Прекрасен е, има малку светки, не мава на портокалово и пристојна трајност. Ова е најдобриот коректор што некогаш сум го користела, а многу сум пребирлива со коректори. Кремаст е, трае долго, не се собира под очите и има одлична покривност. Препорачувам и едвај чекам да дојдат и другите производи на оваа линија. Обично не љубам светли, бледо розеви кармини, ама овој е исклучок. Совршено ми одговара на тенот, и ми ги прави усните меки. Бојата е Creamy melon. Wine with everything. Карминов е толку прекрасен што го носам дури и за секој ден. Толку. Си ја користам наместо лабело кога ми е најиспукана устата, и е единствено нешто што ми помага. Скоро никогаш не користам Орифлеим производи, ама ги добив на поклон овие два, и се заљубив.
Досега ме нема разочарано Афродита. Пенава е многу убава и што е најбитно ми го исчисти лицето. Од Тинекс ја земав околу 350 ден. ама си вреди за парите. Уште еден добар производ, за нијанса подобар од Далија. Не знам дали е од него, ама откако го користам ноктите ми се поцврсти и побрзо растат. Воопшто не користев производи на Фа. Еднаш на поклон добив еден гел за туширање и многу ми се допадна и сега за промена малку го зедов овој. Нема многу долготраен мирис и не пени многу, тоа ми е мала забелешка, ама кожата ја прави нежна. Mаскава ептен ми се погоди за мојата сува коса. Убав сјај и дава и многу е мека.
- Moливот на Буржуа, еден од поомилените според трајноста, си стои додека не го избришам, штета што нема некој посветли нијанси. - Црниот спреј на Глис, околу 200 ден е, косата ми се препороди со него во комбинација со кокосово масло во тегличка кое чини околу 400 ден. ама вреди за парите, косата ми нема едно расцветано влакно веќе 3 месеци, а претходно морав на еден месец да ја кратам поради тоа што врвовите ми пукаа на 3 недели. Сега косата ми е мека, здрава и сјајна. - Молив од Авон со светки, имам виолетов и има солидна трајност, во одност на парите е супер, и пушта убава боја, светките не се нападни скоро и не се приметуваат.
Оооо брзо ми помина февруари некако бре Се свестив некако тек сега дека е март. Него некако многу работи купив на крајот од месецов и немав баш време да ги тестирам ама ќе пишам ете што највише користев месецов 1. Конечно една асална маскара после низ од никакви маскари. Маскарава е на ЛР некои 25евра е ама вреди секој цент. Со еден слој се добива ненормална должина на трепките, нешто што го постигнував со 3 слоја од Телескопикот. Не се рони воопшто, прелесно се вади за разлика од мојата ноќна мора рокетот што ми ги уништи трепките на едното око 2. Ден по ден, секој ден, било која прилика јас и bare to be bold си се дружевме и веќе сме најдобри другарчиња и мнооооогу се сакаме Постојаност солидна, пренежно на усни, БЕЗ СВЕТКИ, прекрасна nude боја, љубов. 3. Blush 6 четка за пудра. Конечно асална четка за течна пудра со синтетички влакна која не ми ја голта пудрата и убаво ја размачкува без да остава линии. Ефтино а перфектно во случајов 4. Антиперспирант во форма на крема, преубав мирис, многу издржлив и нежен. 5. Уљето на гарниер ми е фаворит веќе подолго време ептен убаво ја негува кожата и прекрасно мириса. 6. Мицелерната на Гарниер ми е совршена, многу убаво ја вади шминката, ми ја смирува кожата и ја чисти плус не ме печат очите од неа. Пакувањето е доста големо и доволно за 2-3 месеци дефинтивно а цената е пристапна. Приетив дека многу луѓе не се задоволни од производите на гарниер али јас сум од се скоро задоволна што сум користела а доста нивни производи имам користено, единствено ББ кремата за мрсна кожа не ми се погоди.
