Пастата е закон, на почетокот ми беше чудна (веројатно поради минералните соли што ги содржи), но ја навикнав и веќе се забележуваат промени - забите се побели и непцата не ми крварат енимор
не сум љубител на рол он, најчесто користам дездоранс но кога го мириснав кај една другарка многу ми се допадна и си го купив. Сега, не го менувам за ништо
Косили крема за бебиња,но јас ја користам за лице...преубава е...а 70 денари е.Досега имам користено и фрлено пари за куп други креми не дека се лоши,напротив добро е да се користи квалитетна крема за лице,но оваа е стварно добра за вечер пред легнување,се осеќам како бебуш
Маска за коса од маслинки на Рефан. Едноставно немам зборови, косата ми е обично разлетана без разлика што и да ставам, а маската ми ја измазни, ја направи мека и изгледа многу здраво и сјајно. Мајка ми има многу виткана и сува коса, кадриците и беа оштетени и без форма, а од маскава и’ се направи како излезена од на фризер. Во Рефан, и во други градови каде што држат нивни производи. 320 денари, во Скопје можно е да е поефтина. 10/10.
Маслово да ми ти било фабулосо. Го користев еднаш неделно пред миење на косата, ама му најдов покорисна намена. Во 15 мл преостанат серум за суви врвови, ставив 5 капки од маслово. Се направи како кремаст лосион за коса. Го користам исто како силиконските капки, но во ефикасноста има разлика. Многу повитална ја чувствувам косата со смесава. Тамбс ап фор рицино. :up:
Hе знам заради која причина,не можам да ставам слика,затоа ке ставам видео станува збор за Dove make up remover одличен е,всушност мислев дека е масло,но се изненадив затоа што излегува пена,ја вади шминката веднаш,прекрасно мириса http://www.youtube.com/watch?v=82Mb7ztMAds редактирав најдов подобра демонстрација
Mојот нов омилен продукт на месецот е Smooth away прво мислев дека sh*t,и беспотребно фрлање на пари,ама усвари ги вади влакната безболно,и исто како пилинг да си правела,е сега не знам за колку време растат влакната, зависи од јачината на влакната плус има пристојна цена Спојлер да не испадне дека правам реклама,еве видете како работи http://www.smoothaway.mk/
Со слика за сјајчето се снајдов али за мојот нај нај продукт за овој месец, за минатиот , за наредниот и се надевам уште многу време понатаму не се снајдов, а тоа е новот крем на Nivea- NIVEA VISAGE MOISTURIZING DAY CARE, хидратантен крем за секојдневна употреба. Доволно е на сабајле, кога ќе станете да го измиете лицето и да нанесете од кремот. Јас имам со плаво капаче, за нормална до комбинирана кожа. 330 денари е , а е феноменален. Ти го омекнува лицето, му дава свежина,а ана моето лице забележав дека помалце се губат и ситните акнички кои ми се појавуваа до скоро време .
По препорака од вас феминки го купув ова. После месец ипол употреба кажав дека никогаш нема да го сменам и да користам нешто друго за чистење лице, освен ако не го утнат квалитетот 3 in 1, wash, scrub, mask Се што ми треба. Ко користам преку 2-3 дена и лицето ми е супер мазно, и црнките ми се скоро исчезнати, а и за прв пат додека го користам овој во пмс не ми излезе бубулица (а секогаш ми излегува по една ) Мислам дека нема ограничување за каква кожа е, зашто нема некој што го користел, а да не е задоволен од ова. Јас си го обожавам и не омилен продукт на месецот туку на деценијата ми е
Од милион до сега сменети лабела, ова заслужува наголем ми ја омекна устата како ништо до сега, нема некој посебен мирис или фала богу светки Плус е одлична основа за кармин или сјај
Дефинитивно омилен продукт на месецот ми е лосионот за чистење шминка од Nivea,по чистењето лицето ми е меко и нежно Спојлер ко бебешко газе
Палетава ми разбуди насмевка на лицето. Одличен пигмент, 7 евра, 36 сенки...Мераци! А толкав скептик бев..
Сапунот на Нивеа со бадемово масло, нежно ја чисти кожата и ја прави мека, а воедно воопшто не ја суши.
Според многумина продукт на месецот, а според мене и на годината. Johnson's Bedtime Lotion, прекрасен мирис кој некако релаксира и смирува. И секако моето ново откритие Endless Love од колекцијата Secret Garden (Victoria's Secret) лосионот и спрејот, се разбира за посебни прилики.