Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    oriflame studio artist коректорот
     
  2. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.670
    Допаѓања:
    6.542
    Пол:
    Женски
    Прекрасен е, јас го користам со години :))

    Мој омилен продукт на месецот :
    [​IMG] лесен е за нанесување и не се брише.
     
    На bubac му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Гел за туширање Palmolive
    [​IMG]
    Одамна немам купено некој Palmolive производ, ама налетав на гелов во Тинекс и ми фати око. Има свеж мирис кој ме потсетува на лето :mm: Освен тоа убав е и за пилинг, бидејќи има гранули во него.


    Парфем Hermes Un Jardin Sur Le Nil
    [​IMG]
    Го донесовме уште лани од Минхен и досега ми стоеше нечепнат. Пред некое време мајка ми си ставила од него и толку убаво ми замириса, што ги баталив сите други парфеми што ги имам ^_^
    Многу е свеж, а за трајноста му давам петка. Сестра ми не го бендиса, можеби затоа што е малку остар. Ама сосема малку.
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Палетата сенки на Essence бр. 01 all about nude
    Не би рекла дека е одлична ама е солидна палета. Ептен ми врши работа и за денска и за вечерна шминка. Убави боички од кои три се мат, три се светкави, светкавата розева и шампањот си ги користам и како хајлаит над руменилото ептен убаво изгледаат. Пигментираноста не им е лоша онака средно солидна. Трајноста им е неколку часа многу зависи од квалитетот на пудрата.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Golden Rose lipstick 121
    Нуд праска нијанса, делува многу природно. Еден од кармините за кој имам добиено доста комлименти ако не и најмногу.
    [​IMG][​IMG]
    SYOSS, Keratin Hair Perfection Shampoo
    Најдобар шампон што го видела мојава коса, за да не се повторувам кој го интересира имам пишувано за него во темата за шампони и регенератори.
    [​IMG]
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    10.234
    На прво место месецов универзална крема од Хималаја
    [​IMG]

    Колку прекрасно мириса чудово стварно не можам да објаснам. Прекрасен и долготраен мирис што релаксира, мириса некако на чисто. Не сум фан на универзални креми или нешто што е наменето за сите типови на кожа затоа што не верувам дека е којзнае колку делотворно, ама за чудово ќе направам исклучок. Ја користам кремава најмногу за тело, а особено на некои критични суви предели, како лакти и слично, но убаво ми ги хидрира и рацете. Читав по блогови и некои и на лице ја ставале па дури и ок им била како подлога за пудра, но јас сепак не би, си имам убава крема за лице. Иако поради мирисот ми оди секаде да ја нашлакам.
    Единствено ми пречи што кај нас е достапно само пакувањето од 50 мл, па ќе треба често да ја купувам. Сепак има разумна цена за таа милилитража. Јас ја земав 111 денари од ДМ, ама се наоѓа и поевтино. Мислам дека моментално е на попуст во Дм 78 денари.

    2. Face Food маска за лице
    [​IMG]
    Супер маска, убаво ми ја омекнува кожата и некако поеластична ја чувствувам. Одлична е и стандардно ја користам на два пати т.е 2 пакетчиња за 4 пати. Ги има секаде и цената е околу 55 денари.
    Ја пробав и пил оф маската со потокал и Ц витамин, ама освен што преубаво ми мириса, некој друг благодет не видов. Онака можебио малку ми го зимазни лицето но ништо особено. Нило кој пилинг повеќе ќе заврши работа.

    3. Хајлајтер од Аура
    [​IMG]
    Ги земав и двата затоа што не можев да се одлучам за нијанса, ама сепак испадна дека повеќе го користам кафеавкастиот во последно време. Многу фин производ, воопшто не се рони при нанесување како некои други слични продукти, премногу се долготрајни, по цел ден ми издржуваат, дури и една свадба истерав. Доста се пигментирани и треба да пазите на какво светло ги нанесувате. Јас барем не сакам нападна шминка, па сакам само да ми дадат нежна боја и сјај, а не првото нешто што ќе се примети на мене да бидат светкави образи.
    Може да се користат и самостојно и врз руменило, секако ги бива. Споро се трошат, којзнае колку време ќе ги трошам.
    Кафеавкото некогаш го нанесувам и на очните капаци, колку да не се мрсат и да ми го фиксираат подобо тушот.

