Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Tofffy

    Tofffy Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Овие и мене ми беа омилени, но нели сега наводно ги сменија амбалажите, но мене искрено ми изгледа како целосно променет продукт. Некој со слично искуство?
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    За месец Април ќе ги издвојам следниве производи:
    1. Clarins Body Lift Cellulite Control
    [​IMG]
    Ова чудо на Кларинс ми го реши целулитот за еден месец, делува на кожата веднаш штом ќе го нанесете, содржи упатство за масирање и резултатите се веднаш видливи и опипливи. Кожата е многу по мазна, по цврста и посветлува веднаш по нанесувањето. Го користам цел месец наутро и навечер и имам уште четвртина од шишенцето останато кое инаку е 200мл. Го добив на подарок но како што видов на интернет чини околу 3000 денари, за таа цена и подобро да прави чуда затоа што тука лежат добри 10 антицелулитни третмани, кога би имала многу пари сигурно би го купила вака не би иако навистина врши работа, секако не самостојно да не претерувам и други фактори имаа удел во борбата против целулитот, пишав во соодветната тема.
    2. Афродита антицелулитни хеланки
    [​IMG]
    Еве ќе ги спомнам и нив тука затоа што без нив работата ќе беше не целосна. Многу убаво стегаат и го обликуваат телото, прават да се чувствуваш многу убаво и затегнато во сопственото тело, ги носам еден месец и некоја недела, секој ден, по цел ден, си земав два пара за кога ми се перат едните. Доста брз ефект имав од нив, треба да си и физички активен кога ги носиш, а можеш и така по дома да си ги носиш. Кога ќе ги соблечам кожата ми е премазна, секако пред да ги облечам се мачкам со горенаведената крема. Ги има во различни димензии S, M, XL... чинат 1120 денари во Космо, таму ми беа најефтини на други места и по 1500 беа |(
    3.Bpurjois Color Boost
    [​IMG]
    [​IMG]
    Многу сум задоволна од карминчево, многу ми се интересни сега овие како стикчиња што искочија од сите фирми. Буржоа ми се виде најпривлечно по нијансите. Ја имам баш таа нијанса на првата слика што е, исто така излегува како што е прикажано на девојката. Многу се хидратантни, многу лесно се нанесуваат и одржуваат некоја влажност на устата, не се нешто долготрајни но ок сепак не им е тоа намената. Околу 400 денари го имам купено.
    4.Aura руменило
    [​IMG]
    Ја имам нијансата Аmareto, преубава боичка, накај праскасто бронзено оди, совршена за пролет. Дискретен сјај и навистина цел ден трае. Цената му е околу 250 денари.
    5.Eugeneperma Curly Cream
    [​IMG]
    Крема за форимирање локни, иако имам виткана коса ми треба крема за убаво да ми се формираат кадриците и да не ми се разлетуваат. Кремава совршено го прави тоа и за разлика од многу други кои ги имам пробано не ми ја лепи косата и не ми ја натежнува. Чувството е како да не си ставил ништо на коса, а сепак кадриците се убаво навиткани и лесни. Цената е околу 800 денари во Космо.
     
    На crazylady, tinkerbelll, anuskaNESTLE и 5 други им се допаѓа ова.
  3. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.224
    леле Јас пак воопшто не сум задоволна од шампоните и регенераторите од Аlfaparf Милано пола коса мислам дека ми падна од нив а ги имам користено овие три (со се овој твојот) и најпрво мислев дека е до периодот ама излезе од шампоните било...Инаку да ја прават многу мазна и сјајна косата ама ми ја сведоа на пет влакна (така е зборот) за разлика од шампоните многу сум задоволна од нивните капки за коса и од мене имаат чиста 10ка

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  4. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.405
    Допаѓања:
    8.431
    Пол:
    Женски
    Johnson baby oil
    [​IMG]
    Толку нежно, пријатно, би се мачкала нон стоп.Голем фан сум на Џонсон беби маслата последен пат го земав ова со алое вера.Има убав баш бебешки, нежен мирис, ја хидрира и омекнува кожата правејки ја супер нежна и свежа.Единствено нешто што ми го спасува лицето од црвенило, иритација, испршавеност т.е. лиши и уште еден плус што не содржи парабен.За мојаа сува и осетлива кожа одговара многу повеке од било кој друг крем што го имам користено.Го користам најмногу за лице, а понекогаш пред спиење и за тело, секако и за едното и другото на влажна кожа.

