^ Во Бугарија ги има,овде не сум ги видела. Инаку мои производи на месецот : Garnier Moisture Match-Goodbye dry Јас сум верен корисник на Гарние кремите за лице,обично розевата за чувствителана кожа или белата од јасмин.За мене прекрасни,нежни,хидратантни креми за лице.Оваа новата ја користам веќе извесен период и сум презадоволна.Јас имам комбинирана кожа и мене кремава ми е одлична.Хидратантна,лицето е меко и мазно,убав мирис.Одлична е и како подлога за пудра.Препорачувам. Alverde Aqua waschgel Убаво го чисти лицето,лесно се измива шминката(дури и мејбилајн рокет маскарата )ми се допаѓа.без особени мириси и боја,нежен гел за миење лице.Мене како и сите гелови за миенње малку ми го суши лицето,но нанесувам крема веднаш по користење на гелот и немам проблем. Pantene Nature Fusion (серум за коса) Преубаво нешто што јас досега сум користела за коса.Му доаѓа како млеко за коса,се нанесува на влажна коса пред фенирање.Косата е мазна,сјајна,мека,преубаво се фенира. Сеуште не сум го забележала кај нас,но се надевам дека ќе го донесат.Одличен производ.
Moрам да ги пофалам најновите производи од Оriflame што си ги порачав. Вредат за секој денар што го платив за нив. 1.Colour drop lipstick.Карминот е преубав.Си земав во две нијанси :праска и црвен.Доста долготраен кармин. 2.Giordani маскара . 2.Optimals cleansing milk. - Млекото за чистење на лице за оние кое имаат сува кожа.
Природна термална вода за освежување и хидратација,а моше и да користи како фиксатор на шминка. Мало џепно пакување од 50 мл (штета што немаше поголемо,цена околу 230ден.)
Jaс периодов сум преееезадоволна од новите лакчиња на голден росе, Golden Rose Rich Colour, One step maxi brush! Совршени! Лесно нанесување, јаки бои, брзо се сушат, траат доста, така да биг лајк!
Loreal Super Liner Gel Intenza - гел туш за очи Спојлер Најдобриот туш што го имам користено во животов. Бескрајно траен, дури ни со вода не се вади, а се нанесува многу, многу лесно со четкичката. Вреди за секој денар Seventeen Natural Matte Silky Blusher - мат руменило Спојлер Нијансата е Peachy Rose, бр.12. Нијансава на сликата е таа, ама врска нема со бојата во живо. Руменилото е нежно розово, и иако е peachy rose, бојата не оди накај праска. Баш е нежно розово и презадоволна сум. На лице изгледа преубаво, ненападно и многу е трајно. Rimmel London Hide the Blemish Concealer - коректор за лице и подочници Спојлер Многу фино коректорче, ептен пријатно ме изненади. Иако е во стик, има мека кремаста текстура и лесно се нанесува. Не се собира под очите и одлично прекрива. Avene Cleanance Gel - гел за миење лице без сапун за масна и проблематична кожа Спојлер Совршенство! Значи како вади шминка чудово, немам зборови. Не ја суши кожата, ја остава пренежна, дури нема потреба ни за крема по миењето. Јас немам акни, ама имам масна кожа и совршено ми одговара производов. Нежен е и за очите Clinique Superdefense SPF 25 - age defense moisturizer - дневна крема за лице за масна кожа Спојлер Производов е чудо - ем е за масна кожа, ем ја навлажнува, ем го сузбива сјајот на масната кожа, ем содржи SPF 25, ем служи како одлична подлога за шминка, ем пружа анти ејџ нега за кожа над 25 години, ем го изедначува тенот и го сузбива црвенилото, ем е полн со антиоксиданси! Кремава никогаш нема да ја сменам, конечно најдов крема што совршено ми одговара. Скапа е, ама вреди за секој денар. Многу е тешко да се најде крем за масна кожа кој би ги пружал сиве овие работи одеднаш, обично сите креми за таква кожа премногу ја сушат кожата. Сум пробала се' и сешто, и евтини и скапи креми, ама ниеден не ми се мери со овој. Совршен е. Clinique Super Rescue Antioxidant Night Moisturizer - ноќен крем за лице за масна кожа Спојлер Ноќна крема од истата линија на Клиник за масна кожа. Во комбинација со дневната резултатот е совршено балансирано лице и здрава кожа со изедначен тен без црвенила. Презадоволна, Клиник кремиве ми се производ не на месецов, на животот!
1.Nature Secrets шампон од кокос за сува коса и оштетена коса. Прво мајка ми го имаше,па реков и јас да го пробам.Најискрено се изненадив,иако немам сува и оштетена коса шампонов ептен ми се погоди.Препрепреубав мирис на кокос и во комбинација со регенератор од истата линија косата ми е ко свила.Воошто не е скап,околу 230 денари за огромно пакување од 750мл. 2.Maybelline Falsies Mascara Преубава маскара,ич не се каам за парите.Трепките ми ги прави огромни и одлично ми ги извиткува. Чиста 10ка! 3.Nivea Lip Butter Vanilla & Macadamia Првпат ги видов во темата за лабелца и видов многу пофалби за нив,иако ги нема во Македонија.Веднаш и порачав на братучетка ми од Германија да ми земе. Не биле за џабе пофалбите кои ги прочитав,се заљубив во путеров.Има добра хидратација,мазна структура и што е добро не ја прави устата леплива.
