На прво место би го ставила дове дездорансот. После овој, може комотно да ги соберам сите други дездоранси што ги имам и да ги фрлам во ѓубре. Еден од ретките дездоранси што трае по цел ден, не, како цел ден, блузата што си прснав пред три дена, денес ја мириснав, сеуште мириса на дездорансот. Не го менувам овој за жива глава. Омилен ми е. Лабелово овој месец го истрошив, сега ново ќе си купам. Многу нежен мирис, ги омекнува усните. И овој крем. Го земав поради тоа што мајка ми инсистираше. Голем е 100мл, а и ефтин. Мирисот е сон, не можам да го опишам. А за тие малку пари има навистина голем ефект. Креонов, дефинитивно му нема замена. Совршена црна линија, почнав и како туш да го користам. Има светки, но не се примеќаат многу. Му нема рамен. И голем плус е тоа што не е молив, па да го острам и да се крши.
Иако одамна ми се омилени сега се решив да пишам Maybelline One by One маскара - Претпоставувам дека повеќето сте ја пробале . Мене ми е прекрасна, иако трепките природно не ми се баш долги ниту густи . Четката е многу убава, иако е гумена не гребе, прекрасно ми ги раздвојува трепките а со тоа и волумен ми дава. Aura моливче за уста - После ова не знам дали ќе купам кармин . Доволно меко за да не се крши додека го оштрите и да не се собира на усните. Претрајно е, не очекував многу ме изненади а чини околу 100-150 денари. Ова е моето 52, некоја си циклама боја (не знам точно каква е ) Еве како изгледа бојата сликано на сонце и под сенка, иако јас мислам дека на усни стои подобро. Spoiler
1. Геровитал гел за миење на лице Не ми беше позната фирмава, но во моментот немав нешто многу пари за Avene, па одлучив да ја пробам. Земав гел, крема, тоник и крема за околу очи, но задоволна сум само од гелот. Цените се движат од 350 ден. до 450 ден, па не ја знам точната цена. Гелов е одличен. Јас имам многу мрсна кожа и ми одговара, но на сестра ми која има комбинирана не и одговара баш, и ја суши. Шминката ја мие можеби и подобро од гелот на Авене. Го користам и наутро и навечер како прв гел за миење (користам два гела во последниве месец, два) и би го купила повторно. Spoiler 2. Garnier cleansing micellar water Го користам за вадење на шминка на очи и за потемни кармини. Многу ми се допаѓа зошто нема мирис или јас не осеќам Не ме печат очите, а понекогаш после миење на лице знам да се поминам со него и убава мека и чиста ја чувствувам кожата. Spoiler 3. Golden Rose velvet matte lipstick Го имам во три бои, бр. 10, 14 и 18. Преубави нијанси, долго стои на усните, но на почеток само не ми се допаѓа што е кремаст и остава траги. Spoiler
Продукт на годината не на месецот! Нешто најдобро што го имам користено, наменет е за многу сува кожа баш како мојата, и многу добро ми одговара одлично ја хидрира кожата
Марамчињава ми се чудо.Многу се ефтини 10 денари,а за таа цена толку добар квалитет немам видено.Ги зедов онака во брзање,и бришев шминка.Пудрата и тушот од очите совршено ми ги изчистија без да ме пецкаат очите,што тоа прв пат ми се дешава со влажни марамчиња.Можам да кажам дека се подобри и од Бекутанот. 10\10
Тука го видов еднаш, после го немаше , па имав прилика да го пробам, ама сега си го нарачав директно од центарот на производството. Дами, ова чудо е како парфем, прееееекрасно, не не, не можам да опишам, значи им се клањам на производите на Афродита, храм ќе им подигнам. Малце поскапичко е, 200мл мислам беа некои 400-500 денари, ако го начекате пак тука, ама кој може да си го дозволи, нема да зажали.
