1 Rossal Lipbalm Не го менувам за ништо на светов. Ми се допаѓа тоа што пушта боја, не премногу, онолку колку што е потребно за да не се замарам со сјаеви и кармини во денови кога не ми е до шминкање и тинтрање. Плус мирисот е прекрасен. 2 Balea Romantic Star Искрено, повеќе го користам како распрскувач за низ соба, од колку што го користам на мене. Во секој случај ми мириса преслатко. И незнам зошто ама кога го мирисам ме потсеќа на детството 3 Avon Naturals Hand Cream Освен што со миризбата ми доаѓа рацете да си ги изгризам, не ми се разликува ништо повеќе од било која просечна крема за раце. Ја немав јас лично нарачано, стрикно ради миризбата и ја собрав на мајка ми која е мразач на се што мириса благо и овошно. 5 Estee Lauder Stress Relief Eye Mask Спас ми се за испитен период бидејки за време на сесија не личам на човек. Преферирам ноќно бубање па недоволниот сон си го прави своето, и добивам монструозни подочњаци. Ја омекнува кожата под очите, ги средува подочњаците со дефинитивна видлива разлика, по 10те минути дејствување. 6 Opi Take Ten Mini(the neutral palette) Неверувач бев во фрлање поголема сума на пари за лак за нокти се додека не ги пробав О.Р.I. Се сушат во рок од минута, две, што за мене е енормен плус, и не треба да се шлакам со по 5 слоја за да ја добијам посакуваната покриеност. Mи се допаѓа што таа боја што ја гледаш низ шишенцето ја добиваш и на ноктот (барем од ова што јас го поседувам)
Не на месецот омилени продукти, не на годината, него на векот! Шампонот и маската за коса, наменети за фарбана црвена коса на Балеа, ми се едни од подобрите нешта што ми се имаат случено во животов ми се чини. Во комбинација двете апсолутно одлично и реагираат на мојава коса, ја освежуваат, и даваат свежина, сјај, волумен, ја продолжуваат долготрајноста на бојата, ја прават лепршава и убава како никогаш досега. Башка, плус е тоа што формата на косата ми се задржува, т.е локните си се оформуваат убаво после нив, а не како што е случајот со други шампони и маски, да изгубам од формата, и локните сами по себе да се жгуљави. За 200 денари( 100 ден маската и 100 денари шампонот), имам целосен третман.
Oвој месец на листата ми се некои нови, а некои веке пробани фаворити Garnier 2in1 calming make up remover Цел живот за чистење лице користам Нивеа 2во1 тоник и млеко, но оваа на Гарниер ме привлече многу, на ризик го зедов и не зажалив воошто. Двослојно е, од тоник за лице и масло. Содржи смирувачки состојки и лицето ниту малку не ми е изиритирано додека го чистам. Многу е нежно, нема никаков посебен мирис и воопшто не ја суши кожата, а ниту ја мрси.Шминката ја чисти перфектно, дури и маскарата нема потреба веке со вода првин да ја вадам. Мислам дека е погодно за сите типови кожа бидејки маслото се впива убаво и не остава мрсни трагови по лицето. Посебно е наменето за чувствителна кожа како што и пишува. Garnier Essentials face cream Од кремите на Гарниер многу многу не бев задоволна па ги баталив. Оваа ја добив на подарок и навистина сум пријатно изненадена. Кремава е супер хидратантна, не е мрсна, го прави лицето мазно, меко и не го иритира. Содржи екстракти од мед, така велат. Наменета е за сува и многу сува кожа ми одговара совршено. И мирисот и е прекрасен.За жолтата крема се работи. Victoria`s secret Be seduced body lotion Млеката за тело им се сон, но оваа ми се посебно допадна од сите што сум ги користела до сега. Мириса благачко, но не премногу и баш заводливо, женствено. Ми се допаѓа и како ја третира кожата, хидратантно е и мирисот е баш интензивен и долготраен. BLV II Еau de parfume Мојот омилен мирис, си се снабдив со ново шишенце месецов. Прекрасно мириса, некако ми е уникатен и впечатлив, женствен, зимски е по мене, а не е тежок и благ. Си има некои свои ноти, кои се стварно преубави. Ептен е траен, дури кога ке станам од сабајле ми се чини уште мирисам. Vaseline lip therapy Штета што го нема кај нас, балзамов е сон. Ептен е хидратантен, испуканите усни ги опоравува ми се чини во момент. Им дава и некој благ сјај, нема посебен мирис и вкус, не е лепливо и тешко. Едноставо се што можам да посакам од еден балзам. Сум користела се и сешто, но на оваа му нема рамно.На подарок го добив од странство така да ако го види некој кај нас нека извести да си купам еден куп залихи . Gosh nail lacquer Ретко се воодушевувам од лакови за нокти, од проста причина што сите ми се лупат за еден ден. Но овој ме осови. Совршена црвена нијанса, супер е пигментиран па и со еден слој се постигнува бојата, но ајде ради трајноста ставам два. Инаку ми трае 3 дена без да мрдне што е за мене супер, не очекувам од ниеден лак да трае повеке. Нијансата е Lambada. Nivea volume shampoo Имам слаба коса, без волумен и очајно цел живот сакам барем на еден ден да ми е ваздушаста и со барем малку волумен откако ке ја измијам. И еве си го најдов идеалниот шампон.Стварно ја заживува косата и дава волумен, нема некој вау ефект, но сосема доволно за шампон на Нивеа, сепак не е професионална линија за нега на коса.Немам намера да го менувам во скоро време.
