Спојлер Брилијант кремот на Субрина Омилен продукт кој мислам дека долго нема да го сменам. А да си кажам искрено, го зедов онака, на среќа, не знаев точно за што служи , освен што една другарка ми го пофали дека ја држи косата рамна и НЕелектризирана после миење. И да, еептен ми се погоди, ретко ставам гел или лак за коса зашто веднаш ми ја замрсуваат и плус мојава коса како што ќе ја наместам ми стои дур да излезам од дома , после е спласната и смотана Арно ама со овој крем дури ја носам и со благи локни, еве цел ден не мрднала, плус сјајна ми е, преубаво мириса(овошно некако) и не ми ја замрсува косава ич. Чини дури 120 денари, а подобар е од сто Тафтови, Интеси штолине Спојлер Ве мрзи да се шлакате со млека или лосиони? Ова е вистинки погодок, ја држи кожата мека, мирисна и нежна без дополнителни мачкања. Звучам ко реклама Спојлер Можда намената на шампонов е за помалку опаѓање, сеуште не сум забележала дали помалце ми паѓа , веќе се навикнав на влакна насекаде, ама шампонов стварно е преубав, за разлика од сите други на Елсеве. Поцврста ми е и полелеава, и плус со малце шампон убаво се истрива секое милиметарче и ја држам барем три дена да не ја измијам, што е чудо зашто природно ми е мрсна. Во потрага бев за нов шампон пошто веќе камилицата не делува кај мене, и ете ми, не е ни скап, ама е супер. И за крај Спојлер Нежен, благ крем за интимна нега, има некој нежен речиси незабележлив мирис, го користам од летоски, и не мислам да го менувам.
^ Од Космо го купив, ама тогаш беше на акција - 593 ден. Инаку, регуларната цена му е 800 и нешто (не знам точно)
Јас имам лосион од Алое Веза од Vaselline.. ПРЕКРАСНО нешто, пре преубаво мириса, кожата ја прави ептен мека и се впива брзо... Магија.. Иначе во МКД ги нема и јас незнам зошто, мене од Шведска ми го донесоа.
1.Дове гел за туширање со мирис на кокос и цвет од јасмин Прекрасно нешто,прави убава пена,има многу свеж мирис и ми мириса на чисто. После употреба не ми ја лупи кожата туку ја остава баш хидратирана и мека. 2.Еуцерин лабело Најдоброто лабело што досега го имам испробано. Не се лепи,нема мирис,нема вкус,не остава траги на чаша на пример,одлично хидрира и не морам од него постојано да се мачкам за да ми се одржи устата нормална. Некако не ми предизвикува зависност од него за разлика од други лабела,колку смешно и чудно и да звучи. Плус има фактор 6. 3.Еуцерин млекото за чистење лице за сува кожа Ова ми е омилен продукт за цел живот мислам,само да не ми се презасити кожата од него. Ја вадам шминката со влажни марамици ,па поминувам со ова средство и лицето е толку меко ,нежно и сјае ама онака здраво. Сабајлето кога ќе се разбудам кожата изгледа свежо,а не масно. Навечер немам потреба од ставање дополнителни креми после млеково. Исто како и лабелото нема мирис. За вкус треба да го прашам дечко ми. 4.И за крај пенливото средство за капење на Бекутан Обично не им ги сакам производите на Алкалоид многу,ама ова е фантастично. Има мирис што ме потсетува на детство.И многу ми е мерак кога го употребувам.
1.Bourjois - Volume Fast & Perfect - со ротирачки ефект. Прво се жалев од маскарава кога ја купив, ми се чинеше не доволно добра, т.е четкичката нешто не ми беше у реду, али сега не ја менувам за ниту една друга! Една од подобрите што ги имам користено! 2. Ова руменило на L'oreal, маста му ја извадив. И те како е долготрајно, го имам тестирано и издржа над 6 часа, што е супер според мене, за разлика од искуствата со други руменила. Убава розева боја пушта, има ептееееееееееен суптилни светки не се ни познаваат и делува природно. 3. Четкава за шминка на Bourjois. Подобар производ од овој вид - тврдам дека нема. Влакненцата и се премеки, ептен ми е fluffy, што значи одлична е. Ја чувам како очите, што не било случај и со други четки. Ова доволно кажува. 4. Moливчево за уста исто на Boirjois - levres countour. Матирачко, долготрајно, мене ептен ми се погоди. Едно јас не начекав поголем дијапазон на избор од бои од моливчево, инаку би земала и некоја друга боичка. * Исто и моливчето за веѓи на Essence. 5. И за крај, пудрава во прав на Avon, обично немам навика да земам производи од тука - после неколку катастрофални искуства, али оваа беше на ептен добар попуст и решив да ја земам. Ме изненади позитивно, супер е, држи долго и матира одлично.
Јас како задоволен потрошувач на производите на Орифламе како омилени продукти на месецов ги издвојувам најновите кои ми пристигнаа: 1. Џордани тоалетната вода. 2.Руменилото за кое не бев баш сигурна да го порачам но за цена од 200 ден. се покажа и те како одлично. 3.Гелот за туширање кој е со гранули и кој истовремено може да се користи како пилинг додека се туширате а и + одлично мириса. 4.И за крај Бекутан влажните марамчиња.Едноставно не се може без нив.
Од овој проклет парфем имам таква ужасна алергија, што никогаш не ми се случило со ниту еден друг. Го добив на подарок. Штом го користам, целата внатрешност на носот ми е иритирана, ми солзат очите и кивам! Најсериозно ми оди да ги тужам! Претходниот пат кога се разболев, мислев типична предесенска настинка на која и претходеше алергијава. Прскај се прскај се секој ден кивај, носот рани, очите насолзени, од алергијата си го ослабев имунитетот се разболев!!! Потоа пак почнав да се шприцам за секој ден, пак истите симптоми. Си направив тест, не го користев неколку дена, си бев ок, повторно почнав и пак се вратија симптомите.