    Цена - 208 денари

    4. Golden Rose Vision Кармин
    [​IMG]
    Тргнав по новите мат кармини, но ги немаа нијансите што ги бендисав, па случајно ги видов овие. Исто се со нова фомула, не мирисаат типично на кармин како другите, што е огромен плус, имаат преубави бои и се стварно многу долготрајни. Дури се зачудив искрено. Земав 2 бои, ама ќе си ја зголемам колекцијата. Бојата исчезнува постепено и не се вади одма со првото пиење кафе, туку и после неколку саати кога ќе се погледнам во огледало карминот стои само во некоја посветла нијанса.
    Цената им е 95 денари
     
    На mims-89, EMoonlight и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  6. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    [​IMG] најдобар го препорачувам :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    81.339
    Пол:
    Женски
    1. Balea beautiful long маска за коса.
    [​IMG]
    Mириса на Чунга лунга мастиките. :D По употреба, косата стандард полесно ми се обликува и немам потреба од фенирање. Не може да ја замени мојата непребол маска за коса - Орзен, но мирисот и мекоста која ја дава навистина ме освоија.

    2. Балеа лабело за усни
    [​IMG]
    Мириса на мешавина од бадем и цреша, а дека навистина е делотворно ме убеди со тоа што ми ја опорави устата за навистина кратко време. Би го купила пак, ако го фатам на пик и ако не ми здосади мирисот, зашто најчесто повеќе преферирам понеутрални мириси. :)


    3. D&G Light blue
    [​IMG]
    Прво ја купив копијата од La Rive, онака на тепка. Ама ми се допадна мирисот и ми беше жал што станува збор за така прекрасен мирис, а толку кратко трае. Пуштив срце и го купив, мислам дека после Burberry Body кој како за чудо ми стана малку тежок на жештиниве, ми е нумеро уно.
    Во план ми е да го набавам и машкиот - не за мене, нормално :lol: , ми остана при срце уште кога го мириснав. :wasntme:

    4. Bourjois, Flower Perfection
    [​IMG]
    Мислам дека ако не ми се случеше испадот со лицево, никогаш немаше да го потрошам шишенцето од пудрава. Убава ми е, моментално ако не и најубава, ама и повеќе од сигурно е дека наредниот пат би пробала нешто ново. :$
    Гајле ми е дали ќе ми биде тешка кога ќе се стопли уште повеќе, толку ми е идентична со природниот тен, што дури и кога би ја користела како коректор би била идеална. Овој пат сигурно е дека ќе ја потрошам. :lol:

    ... најубавото за крај.

    5. L'Oreal, color riche; 290 plum passion.
    [​IMG]
    Мајка ми знае што да ми купи, нема што. :)
    Нијансата е преубава и одлично изгледа на плавуши со блед тен. Од долготрајноста и квалитетот не сум изненадена, типично (барем) за кармините на Лореал.
    Изгледа дамски и префинето и во исто време е толку нежен што дури „ми доаѓа да се пољубам“, што би рекла другарка ми. :D
    Имав ставено од карминов на една факултетска презентација неодамна, па најверојатно ѝ се допаднал и на асистентката, дури си запиша жената што бројче е. :$
    Како и да е, одличен е и сигурна сум дека нема да остане на едно купување. :)
     
    На Doozy, mims-89, senza.parole и 5 други им се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.624
    Допаѓања:
    106.581
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Задоволна сум од шампонов на Сансилк, мојата коса е слаба а со шампонов добивав некој волумен :) сега го купив на Гарниер за фарбана коса изгледа некој нов е па тој ќе го пробам :D
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    1. Mac NEUTRAL EYE AND CHEEK PALETTE
    [​IMG]