blistex lip relief cream Секоја чест за чудово.Бидејќи имам ептен распукана уста користев секакви лабела,.. Оваа така ја купив по препорака од аптекарката.Буквално устата ми беше партали Откако ставив неколку пати цела уста ми беше заздравена Инаку маст е, бела само малку втријте ја со кружни движења и има ефект на ,,ладење‘‘ на устата, со мирис на ментол. И дезедоранс спрејот за тело Tesori d'Oriente (не најдов соодветна слика) Преубав нежен мирис, нема некој да се пожали од него.Незнам како не сум го нашла порано Во план ми е да се снабдам со уште едно шише И двата производи топло ги препорачувам
1.Nivea Men Cool Shampoo Спојлер После цел месец лутање и правење колекција на шампони кои не ми одговараат, го најдов досега најсовршениот. Претходните сите ми правеа иритација, после 3 саати од миењето се чешав ко луда. Предобар е, лади додека се нанесува. Добар е засега, не би го менувала. 2. Eveline Pure Control SOS Спојлер Гел+пилинг за миење лице. Го намалува сјајот на кожата, плус чисти од црнки. Има преубав мирис на машки парфем. 3. Tesori d'Oriente White Musk Спојлер Со саати останува неговиот мирис на кожата. 4. Rexona linen dry Спојлер Ги имам користено и Shower Clean и Crystal Aqua, овој и Crystal Aqua ми се таман 5. Kate Moss Lipstick 107 Спојлер
Тоа е тоа, мирис кој трае, хидратација на ниво, прв производ кој има мирис на храна а јас да го сакам, обично не сакам чоколаднести мириси, мене чоколадото ми е за јадење, не за мачкање по раце, ама ова е лудница.
Месецов Хималаја ми избива на прво место некако. Пристапна,а убава козметика. Пилингот за лице е одличен (до душа сега видов, пишува гел за секојдневна нега, ама за мене е пилинг, гранулите се доволни за да се направи пилинг, за секој ден е ту мач) и пастата за заби. Млеката за тело им се мноооооогу убави. Особено тоа со какао путер. Маската за лице од глина, прееедобра, ма да не е за мојата кожа, зборувам за искуството на мајка ми, уште да и набијам дисциплина и ќе биде супер. Некако си се заљубив во брендов, не сум сигурна дали од таму па и ми се допаѓаат производите, ама наредно сакам да пробам некоја од кремите за лице.
За нежна чувствителна кожа која ужасно се вцрвнува од се у сешто(посебно после депилација, или чупање на веги сум цела иритирана) се мачкам со ова и за 5 минути како ново. Го имам одамна, го купив гелов за нешто друго, ама не знам зашто не сум го користеле до сега. Можда не е најсоодветна замена за дневен крем, ама привремено убаво ми доаѓа на кожава, ја освежува. Посебно на лето осеќаm дека нема да можам без него. Брзо сењ впива, го нема оној сјај и мрсотија што ја оставаат голем дел од кремите, затоа мислам дека за мрсна кожа е полн погодок. Го земав од Зегин знам, можда и на други места го има.
Колку чини и дали може да се користи и на целото лице наместо крема одвреме навреме пошто јас по природа имам многу мрсна кожа која одвреме навреме знае и да се засуши и плус тоа поради акните кои ги имав порано( ги имам сеуште тука таму по некоја заскитана што ме нервира) имам црвенила т.е флеки од акни а до сега немам користено никаква крема пошто незнам што да ставам а не ми се експериментира да не ја влошам состојбата а сакам матирано лице и помош околу црвенилата да ми ги снема ако може или барем да не се толку впечатливи...викаш ќе ми помогне тоа? Прашувам пошто ми стои примамливо а плус ми се допаѓа алое и тоа што е без парабен.Фала однапред
Пишува дека е за цело тело, така да, да може да се користи за лице. Дали може да е само замена за крема не знам, баш и во постот напишав, пробај, мораш да пробаш за да видиш дали ќе ти прија. Можеш да го комбинираш со крема за лице, зашто ова е гел, оупште не е мрсно и многу брзо се впива, после 10 минути како ништо да немаш на лице. Мислам дека беше 200 денари, ама не ме фаќај за збор. Во Зегин го има, во поголемите и поснабдените сигурно го има, знам дека имаа 3 гела од алое вера, а за овој баш и аптекарката ми го препорача, дека за парите бил најдобар.