Body butter - Cien . Единственото нешто кое ми го одбележа месецот. Го добив на подарок од дрѕгарка на сестрами. Најпрвин бев пресреќна кога видов дека е со мирис на кокос. Кутивчето мириса прекрасно , но кога го ставив и кога по 20 мин го мириснав мирисаше ужасно. Но поради сувата кожа почнав да ставам на нозете. Всушнот по некое време видов огромна разлика. Моите нозе станаа меки , нежни па и покрај тој мирис јас се навикнав да го ставам. Почна и мирисот да ми се допаѓа. Сега ке започнам да ставам и на рацете, доаѓа зима со долги блузи нема да се чувстувува мирисот а и одлично ке се впива кремата во кожата. Ке очекувам истите резултати.
Бекутан пенливо средство за капење со камилица Бекутан маслено средство за капење Тоа со камилица е одлично за интимна хигиена, а масленото средство за грубата кожа на лактите и сите посуви делови од телото. Јас имам многу сува кожа и е одлично средство, иако не може да се пофали со некој особено добар мирис. Balea купка за бањање со лаванда Со масло од лаванда, концентрирана, прекрасно мириса и друго и не ме интересира. 115 ден. 500 мл, не сум стигнала да ја наполнам кадата и да ја испробам така, но користам мала количина за телото, зашто е бајаги концентрирана и мирисот е фантазија. Fa гел за туширање со арганово масло Можеби најдобар од колекцијата. Преубав мирис и кожата ја остава многу нежна. Gliss маска за коса 1 minute repair Одлична за сите што немаат многу време да чекаат да дејствува средството за коса. Ја зедов жолтата за коса со оштетени врвови и се забележува подобрување. Afrodita шампон за коса против опаѓање со лук Да не ве лаже описот, нема никаков мирис на лук, напротив. Мирисот е преубав. Рано е да се каже дали има резултати против опаѓање, рака на срце периодов и немав таков проблем, но затоа косата ја остава беспрекорно чиста и мирисна, лелеава и сјајна. Штета што ефектот ми трае само 24 часа, зашто после ми се мрси, но мојата коса си е подложна на мастење, а да имаш така убава коса макар на еден ден, си вреди. А најдобра продукт на годината, оди директно кај ракавицата за вадење шминка на Божен, Wonder glove. После многуте пофалби решив да ја купам, ризикував цели 510 ден. и потпишувам дека ова е најинвентивниот производ за вадење шминка. Само се натопува со малку вода и во 5 потези вади се` од лицето, до најупорната маскара на Мејбелин. Предобра, зачудувачки е како тоа мало парталче е толку ефикасно. Заљубена сум во производов, моја најпаметна инвестиција од козметичкиот свет дефинитивно. Се пере лесно, брзо и едноставно само со сапун.
Нека се сликаат и Нивеа и Eуцерин и останатите трговски марки со балсамите и лабелата, не можат со овие на l'occitane ни во иста реченица да се ставам. Го имам сјајчето јас, иаку и обичното лабело ме фацинираше но решив да почнам со ова. Дeка нели не удри бран на невидено студенило пред 2 недели устава одма ми подиспука и решив да се потрошам малку повеќе само за има ефект зашто зимава ми делува дека ќе биди сибирска и усниве парче ќе ми станат. Убаво е сјајчево не остава боја, не се лепи како лепак за разлила од други сјаеви за за мирисите да не праиме муабет. Јас земав со мирис на урма а има и со цреша, интензивни мириси и длабока хидратација. Усни само за бакнуавање де И цената до 290 ја прежалив веќе, си ги оправда очекувањата.
Baby lips Порано користев и нивеа и други лабела но морам да кажам од ова сум нај задоволна. Усните ги прави меки и сјајни и плус има прекрасен мирис. Го обожавам. Штета што ги нема во Македонија, при крај сум со ова.
Го најдов конечно совршеното млеко за тело за мене!! Хуреј! Имам проблем, сува кожа. Пијам и витамин Е, редовно се мачкам со лосиони/креми/масла и секакви чуда (пошто да бидеме реални, кој сака да има сува кожа!!) но никој немаше подолг резултат, после некој саат како воопшто да не сум нанела крем! Содржи масло од арган. Убаво ја навлажнува кожата, лесно се впива и има лесно благуњав накај неутрален мирис. За само неколку дена осетив навистина голема разлика!
Нови продукти кои ги испробав месецов: Felce Azzurra гел за туширање од лаванда Има малку појак мирис, затоа го одбрав за ова време. Цела бања мириса после тоа, а мирисот се задржува и на телото. После ми е жал да се мачкам со лосион Planet Spa маска за лице со екстракт од гоџи грмушка Planet Spa линијата им е дефинитивно најдобра на Авон, ги обожавам маските. Решив да ја пробам оваа бидејќи ја начекав за 99 денари и дефинитивно вреди за тие пари!