1.За отстранување на шминката дефинитивно мој број 1 Спојлер 2.Пилинг и маска за лице Првото го користам во тој дел од месецот кога лицето едноставно не можам да го контролирам.. Второто го користам еднаш неделно Третото кога се бањам.. Спојлер 3.Гел за миење на лице-го користам наместо сапун и е многу добар Спојлер 3.Маскара Спојлер 4,Туш за очи Спојлер 5.Гел за тиширање,во комбинација со пилингот и млекото кожата ја прават одлична... Спојлер 6.Гo користев на syoss регенераторот на почетокот ми веше многу убава косата но по 1 месец ми стана како сено...и не можев да си оправам но благодарејќи на Нејчр Сикретс регенераторот од лимон и коприва .. Спојлер 7.Исто така го земав истиот шампон Спојлер П.С. Долго време не планирам да ја менувам оваа комбинација на регенератор и шампон
И повеќе од задоволна! Иако е доволно да се намачка само на акната, имам навика да го утапкам на цело лице секоја вечер пред легнување и си врши работа многу подобро од ноќните креми што ги имам користено. Highly recommended!! Никогаш не би ја заменила со ништо!!! Ми го матира лицето и доста е покривна. И првпат да не морам да мешам две пудри за да ја добијам саканата нијанса. Совршена секојдневна нијанса. И тоа како си ја врши работата, многу подобро од што и да е до сега
Парфем Retropical - Yves Rocher Го добив на подарок и го обожавам, толку е нежен, суптилен, префинет, прекрасен за преку ден, иако е малку повеќе погоден за пролет/лето, сепак не можам да му одолеам до тогаш. Гел за туширање Fairy Snow / LUSH Хидратацијата можеби не му е најсилна страна, но затоа мирисот е предолготраен. Ретко налетувам на гел за туширање чиј мирис се чувствува толку интензивно и долго. Само заради мирисот на бонбончиња и мастики - :up: * Да имам многу вишок пари, мислам дека нема да излезам никогаш од Lush и Yves Rocher. Afrodita - маслен отстранувач на лак за нокти Формулата содржи масло од невен и рицинусово масло, не мириса премногу јако, ефикасно отстранува лак, не ги суши ноктите, одличен ацетон (без ацетон нели). Подобар и од оној од Кам, а е поскап само 10-тина денари. Два супер продукти од Аура, првиот е безбоен прав-пудра за матирање. Се нанесува со голема четка и потребно е сосема малку на Т-зоната за да го спречи мрсењето на лицето и несаканиот сјај. Одличен производ за 350 ден, а гледам дека и бавно ќе се троши. Го имате во ДМ. Го спречува сјајот околу 6-7 часа, што е прилично ок. Shine Killer Второто е хајлајтер, јас си го користам исто како руменило нАли, бојата е нежна, одлично пигментирана и дава прекрасен долготраен и здрав сјај на лицето. Го обожавам, со сите кармини оди. Highlighter Glorious cheeks 218 nude shimmer Garnier Clean sensation дезодоранс Вторпат како го купувам, нежен, ефективен и вреди за парите. Долго време упорно користев на Нивеа, сега апсолутно не можам да ги поднесам после овој дезодоранс, прејаки ми се и ми се лоши од нив. Го препорачувам. Avon, спреј за сјај на косата Стандардно за производите на Авон, со прекрасен мирис, но јас го прскам откако ќе се исфенирам, затоа што така има (барем кај мене) посолиден ефект, отколку кога го прскам на полусува коса.
Лаков од Голден Роуз е фантастичен,најдобар лак до сега што сум го пробала. 70 денари е ,а по трајност и интензитет победува многу поскапи лакови. Со еден слој се добива преубава,темно црвена боја,преедолго трае,а се чисти со еден потег со ацетон. Ќе си ги набавам сите останати од оваа линија. А,кога ќе се избрише не остава црвени траги по ноктот.Нијанса Cherry bomb-број 26 е. 10 од 10 му давам. Спојлер
Па oд Golden Rose се најдобри и то си се знај зато мама само такви зема Спојлер мама паметна е ко и секоја мајка
Sante creme equilibrante 24 -hour balance cream Крема за 24 часовна рамнотежа на комбинирана кожа,со мало од Acai,насло од камелија и екстракт од кора од врба.Својството му е за хидратација и да ги регулира маснотиите на Т зоната. Ја начекав на попуст вчера во Дм од 880 симната на 440ден затоа што рокот и беше до 11 месецов ама буричкајќи најдов една која грешно ја етикетирале и рокот и е до јануари 2014 а до тогаш сигурно ќе ја потрошам зошто е мала само 30мл. Бев скептик,тргнав по Лавера ама кога видов дека знакчето за органско го тргнале и стои само она на natur.org си викам па зошто да ја купувам кога за помалку пари можам да си ја купам онаа на алверде со краставица. И така решна ја видов промоцијава на Санте,денес ставив се покажа добро бргу се апсорбира иако јас немам толку мрсна Т зона како лицево да ми беше гладно за уште крема Алверде маска за лице од дива роза и шеа путер Хидратантна маска за измазнување,за сува кожа со хијалуронска киселина.За двапати употреба,55 ден. Одлично освежува,сум ја користела и порано ! Алверде руменило со трумалин одлична транспарентност ,се канев одамна да го земам ама мислев дека е многу мава на црвекасто но сум била грешка баш добро прилега на светол тен како мојов.