База за сенка на Estee Lauder Стои буквално цел ден ,ниту ми се собираат сенките , а имам многу мрсни капаци, дефинитивно пак ќе го купам Кремава има прекрасен мирис а рацете ми ги прави како свила исто така ја користам и за нозете
Мицеларна вода за чистење шминка, си пишува на шишенцето. Патем, предобро е. Многу похидратантно од она кое го имав од Боржуа, ја чисти кожата за 10ка. Купена ми е од Белград, кај нас ја немам приметено и мислам дека ја нема.
Ke mi kazes li te molam kade mozam da go najdam molivceto, posto ist karmin imam, a i 123 ja imam ama molivce za niv nikako da si najdam
Ова ми се омилените продукти во последните неколку месеци 1. Garnier Micellar Cleansing Water - ДМ,255-265 ден Спојлер конечно и јас се одлучив да пробам мицеларна вода...претходно ја гледав таа на Буржоа и таа на Лореал,меѓутоа не ми се даваа 300 денари за 200мл..кога ја видов оваа на Гарниер 250 ден за 400 мл,одма ја грабнав ја купив како замена за влажни марамчиња,пошто на интернетов има милион статии како влажните марамчиња се штетни за лицето па решив да ги заменам со нешто друго...водава ја користам за освежување на лицето на пример вечерта ако цел ден сум седела дома без шминка како и за отстранување шминка...за отстранување шминка на лицето е предобра,само земам неколку кружни туферчиња и поминувам неколку пати по лицето и воала нема шминка..ја користам и за првично остранување на шминка на очите ама не ми ја чисти маскарата целосно па морам да се дочистам со друго средство..водава нема никаков мирис,си ја врши работата супер плус не е многу скапа и многу сум задоволна од неа 2. Alverde aqua waschgel -ДМ,155 ден Спојлер овој гел го користев претходно како средство за отстранување на шминка (кога не ме мрзеше ) а сега го користам како чекор 2 после чистење со мицеларната вода или кога го мијам лицето во туш... доста солидно е во отстранување шминка како и отстранување маснотии од лицето а сепак не ми го суши 3. Gerovital Plant - хидратантна крема 20+ Спојлер оваа крема ми се погоди премногу на ладново време,почна лицево да ми се суши и имав дома тестерчиња кои ги даваат на концертот од Оливер Драгојевиќ и реков ајде да ги потрошам да не ми стојат така и се заљубив во кремава..премногу е добра за хидрирање а не ми го мрсни дополнително лицето...само никако да одам до Зегин да прашам дали ја имаат ама ако ја најдам обавезно ќе си купам едно кутивче 4. Bourjois Happy Light пудра - АСОС, 9 фунти Спојлер во овој ладен период лицево почна многу да ми се суши,а иначе имам комбинирана кожа со доста мрсна т-зона..сите пудри дома ми се мат и неможев да ги користам и се одлучив да купам некоја похидратанта пудра..ми требаше некоја што хидрира а не мрси,гледав и читам многу за оваа пудра и долго време сакав да ја пробам и конечно се одлучив да ја купам...бидејќи кај нас ја нема плус ја начекав на попуст ја порачав од АСОС (и две недели кампував пред сандаче чекајќи картонче ) пудрава е супер, доста хидратантна ама не мрсна,дава некој сјај на лицето ама нема светки,некои блогерки дури ја карактеризираат како мат нијансите Буржоа малку ги изменила и почнуваат со 50,таа ја имам и јас ама дефинитивно нема врска со нијансите од другите пудри на Буржоа..јас сум 51-52 во другите 5. Коректор Misslyn, Шатце,350-370 ден Спојлер барав некој течен коректор ама да има покривност и плус да има посветли нијанси бидејќи планирав да го користам како хајлајт за осветлување на делот под очите..една феминка го имаше фалено премногу баш мислам на оваа тема,па се одлучив да го купам..јас ја имам најсветлата нијанса,супер е,не се собира под очите,не изгледа сиво,и трае долго време 6. Rimmel Scandaleyes Shadow Paint - Rich Russet - АСОС, 3,5 фунти Спојлер факт е дека гледам премногу јутуб и читам премногу блогови и британските блогерки имаа само пофални зборови за сенкава,како стои долго време и е лесна и за нанесување со прсти па и е во паковање како сјај за усни и готово ме убедија стварно сенката е супер,ти се чини како лепак да си ставила на очи ама не во негативна смисла туку дека после некоја минута од нанесување кога ќе се исуши и никаде не мрда цел ден..