Бев голем скептик за ацетонот но го купив и е прекрасен. Налет тоа што совршено ми го вади лакот од ноктите дури и прекрасно ми мириса. И лаковите кои не ми мрднуваат од ноктите по 4-5 дена. Прекрасни се боите и имаат супер цена.
Овие мали сапунчиња на Тео се прекрасни, мирисот им е долготраен колку на некој парфем од 1000 денари. Да, да навистина, а имаат смешна цена од 15 денари. Големите сапуни на Тео се исто така многу убави, имаат добра, прифатлива цена и имаат сапуничка за мерак. Мирисов е толку убав и долготраен а, е само 199 денари. Не е секогаш колку пари толку музика. Дефинитивно нема да го сменам уште долго време! Кремата за лице на Dove е прекрасна, многу убаво мириса. И на крај морам да ги пофалам секојдневните влошки на Discreet! Сите до едни ми се прекрасни, толку се меки и удобни, се чувствувам многу по заштитено со нив, а не ни се чувствуваат дека нешто на гаќичките носиш. Толку... Извинете за долгиов пост ама одамна ме немало во темава па да надокнадам морам. Поздрав!
Aјде и јас да се испофалам,си купив доста работи месецов -лосион на јанг дерм супер ми делува на кожата а и чисти секаква нечистотија 140 ден -крема за раце ессенсе преубава и свежа за лето 70 ден -бел креон на ессенсе преубав е,и не се размачкува 75 ден -и туш на голден росе со тврда четка супер не се размачкува воопшто а јас имам проблеми бидејќи ми солзат очите
Овој шампон го купивме од Лидл во Грција, некаде околу 100 денари би дошло.. Шампонов е чудо. Преубав е. По мирис е многу сличен на Head and shoulders ама е многу поубав, и поефтин.
^ За еден ден е одличен, имаш мека лелеава коса, ама наредниот ден зејтин. И не е за тие што си имаат мака со првут.
Незнам, шампонот е против првут баш ме чуди да не помага, а со оглед на тоа дека вчера се миев, косата ми е сеуште океј Спојлер Се извинувам.
за смешни 99ден добивате 1L а мирисот .. ммм кокос омилен веќе подолго време а посебно во лето. ја хидрира кожата и ја прави мека прекрасен мирис идеално за летни бакнежи
Во КАМ има еден на La ligne со мед течен сапун преубаво мириса, го препорачувам Спојлер Во последно време се почесто од таму пазарувам А, да и не е скап
Омилени продукти за овој месец,премногу ми се допаѓаат.Влошките се со прекрасен мирис,ги обожавам и лесни се,кремата ми е незаменлива многу ми помага,а ацетонот прекрасно го вади лакот од ноктите.Презадоволна од производиве.
= совршенство за тело Има преубав мирис, одлична хидратација, прифатлива цена (180 денари за 250мл), долготраен мирис, кожата ја прави многу мека.