Путер за тело со екстракт од какао Покрај тоа што има дискретен мирис на чоколадо (какао), после нанесувањето кожата станува многу мека. Путер за тело со екстракт од маслинка. Убав мирис и мека кожа. Лак за нокти на Rapsodi Маскарите на Virtual За овој месец ја одбрав Movie Star Eyeliner - Golden Rose со мека четка 212 body powder Мислам дека поубаво мириса и од самиот парфем.
Како голем противник на антиперспирансите, да ми го спомнеше некој овој производ порано, ќе кажев илјада аргументи против. Не се потам многу, всушност до ова лето го решавав овој проблем со средства кои не содржат алумниумови соли...Но ова лето се случи спојот на топлина, стрес и силен физички напор и еден ден на белата блуза сред работно време видов големи флеки од пот под пазувите...Денот го минав како на трње и одев како робот без да подигнам рака. Потоа ја исчитав темата -Непријатно потење под пазувите, и го најдов производов за кој можам да кажам дека е чудо...Делува навистина, но најверојатно на начин кој не е физиолошки. Содржи алуминиумови соли...но содржат и многу други средства кои не даваат никакви резултат. Го нанесувам на четири дена, пазувите ми се чисти и се чувствувам пријатно и свежо. Барем периодов ќе го користам, а потоа повремено (во ситуации како свадби, свечености, облека на која лесно се прават оние грозни флеки).
Морам да го пофалам, прекрасен е ! Тргнувајќи од фактот дека прекрасно мириса, шишенцето ми е препрепреубаво, а и рекламата е исто убава. Го обожавам парфемов, значи го О-БО-ЖА-ВАМ !!! Најдобар е !
Месецов си ги користам парфемчината на Економик, млекото за тело од бекутан , кремчињата за раце од Викториа Сикрет,Рексона и шампонот од алколоид херба од коприва за евтини пари стварно е убав.Исто така лаковите на Малена и Рапсоди и геловите за туширање фелче .
За овој месец да ги издвојам: и маскарава која пријатно ме изненади,повеќе нејзе ја користам него Рокет во последно време и уште едно изненадување,одлична копија,идентична на оригиналот со 10 пати пониска цена ги сменив Нивеата и Дове и не се покајав
За месец јуни: Силиконски капки за коса од авон Лакчињата за нокти од Голден Роуз Крема за лице од авон Елдена - млеко за тело
Mои омилени се пудра од ессенсе,лосион за тело од авон со мирис на темјанушк ...............и кремата здраве благодарам за предлогот феминки
И благодарам на Sexybaby86 за информацијата за производов.Имам сува коса и ја мачкам со секакви масла,но од пред извесно време барав нешто за хидратација.Кратко време го користам,но можам да забележам резултати.Ствано ги навлажнува,ги оживува врвовите и ги прави свиленкасти,а без да ги замрсува.Косата ми изгледа многу поубава и поздрава.Ова ми е откритие на месецов.
Трепките на аура и лепакот стварно ме изненадија позитивно, многу се убави, лесни и може повеќе пати да се употребуваат, претходно не сум ставала трепки често но месецов свадби матури и неколку пати ги носев и стварно се одушевив, а и цената е ептен ниска за квалитетот. Овие две млека за тела ме одушевија, прекрасен мирис стварно, и кожата е многу мека и нежна потоа. И покрај сите маскари на мејблин и лореал оваа дефинитивно ги победи и по квалитет и по цена, едноставно поубави трепките од ниеден римел не ми биле.
За Јуни 1. Herba Shampoo Спојлер - Шампонот од коприва, ми се погоди супер за некои 70 денари косата прв пат ми издржува до 3 дена без да ми се мрси што е чудо за мојата мрсна коса. Подобар е од оној другиот од коприва. 2. Хлоракол Спојлер Вака изгледа, само пишува Хлоракол на пакувањето. - Лосион за чистење лице кој што ми го среди лицето, презадоволна сум. Ги пробав и Дермогал,Нивеа,Балеа но од овој имам најдобри резултати досега. 3. Nivea Stress protect Спојлер -Новиот анти-перспирант на Нивеа е предобат. Долготраен е, и преубаво мириса.
Не користам пудра ниту пак коректор бидејќи имам еднаков тен и чисто лице. Меѓутоа, овој месец имав проблеми со менструација и поради тоа ми излегоа ситни мозолчиња кои морав да ги прекријам. Поради тоа ја купив пудрата на Young Derm. Прекрасно нешто! Го земав бројчето 5, сосема ми одговара на мојот блед тен, се размачкува веднаш и воопшто не е тешка на лице. Пишува дека е за мрсна и комбинирана кожа, а јас имам сува но,тоа воопшто не претставува проблем. Ја препорачувам дефинитивно.
1. Хлорамфениколот (лосион за лице) го испофалив веќе,како некоја аптекарка да сум Не како продукт на месецот,туку на годината. Едно големо браво (го употребувам еднаш во 2 те недели, а поретко ако ставам-ставам само на акните) 2. Дав кремот за лице: откако почнав да го употребувам кремот,не ставам ништо на лицето (пудри,коректори... такви ситници :geek: )
Не само на месецов, туку продукти на веков ми се. Како само ми ја опоравија косата, тоа е чудо. Најтопло ги препорачувам, вредат секој денар.
^ Јас од ДМ ги купив. Шампон и маска за регенерирање на многу оштетена коса. Преубави се, само малку се скапички, заедно мислам дека околу 1000 беа.