лесна е за нанесување и со прсти немора ни четка,може да се користи и како подлога за други сенки и изгледа како долго време да си се трудела и шминкала а всушност ти си потрошила само 30 секунди 7. Flormar pretty compact Blush-on P115 - Флормар штанд,180 ден Спојлер руменилово во однос на трајноста е закон..нијансата ми е онака,праска-корална повеќе сакам розеви нијанси ама кога ќе знам дека одам некаде и ми треба шминката да ми трае,ставам од ова руменило...го тестирав пред некоја недела,12 часа ми беше на лицето и на крај пред да ја избришам шминката изгледаше како тогаш нанесено 8.Rimmel Apocalips - Big Bang- ДМ, 255 ден Спојлер ова чудово од Римел е нешто како фузија на кармин и сјај..има пигментираност на кармин ама е во течна форма и има сјај..имам уште две други нијанси ама сега го начекав во ДМ на попуст од 360 на 250 и се решив да ја земам долго посакуваната црвена нијанса...на интернет ја опишуваат како црвена со плава основа ама на мене некако изгледа топла црвено-портокалова...трајноста е супер,ако не јадеш или јадеш со прибор инаку ако јадеш сендвич на пример ќе си го најдеш карминот на лебот ама после избледување останува црвена боја на усните како дамка и нешто што го правам во последно време е ставам само многу малку со апликаторот на центарот на усните и потоа го размачкувам со прст..се добива некоја многу убава природна боја,како да си лижел сладолед од јагода
Дефинитивно многу повеќе пари трошам за препаративна, отколку за декоративна козметика Dove сапун со микрогранули Во принцип мразам овошни мириси кога е во прашање козметика. Цветните мириси можат да поминат, ама најмногу ги сакам оние што мирисаат на чисто и не потсетуваат на ништо конкретно. Сапунчево почнав да го користам и за туширање, па и откажав љубов на купката со мирис на лаванда. Го купив стриктно за лице, ама повеќе ми одговараше за тело. Читав низ темата за Dove производи дека е малку поскап, ама со оглед на тоа дека јас за лице користам Asso сапун кој чини околу 100 денари, овој ми беше поефтина варијанта. Е сега, јас почнав да го користам минимум два пати дневно и после неколку дена видов дека кожата ми реагира и дека ми се суши на одредени делови. Затоа намалив со сапунот, се преориентирав повеќе кон други производи за лице, иако одвреме навреме го користам и него. Bioten крема за лице со екстракт од диња Кога ја купив мислев дека нема да ја користам, затоа што ми делуваше многу мрсна, иако е наменета за нормална/комбинирана кожа. Си реков нема шанси да ја мешам со Менхетен пудрата (за тоа имам посебна крема со гел структура), ама еднаш ја пробав со пудрата и дури ми се допадна повеќе. Некако поприроден изглед ми даде, а не почна да ми се свети т-зоната и по 5-6 саати. Кремчево ми дојде како мелем кога почна да ми се суши кожата од сапунот, а после било кој тоник или гел за лице, задолжително се мачкам од неа. Bioten тоник за лице со екстракти од памук Тргнав со намера да си купам Cliven, затоа што најзадоволна бев од тој тоник, ама никаде не можев да го најдам. Па кога влегов во ДМ, пола саат разгледував, читав и препрочитував декларации, споредував, за на крај да се одлучам за овој. Има лесен мирис, неагресивен состав и убаво ми одговара на кожата. Мене не ми треба некој многу јак тоник за акни, затоа што тоникот го користам само за чистење на т-зоната каде што кожата ми е мрсна. Balea Waschgel со цвет од лотус и екстракт од бамбус Му бев верна на оној 3 во 1 од Авон, го користев кој знае колку години. Сега сакав да го сменам и се одлучив за овој. Има многу убав мирис и лесно се пени, па многу малку е доволно за цело лице. Прв пат кога го пробав, по навика ставив онолку колку што ставам од тој од Авон, па после не можев да го одмијам. Убаво ја чисти кожата, а не ја затега. Bioten крема за раце со јогурт и бадем Во последно време купувам различни креми за раце, експериментирам, пробувам и оваа досега се покажала како најхидратантна. Доволно е еднаш во денот да ги намачкам рацете за кожата да ми биде нежна. Прв пат кога ставив ми делуваше премногу мрсна, ама брзо се впива.
