Афродита маслен гел за туширање и млеко за тело од истата линија - јојоба и шеа путер. Милина, преубав мирис, нежна кожа, прекрасен. Maybelline rocket volume mascara Веќе ја испофалив, дефинитивно оди во омилен производ на подолг временски период, Коњски балсам со луто пиперче Ете што бил лекот за подобрена циркулација. Го купив за истегнати мускули, ама за подобар ефект демек - со луто пиперче, од Зегин околу 175 ден. Мислев ќе ми експлодираат нозете. Сјаен производ за сите со слаба циркулација и истегнати мускули. Парфемчињата Економик ми се ре-откритие, т.е. продавничката во Бисер, каде што ги има сите и се само 200 ден. не мора да нарачувам и да чекам, туку одам, мириснувам и купувам.
Спојлер Можеби ме читате по темите, се убив од барање крем за мојата комплицирано комбинирана кожа. Дефинитивно е предобар! Лесна текстура, нешто како гел е и брзо се впива. Тие малку акни што ги имав ми ги исчисти а како подлога за пудра е совршен. Смирува и опушта, одлично мириса. Видно подобрување на мојата кожа Убава боичка и лак што најдолго ми се задржува на ноктите Со чудово ги спасив моите нокти Лакот се задржува повеќе време, не ми се лупат, цврсти се и не ми се кршат. Презадоволна сум. Препорачувам! Подарок од другарка. Силен и долготраен мирис, што јас лично го обожувам. Поздрав до La.Reina.Del.Sur
Ги заборавив овие лакчиња на Аура - She Bunny многу се добри, малечки ама квалитетни, со подлога лакот не се лупи воопшто брзо и имаат многу висок сјај. , 37 ден. во Зегин и нијансите се убави, ги пробав 107, 512 и 509 (само има малку светки, ама дискретни). Прекрасни боички за лето. Спојлер
На маж ми е, па го крадам. Кога не ми е дојдено до депилација, овој гел е одличен за бричење. Нозете отпосле не се изиритирани, крути, па да имам чувство како на суво да сум се бричела...Сон
Спојлер За цел живот омилени, жими мене После долгогодишна тортура врз скапоценово ми лице, сапунче насабајле и навечер, обично кремче, и цел ден никаков проблем. Ни тоници, ни млека, ништо, лицево ми сјае(не масно туку онака баш здраво ) не ми се масти, не ми прави проблеми и не ми е веќе тмурно и сиво Омилени до 100 и назад Спојлер И дефинитивно ова кремасто руменило на Орифлејм Го зедов тоа најсветлото, праскеста боја, лесно е за нанесување(со прсти, ем најубаво), дава одлична свежина на лицето, го бидува на секаква пудра, јас најчесто го користам со тоа подлога/пудра/тониран крем што и да е, Peach me perfect, исто од Орифлејм(имам пишано и за него, и тој ми е еден од поомилените производи/откритија ) и дооолго долго трае. Цел ден не ми мрдна од образи, уште поубава боја добива кога ќе се соедини со кожата, ич не е нападно, како природно да сум си румена И плус мислам дека ќе трае со години, зашто едно капкиче треба и доволно е, поприродно амин
Па ... Garnier Heritage de Provence, со лаванда и роза. Иако го купив пред скоро, веќе го тестирав неколку пати и воодушевена сум. Дефинитивно не ми беше љубов на прв мирис, ми мирисаше тешко, ко оние бугарските парфеми кои мирисаат на ружи. Ама нели пуста љубов кон сè што мириса на лаванда, па го ставив в корпа и него. Плус, се тешев дека сум во ПМС и дека ми се мешаат мирисите. Кога ќе дојде во допир со вода, лавандата убедливо доминира, а многу ми се допаѓа тоа што мирисот останува во косата и е доста интензивен до следното миење. Ќе си го купам и регенераторот, ако го има, зашто не го забележав низ полиците во маркетот. Се чувствувам ко Французинка кога си се мирискам. Rimmel lonlasting, 214 firecracker Спојлер Па, како да ви кажам, сто години си го барав идеалниот црвен кармин и малку ми требаше да отрчам до првата парфимерија и да го тестирам овој. Ни на крај памет не ми падна дека би ми одговарал, го грабнав (не го пробав