Шампонов на Palmolive Fresh & Volume Ми ја прави косата мека и амбалажава е така поголемка, соодветна за секојдневна употреба. Ама нешто што најмногу ми се допаѓа е интензивниот мирис кој се задржува на косата и откако ќе се исуши. Претходно го имав белиот, со маслиново масло, и тој е добар исто, но овој ми мириса поубаво. Nivea гел за туширање - Sunny Melon & Oil Значи, мразам диња, ама гелов по втор пат го купувам, бидејќи иако ми мириса на диња, сепак ми се допаѓа и ми ја прави кожава мека. Сите гелови за туширање од Нивеа се покажале добри, ми одговараат, и мирисот им е траен и на сува кожа. :up:
Купено набрзина како привремено решение додека не се најде некое понормално млеко за тело низ катастрофално снабдените грчки продавничиња- и оп љубов на прво мачкање Прв пат откако паметам после летување да не ми се исуши кожата и да не ми се лупи. Прекрасно нешто. Хинт - ако го користите на водена кожа бавно се троши и хидратацијата е многу подобра. За овој лак имав читано и добри и лоши искуства, па решив да го пробам. Во комбинација со Малена ми трае 4-5 дена без ни да почне да пука. И сјајот што го дава за цената е одличен.
1. Шампонов од лаванда и роза на Garnier е чудо! Косата сјајна, сјајна никогаш не ми била ваква.. Ми издржувава и по 4-5 дена да не ја мијам косата! Прекрасен еее! Го сакам! Во план сум и од другите вкусови да пробам.. 2.Купката на Felce Azzurra-Dolce е совршенствооо! Премногу е ефтина само 110 ден, имаш 500мл и гратис 250мл шо е супер.. А башка мирисот....... Прекрасен! 3.Новите секојдневни влошки на Discreet со мирис на јасмин! Многу убав мирис имаат. Прекрасни ми се!
Малена лакчиња. Абре споменик да им се дигне. Цела недела црвен лак на нозе во море не ми мрдна. На раце само еднаш се прелакирав откако нервозно го излупив (со тешки маки да напоменам, од Голден Роуз на пример цели делчиња одлепувам). Ништо друго веќе не купувам, само овие, Џонсон жолтиот Втора година по ред на одмор купуваме вакво големо и сите (мужи/жени го користиме). Одличен за секојдневно миење, убаво мириса и ептен мека ја прави косата. Глос марамици Во ред, не се за тело ама за зачистување и по дома и на одмор се одлични.
Значи парфемот ми е она баш погоден.Трае премногу дури и по два дена се задржува , и добивам комплименти колку ми е прекрасен парфемот.
1. Лакчињава на Kiko. Првпат ги пробав пред 5 години и од тогаш нон стоп си имав некои 3-4 омилени нијанси кои си ги користев најчесто. Арно ама, периодов им се напнав и ги користам секој ден. Одлична текстура, трајност, убав избор на нијанси и брзо се сушат. Сега имам околу десетина дома и ги напнувам секој ден. 2. Крем за туширање од Palmolive. Генерално, ги обожавам Palmolive. Ова мириса баш на чисто, свежо. Не мириса на класичен кокос, ама многу е убав. 3. Само што почнав да го користам и веќе ми стана омилен. И онака одамна го мислев да го купам. Баш мој стил. Го обожавам. 4. Да не ставам слики, многу ќе бидат... им се напнав последно време и на тие од Nail Therapy на Eveline. Ги имам следниве: Maximum Nails Growth SOS Brittle and Broken Nails Liquid Glass Top Coat (Nail Hardener) Cuticles and Nails Multi-Nourishing Oil и Soft and Healty Cuticles. Сите се одлични за тие пари. 115 ден. во ДМ. 5. И последно, не е мое на дечко ми е... ама му го обожавам мирисот и дефинитивно тоа како „лежи“ на машка кожа . Преубав машки парфем, во стилот на легендарниот Acqua di Gio.
1.Неможам да го изнафалам Ем ефтино,ем убаво 2.Моливчево за очи на есенс,што наместо такво како на свит чајлд ова го купив и не се каам.Преубава црна боја пушта 3.Овој гелов за туширање на B.U, преубаво мириса
Од овие купки на фелче што сум ги користела оваа со розово најубава ми е Мирисот е преубав и долготрен. Исто шампонов од Авон многу е убав, косата ми ја прави мека и сјајна и прекрасно мириса.
Девојки јас имам прашање, гледам сите ги фалите купките на Фелче, моментално и јас користам таква, но јас знам дека купките се наменети за во када, се полни со вода па се става од купката, вие ги користите на тој начин или и за обично туширање?
^Јас за обично туширање,но некако за разлика од повекето тука не ја препорачувам пошто премногу ми ја суши кожата значи премногу.Вистина е дека има многу убав и долготраен мирис,но тоа што лошо влијае на мојата кожа е огромен минус.
Па незнам ама јас не сум пробала досега да ставам купка во када полна со вода, само сум се туширала обично.
Овој шампон ми беше одличен за летово, поради жешкото сонце, одење на плажа, секојдневно тинтрење... + Зошто ја прави косата ненормално мека, лелеава, здрава, сјајна, се топи во рацете. - Зошто не и дава волумен и ја прави попласната.