    Прв пат користам сенка и руменило од Мак, и нормално сум воодушевена. Не си порачав сенки во појака боја, пошто сакав вакви прво, кои можам многу често да ги користам (имам преосетливи и чуствителни капаци кои ми се иритираат од сенки, па ретко салам сенка да не ме запече и вцррви), и многу малку е доволно за преубав и впечатлив ефект, кој трае и трае цел ден. Под сенките ставам прајмер за очи од Авон, да знам, комбинацијата е смешна :lol: , ама искрено си ја врше работата, сенките си стојат цел ден и толку лесно се блендаат и изгледаат природно, значи немам зборови.
    Исто и за руменилото имам пофални зборови, и сега баш го споредував со ова новото на Дебора, кое го земав во јака боја како што сакам, и искрено, ова руменило на Мак не ме остави воодушевена како сенките, мислам океј е и стое и се, ама некако е пренежно за мене, е од него си ставам малку повеќе за да го добијам тој ефект кој јас го сакам, следното руменило од Мак ќе ми биде дефинитивно во една од појаките бои, пошто јас не сакам нежно-праска обравче, ами бронзено или румено баш во права смисла на зборот, а за квалитетот да не зборам, стое цел ден, и делува најприродно на цел свет.

    2. Кокосово масло Био Култ
    [​IMG]

    Најомилено масло на светОт. Кај стигнам секаде го ставам значи, на стапала, на зглобови, на дланки, на лице, на тело, на коса, на теме на глава, се масирам со него, после бањање, пред спиење, го обожавам значи. Ми дава таков прекрасен сјаен ефект на телото, обично пред да излезам од дома, на раце ставам, и на нозе, така ми се сјајни и меки, нежни, се заљубив у маслото.
    И пошто е лето, се што ќе ставам од лосион со мирис на овошје после некое време мириса грдо и гнило, кожата не ми дише од нив, ама од ова масло и евентуално лосионот од Гош blue ocean, можам да дишам и јас и мојата кожа.

    3. Rexona cotton dry 48h
    [​IMG]

    Ги имам пробано сите рексони, и сите стојат цел ден, но мишката моја е благословена со постоењето точно на оваа рексона, cotton dry, пошто ми мириса на чисто, свежо, буквално 2 дена можам да правам што сакам, потта не се осеќа, значи може мирисот ќе избледе, мислам секако не е со ист интензитет, ама мишката никогаш не мириса на пот, дури и кога по два дена не ставам од неа.
    Пред ова го користев аква кристал исто од Рексона, ама не, не ми се свиѓаше ич, може пошто сум навикната на овој мирист и повторно му се вратив и не го менувам ич, не сакам да експериментирам многу со антиперспирантите, не сакам мириси на парфеми или тешки, ами на чисто и свежо, кое ќе трае и ќе си ја врше работата.


    4. Руменило Deborah 05 Cherry
    [​IMG]

    Е ова руменило ми е ептен по мерак. Не е нешто скапо, ама вреди дефинитивно, јас многу ја обожавам козметиката на Дебора. Руменилото е ептен пигментирано, и не е сјајно, ами мат. Баш ми ја доловува бојата што ја сакам, а не како со Мак руменилото кое е нежничко, повеќе за секојдневна употреба.
    И ова руменило трае. Јас најмногу сакам да го ставам на обравчињата погоре, со појак бронзер под него, значи ефектот ми е сон, баш како што сакав, и мислам дека ова лето душата ќе му ја извадам на ова руменило, па на сончана кожа како ќе стое, папапапапа. :lol:


    5. Max Factor Excess Volume mascara
    [​IMG]

    Ова ми е една од поскапите маскари кои сум ги користела во животот ама вреде за секое дадено денарче. Никогаш не сум обрнувала доволно внимание кога сум купувала маскара, пошто имам природни виткани и долги трепки, ама ретки и без волумен, па скоро секоја која што сум ја купила си ја вршела работата, ама оваааааа и те како си ја врше работата. Прво и основно што го сакам кај оваа маскара е тоа што го дава тој ефект на ЦРНИ трепки, значи црни и впечатливи.
    Ги чешла прелесно со првиот слој на маскара, не ги лепи и не ги згрутчува. После вториот слој трепките се црни, издолжени и прекрасни, дефинитивно ја препорачувам, и секако дека може да поминете со еден слој маскара, ако ја употребувате само едната страна, но заедно двете у пакет даваат повпечатлив изглед и поцрн ефект.


