1. Лак за нокти Golden rose jolly jewels. Лаковите одамна ми фатија око и цело време се мислев да си земам некој од нив и да ги пробам ама секогаш заборавав се до пред некоја недела кога во Космо ги начекав и си земав два, едниот е добар, ама овој вториот е феноменален. Навистина е практичен затоа што не ти треба многу време за да ги средуваш ноктите, доволно е само да нанесеш под веќе омилениот лак и се добиваат убаво средени нокти без нималку мака. Овој ми е омилениот. 2.Кармин Golden Rose - 114. Оваа нијанса ја барав долго време ама никако неможев да ја погодам вистинската. Или ќе беше премногу nude нијанса или пак ќе ми имаше некои розеви тонови накај месо боја. Овој ми е некаков микс помеѓу овие и го користам секојдневно, за на кафе, за до факултет ставам затоа што е баш погоден за вакви дневни варијанти и притоа не е некоја дречлива нијанса, па не делува претерано дури ни за на факултет. 3. Гел/Јогурт за туширање од алое вера од Fа. Искрено никогаш не сум била некој обожавател на нивните производи, но овој гел го добив на подарок од една другарка па решив да го пробам и сепак бев задоволна. Ми се допаѓа што има густа структура и мириса преубаво, кожата после тоа е многу нежна на допир, дефинитивно производ кој што пак ќе го купам. И за ниедни пари е буквално.
Dove сапунчево ми е омилено, преубаво мириса и лицево ми е многу подобро откако го мијам со него Маскарава ми е добра, задоволна сум од тоа како ми ги прави трепкиве и не верувам дека би ја променила во блиска иднина Кремава ми е совршена. Има неодолив мирис на какао и ми ги прави рацеве меки и нежни. Ми е жал да ја трошам кремава дури
Иии да се осврнеме на јануари и што користев јас овој месеец 1. NYX HD Concealer. Месецов некако забележав дека имам многу темни кругови околу очите па морав да земам некој по јак коректор. Не е нешто невидено чудо ама убаво ми покрива и задоволна сум 2. Garnier 5 sec prefect blur Прајмер над прајмерите беше месецов Го засени и прајмерот на сефора и кико прајмерот дефинитивно. Убаво го изедначува тенот на лицето и накако како свиленкаста ја прави кожата. 3. Dove млеко за тело Со шеа путер и ванила. Прекрасен мирис, многу убаво се размачкува, хидратантно е едноставно прекрасно. 4. Каролина Куркова парфем Најнајомилениот за овој месец, секој ден го користам прекрасен, јак и женствен мирис. Љубов ми е. 5. Кејт Мос кармин бр.111 Прекрасна преубава црвена боја, кремаст е карминот, убава е бојата и мирисот му е фантастичен, на цреша како гумените бомбони на харибо. Месецов го утепав од носење
Хрватскиот мелем е прекрасен. Со години го користам, малечко пакување за сите намени, за сите кожни потреби и проблеми. Лесно се нанесува, не мириса, се впива, безбеден е за секое место. Вистински мелем е, го носам в ташна, во секој момент ми помага. Од Д-р Тајс, производите од Д‘олива ми се прекрасни, посебно за зима. Премногу ја хидратираат кожата, наменети се за повозрасна кожа, но по потреба си ставам од кремот и одма ми живнува кожата во ладното. Маската за лице тешко ја наоѓам, а и таа е супер за нега во ладново. Алгасан од Д-р Тајс е одлична крема за болки во мускулите, а многу ми помага за домашна масажа после напорниот ден, при настинки, супер е за релаксација. Шампоните од Гарниер Ултра Долче, сите сум ги пробала и сите се преубави. Не ја плеткаат косата, многу ја прават убава, веќе со месеци ги користам. (Гарниер не ги сакам, ама овие шампони се супер и ефтини се) Штета што повеќето не ги носат кај нас. Со години наназад од Бугарија си нарачувам преку пријатели Хималаја производи, сите што сум ги користела се прекрасни, со избрани состојки, природни, со прикладни цени. Ги обожавам. Да ги имам сите овде, само нив би ги користела, ништо друго.
1,Маскара (продукт на годината ) 2,Гел за интимна нега 3,Нежен гел за туширање,јас имам сува кожа и прекрасен е 4,Шампон за коса,еден и единствен(овој за мажи најмогу ми одговара ) 5,За уста и заноктици 6,Маска за коса 7,Прфемче cool wather woman на точење ми е најубав!!!
1.Откритие на месецот ми се, предобри, ам ич не жалам за парите, врвовите ми ги прај феноменални, лесно се расчешлува, ама ептен сум задоволна и ко ќе се поскапи пак ќе си ги земам 2. Шампонот има невероватен мирис мириса цело купатило, цела соба и дефинитивно ден после то уште ми мириса косата, преубав ефект има шампонов, за парите е предобар. Во комплет со капките, перфектна комбинација ми се.
Омилени продукти за овој месец Лосионот на Dove со бадем и хибискус ,преубав мирис,веднаш се упива во кожата одлично хидрира Маскарата на Max factor wild mega volume предобра маскара дава одличен волумен и должина на трепките Лабелото на Vaseline lip therapy rosy lips многу добро ги хидрира усните има мирис и вкус на роза и многу нежна незаприметна боја. Новите кармини на Essence посебно нијансата Natural beauty,очигледно се со подобрена текстура од старите затоа што овие се долготрајни и хидратантни.