од тестерче) и се туфкав дома пред огледало - да ставам, да не ставам. Се прежалив и многу си се допаднав. Има некоја примеса на портокалово, но повеќе мава на црвеникаво - баш му е погодено името - експлозивен е. Nivea mattifying day care Ова е производ на годината! Нивеа никогаш не ме разочарале како бренд, иако мислев дека кремов нема да ми биде по терк и дека ќе ми се појават акни, сепак испадна солиден. Лицето ми беше катастрофално од (очигледно) несоодветните креми кои ми доаѓаа при рака, а со ова некако ко да го видов рајот. Многу убава гел-структура, прекрасен нежен мирис, лесно се впива и многу малку е потребно за да го поминете целото лице. Мислам дека ќе ми трае со месеци, иако ставам неколку пати дневно (па и навечер) . Брзо се впива, не ја остава кожата мрсна, но и не ја матира премногу па да ја чувствувате сува и презатегната. Значи таман си е. Oriflame tender care Многу, многу подобро од она на Vaseline. Не е толку мрсно, поубаво се впива и не остава бело (барем засега уште не сум приметила, а мачкам постојано). Немам проблематични усни, но повремено знаат да почнат со зафрканции и лупење, а ова ми ги среди за неполни два дена. Многу убаво ми мириса, на нешто чоколадно и не знам како успевам да одолеам да го брцнам целото и го изедам во еден потег. Не се за мене овие чоколадни мириси. Многу е нежно, го препорачувам. И да не го заборавам, моето мини-ѕверче - руменилото на Bourjois, 74 rose ambre Мораше да се искористи намалената цена, не дека ми требаше ново руменило, ама едноставно морав да го имам пак. Многу ги сакам овие праскасти нијанси и најубаво ми одговараат на тенот, барем не сум навикната да си се гледам со баш розово или друга нијанса на руменило освен оваа. Иако четката е мала и личи на шпатула, не делува како глетовано и вештачко, баш е природно и свежо. Доволно пигментирано - нит премногу, нит пресиромашно и што е најважно - конечно ми го собира во ташна и руменилото. Па и огледалцето - мераци.
Гел за миење лице на Dove. Mи го донесе либето од Јапонија, при крај ми е, а досега не сум начекала вакво во нашиве продавници. Ми го освежува и смирува лицето, се надевам ќе му најдам достојна замена. Each Peach маслен масажер за тело. Луѓе, ова е Рајот на земјата. За 490 денари, од Lush. Има цитрусни ноти, праска, мангово и кокосово масло во составот и те тера да се гушнеш сам себеси. Помага кога сте депресивни, проверено Хлорамфениколот на Фитофарм. Морав да си го средам лицево, ко средношколски бубуличар станувам пред ПМС и многу ми помогна. Секој ден по двапати (после миење лице наутро, и пред спиење навечер), темелно го поминувам, и сега за сега покажува резултати, веќе недела дена го користам.
прво бев скептик за млеково, ама сега можам слободно да кажам дека по квалитет е на ранг со Нивеа, а цената ниска. Уште еден доказ дека некогаш повеќе го плаќаме брендот. пилингов веќе го имам коментирано во темата за ДМ. Си ја врши работата - кожата мазна и чиста. Мириса свежо, не се задржува многу мирисот, ама тоа не ми ни беше многу битно. Го купив за да ја врши функцијата пилинг и тоа го прави супер. гелов за туширање . Мајка ми го купила и прво ја искарав затоа што и јас предходно земав Балеа, ама кога го помирисав одма го повлеков зборот Мириса феноменално добро, плус и трае. Ептен е добар.
значи кремава е чудно девојки.Не да сум задоволна,туку презадоволна сум ! Ѕверка е жими се. 10\10. Не ми беше толку многу лицево нафрлено,имав малку мозолчиња.Со 1 недела употреба,веднаш ги снема ми се чини дека лицево никогаш почисто не ми било. понекогаш сум скептик за мирисиве на ванили и на глупости. Ама што знам оваа,некако кремава ми има вистина јак мирис,но добра е за рацете.Вистина ги омекнува и ги прави ептен нежни.ис.