шампонот и капките ми се сон за косата досега ниедна четка толку добро не ми се погодила... спрејов има многу убав летен мирис и кожата ја прави прекрасна... и лаковите на малена траат брзо се сушат а и има преубави нијанси...
Био хдрантен флуид со алое вера. Има природни хидратантни состојки,хијалуронова киселина растителни стереоли. Ми го освежи ептен лицето и ми е откритие на годината.
Да, посебно од силиконските капки од јаболко кои ги користам веќе подолго време. Доволна ми е само една капка за да можам да ја расчешлам косата и да ми биде свиленкаста.
За продукти на месецот ги прогласувам двата гела за туширање кои ги користев. Првиот е на Каротен со мирис на лубеница и тотално сум вљубена во него. Летен, освежувачки. Го добив гратис во Космо, примерок на кој стои дека не е за продажба. Чудно, не можев да најдам слика од овој производ, нити го има на сајтот на Каротен. Вториот е на Афродита на база на алое со ситни гранули кои не вршат работа како пилинг, но затоа пак мирисот е вистинска летна уживанција.
Презадоволна од гелот за туширање на Сефора. Преубаво мириса моментално ги користам на ванила и јагода
Пилингот за лице на Лореал - l'oreal perfect clean face scrub Гумата во средина изгледа чудна за употреба на почетокот, но тврдам дека нема поефикасен начин за пилинг. Одлична формула и чисто лице. Емулзија за чистење на лице со камилица на Алверде Ова е третото што го испробав од линијата, прво го имав Аква, па тоа од Невен и можам да кажам дека ова е најдобро. Малку погусто од другите и сосем малку маслено, но мириса преубаво и ја остава кожата нежна. За чувствителна кожа е врв. SOS Евелин превентивен лак за нокти Спас за меки и кршливи нокти кои се листаат. Нивеа гел за туширање од кокос Стандарден Нивеа квалитет, пенливо и со убав мирис. Си го земав кога бев на одмор, кај нас го немам видено и штета што е limited edition. Sun Dream лосион за после сончање со Алое Вера Огромно бабачко во Зегин за 166 ден. со чист мирис и лесна структура која брзо се впива и не остава мрсно. Кармин 03 Bourjois Rouge Edition Веќе го пофалив број 03, преубави кармини.
Бекутан Маслено средство Иако е наменето за бањање по препорака на мојата фризерка го ставам на коса. Косата ми ја прави неверојатно мека и сјајна.Особено ми се допага што содржи омега масти кои придонесуваат за здрава коса и скалп. Исто така го користам како гел за туширање а воедно со него се мијам и на интимните делови и до сега сум презадоволна од него.Воопшто не ми ја суши кожата и не ми предизвикува проблеми за разлика од другите средства кои мислам дека до максимум ми ја пореметија вагинална флора. Мислам дека никогаш нема да го сменам за ништо на светот. Спојлер Бекутан Хидратантно млеко Љубител сум на бебешкиве производи.Ми се допага што не е мрсна и брзо се впива.Исто така многу го сакам мирисот на Бекутан,ме потсека на детските денови. Мене млеково ми е совршено за кожата бидејки не поднесувам многу препарати на мене. Спојлер Бекутан Детски крем Најмногу го користам затоа што можам да го носам во ташна.Пушач сум а ме нервира мирисот на цигари на рацете па си го користам за да го неутрализирам тој непријатен мирис. Исто така убаво ми ги хидратира рацете па ептен ми е погоден. Спојлер Виолета влажни тоалетни папир Се наога кога сум излезена а морам да одам во некое јавно ВЦ. Има пријатен мирис на камилица и убаво освежува. Спојлер dr. plant foot care timijan Пудра за нозе Спас за смрдливи и испотенски стапалца.Спас. Има преубав мирис кој се задржува и не дозволува да се потат нозете и да се создаваат бактерии. Дефинитивно откритие на месецот ми е. Спојлер