    Орифлејм Милк енд хани крем за тело
    [​IMG]
    Го обожавам мирисот на мед и млеко посебно мирисот на овој крем.Прекрасно нешто, мириса на чисто, слатко, нежно...незаменливо.Го обожавам кремот затоа што има баш текстура на крем, густа, а воедно не леплива и мрсна.Ја прави кожата прекрасно нежна, нахранета и миризлива.Трајноста на мирисот е солидна, обожавам кога ми мирисаат алиштата на овој крем :).Производов е одличен и мислам дека никогаш не би престанала со негова употреба.
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.624
    Допаѓања:
    106.581
    Пол:
    Женски
    Дневна крема за лице на Clinique за мрсна кожа-

    Дефинитивно Клиник ги има најубавите производи за лице, презадоволна сум од кремава , лесно се упива, лицето не ми изгледа како да сум ставила маст по неколку часа,а истовремено е и хидратантна, дефинитивно пак би ја купила :)

    [​IMG]
     
    На bliznaci05 и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  6. EmilijaEmka

    EmilijaEmka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    30

    Koritsaki дали кремава е добра И за под пудра освен како дневен крем за по дома ? Јас имам мрсна проблематична кожа, сеуште неможам да си најдам соодветен крем за мојава кожа, од повеќето креми што ги користев за мрсна кожа ми се правеа ситни мозолчиња а тие се најлоши, ептен се познаваат, ни пудра ни ништо не ги покрива..колку кошта кремава ? баш сакам да ја пробам, оваа не ми е испробана..можеби ќе ми одговара :)
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.624
    Допаѓања:
    106.581
    Пол:
    Женски

    Емилија да и јас имам мрсно лице ама супер е , инаку и јас така ставам под пудрата крема како подлога,а не ми направила досега проблем со акни :) инаку јас ја земав 25 евра со 15% попуст, од грција. во мк незнам колку е би требало околу 3000
     
  8. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    1. Flormar 402
    [​IMG]
    Најомилен лак за месецов е овој дефинитивно и понатака ќе биде гледам :) Свеки го имаше купено и се заљубив во бојава па морав да земам и јас еден и го обожавам. Прекрасна дречлива светло црвена боја :inlove:

    2.Baby lips cherry me
    [​IMG]
    Омилено за мачкање месецов, цело време го шлапам би го изела буквално колку ми е убаво и слатко, многу ги омекнува усните, не се лепи, супер ми е.

    3. Loreal infallible 24h
    [​IMG]
    Пошто римелот магично ми исчезна негде морав да земам нова пудра па изборот падна на оваа. Убава е, имаат убав избор на нијанси. Мене на маснава кожа супер ми стои и ептен долго треба за да ми светне т зоната. За разлика од римелот ми е многу подобра, римелот убаво ми покрива и убаво ми се нанесува ама не ми се суши не ми се впива во кожата и кожата ми стои влажна доста долго па морам да чекам пред да ставам камена пудра инаку во спротивно добивам cakey face. Со лореалов тоа не е случај буквално после 10 секунди можам да ставам камена пудра.

    4.
    [​IMG]
    Шампонов исто кај свеки го пробав немав ни маска ни регенератор и зачудувачки убава ми беше косата без ништо. Многу ми ја омекна косата и убаво мирисаше, скоро сите шампони на лореал ми се погодени немам утка со нив ама овој ептен ме бендиса, башка бојата на пакувањето е лудило :lol:

    5. Loreal prodigy
    [​IMG]
    Нов месец, нова фарба, нова боја на косата моја :rofl: Прошлиот пат пишував за друга фарба ама оваа ми е фаворит месецов.
    Добив некоја убава бело-сивкаста боја (не е истата боја на сликава и таа јас што ја користев, ама не можам нормална слика да најдам од мојата), не пече воопшто бојава, убаво се фаќа не и треба многу време. Убаво се спакувани внатре бојата и останатите ствари, ракавиците се катастрофа ама на маската за коса не се штеделе што многу ме бендисува :) Убаво е во тубичка спакувана не е во кесичка, една тубичка има 2-3 пати поише од кесичките јас пола ставив на косава и многу ми беше така да имам и за следниот пат.

    6.[​IMG]
    Четкиве за камена пудра и руменило од h&m ги меркав уште од лани, кога ги најдов пред некој ден не можев да бидам посреќна. За камена пудра итно ми требаше четка и оваа ми дојде во супер период. Мнооогу е нежна за разлика од предходната што ја имав не ми го гребе лицето воопшто. Малата четка за руменило е многу прецизна и убаво го нанесува руменилото а и преслатко изгледаат. Големата беше 8евра, малата 3-4 евра некаде.
     
    На koritsaki, A-j-a и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  9. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Maтот го земав за 80 ден. и сум многу задоволна.Еден слој и готово.Предноста е тоа што ноктите не се забележуваат доколку имаат гребнатини или сл.

    Шампонов не знам колку пари е ,но прекрасно мириса.Косата е многу помека и немам првут ..Ви го препорачувам.

    Иако не сум многу голема за кармини,сепак за некој роденден ставам малку карминче.Изгледа прекрасно со бела комбинација :inlove:

    Дезодорансот мириса прекрасно..170 и нешто е мислам :| .Не стои 24 часа ,но околу 6-8 сигурно .