    6. Бронзер Artdeco
    [​IMG]

    E и на ова има масата да му ја извадам ова лето, а богами и цела година, како што бавно се троше.
    Мат е а дава свилен ефект, после пудра течна и камена, ставам бронзер и руменило, и тоа од пред некој месец, не секогаш користев бронзер, ама сега се мислам како сум можела без него, си ставам речиси околу цело лице и на образите, и ми дава таков ефект на исончано лице, на слики посебно се забележува разликата :x , значи секој ден го користам, само течна пудра и ова чудо(кога се брзам) и лицето е сосем поинакво, одма добива свежина и топлина. Нема шанса да го сменам, освен ако нормално не сум при пари, не дај боже. :lol:


    7. И последно, се изморив веќе, Кармините и сјаевите на Гош.
    Земав повеќе, и за мене и за мама, посебно сум изненадена од сјаевите, со оглед дека со години немам користено никаков сјај за уста.
    Од овие сјаевите доволно е многу малку да ставиш и траат доста долго, и не лепат и не пецкаат на уста како другите, мене секогаш ме пецкале сјаевите, ама овие не, и сосем случајно сум погодила кармин со сјај слична боја, и мајко мила, комбинацијата е сон.
    Сјаевите се поскапи од кармините дупло, ама вредат.
     
    На Lepaaa, bubac, Mama25 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    1.Lorys Deep Moisturizing Hair Cream - Ceramides
    [​IMG]
    Знам читав одлични препораки по темава за маскава за коса, и случајно кога бев во Бугарија ја здогледав.Јас имам доста долга и густа коса, а и бидејќи се имав фарбано малку ми беше оштетена и барав некоја маска што ќе ми ја доведе до нормала, и ќе ми помогне да ја расчешлувам.Не знам како да го опишам моево одушевување од маскава.Косата ми е мека, нежна, ми се врати сјајот и не ми изгледа оштетена, лесно се расчешлува, едноставно одлична е :) И да многу поволна цена има, едно кило е одприлика 7 лева односно 210 денари, а башка долго трае, ја користиме дома три веќе месец дена и многу малку имаме потрошено.
    Голема благодарност до таа што ја препорача маскава :)

    2.Мanhattan Mascara No End Intense Black
    [​IMG]
    Немам којзнае колку големи и густи трепки, така што маскарава си врши работа.Има нели силна впечатлива црна боја, трепкиве ми ги прави ultra големи и убави, не ми ги лепи така што не планирам да ја менувам во брзо време.

    3.Zara Women Fruity
    [​IMG]
    За пролетниве и летни периоди јас си сакам парфеми со лесен мирис и нормално со ноти на цвеќиња или овошје.Овој го има токму тој сладок лесен мирис, трае долго, не се губи мирисот после брз период.Е сега јас си имам навика парфемот да си го носам со мене, ама овој е тежок и не можам да го влечкам, ама во главно мирисот е одличен и вреди :)
     
    На Giovanna, mamma-mia, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Kiska

    Kiska Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    9
    најубави продукти се од бекутан ти го прават нежно телото,косата и меки
     
  12. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Freeman маска за лице со авокадо и овесни снегулки
    [​IMG]
    Предобар производ за длабинско чистење на лицето.Има пријатен мирис и не го суши лицето,после 2/3 користења веќе се чувствува промена,лицето е меко,чисто и мазно.
    Ahava dead sea minerals (water) (лосион за тело,раце,стапала)
    [​IMG]
    Одлични производи за нега на тело и лице,со минерали,без парабени.Јас сум презадоволна и ги користам веке повеќе од една година.Кај нас ги нема,но можат да се порачаат од нет или пак да се најдат на дути фри.Најважно е што и геловите за туширање и линијата за нега на лице и тело се 100% без парабени.
     
