Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Vesna.Spi

    Vesna.Spi Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Сапунов и кремава на Дове. Ми го освежија лицево :)
     

    Прикачени фајлови:

  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.840
    Пол:
    Женски
    eveline cosmetics nail therapy 8 во 1

    Спас за моите нокти кои ужасно се љупеа и од такт ме вадеше тоа. Од кога почнав да го користам ова од Евелин престанаа да ми се листаат и станаа многу поцврсти.

    [​IMG]

    nivea baby soft cream

    Како веке докажан љубител на бебешки креми си ја купив и оваа да ја пробам.Поубаво нешто нема.Заедно со Бекутан ми се омилени.Има толку лесна структура и е хидрантна ,едноставно совршена за мојата кожа.Башка што многу убаво мириса па се мачкам по 5 пати у ден само за да си мирисам на бебе.

    [​IMG]
     
    На didicool му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Маскава за лице од Орифлејм,ја купив пред 2 месеца ама сега ми текна да ставам.Ефтина,а преубава.Лицето ми беше катастрова,маскава во комбинација со најобична крема од Нивеа и за 2 дена ми се среди.

    [​IMG]

    Кармините на Мејбелин исто преубаво нешто.Трајни,оставаат прекрасна боја и моментално ми се омилени.Со цената се како и другите кармини,не се прескапи но си држат цена.Моментално имам 2 вакви кармини,само пофалби.

    [​IMG]

    И ново откриената љубов,вчера ја зедов и веднаш се заљубив.Подобра маскара немам пробано дефинитивно.Природно имам големи трепки а кога ставам од маскарава ми се како вештачки,оогромни.
    Само два слоја ми се доволни.И тој што сака да си ја купи нема да погреши.Вреди за секој денар..јас ја начекав 330 во една парфимерија а верувам дека и на други места е толку.

    [​IMG]
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    [​IMG]

    Кремава за тело е Закон а има и млеко за тело. Козја е :D ама има фантастичен мирис и преубава структура. Брзо се впива во кожата и ја прави мазна-бебешка :$ . За 154ден :wasntme:
     
    На mims-89 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  5. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    [​IMG]
    [​IMG]
    За мојава сува кожа се супер :)
    А кога пак ги комбинирам (прво нивеа па гарниер) до крајот на денот се случува и да светнам на носов :o што е многу чудно. Сега ќе помислите дека немам баш баш сува, ама верувајте многу ми е сува и крута.
    Имав мсна кожа за време на пубертетот секако, но откога ми заврши многу ми се исуши и уште е така.
     
  6. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.725
    Допаѓања:
    6.651
    Пол:
    Женски
    [​IMG] дефинитивно :inlove:
     
  7. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    121
    [​IMG]
    Единствената крема која навистина делува кај мене! :)
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Dove крем
    [​IMG]
    DoveСапун
    http://shopping.flu.ro/files/clients/13/13/p/4/dove-go-fresh-touch-4x100-gr-sapun-756595_normal.jpg/img][/spoiler]
    [b]Свидиш Спа Глина за пилинг[/b]
    [spoiler][img]http://mk.oriflame.com/catalog-images/product/global/24542_2.png
    Свидиш Спа Хидратантен крем за тело
    Порано користев креми кои убаво мирисаат..но сега ги почнав да барам производи кои мојата кожа ја прават убава..
    [​IMG]
    исто така и овој е многу убав..но на овој ефектот е тоа што убаво мириса..
    Воларе Крем за тело
    [​IMG]
    Dove гел за туширање
    [​IMG]
    Гарние бб крем
    [​IMG]
    Rosal лабело од камилица
     
  9. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    1. Nivea-универзална крема
    Ја користам цело време,а посебно месецов ми е омилена.Ставам на лице,тело,раце,кожата ми мириса прекрасно и ми е многу мека.