Овие продукти ми се од Америка од Bath and body works.Братучедка ми ми ги донесе и морам да ги пофалам
И јас го искористив попустот на капкиве во Авон,и реков да ги пробам.И можам да кажам дека сум презадоволна,не продукт на месецот туку на годината.Додека не ги користев капкиве,косата после миење ми беше како грмушка,но овие ми го решаваат тој проблем.Косата ми е мека и нежна,и доста сјајна.
1. Пилинг за лице Afrodita Clean Phase Спојлер Одамна барав „вистински“ пилинг со гранули кои навистина ќе ги извадат нечистотиите од порите и ќе ја исчистат кожата. Се' што наоѓав беа средства за секојдневно миење со по некоја гранула во нив, кои не ми го чистеа доволно лицето. Производов сосем случајно го загледав во Супер Тинекс и не згрешив што го купив. Веќе два месеци го користам (два пати неделно) и одлично ми го чисти лицето. Меко ми е, нежно и супер чисто. Многу, премногу сум задоволна и не планирам да го менувам. Заборавив колку чинеше, мислам дека околу 200 и нешто беше, а тубата е 75 мл, што е одлична цена за производов. Афродита уште еднаш пријатно ме изненади. 2. Аurа Explicit третман за коса со арганово масло Спојлер Предобро нешто! Мириса феноменално, ги негува врвовите, ја прави косата сјајна и здрава на изглед, и најважно - не ја мрси. Знам некогаш да се занесам при нанесување, па да ми летне раката по цела должина на косата, но никогаш не ми ја измрсило. Феноменален третман за коса, а плус е што содржи и масло од арган, кое е најдоброто нешто за нега на косата. Околу 250 денари во ДМ (извинете за цените, стварно не памтам цени никогаш) 3. Крема за околу очи Clinique All About Eyes (Rich) Спојлер Има две верзии од кремава, обична и rich. Обичната е гел крема, полесна, а rich-от е помасна и попогодна за зима. Поради тоа ја земав вторава, ми треба поголема хидратација под очите на ладново. Доволно е масна, но не премногу. Фино се впива и областа на очите ја прави како кадифе Прекрасно нешто, значи овие Клиник толку ми се омилени со тоа нивните производи, чудо едно Кремчево е наменето за сите типови на кожа, а јас иако имам мрсна кожа, одлично ми одговара. Намената му е да ја смали подуеноста на очите, да ги осветли темните кругови и да ги измазни фините линии, мада тој анти ејџ ефект не е изразен, туку повеќе е заштита од стареењето на кожата од атмосферски влијанија и измазнување на оние ситни линии создадени од смеење, а тоа е токму она што го барав 2.800 денари за производ кој дефинитивно ќе трае и повеќе од една година, заради тоа што многу, многу малку е доволно да се нанесе. Од многу неодамна ја користам, уште е многу рано да забележам некој посебен ефект, мада и те како забележувам дека очите инстантно ми се освежени и областа под нив посветла кога ќе ставам од чудово. Фаворит ми е, дефинитивно 4. И ова го заборавив - Balea In-Shower млеко за тело за под туш со масло од макадамија и шеа путер Спојлер Нивеата In-Shower ми е преценето, како и сите Нивеа производи, па затоа го земав ова на Балеа (кое патем е дупло поевтино од Нивеата) да го пробам. Задоволна сум, убаво ја омекнува кожата, мириса прекрасно, на чисто, само што мирисот не се задржува особено долго на кожата. Но добро, за 150-тина денари не ни очекував Фино е во секој случај, наменето за сува кожа, дава навистина убава влажност и заштедува време во деновите кога ме мрзи после бањање да се шлакам со разноразни млека за тела и кога сакам што побрзо да се стуткам во кревет
Rosal Morning rose lip balm, oмилено до далечни идни времиња, веќе се снабдив со залихи, да не евентуално го снема од продажба Совршена розова боја, трајност и нега на уста Ко што сум манијак по розови кармини, ова дефинитивно ги засени сите што ги имам
Спојлер Хималаја ги има во ДМ и тоа солиден избор на продукти, мислам дека и беа на промоција минатиот месец, стварно се со супер цени.
Препорачувам за сите оние кои имаат специфично сува и чувствителна кожа како мојата, на која хидратантните кремови не и чинат многу добро, дури и ја лупат а мрсните кремови ја прават уморна и и создаваат грди митисери. Ја ццкам и жал ми е кога си ја трошам. Супер кремче за ноќна нега. Ако имате чувствителна кожа, супер е. Мене многу ми помогна кога ми се нафрла лицето. Во неа се чувствува оној продорен медицински мирис, и мислиш сега ќе пече,а всушност смирува, мирисот му доаѓа од активна состојка. Се гледам во космо тинекс го има и дневниот на 50 посто попуст, ама мислам дека е со поминат рок. Ќе поминам да видам, зошто не ми е реално инаку зошто би ги ставиле на попуст. Ма да, мислам дека не прави разлика, ваквите производи (освен наводните органски) имаат рок на траење уште минимум 6 месеци, така што... За разлика од смрдливите Лаш, ова за промена навистина мириса на природно и ако имате кожа која прави како сребрен одблесок од сувост, е ова е тоа. Уствари влегов за шампонов, на мајка ми и го препорачале за нејзиното мизерно тенко косиче,а многу густо ( а изгледа како да има 5 влакна на главата, а природно и се суши буквално 6 часа и утрото пак е мокра косата). Мислев ќе пресушува. Напротив, волумен одличен, мирис бљак како за мене, коса мазна. Епа молим лепо. За парите се надевам дека те прави и попаметен, ама ова е од тие искуства кои нема да се повторат никогаш повеќе во животов.
Кремот од Авон за раце. Рај луѓе рај. Рацете ми се толку меки, неверојатно. А и цената е добра. Најдобар крем за раце ми е овој!