Да предобар е тоа е мојот продукт за овој месец Нема зборови со кои може да се искажам Прекраснооооооооооооооо несто,само во ноктите гледам
1. Diplona Shampoo Шампонот го обожавам. Конечно можам да излезам без претходно да ја испеглам косата. Ја прави толку мека, права, не се разлетува. Ма откритие на векот ми е. Спојлер 2. B.U. Heartbeat shower gel Гелче за туширање на Би Ју. Преубаво. Мирисот трае и трае. За 115 денари, презадоволна. Спојлер
После толку време,повторно ја зедов и не зажалив.Препрепредобра маскара! Досега не сум се разочарала од ниеден прозивод на Max Factor па не е ни случај со маскарава. Прекрасна четка и одличен ефект.Мислам дека долго време ке ми биде must have продукт.
Го купив на попуст за 85 денари. Убав е , пишува за тенка, кршлива коса. И преубаво мириса, би го купила повторно
Спојлер Прекрасен. Кожата ми ја прави мазна како што не може да ми биде со било кој друг гел за вадење на мртви клетки. Има прекрасен свеж мирис што долго се задржува на кожата. Го добив на подарок, нема македонска декларација и го немам видено по обичните маркети, па ако случајно сте го виделе во некои подобро снабдени маркети, кажете ми.
Eпа за 780 денари, очекувам да ми носи по едно јајце секој ден, уште па и да не чини и на го чисти лицето како што треба, амин Не мрчам или нешто слично, али овие Авене претеруваат со цените по малкуцка според мене...
Хипстер, не само Авен, него сите тие медицински козметики, како и оние термалните и демек природни, забегуваат со цените. Мада конкретно гелов на Авен мене ми е откритие на векот, предобар е. Откако го користам не ми излегуваат акни ниту пред да добијам, а тогаш обично знам да се нафрлам доста. Некако како да ми го држи лицево под контрола и да не им дава на акните да избијат, така делува на мојата кожа. Башка ептен освежува и чисти све живо од лице и ја матира кожата. Измислен за масна проблематична кожа, баш за каква што е и наменет. А цената му е висока, не викам не, ама па јас мојов гел веќе скоро месец дена го имам и ниту еден прст не ми е потрошен, а на секое миење по два пати ставам, за све убаво да ми извади (а се мијам секое утро и вечер). На другарка ми, која го користи многу одамна, едно шишенце и' трае по 7-8 месеци, така што кога ќе видиш и се исплати за цената
^ Aбе требаше да ми го кажеш она Don't shoot the messenger Не мислев ништо лично кон тебе, тамн работа не си ти крива што е 800 денари, само чудно ми дојде, зашто 800 денари за гел за чистење е стварно ту мач. Е сега ако трае барем 5-6 месеви, не мора 8, веќе вреди за парите, зашто даваш однапред ама трае повеќе од оние со средно ниска цена по 300 денари што ми траат мене 2ипол месеци максимум. Ај кога ќе дојдам до пара ќе го пробам, штом го фалите толку а не се троши ни многу а нели секојдневно се чисти лицето барем по еднаш у денот, ако не и по 2-3 пати.
^ Таман работа Хипстерке, уопште не ни помислив дека имаш нешто лично против мене, јас така по навика опширно си се искажувам во мислењата Што па ја имам со Авен заедничко, освен што фрлам пари за нивните гелови? Се согласувам дека се многу пари за гел за миење лице, ама во споредба со поевтиниве, конкретно Лореал, кој со години ги имам користено, се забележува разлика дефинитивно. Мене ми се свиѓа тоа што многу малку е доволно за да го исчистиш лицето. А дека не содржи сапун, не се пени гелов и јас на почеток шлакав по два три пати зошто мислев дека треба пена да прави, ама добро е, на време сконтав дека не треба Нека не те плаши тоа што не пени (сосема малку), чисти и тоа како Ај да не бидам off, јас да си кажам дека сум презадоволна од кармините на Макс Фактор Color Elixir. Ја земав оваа боја на сликата - Ruby Tuesday (бројче 715) Многу убав кармин, полу мат текстура, траен со часови и многу пигментиран. Со еден слој се добива речиси истата боја како во амбалажата. Цената му е околу 400-тина денари, не се сеќавам точно. И голем плус има од мене за дискретниот мирис. Мразам кармини со оној типичен „кармин“ мирис, како оние на Голден Роуз. Би земала и други боички од карминчево, ептен ме бендиса
Ако не престанат да пишуваат Сексибејби, Мимс и Симончелишс во темава, ќе си ги потрошам сите пари. Бидете хумани, помогнете и на една феминка да заштеди . едит: и сенза пароле
И јас денеска зедов Eveline оној за цвртстина... Па се надевам дека и јас ќе бидам задоволна...Доколку ми се допадне би зела од сите...Воопшто не се скапи 125 денари...Го има скоро во сите продавници каде што има козметички производи..
Маслото од јојоба на природна база, милина , го нанесувам на исчистено лице со памук поминувам навечер, кожата ми ја прави мека и нежна, спречува појава на акни и црвенило, не би го сменила никогаш, ми го донесоа од Германија ако сте сретнале вакво кај нас кажете ми, ако не ќе се обезбедам со залихи
Impala waterproof eye pencil Fruttini bodylotion cherry-vanilla Essence shimmer bronzing powder Essence get big lashes mascara Rimmel lasting finish foundation