    Лентиве ги земав за 169 ден. и сум прилично задовволна...супер отстрануваат 8)
     

    Прикачени фајлови:

    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    [​IMG]
    Дијамантските моливчиња најомилени не за месецов,туку за цела година!Првпат порачав кафено,после зелено и sugar plum го добив на поклон,и сега не одам никаде бев да си ставам од било која боја зависно од расположение.На ред е сивото моливче :wasntme:
     
    На scorpias му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Кога пишувам во оваа тема за нешто тогаш знајте дека не ми е тоа омилен продукт на месецот, туку за навек :rofl:
    Ова ќе ми стане најверно другарче , си трае со едно мачкање цел ден, не остава траги по облеката, мирисот му е дискретно свеж, мириса на пролет/ лето, на плажа, што е најважно не дава да потиш, не ги затвара порите , и нема никакви штетни хемикалии што е најважно :!: . нова љубов ми е од синоќа
     

    Прикачени фајлови:

    • 6.PNG
      6.PNG
      Големина на фајлот:
      89,8 KB
      Прегледи:
      1.358
    На Smilly и senza.parole им се допаѓа ова.
  12. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за офф топик, но само да кажам па после бришете.

    ^ Бубац, гледам во составот на кремата има триклосан исто и пропилен глукол, тие се прилично штетни инаку. ( Т.е. се е штетно денес :emo: )

    Внимавај со триклосанот како состојка е многу штетен од колку корисен за луѓето. Имам читано доста за оваа состојка и скоро сегде ја среќавам во категорија на штетни состојки во козметичките препарати. А за пропилен глукол незнам баш, освен дека е и тој штетен.

    Еве ти нешто на кратко на македонски, за триклосанот.
    http://mkd-news.com/hemikalijata-triklo ... u-korisna/

    Eве и многу подетално за него , на англиски е , колку толку се разбира.
    http://articles.mercola.com/sites/artic ... ducts.aspx

    Знам дека има милиони штетни состојки во скоро 90% од козметиката и неможеме едноставно да ги избегнеме сите , но барем оние состојки кои се најштетни барем некако.. Триклосан, парабен, останати видови на парабен и мн. други.. еве и слика за најштетните состојки :
    [​IMG]
    Чисто да те информирам само, зошто баш ја читав како една од штетните состојки. А и гледам дека се интересираш за козметика, па мислам ќе ти биде од корист ова. :)
     
    На simoncelicius, Mama25, anggell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    1. Луксузен крем за лице со екстракт од црн кавијар - Planet Spa, Avon.

    Презадоволна сум од кремов. Се користи еднаш дневно, навечер. Ја затегнува кожата и ги израмнува брчките или го спречува нивното појавување.

    2. Пилинг за тело од чоколада - Avon.

    Освен тоа што ја измазнува кожата, мириса прекрасно.

    3. Кармин - Color Trend, Avon.

    Карминот кој долго време го барав и не планирам да престанам да го користам уште долго време, со оглед на тоа што обожавам црвен кармин и најчесто го користам. Има совршена темно црвена мат боја која трае неколку часа од нанесувањето.
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpeg
      images.jpeg
      Големина на фајлот:
      7,7 KB
      Прегледи:
      1.222
    • prod_1171260.jpg
      prod_1171260.jpg
      Големина на фајлот:
      47,4 KB
      Прегледи:
      1.222
    • prod_1157136.jpg
      prod_1157136.jpg
      Големина на фајлот:
      9 KB
      Прегледи:
      1.222
    На scorpias му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Био кокосово масло
    [​IMG]
    Го користам буквално за се,масло за коса,масло за тело,како балзам за усни,го нанесувам после миење на лицето навечер наместо крем за лице. За јадење не кажувам,тоа друга тема :)

    Golden rose лак за нокти 114
    [​IMG]
    Мојот омилен лак за нокти!Го купувам веќе 3 пат,прекрасна беж боја.

    Loreal мицеларна вода
    [​IMG]
    Пишав и во соодветната тема,одличен производ го чисти лицето од шминка перфектно.

