Rimmel Wake me up foundation Спојлер конечно и јас да ја пробам пудрава и иако ја имам само нецела недела,I am in love ми го прави лицето толку убаво,баш разбудено и за чудо ме држи мат долго време,дури повеќе и од пудри наменети за мрсна кожа..единствената мана за мене е мирисот..не можам да го поднесам Maybelline Falsies Спојлер ја обожавам маскарава...ја користев многу одамна и решив одново да ја пробам и не зажалив...црна,се вади многу полесно од Rocket,ми ги разделува трепките и ми ги држи виткани Essence matt bronzing powder Спојлер бронзеров покрај тоа што си ја врши работата супер,не е многу портокалов,не е многу темен и мириса боженствено Ebelin сунѓерче за пудра Спојлер сунѓерчево е супер..супер се нанесува пудрата,можеш да ставиш помал слој за поприроден изглед,да направиш поголема покривност и сепак тоа да не изгледа паштетесто...се наводенува во вода,па се стега и се користи и за мене тоа насекое наводенување е малку досадно,бидејќи сум мрза и мора често да се мие/пери бидејќи ем станува кафеаво ем собира бактерии Avon rich moisture family cream Спојлер кремов ми го донесе мајка ми и искрено прво не очекував многу,но прекрасно мириса и многу хидрира..реткост е крем за тело мене доволно да ме хидрира бидејќи имам многу сува кожа меѓутоа ова си ја врши работата доста добро Avon planet spa mask Egyptian secrets Спојлер маскава пред се ја купив бидејќи е peel off,а јас сум опседната со нив дали ваѓа нечистотии баш и незнам,али кожата после користење ми е многу мека..единствената замерка ми е мирисот,многу силно мириса дури и премногу GENERA маска за коса од кокос Спојлер маскава ја користам долго време,ама едно време бев префрлена на друга и еден реков ајде пак оваа да ја пробам и убавини..косата ми мириса преубаво,премногу ми е мека,не ми ја мрси косата,лесно се чешла и е премногу ефтина
Alverde kajal eyeliner 04 Зелено моливче, баш такво какво што сакам и какво што највеќе ми прилега. Преубава структура, ниту е претврдо да не може убаво да се нанесе, ниту пак е премеко за да се разлева и крши при шминкањето. Има суптилни микроскопски светки кои и не доаѓаат до израз толку многу, а сепак даваат убав изглед. Прифатливата цена беше клучна во изборот, признавам! Rexona shower fresh Мислам дека се презаситив од антиперспиранти кои имаат обичен и некарактеристичен мирис. Обично не ги сакав оние попарфимираните, но овој ми беше љубов на прво мирисање. Има прилично јак мирис, но сепак мириса на чисто и нежно и не е тежок за поднесување воопшто. Конечно му кажав чао на cotton-от, се префрлам на овој додека не ми здосади. Аlverde регенератор Мислам дека е нова верзија од добро познатиот регенератор со кајсија, само што во овој има додадено и цитрон и мириса многу, многу свежо. Интензивен е мирисот, се чувствува долго време по миењето и многу ја омекнува косата. Мојата косица е обично нескротлива и иако права, морам да користам фен + пегла да ја средам. Го нанесувам само на врвовите, го држам неколку минутки и потоа немам потреба да ја пеглам косата, туку супер поминува и само со фенирање. Врвовите се прави, не е наелектризирана и ми останува права додека не ја измијам. Ми се случи да немам фен и да морам да ја оставам да се исуши природно - ефектот беше речиси ист, 90% од врвовите беа прави и свиленкасти. Задоволна сум и не би го менувала во скоро време, барем додека не ми здосади свежиот мирис. Аlverde гел за лице со морски алги Има чуден мирис, кога го нанесувам по лице како да ми ги подлутува очите, но без сомнение одлично си ја врши работата. Нежен е со мојата комплицирана кожа, темелно ми ја чисти кожата и