Млекото за тело на Burberry прекрасно мириса и кожата ми ја прави многу убава Малце е поскапо ама вреди за секој денар
Не знам како не сум го открила порано. 300мл е 160 денари во КАМ, на тепка го земав, викам ај да сменам оти више не знам кое да го земам. Значи веќе ги пробав на Елдена, Балеа, Алверде, Авон, Нивеа, Дав, путери, креми, лосиони, се' имам шлакнато на мене и некако многу брзо ми здосадуваат. А јас со навика за бањање/туширање речиси секој ден, ми одат како вода. Не знам кои ми останаа за проба, веројатно овие бебешкиве, ама ова ми е омииииииилено од сите досега! Како да видов и гел за туширање ваков, ако има, мислам дека нема одделување додека не ми се здосади скроз на скроз. Ама жими мене мислам дека полесно заспивам, леле како преееееекрасно мириса. Препорачувам!
Овој гел за туширање е најубавото нешто што некогаш сум го пробала,многу свежи пријатен мирис а и трае на телото мирисот многу Многу убав секојдневен кармин од авон ,убава нијанса си го користам дури и како балазам ги омекнува усните многу Само овој крем е спас за мене
Омлилен продукт не на месецот на годината. Најубава маска за коса што воопшто сум ја користела. И пре преубаво мириса
H&M BB крема Ја земав онака на непробано, ми требаше ББ крема, па си помислив зошто да не.И не се покајав, напротив, би се снабдила со уште неколку.Кремата има лесна покривност, го изедначува тенот, делува природно на лицето, се впива брзо, не е леплива и тешка.Едноставно солидно ја извршува функцијата на ББ крема, има спф15, јас ја зедов меидум нијансата бидејки беше единствена и мој заклучок е дека се прилагодува на лицето, воопшто не се познава дека е темна, така да мислам дека би можеле да ја користат и оние со потемен и посветол тен.Според мене наменета е за нормална кожа. Есенес сенки Сенки баш какви што одсекогаш барам.Солидно пигментирани, трајни, преубави нијасни.Не се ронат, што ми беше многу битно, убаво се блендаат и делуваат природно.Ги зедов 200 и нешто во ДМ и сум презадоволна, ги препорачувам топло. Мислин маскара Пишував во темата за маскари, но секако морам и тука да ја додадам бидејки е еден од најголемите фаворити месецов.Ја зедов како маскара за волумен, но всушност ги извршува сите функции, издолжува, ги исцрнува убаво трепките, со два слоја нема шанси да се залепат и најбитното од се лесно се чисти.Рокетот може вода и носи во секој поглед, а слободно може да им парира и на Лореал.Ја зедов во шатце 320 денари беше, горе долу... Римел Ластин финиш пудра за лице Се мислев, се мислев и на крај ја зедов.Значи пудрава е екстра!За квалитето има доста ниска цена.Првин е трајна и тоа доста трајна, цел ден не мрда од лице.Второ што ми се допадна е што не го суши лицето, значи не е многу хидратантна, но со добра подлога е супер.Му дава некој убав, свеж изглед на лицето, што ми е многу битно за една пудра.Покривноста и е лесна до средна,но многу убаво го изедначува тенот.Мислам дека најмногу би одговарала за сува и нормална кожа.