Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.965
    Ќе започнам со Балеа, бидејќи последните 5 месеци само овој крем за тело го користам и препорачувам, знам дека не постои некоја која би кажала не. [​IMG]

    Eвелајн лак за нокти, за максимален раст на нокти, препорака од феминка, најубавото нешто кое сум го ставила на ноктите, се користи 5 дена по ред и на 5тиот се вади со ацетон и пак се почнува одново со нанесување слоеви. Ноктите, уааау! препорачувам..
    [​IMG]

    Балеа, купка за туширање, нова е, лимитед едишн, ја има во ДМ,пренаајубаво!
    [​IMG]
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Young derm - Ги суши мозолчињата за 1-2 дена, не ми се веруваше ни мене.Го купив од СП маркет.

    [​IMG]
    Avon eyeshadow primer
     

    Прикачени фајлови:

    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Шампонот на Afrodita (слика во спојлер) од липа и камилица. Ги имам пробано и другите нивни шампони бидејќи имам читано доста позитивни критики, но овој шампон конкретно се покажа најдобар, и ми го реши проблемот со сувата истиштена коса. Ми дава убав сјај и свежина на косата и ми ја прави многу мека, а и го задржува мирисот подолго време после миењето на косата.

    [​IMG]

    Kolynos
    пастата за заби. Олдтајмер, дефинитивно мојата омилена паста. Иако е доста ефтина во споредба со другите пасти, ниту една друга паста за мене не се покажала како успешна при долготраен свеж здив и бели заби, и чисти непца.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elenaleni79

    elenaleni79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    17
    Отстранувач на боја за коса COLOUR B4 од КОСМО
     

    Прикачени фајлови:

    • img.jpg
      img.jpg
      Големина на фајлот:
      122,5 KB
      Прегледи:
      564
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Балсам за коса
    Поубав балсам на мојата коса и немам ставено! Преубаво мириса, косата ја прави мека и што е најважно ја прави лесна зе чешлање поготово што јас си имам мака со тоа :tmi: додека еден крај го разчешлам другиот се заплеткал
    [​IMG]

    Лосион за тело
    Иако го имам само неколку дена веќе ми е на листата на омилени продукти на месецот, преубав и долготраен мирис, ја хидратира кожата и ја рави мека. Половина веќе отиде постојано се шлапам :D се мислам дали да си порачам уште 2-3 сега додека се ефтини оти оние од авон после ќе им ги кренат цените до небо.
    [​IMG]



    Маскара
    Најубавата маскара што некогаш сум ја користела, презадоволна сум, ги издолжува трепките им дава волумен нема потреба да ставаш два пати,јасне сум љубетел на туш за очи па маскарава ми дава ефект како да имам ставено и туш ишто е најважно не се размачкува така лесно.
    [​IMG]
     
  6. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    веќе 1 недела го користам, ставам после туширање. и кожата ми е мека.. :)
    треба да го пробате!
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Време е за омилените продукти за месец Мај:
    1. Bioten Refreshing body lotion normal skin
    [​IMG]
    Лосионов ми е уште од лани и не ми беше почнат, ми го дадоа гратис со купување на крема за сончање некоја не ми текнува сега и си останал така заборавен до пред некое време. Јас се изнанадив од хидратанстноста и пријатниот мирис. Многу убаво млеко за тело, брзо се апсорбира, а мирисот доста време се задржува на кожата. Пишува дека е без парабени, сум го гледала низ маркети цената не му е повеќе од 150 денари за 250мл, ефтино е, а многу добро. Дефинитивно ќе си го купувам и понатаму, имам забележано дека има повеќе видови, верувам дека се подеднакво добри.
    2. Afrodita Foot Care relaxing ice effect
    [​IMG]
    Само пофални зборови за кремава на Афродита за стапала. Мириса преубаво, доста јако на ментол и им дава моментален разладувачки ефект на стапалата притоа ги негува. Мене ми се допаѓа што после нанесување помалку ми се потат стопалата и им ја задржува свежината затоа што инаку многу си имам проблем со тоа. Цената му е околу 160 денари.
    3. Dior Hydra Life soin teinte
    [​IMG]
    Ова му доаѓа нешто како ББ крема ама не гласи како таква туку само како хидратантна тонирана крема. Јас така и ја користам, после миење на лицето не нанесувам обична крема туку оваа тонирана крема и мене ми е совршено лицето за во лето. Прво покрива како пудра, односно изедначува тен покривност нема некоја голема само минимални црвенила. Втор си стои на лице цел ден без да засвети и без да испари - се избрише. Трето лицето изгледа свежо и со изедначен тен, како да немате ставено ништо, дава некој здрав сјај и делува многу природно на лице. Има неколку нијанси јас ја имам најсветлата бр 1 и на среден тен е совршена, на посветол ќе биде темна, а на потемни може да се прилагоди. Има солиден заштитен фактор 20ка што по сонцево многу значи. Да сумирам, одличен производ кој може да го користите наместо пудра (тие што немаат многу за покривање), бидејќи е само хидратантна крема одговара на сите типови кожа, на помрсните кожи сигурно со малку камена или пудра во прав ќе даде одличен ефект и како најголема придобивка штити од предвремено стареење на кожата. Јас го купив во Космо на попуст околу 1800 денари, мислам дека околу 1000 денари беше намалено.
    4. O.P.I nail lacquer Malaysian Mist NL P62
    [​IMG]
    Нијансата е оваа некоја нуд боја, на нокти изгледа вака:
    [​IMG]
    Покрај тоа што сум заљубена во бојата, лаков ми е омилен и поради трајноста, 5-6 дена без никакво лупење, многу брзо се суши на нокт, а шишенцето го имам веќе 3 месеци, а не е ни згуснат ни засушен ни ништо. Вредат лаковите на ОПИ дефинитивно иако се многу скапи како за лак. 680 денари во Космо и Еликсир, досега никогаш не сум ги видела на попуст. |(
    5.Pantene Deep Moisture Souffle
    [​IMG]
    Чудово е пена за коса меѓутоа не од онаа класичната за обликување туку за давање на хидратација на косата. Изгледа како обична пена за коса но кога ќе се нанесе е толку мека, нежна и веднаш се впива во косата. Јас имам виткана коса и ми ги држи кардиците обликувани и свежи, како да кажам ко нови ми се, полни со живот и хидратирани, на допир косата е многу мека и не се создава она разлетување туку секое влакно си го наоѓа местото. Пенава ја земав во пакет со шампон и регенератор исто на Пантен ми се виде примамлива понуда за 370 денари + пенава за која што мислев дека е обична пена за обликување па кога прочитав видов дека не е така, инаку сигурно би ја прескокнала на рафт. Од шампонот и регенераторот Moisture Renewal сум многу задоволна исто и од пенава. Ја користам веќе неколку месеци и уште имам, боцата е 150мл, се нанесува на влажна коса, посебно незнам дали воошто се продава ни колку пари е, се надевам ја има затоа што дефинитивно би ја купила пак.
     