не ми ја прави презатегната како што беше случај со Нивеата на пример. :up: од мене. Еveline Maximum Nails Growth Therapy Попустот мораше да се искористи и навистина топло им го препорачувам на оние кои мака мачат со меки и инаетливи нокти кои никако не сакаат да пораснат. Првите резултати ги приметив после третиот ден, а веќе после една недела редовна употреба ноктите драстично ми се пораснати и се надевам, навистина се надевам дека нема да ми се искршат. Додававате по еден слој четири дена последователно, а петтиот бришете и го повторувате третманот. Препорачувам. L'oreal Lash Architect 4D Најдоброто за крај! Задоволна сум од Bourjois, ама на оваа одамна ѝ се токмев и мајка ми се решила да ме изненади па ми ја купила. Мене искрено ме привлече името, четката не ми се виде нешто посебно, а L'oreal како фирма ретко ги задоволиле моите потреби - пудрите ми се едни од најлошите и никако не ми одговараат, па судејќи по тоа, мислев дека нема да бидам задоволна и од маскарава, но со сигурност тврдам дека е во најдобрите маскари кои сум ги користела, многу многу подобра од оние на Maybelline на пример. Затоа и цената ѝ е речиси дупла, ама тоа е веќе друг муабет. Многу ми се допаѓа ефектот, јас имам долги и извиткани трепки, но бидејќи ми се светли сакам подраматичен изглед и екстра црна боја, а маскарава дефинитивно го постигнува ова без воопшто да се мачам. Не се разлева, не се рони и не е тешка за вадење левел Rocket Volum'. На исто ниво ми се со Bourjois Twist up Volume. Не би можела да издвојам која повеќе ми „лежи“.
Единица мерка за тешко отстранување маскара - Rocket Volumе! После 3 „ракетчиња“ конечно ја сменив маскарата и ја пробав оваа, исто на Мејбелин. One by one satin black volume Многу понежна од rocket-от, има исто убава четка и дава природен изглед. И секако полесно се вади. Задоволна сум, би ја пробала уште темно виолетовата - Falsies. Од Rocket Volume не ми се оштетија трепките, но навистина маскарата претешко се вади.
Tушов на Bourjois, го спомнав и во друга тема, перфектен е! Долготраен, лесно се нанесува, има интензивна црна боја, нит се размачкува - нит разлева. Mаскава за коса на Балеа. Наменета е за црвена фарбана коса, ја освежува бојата, ја омекнува ептен добро косата и и` дава сјај. За таа цена од 100 денари, мене ми делува апсолутно одлично на косата! Е сега, тоа што има малку жгуљав мирис, јас лично не го трпам многу - ме потсетува на хемикалии од типот фарби, ама добро, и така не се задржува долго на косата. Најдобар ефект има ако ја измиете косата со него пример пред фенирање/пеглање, мене ми е целата лепршава, мазна и сјајна. Исто као од реклама. Лакчињата на ColoRama, сигурно ви се веќе познати. Супер цена, со супер квалитет. Ептен добри! И една од најдобрите инвестиции во мојов живот - во последниов перод, гелот за миење лице на Avene, наменет за мрсна кожа, ма да јас комотно би го препорачала и на оние со комбинирана кожа. ПРЕ-ДО-БАР!
Ја меркав уште кога излезе кај нас и конечно се решив да ја купам и не згрешив.Лицето ми го прави мазно и што е најважно не ми го суши.Ја купив како замена за зелената глина пошто смачено ми е веќе да ја правам , скоро иста функција имаат само што од зелената повеќе ми се сушеше лицево. Пилингов малце ми е јак за лицево но ме воодушеви мирисот на ментол од кој малце ми солзат очиве , но прекрасен е посебно на сабајле те освежува , штета што не може секој ден да се користи И секако карминчињава...... Не сум сигурна дали имам пишано за карминчево на темава .Конечно нешто долготрајно на моиве усни што сум ставила, си вреди за парите . Производ на годината.!!!
