопшто не ја „цементира“ косата. Многу убав лак со ПРЕКРАСЕН мирис (за разлика од добропознатата Интеса ). Цена - околу 250-280 денари. Спојлер Тука пак ќе ја спомнам и пената за волумен од истава линија Ја ставам во иста кошница со лакот, феноменална. Не ја слепува косата, ја поткрева од коренот и волуменот ми трае до следното миење (сепак имајте во предвид дека ја мијам на два дена, така што и не трае нешто многу ) Дефинитивно ќе пробам и други производи од Silk&Gloss линијата на Loreal. Ако најдам некое спрејче за заштита од топлина при фенирање, би било супер. 4. Pantene Deep Moisture Souffle Daily hair moisturizer (најдесно на сликата) Производов го здогледав во Тинекс и појма немав што е, па го купив за да го пробам. Ова е всушност суфле за коса т.е. за навлажнување и хидратација на косата (на влакното де ). Прилично позитивно изненадена сум. Текстурата е како пена, се нанесува и на сува и на мокра коса и не се измива. Пишува дека се нанесува на цела коса, почнувајќи од врвовите, но јас го нанесувам по должина од ушите па надолу, не на цела коса, од причина што избегнувам премногу препарати да нанесувам на косата, зошто ми се мрси. Наменето е за екстремно сува коса и има за цел да и' ја врати хидратацијата. Јас имам вечно суви врвови и мене ми се допаѓа многу, задоволна сум, косата ми ја прави свиленкаста и мека и мириса.... аххх, не можам да опишам, мора да се почувствува. Оргазмично Цена - околу 280 денари ми се чини (ич не памтам цени ) Не ја мрси косата дополнително, што секако е плус. 5. Dove Hair Therapy color repair шампон Се фатив како трет пат по ред го купувам шампонов Ми одговара на косата, не ми ја мрси дополнително, ја прави мека и сјајна, ја негува бојата, а и преубаво мириса. Сега за сега ми е погоден, се надевам дека нема косиштево и од него да ми се презасити, како што беше случај со сите досега шампони
Bo Tинекс имаше промоција, за сметка над 200 ден-гел за 65 денари и ај го земавме, да го пробаме Hе сте свесни како мириса, ау ау ау, немам коментар, мекан гел, пеничка за мерак, и после туширање мирисаш, мене на јаготки ми мириса,преубав
Пудрите на Макс Фактор. Нешто подобро за лицево немам користено.Течната е лесна,доволно покривна,дава природен изглед,а и си најдов погодена нијанса. Врз течната,само малку од камената да фиксирам,and go !! Лицево ми е беспрекорно,а и не ми треба коректор. 10+ од мене.
Ептен ми се погоди пудрава.Лесна е,добро се размачкува.Многу ми се допаѓа што дава природен изглед за разликa од другите пудри што сум ги користила.И без и со подлога супер е. Некој ќе мисли дека рекламирам Ама кога ја купив пудрата ми ја препорачаа и маскарата. Две четки се,едната за по така денски изглед а другата за вечерен,иако јас понекогаш комбинирам и од двете.Ми се допаѓа има волумен.
Шампон против првут Palmolive wild mint & sea minerals Периодов експериментирав со шампоните (затоа што мојот Пантен уште не можам никаде да си го најдам), па за месец мај како омилен продукт го ставам овој шампон. За разлика од Wash&Go да речеме, после миењето со Palmolive косата не е крута, туку е многу нежна, како да имам ставено маска. Мирисот е прекрасен, а и долготраен. Љубениов многу сака да ми ја мириса косата