    Ebelin beauty blender
    [​IMG]
    Одкако го користам дури и камуфлажот од артдеко ми стана омилен коректор,иако предходно не бев баш воодушевена.Дефинитивно не е се за нанесување со раце.Со самото тоа што се мокри со вода,пудра/коректор се нанесува перфектно.Го препорачувам
     
    На Sexybaby86, eliesaab, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Имам прашање, црвениот кармин од авон е " Raven", така? Го порачав, само на сликата нијансата ми изгледаше посветла, а сакам темно црвен кармин :?: Се надевам ќе ми се погоди :)
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.624
    Допаѓања:
    106.581
    Пол:
    Женски
    Make Up Forever Velvet Mat foundation

    [​IMG]

    Сакав да земам добра пудра , бидејќи како што пишав во др тема на Estee Lauder Double wear ми е при крај, реков да пробам некоја добра пудра слична на неа. Продавачките ми ја понудија оваа и не се покајав што ја земав , нијансата ми се погоди ,при допир на вода облека не се брише, ми се допадна што шишенцето е попрактично од на Есте пудрата , структурата е по густа и е мат дефинитивно доколку на Есте е полумат, стои цел ден како и другава , мирисот не ми се допадна мириса некако тежок е :^) , исто така има некој вид на парабен како што прочитав на кутијата.Исто негативно е што нема заштитен фактор доколку пудрава на Есте има 10 spf , барем малку има :) За друг пат не би ја земала , кога ќе се потроши пак ќе си ја земам на Есте :)

    Estee Lauder Enfy Lipstick- Defiant Coral

    [​IMG]

    Минатата недела имаше 35% попуст на сите кармини па реков мора да пробам некој на Есте.Карминов е од најновата линија Енви , почетната цена им е 31 евро ,а јас го земав 21 , немав корална боја дома па решив таква да земам.Карминот е сон ,со еден потег лесно се нанесува,како путер да ставаш на усните , карминот не е мат , но усните ги прикажува сочни да кажам баш така и продавачката ми опиша :D не се лепат а карминов ми стоеше 8 часа а јадев и пиев и што е многу ретко за кармин што не е мат.И кога се губи , не исчезнува како другите кармини туку полека полека. Дефинитивно би земала пак кога ќе има попуст некоја друга боичка :)

    Estee Lauder Double wear powder

    Имав купонче од 15% попуст па решив да ја земам со него пудрава на Есте. Цената и е 44 евра а ја земав 39 :|
    Лицето го прави како фотошопирано, стои по цел ден на лицето како и течнава на Есте. Нијансата е Fresco 01 иста како и на течната пудра што ја користам. Дефинитивно пак би ја земала

    [​IMG]
     
    На anuskaNESTLE, SV1911, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.710
    1. Kryolan TV paint stick - го користам како пудра и како коректор под очите. Кожата секогаш ми впива било каква пудра, без разлика дали ставам подлога/база или не, но стиков држи долго време.

    2. Victoria's Secret Endless Love Body Spray - мириса преубаво! Се прскам нон-стоп, неможам да му одолеам.

    3. Catrice smokey eyes brush - конечно наjдов добра четка за сенка!

    4. Keune маска за коса - Ми jа прави косата мека и блескава. :) Има структура како мек путер со многу убав нежен мирис. Новата омилена маска, дефинитивно пак ќе jа купам.

    5. Baby lips - овој пат пофалби до розевото лабело. Боjата е многу убава, усните меки, трае долго.
     

    Прикачени фајлови:

    На Beauchamp, oblace1, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Aneto10

    Aneto10 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    49
    Сеа за сеа овие ми се омилени работи од авон и нив ги користам парфемот и шампонот,многу сум задоволна од продуктите на авон се е убаво
     

    Прикачени фајлови:

    • little.jpeg
      little.jpeg
      Големина на фајлот:
      47,4 KB
      Прегледи:
      1.321
    • sampon.jpeg
      sampon.jpeg
      Големина на фајлот:
      5,9 KB
      Прегледи:
      1.321
  19. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Една од најдобрите купки воопшто.Ми ја прави кожата мека.Јас го имам Мароко :)
    [​IMG]
     
  20. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.405
    Допаѓања:
    8.431
    Пол:
    Женски
    Himalaya крема за лице
    Читајќи позитивни критики по нет за козметиката на Хималаја решив да ја купам кремава и навистина е прекрасна.Одличена за мојата сува и осетлива кожа.Супер ја храни кожата, брзо се впива и не остава масен слој.Има многу убав мирис и убава структура.Мислам дека би одговарала и за нормална кожа.Дефинитивно не го менувам, ако продолжи да дејствува како сега.Го купив во ДМ, сега е на попуст 80/90ден.
    [​IMG]

    Есенс коректор
    На почетокот не ми се допаѓаше, сосема просечен, ништо посебно се дури не сватив дека коректорот треба да се нанесува со тапкање.Ми се допаѓа ефектот, делува природно, а убаво покрива и го гланца пределот околу очите.Се на се супер коректор.Би го купила повторно.
    [​IMG]

    Балеа лосион за тело
    Обожавам светкави лосиони летен период кога сум исончана, а овој е совршен.Содржи златни, дискретни сипки кои баш убаво делуваат на телото.Има мирис на чисто, убаво ја омекнува и ја прави мазна кожата.Амбалажата е посебно неодолива.Одличен лосион би се снабдила со уште некој, ама штета последен го зедов.
    [​IMG]