Shakira Eau Florale Прекрасен нежен цветен мирис. Eveline Nail Therapy 8 in 1 Прекрасно нешто,на моите нокти им дава тотална нега и регенерација.
1. Кога ја добив базава и прв пат ја пробав воопшто не ми се допадна, некако imaв чуство како да се излупи и не ми се допадна ефектот па ја оставив и уште од јуни си седеше во кутија. Случајно ја најдов негде и решив да и дадам уште една шанса, овој пат не знам дали нанесов помалку или само на местата каде што треба али ефектот беше неверојатен, ги затвара порите, ја матира кожата (јас ја нанесувам само на Т зоната), има некоја геласта структура па кога се нанесува и го затега и лицето, фантастична е, немам коментар стварно, си ја штедам максимално пошто ја нема кај нас, прва прилика кога ке бидам во близина на кико дефинитивно купувам залихи 2. ББ кремата на Clarins ми е дефинитивно фаворит, не е премногу течна кога ја истиснувата, прекрасно се нанесува, некако како да нанесувате некоја маска, некако целото лице е свиленкасто. Нема некоја многу голема моќ на покривање, али теном многу добро го изедначува, едноставно прекрасна. 3. Отидов по коректор бидејки ми се потроши, гледав некој течен кој беше потполно иста цена со пан стикот, па решив да му дадам шанса на пан стикот да видам како ке се покаже, и дефинитивно во секоја улога беше фантастичен, моментано го користам како хајлајтер али си ставам и плус коректор врз него за некои посебни прилики. 4.(Третиот го имам пробано) Не сум тип што става сјаеви многу, пушач сум и ми сметаат премногу ми се лепливи некако се унервозувам кога ќе ги ставам, не сум ни љубител на кармини и сјаеви со светки, исклучиво мат сјаеви можам да користам бидејки се сушат па останува само боја што совршено ми одговара. Сјајов кога го видов првиот пат се заљубив не знам која е причината али веднаш го купив и не се покајав. Ја хидрира устата не е леплив, нема светки најбитно за мене, и некако рамномерно се нанесува и ги покрива сите нерамнини па дури и кога ви е испукана устата не изгледа онака лошо како помешан со парченца кожа. Омилен ми е и е дефинитивно нешто за што вреди да дадете пари и да го купите по втор пат. 5. Најпријатно се чуствувам кога имам некоја природна шминка на лицето во земјени тонови, не сакам многу розеви руменила или црвени ептен во некои ретки прилики ги користам. Бидејки бронзерот ми стана некако претемен и не ми одговара со кафеава сенка бидејки блече на некоја портокалова боја решив да купам неколку руменила да испробам која нијанса најмногу ми одговара. Од пред неколку месеци NYX е достапна да се купи во Белград, цените им се и повеќе од нормални дури и ниски за квалитетот што го нудат и фаворит ми се, скоро се што ми е купено од шминка последниве неколку месеци е од кај нив. Оваа нијанса ми е пресовршена, неќжна, женствена, прекрасна едноставно не можам да ја опишам. 6. Ова е совршенство дефинитивно, од Лондон го добив, да не ја ширам приказната преубаво е, јас го ставам малку изнад руменилото и изгледа совршено, му дава некој совршен, прекрасен и здрав сјај на лицето, го обожавам. На почетокот ми беше премногу жал да го користам бидејки сликата беше многу слатка, али откако тој дел се отстрани полесно е 7. Оваа пудра од Мејблин исто е од Лондон и дефинитивно не ми е јасно што е со квалитетот на нивните т.е. нашите производи, пудрава со еден слој прекрива се можно на лицето, го изедначува тенот совршено, ја користам само во посебни прилики со минимално коректор под очите и камена пудра и изгледам како да ме нашминкал некој професионално, малку е тешка за секој ден но доколку ви треба за некои посебни прилики кога ви треба пудрата подолго да остане на место дефинитивно за мене ова е таа. 8. Многу ретко користам крема за раце бидејки никогаш не ми била сува кожата, летово бев подолго време на море и рацето почнаа ненормално многу да ми се сушат. Не сум љубител на масни креми на кои им треба премногу време за да се упијат, оваа случајно ја пробав и бев многу пријатно изненадена бидејки прекрасно ми ја хидрираше кожата а се упи за 5-6 секунди откако ја нанесов и намачкав Мирисот и свеж и многу убав што ми е исто толку важно. За жал потполно заборавив да си земам уште една две за залихи за секој случај, па оваа ми е при крај и едвај чекам да начекам некој што оди таму да си нарачам
1. Пан стикот на МФ ме изненади, со оглед на тоа дека не ми се покажале како квалитетни нивните производи. Целосно го менува ликот на очните капаци и подочњаците, освежува и маскира. 2. Шампонот на Диплона е одличен, за таа милитража и цена. Косата ми ја прави мека и со сјај. 3. Новиот антиперспирант на Гарниер е за 10ка. Ова ми е 3то или 4то шише и сум презадоволна од заштитата. 4.Не користев сапуни, ама ме бендиса овој на Дове, од смоква. Остава пријатен мирис. 5. Купкава за туширање на Клео, со кафеаво капаче е фантазија. Мирисот е феноменален, нема потреба од млеко за тело доколку немате сува кожа. Го земав за сефте по препорака, а се заљубив!