    2. Rosal So natural-лабело
    Преубаво лабело,ја прави устата мека,убаво мириса и не остава никаква боја.Омилено ми е.

    3. Bekutan-влажни марамици
    Бекутанот ми се ол тајм фејворит,ги користам за се,секаде.

    4. Essence-база за сенка
    Есенс ми е еден од омилените брендови за шминка,скоро се сакам од нив.Базата ми е омилена,многу е ефикасна,си ја држи сенката или што и да има на очите на место.

    5. Head & Shoulders with almond oil-шампон
    Го купив да го пробам и сега ми е омилен.Ја прави косата неверојатно мека и прекрасно мириса косата од него,дефинитивно си ја врши својата функција.Топло го препорачувам на сите кои имаат проблеми со оштетена и сува коса. :)
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.211
    Допаѓања:
    81.751
    Пол:
    Женски
    НАЈзадоволна од новиот пиши-бриши туш на Bourjois, мислам дека веќе го пофалив во соодветната тема и ете, помина пак нешто време, а јас не го сменив мислењето.
    [​IMG]
    Не сум користела некои којзнае какви тушеви за очи, па ова е така да го наречам најскапиот кој го имам, обично поминував со Голден Роуз, но ете се случи да сменам малку и да протарашкам по другиве фирми.
    Не би го менувала, преубав е и си вреди за парите.
    Има необична структура и може ќе ви изгледа дека се тегне и е леплив, ама напротив - доста е интензивен и тешко се брише со рака. Би рекла дека ако почекате неколку секунди и протриете со рака, нема шанси да се избрише, како залепен е. Гумичката на врвот си ја врши функцијата супер - било ако се случи да згрешите при нанесувањето на линијата или онака ако посакате да го извадите тушот со неа.
    Јас ретко ја користам, но врши работа навистина.
    Трае без да се разлее повеќе од 12 часа - мене рекордот ми е 18, а не се сомневам дека ќе издржи и 24ч.

    Bourjois the Twist up Volume Mascara
    [​IMG]
    Неодамна ја потрошив мојата најомилена 100% black од Maybelline, па решив да ја тестирам оваа.
    Како прво - четката е закон! Каква Maybelline, каква SuperShock и кои уште да беа - оваа е 2 во 1 и е феноменална.
    Кога е во првата позиција - долга и танка, одлично ги издолжува и разделува дури и најситните трепки, а кога го вртите капачето во втората позиција добивате одличен волумен, како што често велам - лепеза трепки :lol: и им дава убава интензивна црна боја, што мене лично како љубител на драматични трепки многу ми се допаѓа.
    Не се рони, не се разлева ако се подиспотите, па дури и ако ве фати дожд, со минимални корекции ќе биде повторно супер.
    Многу ми се допаѓа, со задоволство би ја купила пак, само ме нервира тоа што е речиси дупла цена од онаа на маскарите на Maybelline.

    Bourjois Micellar Cleansing Water
    [​IMG]
    Прв пат користам вакво средство за вадење шминка, ова конкретно е погодно за вадење на шминката и од очите, нема некој специфичен мирис и многу убаво го чисти лицето притоа оставајќи го хидратирано како да сте се миеле во вода по бришењето.
    Доволно е и малку да нанесете на памукче и ќе немате мака, јас се зезнав еднаш или два пати, премногу го натопив памукчето и почна да ме пецкаат очите. Со помалку течност нема мака - ниту пече, ниту тешко се вади шминката.
    Во Космо гледав и други верзии од истава колекција, па нареден пат ќе пробам нешто ново.

    Garnier Moisture Match
    [​IMG]
    Новата крема на Гарниер, наменета за комбинирана до мрсна кожа.
    Преубав матирачки ефект, одлична хидратација и преубав мирис - за мене, дури и повеќе од одлична.
    Многу е полесна од Нивеа за мрсна кожа која ја користев пред тоа, ептен е така лајт, но тоа не значи дека не е добра и ефективна.
    Одлична е како подлога за шминка, пудрата не ми мрда, ниту пак брзо светнувам во критичните зони за кратко време, дури и без камена.
    Топло им ја препорачувам на сите кои си патат од таквиот тип на кожа, сигурна сум дека ќе бидат задоволни. :)
     
    На Camellie, le.dentiste, senza.parole и 8 други им се допаѓа ова.
  11. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.123
    Допаѓања:
    10.994
    Пол:
    Женски
    :inlove: :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  12. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    За месец септември:
    1. [​IMG]
    Моето ново најдобро другарче. После бањање кожата на лицето секогаш ми е ненормално сува и затегната и со помош на кремава си го решавам тој проблем. И за раце, за тело, за се ми се наоѓа. А воопшто не е скапа.