    На simoncelicius, Doozy, bubac и 5 други им се допаѓа ова.
  8. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Месецов нешто слабо со фаворити, купив дота работи али не сите ми се свиѓаа до толку или на повеќето уште не им го гледам ефектот.

    1. [​IMG]
    Кремава ја земав бидејки некако месецов лицето (фала богу) ми беше океј и немав потреба од пудра, жал ми беше да му ставам пудра секој ден па се мислев да земам некоја цц или бб крема. Ова случајно го здогледав не ни видов што е како е го земав. Не пишува ни дали е бб или цц крема, мислам дека е некоја тонирана крема, за сите видови на кожа е. Мислев дека нема да ми се упива добро и дека масно ќе ми го остави лицево. Али кремава дефинитивно се упива во рок од неколку секунди, убаво покрива го изедначува тенот. Нијансата му е натурал-најсветлата од цели две што ги имаа, другата беше бронз значи доста темна. На мојов светол тен е за нијанса потемна ама со коректор се средува тоа и природно изгледа многу не како да имам 100 слоја пудра на мене. Премногу ми се свиѓа и мислам дека за летово ќе биде супер, цената околу 300 денари е некаде не знам точно.

    2.[​IMG]
    Руменилово на дебора број 46 е прво нивно руменило кое го купувам, некоја розево корална боја е на различно светло различно изгледа, седефасто е, многу е пигментирано и сосема малце е потребно за интензивна боја на лицето. Мноогу убаво се бленда и мислам дека многу долго ќе ми треба да го потрошам. На долната страна има малецко четкиче што се закачува на кутијава али искено го немам пробано и некако премалецко ми делува за да направам било што со него. А и вака на излегување не сум имала потреба да го поправам руменилово пошто од моментот кога ќе го ставам до крајот на денот изгледа буквално исто. Дефинитивно уште некоја боичка од него ќе земам :)

    3.[​IMG]
    Апокалис сјајот на римел ми е истоо меѓу фавоторите. Нијансата е апокалиптик. Многу е пигментирано, само еден слој е доволен дури и откако сјајот ќе го снема бојата останува. Е сега една од негативните страни му е што многу лесно може д се измачкате ако слујачно се допрете со прст или нешто одма останува боја. Исто ако сте пушач откако ке ја изгасите цигарате ке имате розеви прсти али сепак мене ми се свиѓа многу.