    На Giovanna, bubac, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. lolitoo

    lolitoo Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да направите грешка со производ на авон,колку само убаво мириса,ми доаѓа да го изедам :P
     

    Прикачени фајлови:

    • prod_1177979.jpg
      prod_1177979.jpg
      Големина на фајлот:
      318,5 KB
      Прегледи:
      741
    На Juicy, Beauchamp и EMoonlight им се допаѓа ова.
  14. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC_4723.JPG
      DSC_4723.JPG
      Големина на фајлот:
      172,4 KB
      Прегледи:
      651
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    852
    [​IMG]

    Прекрасен мирис и добра заштита,ми стана омилен месецов
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.624
    Допаѓања:
    106.581
    Пол:
    Женски
    OPI Gargantuan Grape Nail Polish


    [​IMG]


    Го земав лаков пред скоро месец , ама заборавив да пишам во омилени продукти. Бојата е фантастична , пастелна , зелена , баш летна боја , беше последен а се мислев помеѓу овој и еден друг со боја ко на плав патлиџан :D и реков сега се хит боиве па мора овој да го земам.Го земав 9 евра на попуст , многу ми се допадна бојата,а за трајноста на лакот, па можам да кажам слободно дека траеше колку и лаковите на Лореал. Околу 5-6 дена :)
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Никогаш доста од овој парфем. Го порачувам по 4ти пат и сум презадоволна, и од трајност и од самиот мирис. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • o.15785.jpg
      o.15785.jpg
      Големина на фајлот:
      19,3 KB
      Прегледи:
      261
  18. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Пошто нема тема за продукти кои гарант долго ќе ги користиме :D , јас ќе си пишувам тука :D
    [​IMG]
    Авон крем за лице со ефект на ББ крема, барем мене ми делува така, не дека е препокривно, ама со добар коректор е идеално за летна шминка, прекрасно го измазнува лицето, му дава здрав сјај и воопшто не ми го мрси, напротив, изгледа мазно и блескаво, дури и ко ќе се допрам на чело или нос(нели кајшто вообичаено светнувам) лицето ми е суво и чисто. Има една маана, што малце дава некоја потопла боја, па првите неколку пати додека сеуште бев неисончана ми беше малце како темно, ама еве ме сега, не се штедам на сонце и си легна таман. Според мене ги има сите благодети за мојов тип на лице за во лето, малце боја, здрав сјај, заштитен фактор и трајност, не се топи како сите останати кремови.
    [​IMG]
    Многу фалените руменила на Аура, мислам дека досега не сум пишала за него, ама и да сум, дефинитивно заслужуваат :D Бројче 211, vintage peach, совршено праскесто корална боја, супер лежи на мојов тен, и згора на се како на плавуша, треба многу малце со четка за да остави боја, а и лесно се надградува без да се претера ако сакате повпечатлив вечерен изглед. Трајност, без коментар, дур со сапун не го извадам, не го вадат ни сочни бакнежи :rofl: Навистина, дотолку е трајно. Па и цената, милина. Сега сум намерачила уште едно бројче, 212ката, и преубавите хајлајтери, па прво одење ги земам.
    Дефинитивно летово ќе го поминам со оваа шминка најмногу ми легна, не ми одзема време, а сум средена и свежа. :)
     
  19. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Неможам да го изнафалам :D
    Поубав шампон нема никаде..А да не зборувам за цената :lol:
    Дефинитивно омилен продукт на годината...Имам мрсна коса,а плус ми се појави и првут но Тео го реши проблемот..Мојата коса воопшто не го примаше мирисот од досегашните шампони но сега не е така. :) Држи барем 2 дена :clap: :rock:
     

    Прикачени фајлови:

    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Само шо сакав и јас за него да пишувам за шампонов. Многу е убав! ;)
     
    На EMoonlight и m3a3c3a3 им се допаѓа ова.