1. Бебешка пудра Бекутан Обично немам доверба во производи на Алкалоид ама бебешката пудра Бекутан многу пријатно ме изненади. Веднаш ми го смири црвенилото после депилација . Не ја пресушува кожата туку нежно ја штити. 2. Rosal velvet touch лабело Се заљубив во лабелово. Многу е нежно,баш кадифено е на допир. Не хидрира многу,ама бојата му е прекрасна,некоја нежно виолетова е. Спојлер 3.Head and shoulders total care 3 in 1 Леле како мириса шампонов! Со Head and shoulders првутот ми се исчисти скроз ,а оваа линија на шампоните им е особено добра. Шампонот е кремаст,густ,убаво пени и косата ја чуствувам ептен чиста ,а не наелектризирана што е особено тешко зошто имам виткана и дива коса. 4.Афродита масло за коса Од сите досега пробани масла ова ми е најдобро, т.е ми изгледа најприродно иако е малку парфимирано.
Во последно време, особено внимание и’ обрнав на косата така да дел од производите кои ми се омилени во изминатиов период, се баш за коса. 1. Taft instant volume powder - Тинекс, 180 денари Пудрава е совршенство, за волумен. Првично ја пеглам косата, па на коренот (на тие места каде што сакам да ми е онака “ поткрената“ ставам од пудрава) и тапкам. Малце се стврднува и делува како лак да си ставил, ама не е баш така (ако ме разбравте ). Како и да е, со пудрава косата ми изгледа како фенирана, и вреди за секој денар. 2. Cristalli liquidi - силиконски капки за коса, со ленено семе- Космо, 255 денари, 30мл. Спојлер Сликава ја постирала некоја феминка во друга тема, па јас ја искористив зошто не најдов на нет некоја соодветна Силиконскиве капки порано често ги сретнував низ фризерски салони и кога требаше да купам нови се одлучив за овие и воопшто не згрешив. Косата ми е сјајна без притоа да ми се мрси за два дена (иако ја мијам чисто заради миризбата на цигари ), врвовите - освежени, косата изгледа негувано. Ги обожавам и сигурна сум дека наредно пак би ги купила. 3. Manhattan powder mat make up - beige 82 - Космо 470 денари Пудрава не ми е омилен производ на месецот, туку на векот. СОВРШЕНА! Ми прилега ненормално добро, без притоа да изгледа како да имам 100 слоја пудра - т.е. паштета! Пудрава, после одреден период совршено се упива на моево лице, ми го изедначува тенот, и трае добри 7/8 саати без да светнам, што ми одговара и те како. 4. Wine with everything lipstick - Avon - 249 денари Совршена темно лилава/бордо нијанса, која трае доволно долго. Конечно си ја пронајдов нијансата на кармин која совршено ми прилега. Трајност задоволителна, со оглед на тоа дека несвесно си ги гризам усните па си го бришам карминот.
Еден, ама вреден !!! За сувата кожа, рани, ама баш за се....ниту павловичева, ниту скапи кремови, не ми помогнаа како оваа крема од НЕВЕН - РЕИНА, ја има во Зегин, 130 ден.-250гр. Безбедна е за бебиња, трудници. Не содржи никакви конзерванси и синтетички бои. И преубаво мириса. Ефтино, а голема количина има. Нема за што не ја користам. Германски производ е, а невенот е вистински мелем за кожата. http://paula-international.com/Bilder/1021.jpg
Bourjois Erasable Eyeliner Ајлајнеров на Боржуа,дефинитивно најдобар ајлајнер според мене.Има интензивно црна боја.Брзо се суши, што значи дека не се размачкува ама воопшто.Трае дур не го извадиш,а се вади само со едно поминување со влажна марамица.Сунѓерчето одпозади,е гумено,врши добра работа со поправање на мали грешки и утки при ставање.Мислам дека до земав околу 350-400 но не сум многу сигурна Спојлер бидејќи оддамна го земав,а тек сега почнав интензивно да го користам. Farmasi Terracotta Powder Bronzer Бев голем скептик кога стануваше збор за оваа козметика.Но испадна дека цело време сум имала погрешно мислење . Бронзеров го добив на подарок од стрина ми.Има светки,кои што се многу дискретни откако кје се нанесат на лице.Брознерот го користам за “затоплување“ на лицево бидејќи си иам некој чуден жолтеникав тен.Долго трае,највеќе ми има издржано 8 часа,ќе го теситрав и повеќе но дома коа сум вадам шминка.Од претходните бронзери се исфрлав и ми се појавуваа акни ,но од овој не,така да бронзеров има еден голем ЛАЈК од мене
Можам да кажам дека ова е една од најдобрите работи што сум ги ставила на лицето. Глинава ќе ми биде омилен продукт засекогаш, не само за месецот. Од неодамна ја користам, но после ставање лицето ми е убаво, затегнато, тенот освежен и што е најбитно значително ми се намалија црнките. Освен тоа, ми ги исуши и бубулиците. Како не сум знаела за ова чудо досега? Се покажа како најефикасно средство против црнки и мрсна кожа на Т-зоната. Јас ја ставам и на образите, но во комбинација со маслиново масло. Прв пат ја користам маскава и сум многу задоволна. Косата ми е сјајна и мека. Досега маски од Авон не сум користела, но се решив оваа да ја пробам и добра се покажа.