Да сумираме што највеќе користев месецов 1. Го користев пилингот од кајсија прво и стварно ми беше преубав, додека се селев негде се затури па решив да земам ист, лонг стори шорт премногу ме привлече пакувањево па решив да го пробам овој. Дефинитивно се колнам во него. Лицето ми е мазно на допир чисто. Мирисот му е пресовршен летен, мириса на јагода и леден сладолед од лимун го оообожавам просто. 2. Пред подолго од месец дена го земав целиов сет и ноќната крема ми е омилена, помрсничка е што ми се свиѓа кај ноќна крема но не се чуствува на лице воопшто, некако не ми избива мојата маснотија, незнам преубава ми е 3. Многу се навикнав на алајнеров преубаво можам да си ги исцртам очите со него без притоа со другата рака да ја тегнам кожата, па да ми излезат различни очите, издржува некои 7-8 саати ако не и повеќе. Иако на почетокот го мразев бидејки беше се само не пристоен алајнер сега се сите останати на пауза додека се сложуваме со чудово 4. Мислам дека ја пишав во фаворити и прошлиот месец не сум сигурна али и овој месец заслужи да биде пишана, скоро секој ден се дружиме лесна ми е не осеќам дека имам пудра, нијансата ми е погодена и не ми светнува брзо лицето (за некои 6-7 саати минимално). Секако ставам и камена пудра не дека осеќам дека ептен ми треба али просто навика ми е и не се чуствувам нашминкана без неа. 5. Ме изненади фарбава на сајос многу убава плава боја ми извлече и коренот ми е скоро изедначен со бојата надоле, значи не е неколку нијанси потемен од неа. Не е ни жолта не е ни сива бојата, малку влече на жолто али е онака убава плава баш како на сликава. Пакувањето е доста практично за нанесување, маската за после фарбање е исто многу убава. Однос цена-квалитет:5. Од мене и фарбава има петка. Ииии да, месецов не испробав нешто многу нови ствари па да не измислувам и лупам без врска што ми се свиѓа ова е ново и омиленоо. до следниот месец
На freeman маските ги има во Белград во Веро провери можеби ги има и во Скопје, а тушот мислам околу 200 денари дека е може плус минус негде
Оваа крема за раце од Авон дефинитивно ќе биде продукт на месецот барем според мене. Ја пробав кај една другарка и ми се допадна и ја порачав. Мирисот долго трае дури и по неколку миења јас такви креми за раце сакам што долго мирисаат,хидрантна но јас немам многу сува кожа на рацете претежно по малку ми е сува кај зглобовите но си ја користам секој ден пред излегување. Порано ја користев оваа маскара и сега повторно и дадов шанса. Дефинитивно ја препорачувам на оние кои не трагаат по специјални маскари и прават чуда од трепки. Ги истакнува и издолжува дава волумен. Цена за џабе,квалитет на место. Коректоров од Фармаси го користам за контурите. Презадоволна сум, покривност до немај каде. Нема да зажалите ако го порачате,плус тоа мириса и стои долго. Дефинитивно би го сместила во оваа категорија. И карминот од Авон Колортренд. Остава траги и е мат,но е долготраен и убаво ги мазни усните,ги негува и што е најважно не се брише лесно. Стои долго и бојата која ја зедов ја комбинирам и за секојдневни излегувања и за факултет. Имам среден тен на лицето па така да бојата ми одговара исто како ништо да не сум ставила на усни.
Дефинитивно најдобар ајлајнер кој сум го користела и во однос на трајноста и во однос на бојата Оваа маскара ја порачав од претходниот каталог на Авон. Претходно ја користев Maybelline the Colossal Volum' Express и мислам дека се добива сличен ефект Прекрасна четка за пудра и руменило со ептен меки влакна, купена од H&M In shower млекото на нивеа е супер замена за лосионите за тело, особено ако ве нервира мачкањето после туширање. На него пишува дека е за сува кожа, сепак мислам дека не е доволно хранливо за сува кожа и повеќе одговара за нормална кожа на телото Ја имам средната сенка за очи Flormar matte terracotta eyeshadow М108, ама ја користам како хајлајтер и сум презадоволна и од текстурата и од пигментираноста
Лосион за лице на Клиник - го земав на попуст 14 евра, предобар е ги вади буквално сите нечистотии од лицето, немора да ставаш многу на памукчето,но бидејќи двапати на ден го користам гледам почнува малку по малку да се троши, така да друг пат освен ако не фатам пак попуст (а има често за среќа) , ќе пробам некој од Лореал Loreal voluminous butterfly mascara - си викам како досега не сум пробала маскара на Лореал маскарава е фан-тас-тич-на , четкиката многу ми се допаѓа мене општо ми се допаѓаат четки пластични, оваа е помала таман сите трепки да ми ги фати, дава и волумен и ги издолжува само што за лореал е скапа ја земав 17 евра, што нареден пат ќе си знам да ја земам од Мк