Па ... Maybelline COLORAMA лаковите за нокти. Чинат 90 денари, мене лично ми се нешто скапички затоа што пред сѐ, купувам најобични пазарски лакчиња кои до сега никогаш не ми потфрлиле, ама од овие сум пријатно изненадена. Имам два, но би купила уште зашто имаат преубава палета на бои - нежни, баш какви што и сакам. Mauve Kiss, 150 и (мислам дека беше) Ballerina, 70 Имаат убав сјај, издржливи се на вода и на секакви надворешни услови, не се лупат прелесно и мене тоа ми е доволно. Не дека траат на нокти десетици денови, но супер издржуваат неколку последователни денови. Наредна нијанса која ќе ја купам ќе биде некоја electric blue. Bourjois Color Boost lip crayon Ова посебно би им се допаднало на оние кои сакаат сјаеви за усни, но ги избегнуваат поради ужасната лепливост и чудниот (понекогаш) мирис. Неодамна беа на промотивна цена во Космо (390 ден.) и решив да му дадам шанса на 01 Red Sunrise (третото од десно на сликата) , зашто 02 Fuchsia Libre беше премногу дреч за мој вкус, а ова е баш суптилно и нежно. Мириса преубаво, не се дели низ борите на усните како кармините на Гош и долготрајно е, што му е уште еден плус од мене. Пред скоро го добив најсветлото од колекцијата - 04 Peach on the Beach, за кое првин мислев дека ќе биде пресветло за мене, но сепак мислам дека ако си ставам уште два-три пати ќе ми стане една од омилените светли - праска-розе нијанси. Одамна немав користено кармин со примеси на праскасто-розеникави тонови, па овој прекрасно ми „легна“. Дава прекрасен свеж изглед кој малку потсетува на pale lips но во многу, многу посвежо издание. Немаат типична кармин-структура, но не се ниту претечни како сјаевите за усни - таман се! Rosal LipBalm - so natural Обично сите страдаат од суви и испукани усни во зима, а јас сум обратна ситуација - во зима немам проблем со тоа, но затоа во лето сум мајко мила - пукаат, се лупат, се сушат ... мислам дека сонцево им е вечен непријател. Нивеа за жал ме разочара и по долги години користење, лупење кожички и тапкање во место, си го најдов спасот! Мириса на нешто нежно, ме потсетуваа на крем од ванила и прекрасен ми е дури и како замена за кармин во текот на денот. Безбојно е, но има убав сјај и прекрасно изгледа на усните дури и кога сте нешто повеќе нашминкани. Браво за Росал, мислам дека си добија нов фан.
Премногу задоволна од спрејчето персиве , мирис долготраен и прекрасен . Купката на долче азура исто прекрасна , мирисот пре пре убав а и долготраен А дездорансот го купив за да го пробам и не очекував многу пошто го земав за смешна цена ама ко за инат се погоди , супер мириса , свежо а и ме штити од потење.
Лаковиве на лореал, посебно во комбинација со топ-коутот стои по цела недела без да се излупи. Испробано, се излакирав на нозете прво, и на одмор дури последните 2 дена еденот ми се изљупи, значи 8 дена без да мрдне а цело време у вода се шљапкаш, и поише од топ. Алал парите, 190 денари е еден лак, толку го земав у Дм како на промоција, ама треба да прочепкам колку се у космо или на други места, нема да ме изнанади ако се пофтини. Овие тенките правоаголнестиве се у питање, Јас го имам број 608, некоја интересена виолетова-тегет-мастило боја е, се прелива не знам точно да кажам дали е виолетов или мастило, преубава и интересена боја. Одозгора со топ-коут мене ми е со злати светки-голд карат навистина изгледа интересно. Брзо се суши и навистина изненадувачки стои доста долго. Има солиден избор на нијанси, некои специфични кои ги нема во класичнине пазарскине лакови. Средниот е тој мојот, навистина специфична боја. А топ-коутот е средниот Алал парите, навистина, препорачувам.
