Како нај продукт за месец Мај ќе го прогласам гелов, пилингов, маскава т.е 3 во 1 за лице од Garnier. Нежен со кожата, а одлично ја чисти. Топ.
http://img2.timeinc.net/instyle/images/ ... er-300.jpg ауф волвче коректоров е пред 4ри години го имав, доста е малечок, ама пенест е... од тинекс во рамстор го земав накај 600 денари мислам! ама чудо невидено е, и доста трае прекрасен прекрасен најпрекрасен
Мене ми е продукт на годината ова Со години веќе користам пилинг еднаш неделно, сум пробала многу, но ова е фантастично! Плус и после пилингот се остава на кожата неколку минути и како маска е. Кожата ја прави перфектна. Го користам од лани летото и не го менувам, иако уште до пола ми е, големо е пакувањево. Еве денес си го земав и она од гарниер за дневна нега за мртви клетки, со четкиче, тоа на претходната страна што го препорачуваат, па се надевам ќе биде одлично како и пилингов/маскава на Гарниер
Добар третман за оние кои имаат кршливи нокти како моите. Ако не носам лак обавезно мачкам 2 слоја од ова и ноктите ми се во ред. Но почнав да го користам и како основа за лаковите хахах па добро е!
заборавив која цена е , но е помеѓу поефтините, го имам и сум задоволна, е еден од подобрите пилинзи но доколку имаш посува кожа не е за тебе, на другарками и направи црвени флеки
Немам сува кожа, комбинирана кожа имам и мислам дека би ми одговарал. А чудовона Гарние што Старфиш го постави пред некој ден, за чистење на лице кај може да се најде. Барав Тедико, аптеки нема
^ Пилингот од гарниер мене ми е производ на годината, јас имам комбинирана кожа, и поубаво нешто не сум имала, кошта некаде 350-400 денари, не знам точно, но мене ми трае од летото и сеуште имам. Само што видов со Россонерка скоро идентично мислење имаме за пилингов
Карина ич не се сеќавам точно да ти кажам дека повеќе работи зедов одеднаш, ама се ми се чини дека беше околу 260 ден. Во секој случај поскап од 300 ден. не беше. Провери во Зегин, јас од таму го зедов. Едит* Гледам Фиарлес од 350-400 напишала, ама се си мислам јас поефтино го зедов.
Јас мислам пилингов беше над 300, негде дури и 400 го гледав низ парфимерииве. А она за чистење на кожата од претходните страници со четкичка е 260 во Зегин тоа 100%. И ова е за секојдневна нега, а пилингот се препорачува еднаш до максимум 2 пати неделно.