За отстранување на шминка најдобри се- Цела палета производи на Субрина ги сакам и ги користам, а од овој месец почнав и овој шампон, презадоволна сум- Четкичката и е лудница- Од теракотава сум презадоволна, бидејќи на светол тен како мојот стои преубаво, ја видов кај фризерката, ја пробав и после тоа си купив-
1.L'oreal Perfect Clean - Го користам 2 пати во неделата за темелно чистење , едвај чекам да му дојде редот да извадам се од лицево 2.Eveline Nail Therapy 8 In 1 - Објаснето е како се користат овие третмани на Евелин , јас така праев 3-4 пати и ми ги препороди ноктиве. Знам дека има посебно за раст на нокти ама ноктиве ми растат ненормално брзо . И сега откако пак се лакирам го користам како base coat. 3.Eveline self-apsorbing mask -Ја користам на повеќе пати од страв да не станам со мрсно лице Се впива брзо, има убав мирис и многу е мазно лицето после неа . 4.Dove крема - Не ми одговара нитуедна крема како оваа за чудо. Ми беше пресуво лицето , со лишаи и црвенила. Со едно мачкање ми се оправи, и од тогаш само оваа ја ставам . 5.Maybelline Colorama Lipgloss - Не ми требаше ама на попуст беше и што да правам Се покажа како одлично. Ми се допаѓа што и откако веќе немам сјај, остава најнежна розева боја . Баш оваа нијанса ја земав.
Dahlia отстранувач на лак за нокти без ацетон Претходно користев друг вид на „ацетони“ и бев прилично задоволна, ама решив да го пробам и овој бидејќи многу феминки го препорачаа. Го купив тој со мирис на лотос, бидејќи кога се во прашање производи за лице и тело, не љубам мириси на овошје. Одлично го вади лакот, а мирисот на кремчето за кутикулите ме потсеќа на лето Balea крема за раце Им бев верна на кремите за раце од Авон со години наназад, ама овојпат решив да пробам нешто друго. Кога го мириснав во маркет не ми мирисаше на ништо, ама отпосле кога го пробав видов дека има многу убав мирис. Другаркиве мои земаа со мирис на некакво овошје, ама јас пак се одлучив за понеутрален мирис. Убаво ја хидратира кожата, дури и позадоволна сум од кремите на Авон. Супер кремче за супер пари. Malena лакови за нокти (број 48 и 17) На сајтот не им се ставени бројчињата, ама мислам дека ги погодив според нијансата (до душа во живо изгледаат малку поинаку). Тргнав со намера да купам поинакви бои, ама ги бендисав овие две. Издржливоста не им е којзнае што, ама ми се допаѓаат боите што ги имаат. Сакам вакви недефинирани нијанси измеѓу повеќе бои. Конкретно потемниот лак има чудна боја, нешто измеѓу кафено, сиво, виолетово... не можам да го одредам. Ама мене баш таквите нијанси ми се допаѓаат. Полесни се за комбинирање со облека Johnsons шампон Ме врати во детството... мајка ми со ваков не бањаше како мали. Бидејќи последниов период сум прилично физички активна, многу често се туширам. А шампоните против првут кои ги користам, знаат да бидат агресивни при секојдневна употреба. Затоа и кога сум на одмор си купувам Бекутан бебешко шампонче, ама овојпат се одлучив на Џонсонс. Убав мирис, малку тешко се пени, ама тоа е типично за секој бебешки шампон. Барем за тие што јас досега сум ги пробала.
1.Млеко за чистење сува кожа на Еуцерин Задоволна сум од млекото за чистење,нежно е,убаво го чисти лицето,а не ми ја пресушува кожата. 2.Крем за кожата околу очите на Еуцерин Кремчево е фантазија. Наменето е за млада кожа,не е против брчки,туку ја хидрира кожата околу очите. Лесно се впива,не ми се случило да ми ја вцрви кожата или да ми просолзат очите од него. Одлично е. 3.Eucerin масло за тело -Примарна намена му е борба против стрии. Да напоменам,не отстранува веќе постоечки стрии,ниту ги избледнува,зошто не постои такво чудо,ама одлично е за да ја зголеми еластичноста на кожата и да спречи појава на нови стрии при дебелеење/растење/бременост и сл. Плус пишува дека е природно и дека може да го користат и трудници за мачкање на стомакот во текот на бременоста. Супер е и бавно се троши,кожата ја остава мека и нежна. 4.Аглеста четка-Аура Конечно најдов аглеста четка со ниска цена,чини околу 100 денари,мека е има фини влакненца. Првично ја барав истата на Есенс ама никаде ја нема,а аглестите четки што ги има во Џамбо некако не ми правеа мерак. Супер си ја врши работата.Четка како четка , важно е гел тушот да е квалитетен.