Пре некое време почнав да ја користам кремава L'oreal Triple Active Day за нормална до комбинирана кожа и неверојатно многу ми се погоди. Не ми се мрси лицето на Т зоната, обично ми се појавуваа лишаи меѓу веѓите, сега ги нема, убаво ја чувствувам кожата, брзо се впива. Кремата е супер. Единствено не ми се допаѓа како мириса, ама па не се чувствува долго мирисот.
-Гелот за лице ми е откритие на векот, досега го користев Еуцерин сапунот за чистење на лице затоа што од секој гел исфрлав и лицето го чувствував како немиено. Со овој гел лицето ми е мазно и чисто, милина! -Шампонот за волумен во комбинација со балзамот ми дава задоволителен волумен, ги оформува локните, сега конечно сите пени можат да одат во канта - За шампонот има мал минус што пак ми се мрси косата, нареден на листа е од иста марка само за мрсна коса. Штета што производите ги нема во мојот град ама ќе се обезбедам со еден куп залихи
Презадоволна сум од маскава,си ја зедов 100 денари,и мислам дека вреди за секој денар.Косава ми е прави мека и прелесно можам да ја изчешлам.Мириса прекрасно.
Не дека е некое волшебно ролонче, но мирисот ме освои, дефинитивно. Мислам дека за 99 денари е совршено. Дури сега ја разбирам мајками. 15 години ја користи кремава и цел живот е презадоволна. Со само 2 употреби конечно си ги излекував рацете, кои ми беа груби.
Та-даааам, убавини за тековниот месец. art deco camouflage cream Коректорот на Арт Деко - мало, ситно и динамитно. Одлично покрива црвенило, акни, посебно носот кој има тенденција заради времето да се претвори во Рудолф носе. Навистина мало пакување, но бавно се троши. Малку сува текстура, но супер покривна и веднаш се впива во кожата. Bioten cream moisture После тоа фијаско со мат кремата на Гарние (ужас над ужасите), другарка ми ми ја пофали оваа на Биотен, па вредеше да се проба со оглед на цената од 180 ден. Кремчето е многу солидно, јас сум пријатно изненадена. Убаво пакување, нежен мирис, веднаш се впива, лицето ми делува некако поздраво и нахрането, а нема несакан мрсен сјај. Ова е за комбинирана кожа, многу фина крема. Golden Rose lipstick 123 Фаворит за зимската сезона, преубава темно црвена бордо боја, за само 120 ден. И не знам дали ми се чини така, ама Голден Роуз како да си ја поправиле структурата, трајноста и хидратацијата на карминиве. Конкретно овој стои 5-6 часа без никаков проблем. Супер кармин. Shakira Elixir perfume Апсолутно вљубена во мирисот, благ, но нежен, со средна трајност, но дефинитивно исплатлива инвестиција за парите, 80 мл=940 ден. во Космо. Фала им на намалувањето, прекрасен парфем. Балсам за усни од какао и малина-Балсам за сјај и заштита на обоена коса Yves Rocher Преубаво лабело со слаткаст неодолив мирис, пушта дискретна нежно црвено-розова боја и навистина ги оправа усните. За балсамов немам зборови, 165 ден. каков Глис, капки силиконски, спрејови, какви бакрачи, се` живо исфрлив, се чувствува неверојатна промена на косата, толку убаво се обликува, има неверојатен сјај и лелеавост и паѓа така некако лесно... има малку силен и карактеристичен мирис кој потсетува на фарба за коса, но сеедно. Ефектот е предобар.
Немам зборови колку сум задоволна! Ќе ги прекупам пак и пак и пак!!! Совршено мазни нозе, пазуви, интима Немаше иритација на кожата, немаше крв, дури немаше ни потреба да нанесам крем после бричењето... Од мене имаат чиста 10ка
Само ќе се цитирам од темата за коса, се имам заљубено во Ивс Рошер, стигнав до 2ро ниво со печатчиња и собирам за подарок од 890, ама имам во план да собирам печатчиња до 3 нивоа, па да си се почастам со некоја убава козметика која иначе нема шанси да си ја купам сама
Revlon лакот но Colorstay обичните не, ми траеше некои две недели без да се излупи.. Карминов од Ревлон исто, ептен сум задоволна ми стоеше на уста и беше како засушен за усните и не остава отпечатоци, а притоа устата воопшто не ја чувствував сува.. мислев дека ми е избришан но кога се видов во огледало гледам дека уште беше тука иако додека бев на гости на име и јадев и пиев