    2. [​IMG]
    Кокос + светки + супер хидратација= :inlove:

    3. [​IMG]
    Супер за излегување или при подолги активности кога чувствуваш дека светиш. Ма да како што заладува така и не ми требаат толку, но во септември си најдоа примена. Многу се практични за во ташна.
    4. [​IMG]
    Навистина треба да си ограничам буџет за трошење на козметика за тело или било што, што мириса убаво. Треба некако и да се прехранам, не за друго. Ама спрејчево ми е љубов, во рок од еден месец го потрошив па морав уште едно да си купам. И плус уште две, со друг мирис. :worried:hock:

    И оф, ќе го заборавев најдобриот коректор.
    [​IMG]
    Одлична структура, прекрива се, од црвенило, неправилности, акни, се. Барем јас си најдов совршена нијанса и изгледа како ништо да не сум ставила, и колку и да ми е лош денот успева да ме среди. И плус, цената му е околу 80 денари? Е што уште да барам?
     
  13. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    1. Значи лаков е закон! број 424
    [​IMG]

    2. Сенкиве ги користам секој ден веќе еден месец и се прекрасни, ги купив за смешна цена од околу 350 денари од Космо
    [​IMG]

    3. Руменило од Есенсе Silky touch blush 20 Babydoll
    [​IMG]

    4. И парфемчево морам да го спомнам, на почетокот кога го добив не ми се свиѓаше мирисот нешто премногу, ама па сега сум заљубена во него :)
    [​IMG]

    5. ААА да и оние Економик парфемчињата се закон, го земав Euphoria, а го имам и оргиналот дома многу е мала разликата во мирисните ноти скоро и да не се забележува :)
     
    На tallyweijl и Trendafilka им се допаѓа ова.
  14. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    9.042
    Пол:
    Женски
  15. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    1. SP Color Save Shampoo

    После толку шампони за мрсна коса,против првут,за сува коса,го најдов најдобриот. Прв шампон кој не ми ја мрси косата,ми го намали првутот и ми ја прави мека,три во 1 :inlove: . Топло го препорачувам :)

    [​IMG]

    2.Спреј за тело-Aвон

    Преубав мирис,солидна цена,долготрајност=perfect :angel:

    [​IMG]

    3.Shower cream-gel Coco milk Аlpifresh

    Го земав од Веро,за некои 110 денари. Кожата ми е многу мека,чиста,и мирисам на Кокос.

    [​IMG]
     
  16. Babylon

    Babylon Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    21
    Дали може кај нас да се најдат вакви марамчиња? Немам забележано досега додека сум разгледувала.
     
  17. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Каде го има шампонот и што цена е?
     
  18. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.881
    Допаѓања:
    24.154
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Колку е само одлично чудово. :o Вади шминка, нежен е со кожата, смирува и само онака преку ден колку да поминеш низ лицето со него е одлично. Преубаво. Не содржи алкохол. Вади шминка и од очите и не остава чувство на лепливост по користењето. Се надевам само оти за брзо време ќе го донесат тука, оти нели ние стално си каскаме зад другите. :(
    [​IMG]
    Кремава, оф ја обожавам. За лузни и флеки е конкретно (ама млади по возраст :rofl: ).
    Господ здравје да ти даде Симончелишс ако ме читаш. :hai: :D Ја користам две недели и иако е рано за резултат, јас кожава си ја осеќам многу разубавено. Имам чувство дека ги намалува порите, ја негува кожата истовремено. Безбеден е скроз и за деца и за возрасни. И се употребува и за лице и тело.
    [​IMG]
    Коректоров го купив пред некој ден и веќе ми стана омилен коректор, ever.
    Траен, покривен максимално, не се размачкува и не се собира во порите. Прекраснотии од коректор. :D
    [​IMG]
    Ќе си умрам од мака оти маскава ја нема тука. ;( Поубава маска немам пробано, дефинитивно. Само оваа од авокадо и овесна каша ја најдов за мојата кожа, инаку имаше све живо и диво да искупам од бугарскиот ДМ. :rofl:
    [​IMG]
    Шта реЌи, коју пораку послати ?! :D Убавини, како и сите Lorys маски за коса и оваа во исто множество на совршености.
     
