Гел - крем на Нивеа ми е фантазија, мирисот веднаш не исчезнува а кожата е мека и нема потреба од мачкање со млеко за тело што јас мразам на горештините да користам дека имам мрсна кожа, чини околу 160 ден. Руменилото веќе го пофалив во друга тема презадоволна каков нежен и природен изглед дава, и доволно трајно. И капките на Авон, конечно нешто да ми се погоди од Авон и даваат свиленкаст сјај на косата, не ја мрсат дополнително, и ги штитат врвовите барем на мојата коса се покажаа супер.
Alix Avien лакови за нокти.Ги има во Голден Роуз и се по 70 денари.Многу се трајни,не се лупат брзо и имаат убави бои.Единствен лак што не ми се лупи за 2 дена. Balea Professional Repair Преубаво нешто за коса.Косата е мека,лесно се фенира и прекрасно мириса.
Creme 21 Малку е мрсна за мојата кожа, па затоа ја ставам навечер пред спиење, откако ќе ја извадам шминката. Има убав мирис, не многу јак, а сепак долготраен. Има некое смирувачко дејство кремава, бидејќи уште при првото ставање забележав разлика на кожата - некои мали црвенила ми беа смирени, а кожата ми беше многу нежна. Fa Yoghurt Body Smoothie Си го довлечкав дури од Германија, таму си го најдов во продавница Се за 1 евро Има многу интересен мирис, ме потсетува на некои мастики што сум ги џвакала како дете
ЕЛДЕНА МЛЕКО ЗА ТЕЛО Прекраснотии.Се шљакам по цело тело.Од глава до пети. АЦЕТОН La Ligne Дефинитивно најдобар ацетон до сега. Young Derm Losion Супер ми се погоди за мојава кожа.
Хлоракол.Во иста паковка е како клиндацинот само на неа пишува хлоракол.Го користам кога ќе ми се појават бубулици, за 2 дена најмногу ги чисти.Го имам оддамна и не го земав за повеќе од 100 ден. Маскарата од Алверде.Ја добив на поклон и е ПРЕУБАВА. Трепките ми ги први густи и долги, и најважно не ми ги згрутчува и не ги прави тврди. Сините капки од Авон, ги користам веќе 4-5 месеци и се преубави.Косата ми ја прават сјајна, и преубаво мирисаат.Таман е за моите суви врвови.Ги земав 240ден.Кога ќе ги потрошам би сакала да ги пробм и зелените Кремата од Авон од ванила.Мириса на рај, имам нормална кожа и кремава не ми ја мрси. Мислам дека ја земав окулу 150 ден.
Емулзија за чистење на лице со невен од Алверде Богата, бела, кремаста структура. Мирисот и не е нешто особено, меѓутоа го остава лицето чисто и многу нежно. Претходно го имав тоа синото од оваа линија и ова е исто супер. Маска за лице Face Food Со кал од Мртвото Море, преубава маска, ја ревитализира и освежува кожата. И економична е, 2 во пакување за 60 денари, исплатлива многу. Ги има во Веро неколку видови. Средство за сончање SunDance 20ка фактор со кокос / Балеа Половина го потрошив уште неизлезена асално на сонце. Веднаш се впива, немрсно, остава нежен сјај, а мирисот на кокос, уф... затоа го сакам летото. Пенкало-туш на Есенс Водоотпорен и долготраен, и кога мислам долготраен мислам 24 часа. На него пишува - Stays no matter what, и сериозно си го сфатиле предизвикот. Одличен е, не се брише воопшто, ама малку тешко се вади. Eveline крема за раце со козјо млеко Конечно крема кој брзо се впива, хидрира и не остава мрсен сјај. Нема некој посебно добар мирис, но не е ни важно. Супер е за намената.
Никој не може да ти каже дали ќе ти трае или не, тоа зависи од кожата. Мајка ми го обожава парфемов, става сабајле и и трае буквално цел ден. Мене пак, за два саати ми ветрее мирисот. Бар овој парфем го има секаде, прсни се и види колку ти трае.
Добиен од комшивката.На неа не и одговарал.Мене ми е совршен.Нежен и ненападен. Ми се средија ноктите до некаде.Тоа што не е средено е поради мојата невнимателност. За моево лице кое преку лето не трпи ништо друго идеален. Освежителна и лесна тоалетна вода.
Го препорачувам PERSPIREX против потење.Помага 100 % на ова топло време и не остава флеки на алишатата. Потоа големo like за млекото на тело на фломар.Го купив зошто многу ми се допадна мирисот,но исто така и кожата ја права мека и миризлива.
Felce Azzurra - Dolce Случајно ја купив жолтата купка, претходно ми ја фалеше другарка и мене навистина ми се допадна откако ја испробав. Мириса на чисто, нежно и меко и идеална ми е. Се презаситив од сите овошни, светни и останати мириси, сакав малку да сменам и ... за оние деведесетина денари кои ги дадов сум супер-задоволна! Меѓутоа, ми се мешаа мирисите со лосионот за тело кој го користев и ми се замота во глава да си го земам и лосионот од истата линија. За двојно поинтензивен мирис. 400 милилитри за 180 денари - прајслес! Ќе ги пробам сите, иако мислам дека овој ќе ми остане омилен.
Презадоволна сум од шампонот , косата ми ја прави мека и сјајна, а и многу споро станува мрсна Спојлер