Natural jojoba oil Apivita Масло од јојоба,го обожавам. Омилен продукт на годината ми е ,одамна се спремав да го набавам,за жал го нема кај нас или пак јас незнам кај да барам. Го набавив од Солун од една парфимерија во Космос имаат цела серија на производи на Апивита кои се органски и им се одлични,кога и да одам си купувам по нешто. Јојобава ја нанесувам навечер околу устата и очите и се впива многу брзо,дури мислам дека нема потреба од крем. Frosch soap После долго барање на адекватен сапун кој нема да ми ги прави рацете партал си го најдов идеалниот овој на Фрош. Го користам доста време има три врсти со бадем,алое и калинка и сите одлично мирисаат. Nuxe Reve de Miel Балзам за усни на Nuxe. Случајно го земав по препорака на братучетка ми и не се покајав. За зимно време е одличен. Јас уживам да се шлапам ,једино мана му е цената
Yves Rocher Volume Shampoo -Прекрасен шампон,подобро нешто немам пробано до сега,косата ми е прекрасна од него и со волумен,а и мирисот му е одличен.Дефинитивно би го купила пак. Yves Rocher Golden Highlights Shampoo -Прекрасен шампон исто.Косата ја прави прекрасна и дефинитивно ја осветлува малку,добива убав златен сјај а мириса п р е у б а в о .Мирисот ми трае се додека не ја измијам косата пак.Презадоволна. Laura Vandini Cashmere Body Lotion- Кожата ми ја прави нежна,а мириса прекрасно. Alverde Mascara -Прекрасни се и двете,трепките ми ги прави преубави,нема потреба ни да ги виткам,ги крева убаво и не се размачкува.Лесно се брише Спојлер Слика само од едната,другата е Alverde Mascara XXL Volume Маслиново масло,цимет и шеќер пилинг - Не можам а да не го негувам телото со оваа комбинација,кожата е неодоливо мека,нежна... прекрасно нешто. Спојлер Извинете за долгиот пост
Месецов решив малку да сменам нешто, и како први на проба, козметиката на Афродита. Знам Мимс ги фалеше геловите и млеката за тело, ајде јас фалба да удрам на продуктите за лице. Дневна и ноќна крема за лице Спојлер Не се кремите во ова лименово пакување, туку се во пластично, повисоко кутиче. Ноќната крема е помрсничка, за после миење на лице со сапун (кој мие лице со сапун како мене, ќе му одговара), и насабајле гледам дека лицето ми е зачудувачки матирано и свежо. Тие ситни некои брунчиња што се гледаат на светлина не ги гледам повеќе, гледам само убава и чиста кожа. Дневната крема е посвежа, течна, брзо се впива. Е сега, јас имам комбинирана кожа и зачудувачки многу ми се погодија кремиве. Ги купив на акција во Тинекс, по 149 денари, иначе со цена од околу 200. Ѕиркајте и во ДМ ги спуштаат по 150 некогаш. Маска за лице - Мејк ит пјур Спојлер Се врткав со намера да земам такви фластери за вадење црнки од носот, и откако видов дека нема, си викам ај, веќе кога одам на Афродита... Прво кога ја ставив почна да ме пече лицето, и си помислив дека нешто си направив, дека можеби ќе имам некоја алергиска чувај-ме-боже реакција, ама напротив, многу сум задоволна од резултатот. Се става, како проѕирен гел е, по 15 минути се мие. Напоменувам дека се мие со топла вода. 99 денари е, има за двапати. Афродита шампон за коса со екстракт од лук Спојлер Да бидам искрена, прво го отворив во ДМ да видам дали мириса на лук, и ако не, на што друго мириса. Отидов на логиката дека ако не ми чини, ќе перам со него :geek: , затоа што беше на некоја акција за 85 денари, а гледав дека го фалат тука, па ај да пробам. Не мириса на лук, дефинитивно, мириса на шампон, мајка ми е заљубена повеќе неголи јас, ама добар е. Ја чисти косата, така, ти крцка додека ја миеш, не ја слепува како тесто. За разлика од другите шампони на Афродита што прочитав ужасни работи, и не би да ги тестирам лично. Мислам дека пак би го купила, а нешто почнав и да ги меркам проѕирните на Сајос, чисто колку за смена.
1.Капките на Advance Techniques ,предобри се, врвовите на косава секогаш ми биле суви,ама од кога почнав да ги користам капкиве не,нешто што од дамна ми требаше 2.Маскарата Avon Super Shock,преубави ги прави трепките,и не ги залепува една за друга,и не треба 2 ипол саати да ја вадам,како што беше со Рокетот,иако и рокетот е преубава 3.Лабеловото-кармин на Росал,дефинитивно преубава нијанса,се мислев измеѓу посветлото и потемното,па го земав потемното и викам,а што ке ми е па темно,и онака за во школо ке ставам,преку ден,и после го земав посветлото.Преубава боја е,пошто такви нијанси светли ставам,што ми е прикладно за возраста,не ко некои ко тетки со црвен кармин Ова баш ми има некоја нијанса ко карминот на Дебора што го имам,07