    4[​IMG]
    Од чудово се изнамачив да најдам слика. Класична прскалица за коса е ама многу мека ја прави косата, не ја заплеткува, многу полесно се чешла откако ќе ја напрскате косата. Иначе воопшто не сум фан од останатите прскалици на шварцкопф мање више сите ги имам користено и некако ниедна не ме бендисала. Оваа за чуде ептен ми се погоди. Иначе шишенцето е бели ист облик како на сликава е, не е портокалово капачето и малку е изменета етикетата, али ова беше единсвена слика што ја најдов на нет :?:
     
    На bubac, anuskaNESTLE, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. CrazyCrazy09

    CrazyCrazy09 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Темава ме потсеќа на девојките на јутуб. На пример: "May Favorites" :lol: баш ме изненади темава :angel:
    Сега јас кје кажам кои ми беа омилени продукти изминатиов месец... :$
    1.Nivea Mattifying Day Care
    2.DKNY парфем :$
    3.Liselotte Watkins Face Powder (ORIFLAME)
    4.Gloss Ultra Glazewear (AVON)
    5. Malena Лак за нокти
    и толкууу ]:) ]:)
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Конечно ми стигнаа моливите за очи од MAC
    Освен што се големи по големина морам да ја пофалам и трајноста на моливот кога ќе нанесете. Воопшто не се размачкува и нема потреба да стискате за да добиете црна боја. Има да си користите долго време.
    Јас сум задоволна сега за сега.

    [​IMG]
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Лакчево,од сега него ќе си го користам како base coat,кога ќе се лакирам ;) .П.С. Ноктиве мои НЕ се,од нет е сликата ;)
    [​IMG] :)
     
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.516
    Пол:
    Женски
    Betty Barclay "Tender Blossom"
    Лесен,свеж и пријатен.На кожата почнува да ја развива втората нота...трајноста му е средна.Ме привлече амбалажата ,признавам.Цена 560 денари во Шатци.
    Rimmel Extra Super Lash Curved Brush Mascara
    Не се сеќавам на цената,знам дека не беше скапа,но солидна по квалитет.Ги издолжува и извиткува моиве слаби по квалитет ,трепки.
    Аура фарба за коса .
    Кој се фарба знае колку е досадно фарбањето на 3 недели.Многу ни одговараше Гарниер олио но барав нешто поефтино кое ќе си ја врши работата.Ја пробав оваа марка,ја користам нијансата какао,не ја суши косата и не ми ствара првут.Засега одлично ја врши работа.
    Пантенол крем гел
    Таман ја открив сега никаде ја нема по градов.Ми ја држи хидриранана кожата и ми дава некој сјај.Не ја користам секој ден туку на 2-3 дена.Воедно молам некоја феминка ако ја приметила некаде да ми јави.
    Како што може да приметите се е релативно ефтино. :angel:
     

    Прикачени фајлови:

  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    [​IMG]
    [​IMG]
    Многу се нежни со кожата,преубаво ми мирисаат,ме будат при утринско туширање/мачкање со лосион,баш како што пишува,даваат енергија и свежина.
    Обично ако не мириса убаво лосионот,не ми создава навика да го мачкам,ама со овој не е така.
    Се на се супер се. Сакам да ги пробам сите од линијата. :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.828
    Допаѓања:
    23.487
    Пол:
    Женски
    Schauma - Fresh it up
    [​IMG]

    Шампон кој многу убаво мириса,освежува со мирисот и ја освежува мојата коса.Ми ја прави како свила и сум презадоволна!
     
    На EMoonlight, Anabelle.Amorette и joy1 им се допаѓа ова.
  15. Ekatarina95

    Ekatarina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2014
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    37
    :D
     

    Прикачени фајлови:

    • 000129.jpg
      000129.jpg
      Големина на фајлот:
      52,9 KB
      Прегледи:
      346
    • 2063g.jpg
      2063g.jpg
      Големина на фајлот:
      3,6 KB
      Прегледи:
      345
    • IMG_8129.JPG
      IMG_8129.JPG
      Големина на фајлот:
      68,6 KB
      Прегледи:
      345
    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      5,2 KB
      Прегледи:
      345
    • product-1136.jpg
      product-1136.jpg
      Големина на фајлот:
      52,9 KB
      Прегледи:
      345
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Балсамот од Авон.
    Многу ги омекнува усните, и што е најбитно-пријатен мирис, а богами и вкус :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      3,6 KB
      Прегледи:
      313
    На LittleFairy и Nausicaa им се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.624
    Допаѓања:
    106.577
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Серумот за коса против оштетување на врвовите од Гарниер

    Презадоволна од серумов, го намесувам пред сушење на косата кога е мокра и потоа е мекана,прекрасна исто така преубаво мириса, ,незнам дали пак би го купила може да пробам некој од Лореал :)
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Си го сакам руменилово. Одлични нијанси,можете да си мешате и можете и само една боја. Сите бои стојат убаво и не се паѓа одма. Стои долго време :)
    [​IMG]
     
    На rainbowec, anggell и EMoonlight им се допаѓа ова.
  19. EmilijaEmka

    EmilijaEmka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    30
    Колку го зеде и од каде? :D
     
  20. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.970
    Пол:
    Женски
    Брзо се суши , стои долго и тешко се вади
    Не е водоотпорен
    едноставно СОВРШЕН!!
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC_0023.jpg
      DSC_0023.jpg
      Големина на фајлот:
      330,9 KB
      Прегледи:
      658
    • DSC_0020.jpg
      DSC_0020.jpg
      Големина на фајлот:
      240,3 KB
      Прегледи:
      658