Sooo....let's get started. 1.Моливчињата за очи на Есенс-Stays no matter what и I love rock. Прво го земав само Stays no matter what,па откога го изнафалив на форумов,некоја пиша дека место такво земала I love rock и ептен било убаво,па морав да го пробам.Навистина се прекрасни двете,првото го користам за исцртување на внатрешноста на окото(долниот дел,waterline),а второто за очниот капак-како туш изгледа,а полесно е за ставање од туш.Второто не мрда и по 3 саати,што е премија за моливче ставено на waterline,и тоа црно,а после само мааалку ќе се замачка,но се поправа со чепкалка за уши.Топло ги препорачувам двете! 2.Пудра Seventeen Time Plus и MaxFactor Creme Puff Севнтинот не ја користев во август,пред 1 недела ја купив,но за овие денови е прекрасна.Одамна се мислам да ја купам,излегов по Ластинг Финиш,па се вратив со оваа.Не покрива нешто многу,баш убаво,немаш нов слој на асфалт ставено на лицето,туку природна е.Мојата нијанса е бр.7-Summer tan. МаксФакторот камена пудра ја користам за фиксирање на коректорот,пошто имам темни кругови околу очите,па морам да не одам како зомби.Супер е,стои доста време,убаво се нанесува,не покрива многу,само маалце(барем на моето лице),но како и да е,чиста 5ка од мене,за двете пудри. 3.Маскари-Deborah 24 ore absolute volume+Essence I love Extreme(црната) Излегов по Рокет,па се вратив со Дебора.Навистина е супер,им дава волумен на трепките,ги дефинира,но немаш чувство дека ти тежат или кога ќе трепнеш дека ќе се размачка.Ептен е убава,трајна е,има убава црна боја и не прави топчиња. Есенс исто ми е многу убава,буквално дава убав волумен,мнооогу убаво ги црни трепките и исто така стои доста време.Единствена маана и е што се појавува по некое црно топче под окото. 4.Есенс Anti-spot and post-spot marks гел. Леле луѓе,чудо! Малечко е шишенцето,но малку се нанесува само на критичните места на лицето,пред спиење.Стануваш сабајле-нема црвенило,нема ништо.Уште еднаш да нанесеш,и ни А од акни другиот ден.Стварно делува! 5.Далиа гел за туширање-Pleasure & care-Berry kiss. Го истрошив пред една недела,морам пак да одам да си купам.Прекрасно ја хидрира кожата,не е онаква,сува,после бањање,и прекрасно мириса.Кога ќе се туширам,после цел стан мириса на малинка.На телото,мирисот трае цел ден...Дури ме имаат прашувано и што парфем користам 6.Calvin Klein-Euphoria & Forbidden euphoria Двата најдобри парфеми.Траат по 2 дена,мирисаат прекрасно(особено Еуфорија),малце јако,но сепак женствено.Чиста 10ка,што друго да кажам. 7.BU Hippy Soul дезедоранс Ова повеќе,вака,за секој ден.Супер е,свежо мириса,трае солидно.Препорачувам! Тоа би било
1. Gliss Oil Nutritive регенератор. Заслужено се наоѓа на прво место на листава, лек за метлиштево мое. Косата има природен сјај и многу е помека. Најголема предност е што не е од оние регенератори кои ја слепуваат косата и таа го губи волуменот. За расчешлувањето да не зборувам, немам проблеми со заплеткување. Со пријатен нежен мирис на шеа путер. Спојлер 2. Rimmel Lasting Finish Lipstick Прекрасни мат карминчиња со лесна кремаста структура. Не ја сушат устата и многу мноооогу долго траат, така што не се потребни интервенции на секои 20 минути. Мислам дека сите се со земјени подтонови. Спојлер 3. Dove Soft Peeling Gentle Exfoliatiing Никогаш нема грешка со на Дав сапуните, но овој дефинитивно повеќе за ништо не го менувам, ова е сапунот кој долго време го барав. Не ја затегнува многу силно кожата, ја омекнува, и ги отстранува малите црнки на површината на лицето, а и доста го освежува тенот. Наутро веќе го немам проблемот со мрсно и тешко лице, ми ја препороди кожава. Спојлер
Hops влажни марамици 2 пакетчиња со по 72 марамици за помалку од 100 денари на акција во Тинекс. Имаат многу пријатен мирис, а и убаво ја чистат кожата. Си купив и мало пакување за во ташна - 12 марамици за 10 денари