1.Конечно и моите суви раце да станат меки и нежни.Поткожните влакна се чистат , прекрасен мирис..Совршенство! 2.И нормално кремот за тотално уживање во мирисот и во новата свиленкаста кожа. 3.Комбинација на месецот ми се трите. Мирис на колачиња. Долготраен, ненападен, типично женски мирис.
Cera di Cupra Кремава е стварно савршенство без мане Дефинитивно не е за тие што имаат мрсна кожа но за мојава сува и чувствителна е мелем!Нема повеќе црвенила, нема затегнување, нема пецкање... Лесно се мачка, преубаво мириса, и за тој квалитет е живо џабе ( не памтам колку ја платив точно ама мислам дека беше помалку од 200 ден во ДМ) Balea Bodybutter Kakao Препрепрепреубаво мириса, одлично ја смирува сувата кожа после туширање а не е премрсно па да ја направи облеката лом AVON shower creme Winter Cocoon Кога избирам козметика за тело мирисот ми е ненормално важен и пресуден, да не речам дури ми е побитен и од самиот квалитет Купкава мириса фанстастично, ми иде да се туширам 5 пати на ден и најважно - не ја суши кожата
Овој EVELINE 8 in 1 ви го препорачувам на СИТЕ. Чудо! Ноктите не ми се скршија, ми пораснаа, како канџи се ..
УАУ!! Сакав да проверам кога сум почнала да го користам коректоров (од февруари до декември), зошто знам дека напишав рецензија.. Значи коректоров сеуште ми трае, го ставам СЕКОЈДНЕВНО и никако да се потроши.. значи го прогласувам за ОМИЛЕН ПРОИЗВОД НА ГОДИНАТА
Illusion од Tricia, дезодоранс спрејот. За 49 денари од Рубин. Многу ефтин и мноооооооооооогу убаво мириса.
1. откако го користам гелов, лицето ми е во многу подобра состојба. супер ми го чисти лицето и од маснотии и од шминки. можда мааалку ми го суши носот ама не е нешто поради кое би престанала да го користам 2. кремава е фантастична. предобра е како подлога за пудра, а и приметив дека подолго време ме држи мат што е уште еден + од мене. искрено никогаш не сум била фан на производите на авон или орифлејм ама овие два се топ. чиста 10ка од мене 3. карма комба...најбољи шампон евер! преубаво мириса, косата ми ја прави многу мазна, втор пат го купувам и не ми е ич жал за 520 денари што ги лупнав затоа што дефинитивно вреди 4. палетава е супер, сенките не се нешто најпигментирани, сигурна сум дека има многу подобри, но за 350-400 денари е сосема задоволителна. јас секако не се шминкам многу нападно и ова палета одлично си за брка работата барем за мој вкус и потреби
rosewood 833 - преубава боја и многу долготрајна , следно на листа е 5тото Мојот спас за мрсна коса! Го обожавам руменилово , уште 10 би купила Конечно ми стигна и сум презадоволна.