Каде ја купи кремата за околу очи и колку чини? Мислам дека по аптеките Еуцерин производите се поефтини отколку во Космо.
Го има во ДМ, а мислам и во космо. Јас на попуст го зедов 98 ден мислам, а и без попуст не е скапо 115 ден, денар два плус минус. Мислам дека е најевтин третман за нокти за разлика од другите фирми, а многу квалитетен.
Flormar Pretty Compact Blush-On (или попознато како двојното руменило на Flormar ) Евтино и трајно, уште еден производ на Flormar од кој сум многу задоволна. Го имам P115 (првото на сликичкава), имаат нијанси за секој тен. И бронзерот и ружот се со дискретни светки кои не доаѓаат до израз нанесени на кожа. Трајно во секоја смисла на зборот, и на лице - ми трае по 7-8 саати, додека не го избришам (повеќе и го немам носено), а и количински, го користам околу 5 месеци и не сум ни до пола. Го купив од поодамна и не се сеќавам на цената, но беше 200 или 220 денари. Единствена маана - пакувањето е доста неквалитетно, долниот дел ми се искрши и сега не се затвора како што треба Seventeen Matte Lipstick Најдобрите мат кармини на пазарот кај нас за цената! Траен и не-сјаен, токму она што го барав. Јас засега ја имам само 13ката, темно-циклама нијанса, Спојлер но сакам да си набавам уште неколку. Цената е 300 денари. Маана - повторно опаковката, премногу се гребе и изгледа неуредно own: P2 Lift&Style Eyebrow Pencil Да не знаев дека чудово постои, никогаш немало да ми текне дека ми треба Сега не можам да живеам без него! Се работи за двострано моливче, белиот дел е мрсен и служи како восок за фиксирање на веѓите, а розовиот се става на коската под веѓата и служи за нејзино истакнување. Навидум нешто-ништо, ама прави голема разлика откако ќе се нанесе, многу го освежува изгледот Понекогаш го ставам и во внатрешноста на окото и како креон, за повеќе да ми ги „отвори“ очите. Затоа што е кремово, а не бело, изгледа уште поприродно. Го купив 1Е од Германија. Stay Matt Lip Cream Уште едно мат-чудо. Толку кремасто и интензивно, мириса на есенска ванила. Го имам второто. Ги барав и кај нас, но ги немаше. Го купив 2Е. Essence Nail Art Special Effect! Topper Првата е Circus Confetti, а втората Mrs and Mr Glitter. Совршени за обожаватели на светки како мене. Невозможни за отстранување од друга страна, ама ќе се помачам во име на прекрасната светкавост
Нивеа шампон за волумен и сјај Шампонов е многу лесен, нежно мириса и многу ја прави убава косата. Обично шампоните за сјај ми ја сплескуваат и мрсат косата, ама овој дава ем сјај ем волумен. Лабело Фрути шајн - цреша Ова ми е најубавото лабело со боја. Го имам пробано и од Росал, но ова Лабелло (или од Нивеа, истите се) бојата е поинтензивна, поубава и не ги заменувам за други. Бубшен масло за бебе Имам користено од Бекутан, Џонсон, Нивеа, Хип, ама ова дефинитивно е најубаво по структура, има најубави состојки, а и не содржи бои, парафени и такви работи. Ацетон за нокти од Афродита Немам што да кажам посебно, отсекогаш сум ги сакала производите на Афродита. Маслен отстранувач е, ги зајакнува ноктите. Вреди да се проба, а не е скап. Порано го купував над 100 ден., а сега е околу 60 ден. Сега е во нова амбалажа, го има во две варијанти, од маслиново масло и од невен. Бекутан крема Во ладниве денови ниту таа Афродита која ја фалам не ме спаси. Бекутанов ми е спас за хидратација, ми ја прави кожата свежа, мека и главното - не ми е сува. На ветар многу ми се суши, Бекутанов е спас. Невен крема Ја има во Зегин, околу 140ден. мислам беше. Огромно пакување е. Прекрасно мириса, хидратира, прав мелем е. Одлична невен крема за различни намени. Набрзо ќе пишам за декоративната козметика.