    На tallyweijl, Sanniii, Mama25 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    [​IMG]
    Како верен обожавател на црвените кармини ова го прогласувам за врвот. Не е онаа класична џиш нијанса на црвено како што изгледа на сликата туку е малку по темен и удира на кафеаво-портокалово, неможам да дефинирам баш, ама дефинитивно не е како што изгледа на сликата. А бројчето е тоа 999. Во поглед на трајноста не сум нешто задоволна, брзо се брише од уста за разлика од мојот долго фален кармин на Мејбилин 547 што и со марамица едвај се вади, но чувството кое го дава на усните е како да немаш ништо ставено, а сепак да ти се пре меки, пре нежни и хидратирани. Во составот има хијалуронска киселина и плус ги пополнува линиите - „брчките„ на усните, па дури и да се испукани пак ќе изгледаат совршено. Бојата е баш како што сакам јас со ладен под тон кој прави и забите да ми изгледаат побело. Го обожавам.

    [​IMG]
    Маската за лице на Евелин наменета за хидратација е еден од оние производи кои се многу ефтини, а многу вредат. Чини 33 денари, се нанесува на исчистено лице се и се остава да се апсорбира. Ги обожавам овие типови на маски кои сами се апсорбираат, за сува кожа е оваа маска и нуди длабинска хидратација. Наутро кога ќе го допрам лицево - одкако сум си легнала со маскава на мене ми е толку меко и мазно како штотуку да сум нанела крема, а нема мрсен слој ни сјај на лицето. Едно пакетче јас користам на два пати, а си ја ставам еднаш неделно. Значи за 33 денари имам маска за лице за две недели. Многу се ефтини, а се предобри. Има повеќе видови како што видов и за сите типови на кожа. Препорачувам.

    [​IMG]
    Маскава за коса ја користам подолго време и сум многу задоволна од неа. Ми ја скротува косата и разлетаните влакна, не ми е толку сува косата, полесна ми е за расчешлување и пре убаво мириса.

    [​IMG]
    Лавера млеко за тело од кајсија. Преубав нежен мирис (освен за оние кои го мразат мирисот на Лавера производите), кожата ја прави многу мека, многу брзо се убива, малку е по густо и по тешко се размачкува ама затоа е одлично за сувата кожа. Си подтврдив дека и кај лосионите за тело немаат грешка Лавера и ќе испадне дека ги рекламирам по форумов затоа што нема тема кај што не ги спомнав :lol:

    [​IMG]
    Бадемовото масло на галафарм исто ќе го сместам во омилените производи за месецов затоа што му најдов уште една примена, покрај тоа што го користам и за тело и за коса и за лице, сега и шминката од очите си ја вадам со него. Од марамици и лосиони ме печат многу очите, само од маслово немам никаква иритација ни печење. Многу мала количина нанесувам на памукче и маскарата многу лесно се вади.
    Тоа е се. :)
     
    На Mama25, EMoonlight и senza.parole им се допаѓа ова.
  20. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Кај ги наоѓате овие маскиве Лорис, имаше уште некоја феминка пишано баш се заинтригирав :) .

    Сега ќе ми кажете дека ги нема во Македонија и ќе плачам над перница цел ден ;(

    Исто кремата епителиал, колку пари е?