За месеци октомври и ноември. 1.Essence-Get Big lashes-triple black(виолетовата)+volume boost(црната) маскара. Ги купив кога беа 1+1 на акција во ДМ и сум задоволна. Виолетовата е баш онака,црно,како што сакам да биде.Ги двои трепките,не ги лепи и им дава должина.Црната им дава волумен и додатна должина,и некако ги згуснува.Многу ми се допаѓа кога ќе ставам од двете во комбинација..Трајноста им е солидна, и нема црни топчиња под окото. 2.Golden Rose Classics lipstick бројче 102. Има некоја нежна боичка,не е ни скроз nude,ниту пак розева..Што знам каква е,ама мене перфектно ми се погодува и си се бендисувам како ми стои.Трае доста,се на се,за 100 и нешто денари е супер. Слика неможам да најдам... 3.Еssence-Stays no matter what eyeliner pen-туш во пенкалце. Ми требаа скоро 40 минути за да се одлучам за туш.Ги пробав сите од Есенс,некако ептен сива боја оставаа.Овој што го земав и уште еден беа онака црни,и искрено се мислев кој да го купам,ама се решив за Stays no matter what пошто четчето ми се виде поубаво... Ептен прецизно се црта со него,водоотпорен е,не се размачкува и стварно трае многу.Со влажно марамче се вади со потешкотии,ама со средство за бришење шминка без проблем.За 200 и нешто денари-презадоволна сум. 4.Catherine Arley-Silky touch compact powder. Влегов во Голден Роуз и прашав каква камена пудра ќе ми препорачаат,пошто ја користам само за фиксирање на коректорот под очи,и ми ја препорачаа оваа.Навистина сум задоволна,убаво мириса,трае доста,лесно се нанесува..и за многу ефтини пари е купена-мислам дека беше 150 и нешто денари,но како и да е,презадоволна сум. 5.Qianyu(оумајгаддетнејм) палета сенки Од Базаро се купени,за 85 денари,8 сенки и 2 руменила(со прекрасни бои кои ги користам исто како сенки ). Има убави боички,нежни,обично ставам од таа доле лево сенката,па линија туш,па од белата сенка под веѓата и во ќошето на окото.. Неможев да најдам слика,па ја земав таа што ја имам во Вашето козметичко катче низ лични фотографии. Спојлер Палетата десно.
Овој месец повеќе производи ми се од НИВЕА кумата дојде на гости и таа ми ги донесе овие Нивеа прозиводи на поклон некој ги имав користено а некои не ги бев користела и ме воодушевија па размислувам некои да почнам и да ги користам .. 1.REPAIR & CARE БАЛСАМ ЗА РАЦЕ -Овој крем е спас за мојте раце..имам суви раци кои се испукани но после кремов е различно. Спојлер 2.Имам мрсна кожа а маскава ми се нормализира да кажам на еден начин.. Спојлер http://www.nivea.mk/-/media/NIVEA/international/packshots/face%20care/pure%20effect/active-purifying-mask/81900_04_2013_Active_Purifying_Mask_PNG.ashx? mh=350&mw=260&reflection=1&reflectionHeight=50 3.Имам многу мрсна Т-зона па лентиве на еден начин ми се спас.. Спојлер 4.Не можам да го споредам со стариот прозивод за оваа намена но и оваој е добар Спојлер 5.STAY CLEAR ТОНИК ЗА ЧИСТЕЊЕ Спојлер 6.HYDRO CARE ШАМПОН Спојлер 7. Спојлер 8.Optimals Seeing is Believing Крем за очи-појавија ми се темни кругови и се мислев како да ги третирам и дома случајно го најдов кремов не знам кога е купен и зошто но ми се погоди.. Спојлер
Advance Techniques серум за суви врвови Забележувам кога го користам серумов врвовите ми се помеки и посјајни. Структурата малку ми е чудна зошто е потечна од она што очекував, но добро си ја вршат работата. Мирисот посебно ми се допаѓа Planet Spa Heavenly Hydration маска за коса Комбинацијата маската плус серумот што го поставив погоре, е одлична. Косата не ми била помека и посјајна. Со оваа маска косата ми добива посебен сјај што го немала порано и изледа многу негувано . Лесно се разчешлува и има одличен мирис. Planet Spa Heavenly Hydration маска за лице Имам сува кожа, а оваа маска и овозможува прекрасна хидратација на кожата што е многу важно за ваков тип кожа. Структурата и е многу интересна, со некои топчиња кои по одредено време се топат на кожата. После нанесување на маскава кожата ми е премека изгледа многу чисто и освежено . Dahlia Avocado Oil, Cupuacu and Shea Butter млеко за тело Кога прочитав авокадо очекував мирисот да не ми се допадне, но се изненадив колку прекрасно мириса. Толку е траен мирисот што ми останува и на облеката . Го препорачувам, плус сега е на намаление во Тинекс 79 денари.
Мојот совршен спој не само месецов туку есенва ми беа хит. Спојлер Прекрасен мирис на калинки и праска .
Голден Роуз бр.124-Конечно бојата што ја барав ја најдов за 100ден Maскара од Севентин,The stylist за само 320 ден,ниедна маскара не ми доловила ваков волумен и трајност. Kрема за раце,околу 120 ден чини во ДМ,преубава е,нежна и хидратантна.
