не е препорачлив за секој ден пилингот, си ја врши работата за цела недела, а може и како маска да го ставиш 5 минути после да го измиеш, или само за миење, но сепак поретко. А јас 360 милам дека го зедов ако не се лажам. И да не бидам оффтопик, еве еден омилен мој продукт месецов: Само на капење одам, премногу ми се допадна, и по 10 пати туку пењам, заљубена сум во мирисот на гелот за туширање
Јас имам комбинирана кожа на лицето, и стварно ме нервираше секој пат после шминкањето кога ќе почнеше кожата да ми свети на Т-зоната а пудрата просто ја снемуваше. Пред некоја недела, си ја купив оваа пудра. На некои форуми читав дека не им била добра, но секој има различно лице, мене искрено ми е топ и навистина трае, а не е скапа, моментално е на промотивна цена во Космо, 480 денари. плус има огледалце и е многу практична А овој лосион за чистење лице го користам неколку месеци, малце е јак, и треба само еднаш дневно да се чисте кожата со него, зашто двапати веќе ја суши многу, ама дефинитивно чисти се, и шминка и нечистотија и пот.
Деци,ај да не бришам уназад,имате корисни мислења околу некои производи,ама во иднина ве молам кога пишувате за некој производ,пишете зошто сте задоволни,а зошто не сте,а доколку ве интересираат детали,прашувајте по лп,за да не ја гушиме темата,сепак нејзината суштина е друга и плус,се создава мега тема. Ако ве интересира нешто конкретно и сметате дека има потреба,отворете тема ако нема веќе постоечка,па таму коментирајте. Многу ќе ви бидам благодарна и јас и сите! Љуби вaс Лилит!
А инаку се согласувам со сите што ја наведоа оваа маскара, мислам толку многу маскари сум пробала и мнооооогу поскапи, ама од кога ја користам оваа не ја менувам за никоја, убаво се нанесува, супер ги прави трепките, лесно се вади, и најдоброто е што не е ни 100 денари Само едно предупредување, ја имам користено веќе 3 години, и некогаш ми се има случено да приметам дека сите четкички не се исти, некои се подобри некои помалку ги нагласуваат трепките, мене лично подобри ми се подебелите четкички.
Mоите омилени продукти..... Спојлер го видов кај пирамитката,и го порачав,многу убава ми ја прави косата,и локните ми се создаваат и благодарам на пирамитка што го постави Mногу долго трае лакот,а тоа го барав ,плус имаат убави нијанси,едвај чекам пак да купам
Презадоволна. Цел живот ја користам нивеа софт и решив да земам нешто исто од нивеа али само за лице, по намнска. И изборов падна на оваа крема. Нема шанси да ја сменам
Ве избришав и да се самоцитирам.Не е ради мене или не знам кој,туку воопшто за форумов и прегледноста.За исто производи и работи се коментира на 100 различни теми,ако нешто ве интересира,прашувајте се по лп,ако немате да додадете на темата.Не ја користете за прашување и муабети. Стварно нема смисла,бар на друга страна да имав пишано,а ова е на истата страна.
Oва Нежен мирис, нежна кожа, не пресушена. Јас ретко бендисувам сапуни, и преретко користам, ама овој е баш еден од тие ретките
Потпис и печат за маскава за лице , мераци е Не е класична маска за лицењ со измивање со млака вода туку оваа стои на тебе 20 минути и потоа се лупи . Важно е да имаш ставено малку подебел слој за отстранувањето да биде полесно . Во виолетово пакување е , како на сликава
Nivea invisible for black and white дезедорнсот (и розевото и синото) Имаат убав мирис и двете, ги користев и уште ги користам, убави се, навистина не оставаат траги, и траат долго, односо ја отсрануваат непријатната миризба. Прво го користев розевото, а сега го користам синото, не воочувам некоја разлика
Значи најново откритие ми се лаковиве многу траат и се преубави и преубави бои има ги сакам ! иначе ги купувам Во Струга во Coma Mall најгоре носат американса и кинеска роба
Овој спреј за стапала, околу 200 ден. во сите поголеми супермаркети. Мирисот е прекрасен, го спречува потењето и непријатниот мирис, а ги освежува стапалата. Супер.
Најомилени шампони ми се . Ги земам од Белград , по неколку .После шампонов никаква маска ни ништо не ми треба . Супер се
Душица како се викаат шампониве неможе да се прочита , ситно е . да не бидам офф, јас месецов се дружам најмногу со тушот од Golden Rose