Еве сум и јас тука со пофалби за новата колекција. Кремот фантазија. Навечер ставам , наутро рацете меки, нежни , мирисаат на чоколадо. Кремот, всушност путер за тело е токму она што ми требаше за моите суви раце и нозе. Мирисот не го коментирам, трајност доволна. Совршенство.
Веќе извесно време омилен продукт ми е Божен ракавицата за вадење шминка. Многу супер нешто е. Ептен е практична. Се топи малце во вода и се поминува лицето со неа. Одлично ја вади шминката и истовремено нежно го масира лицето. После неа не мора да се користи ништо плус за чистење шминка,ама јас ставам и млеко и тоник ,па крема. Претходно прво со влажни марамчиња ја чистев шминката,од оние на Нивеа или Лореал,ама дури и оние за чувствителна кожа ме пецкаа за време на употребата. Со оглед на тоа што сум давала по 250 денари месечно за нив отприлика, ракавицава со 500 ден. и неограничена употреба ми е супер зделка. Само мора после секоја употреба веднаш да се испере со благ шампон и да се остави убаво да се исуши.
Дефинитивно маскарава, обично моите трепки ништо неможе да ги зголеми и извитка, ама маскарава е чудо, густи, извиткани не се лепи.. екстра е Спојлер
Balea bodycream - Cocos Прекрасен! Мириса многу убаво, лесно се размачкува и брзо се впива. Кожата ми ја прави многу мека, а единствената замерка ми е што не трае долго мирисот. 500 ml/173 ден. Avon Care - Glycerine hand&nail Рај за моиве суви раце. Досега сум употребувала секакви креми но кожава многу брзо се навикнуваше на нив и немаа ефект. Ама не и со овој. Го користам долго, а секогаш после мачкање рацете ми се меки и нежни. Омилен продукт на годината, не на месецот. 100ml/100ден.
Незз каде испари ацетонов омилен го нема во Дм Гтц,во Космо,Рамстор,Веро и не се сеќавам каде на др место го барав нема никаде
Откритие на месецот. Бев скептик кога го купив ( ме привлече бојата на шишето ) бидејќи другите произвди на Глис не ми одговараат. Ама овој се покажа екстра. Косата мека, не ми се разлетува, сјае. Плус преубав мирис.
Јас сум фан на производите на Нивеа.Овој крем за раце уште еднаш го потврди квалитетот на нивните производи.Лесно и брзо се впива во кожата и ја прави мека и нежна,а мирисот е пријатен. http://www.nivea.mk/-/media/NIVEA/inter ... nHeight=50
Презадоволна од производов за вадење на шминка ,се става на памукче и со една капка се се вади од очите и тоа без миење со вода Дефинитивно пак ке го купам
Многу убав мирис и траен , следно.Карминот има многу малце но е многу траен и го чувам за посебни пригоди
Фаворити на месецов иако ги користам подолго време, но ете им дојде време да се обноват во февруари Clarins lip perfector Не сакам сјаеви за усни од проста причина што многу поубаво ми стојат кармини,така да воопшто не ги купувам освен оваа чудо од сјај.Сјајчево е прекрасно!Природно изгледа на усните, ги негува,мазни,не се лепи и има убав мирис и вкус.Иако има само светли нијасни, прекрасни се.Сеуште му немам најдено рамен во било кој поглед.Штета што кај нас немам наидено на Кларинс декоратива, па си се снабдувам кога одам на страна. Nivea creme Незнам зошто но поселдниве неколку дена кожата околу очите ми се страшно исуши,купив крем за хидратација,но никаков ефект.Овој на Нивеа ми помогна ненормално многу, воопшто не очекував таков ефект.Ставив пред спиење подебел слој од сабајле пределот околу очите ми бепе толку мек,хидриран,мазен...ептен се израдував и пријатно изненадив.Одсекогаш ми се допаѓала, но сега ја обожавам. Laura Vandini лосион за тело Oбожавам лосиони, а овој ми е еден од омилените.Прекрасен мирис,долготраен, мириса на свежо,чисто, мирис кој го сакам најмногу.Солидно ја хидрира и омекнува кожата содржи ситни,дискретни светки кои даваат убав сјај на телото.Ја користам целата колекција и можам само да ги фалам до 101 и назад.
Не дека заштитува,ама мирисот го обожавам.Трае многу долго и прекрасно мириса.Го носам во чанта наместо парфем,бидејки парфемот може и да се скрши,сум имала и такви случаеви. Целата колекција е совршена,и гелот и пилингот и сапунот.Уживам додека се бањам,ништо чудно ако отидат за 1 месец,па и помалку.