Сапуните за пилинг на Рефан. Се заљубив, не ги менувам за ништо. Моето го земав случајно, купував парфем во ГТЦ и го видов и сапунот. На горната страна од самиот сапун има 'залепено' сунѓер и прво се прави сапуница и после се масира кожата со сунѓерот. Технички за пилинг е, ама јас го користам само на милите ми целулитни бутки затоа што секогаш наоѓам оправданија дека не стигнувам да се масирам. Вака под туш немам гајле. Беше некоја смешна цена од 65 денари, а моето е со преубав мирис од диња и праска. Уште од сега си го меркам наредното, wild cherry.
Зимскиве месеци секогаш ги поминувам со многу повеќе препаративна, отколку декоративна козметика. Nivea млеко за тело со шеа путер Прекраснотии! Од мирис, густина, хидратација - сé. Порано постојано ги користев производите на нивеа, купував цели колекции, ама после некако почнав повеќе да експериментирам и ги заборавив. Преминав на Орифлејм, Авон, ама сега решив пак да им се вратам Нивеа ми е асоцијација на зима, поим немам зошто, па еве млеково ми е омилен производ за декември. Eveline лак за нокти 8 во 1 Го користам како најобичен лак, ама во последно време и како база за лакови во други бои. Одлично си ја врши работата и во двата случаи. Не знам дали има врска, ама сé ми се чини дека кога го користам како база, лакот во боја што го ставам врз него ми трае подолго.
Ич, ама ич немав време да испаднам и да испазарам како човек овие денови а на скоро сите продукти им дојде крајот, па морав да си порачам од каталог, конечно се решив да им дадам шанса, и со оглед дека одма следниот ден ми ги доставуваат , се одлучив за продуктите на Тианде, руска природна козметика. Јас сум буквално презадоволна. Не ги испуштам од рака производите !!! Шампон и балсам за коса Женшен Заедно во комбинација се права бомба од регенерација и свежина за коса. Конечно косата а посебно овој период од годинава каде влажноста е максимум - мене не ми е разлетана како метла. Смирена ми е и сјајна. Дефинитивно вреди секој денар даден, јас сум презадоволна. Локните на косата ми се подефинирани а не разбушавени и наелектризирани. Имало чаре и за мојава чума. Антибактериски гел за чистење на лице Наутро и насабајле се мијам со гелот. Пријатно сум изненадена пошто не знаеја да ми кажат дали ќе ми одговара на мојата сува кожа во овој период од годината, но решив да ризикувам, и пошто е антибактериско одма ми го привлече вниманието, опседната сум вакви работи(сапуни, влажни марамици - се ми се антибактериски). Ова чудо од гел, беспрекорно брзо и едноставно ја одмива шминката, и воедно го враќа сјајот на кожата. После миењето мене не ми е сува кожата, што е чудо пошто од други гелови ако одма не ставам крема лицето ми е како со лишаи после неколку минути, но ова му дава некој сјај, посебно на обравчињата, и сум бескрајно благодарна што кога се брзам наутро, мијам заби и со гелов и летам накај факултет, па покасно ќе ставам таму крема на пауза, а порано без целосен третман, гел, па крема, па бб крема, не можев да испаднам од дома - конечно ми се олесни зимсково утро. Така да, препорачувам за сите типови кожа е, арно ми кажаа, ама додека не пробам - не ве-ру-вам! Кармин, со витамин Е и уште некои чуда кои не ги запамтив. Јас си го земав бројчето 26, темна циклама му доаѓа и ја обожавам бојата. Трае неколку часа, да бидам поточна некоиси 5-6, после почнува да избледнува полека, но јас претходно ставам балсам за усни од нивеа, малку тој црвен ми е, па бојава ми иде уште поинтезивна. Пробав да ставам само кармин ама Суви усни имам, па после некое време ми се појавуваат како корупки и ми се собира карминот, што изгледа за никаде, па морам со балсам, значи не е доволно хидратантен за пресуви усни. Но, со балсамче, си стои нема гајле. Бојата да ја бирав во живо немаше да ја погодам толку, љубов на прв поглед. GOSH лосион за тело, blue ocean Ова ми е стандарден лосион кога иде есен, зима па и пролет. Мирис на чисто, мекост на допир, полна рака свежина и полна уста само пофални зборови. За тоа какво чудо е, преефтин е!! Мама го користи стандардниот - и тој е преубав, само без јак мирис. А мирисот на мојот лосион е мирис на бран! Кога ќе бидете во можност мириснете го баш, мене ми е прекрасен и страшно многу сум среќна кога бодито, блузите и хулахопките ми мирисаат на него.