Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Nivea Refreshing Cleansing Mousse - пенаст гел за чистење и хидратација на лице
    [​IMG]
    Мојот е синиот. Одлична пена за чистење, освежување и хидратација на кожата. Прекраснотии, само тоа имам да кажам. Долго време го користев Avene Cleanance гелот за миење, ама бидејќи е за масна кожа, веќе почнав да чувствувам дека ми ја суши кожата, веројатно ми се презасити, па решив да сменам. Намерно земав од Нивеава за нормална и мешана кожа, не за масна, и сум презадоволна! Не ми ја суши кожата, мириса прекрасно, чисти и навлажнува одлично (после миењето не чувствувам потреба за крем бидејќи не ми ја затега кожата) и супер ја вади шминката од лицето. Би го купила повторно и повторно, совршено ми одговара. Голем плус е тоа што е со пумпица, многу хигиенски. Цената му е околу 290-300 денари.

    Nyx Dark Circle Concealer
    - коректор против темни кругови
    [​IMG]
    Одличен коректор за камуфлирање темни кругови. Содржи портокалови пигменти, па со таквата боја ги сузбива темните кругови. Долготраен е, издржува цел ден и изгледа природно. Се нанесува пред течната пудра зошто целта е да се ублажат и камуфлираат круговите околу очите, не за да ја осветли областа и да рефлектира светлина. Мене бојата особено ми се допаѓа, има боја на лосос, која одлично се спротивставува на темните кругови. Цената му е 6 долари :)

    Milani Baked Blush, shade Luminoso - руменило
    [​IMG]
    Кога ги најдов руменилава на Милани на Cherryculture, се избезумив! :D Ова Luminoso го гледав постојано кај блогеркиве и многу ми се допаѓаше, па нормално морав да го имам. Нијансата е прекрасна нежна праска боја, погодна за секој ден. Кога го имам на себе ми дава баш здрав изглед, како кожата однатре да ми блеска, ете баш така би го опишала. Лесно се надградува бојата, а притоа воопшто не изгледа вештачки. Има ситен седеф низ него, НЕ свети на образи како лампион, туку баш нежно и суптилно. Штом мене со мрснава кожа ми стои совршено и не блештам, значи секој може да го носи :D Сериозно, ова ми е најомиленото руменило на светот и знам дека нема да престанам да го користам цело лето. Дефинитивно ќе изнарачам уште неколку Милани руменила, не за џабе се толку фалени. Совршени се, а па тек какви нијанси има, човек да не знае што да одбере :) Цената му е 8 долари.

    Nyx Blush, shade Angel - руменило
    [​IMG]
    После Милани Luminoso, второто омилено руменило според нијанса. Ова е тотално мат, powder blush. Нијансата му е прекрасна, многу многу нежна и суптилна кожа боја. Буквално има боја на кожа, онаа нежна пудра боја што стои на секаков тен, што не е многу забележителна, но сепак доволна за да му даде свежина на лицето. Повеќе би го користела есен и зима, во тој период обожавам вакви пудра боја руменила што не се nude, а не се ни розови, туку баш мешавина од двете. За секој ден е одлично бидејќи е ненападно. Трае цел ден и многу лесно се нанесува, а бојата може да се надградува. Цена - 5 долари :)

    Loreal Miss Manga - маскара
    [​IMG]
    Како и сите досега Лореал маскари што ги имам пробано, така и оваа не ме разочара. Бев малку скептична поради помалата четкичка, а и поради тоа што ја рекламираат дека рачката се витка (не сакам такви глупости кај маскари, бесмислени ми се), ама излезе дека е ок. Всушност, тоа што рачката се витка нема ама апсолутно никаква функција при нанесувањето, четкичката си стои права и си е нормална маскара :D Најпрвин, на почетокот е доста течна, па лесно може да се расшлака ако не се внимава, ама како повеќе ја користам се поубава станува. А четката баш поради тоа што е помала е и доста прецизна. Моите и така големи трепки ми ги прави огромни, не ми ги слепува и е многу црна. Единствена замерка ми е што некогаш под веѓите се случува да забележам црни остатоци од маскарата, но тоа е веројатно од тоа што маскарава ептен ми ги издолжува трепките, па ми се допираат со делот под веѓите, ама ништо страшно. Се' на се' одлична маскара, би ја купила пак, мада сепак од Лореал фаворит ми останува Lash Architect 4D.

    Инаку, Nyx и Milani производите ги порачав од http://www.cherryculture.com/. Сакам само да и' кажам едно големо фала на Artemission што ја сподели страната во темата за онлајн шопинг :* Да не беше таа, никогаш немаше да си го најдам и поседувам најубавото руменило на светот :D
     
    На bubac, Lepaaa, Giovanna и 11 други им се допаѓа ова.
  2. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.268
    Пол:
    Женски
    Mac, mineralize rich lipstick // Style surge, A02
    [​IMG]
    Некое време барав добар, хидратантен кармин со ваква нијанса. Имам уште неколку кармини од оваа линија на mac, но на овој најмногу му се радувам. Преубава структура, кремаст, лесно се нанесува и корегира. Има просечна трајност, во глобала е солидно карминче.

    Revlon, nail enamel, vernis // Raisin rage, 551
    [​IMG]
    Го препорачав на кој стигнав, заслужено си го наоѓа местото во темава :D На несредени нокти (без претходно нанесена база), без проблем ми трае и по една недела. Со само еден слој се добива интензивна боја. Не се размачкува при нанесувањето и веднаш се суши. Тешко се троши и покрај тоа што е доволно течен.

    Estée Lauder, compact disc eyeshadow wet/ dry formula
    Од палетава не можам да најдам слика, веројатно затоа што е постара колекција. Пред да тестирам на моја кожа, го проверив датумот, за среќа има сеуште време пред да истечи рокот. Не знам зошто сенкиве сум ги тргнала на страна и не сум ги користела толку време. Како и да е, не ме разочараа дефинитивно. Лесно се нанесуваат, долго траат притоа со мат финиш.
     
    На mims-89 и EMoonlight им се допаѓа ова.
  3. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.545
    Допаѓања:
    8.148
    Пол:
    Женски
    Шампонот е прекрасен, ептен погоден за сува коса како мојата. Многу убав мирис и не е краткотраен како кај некои други шампони, пробав и без маска супер ми е косата, и дава сјај. Добар избор направив после долго користење на Афродита шампоните.
    [​IMG]

    Морам и кремава да ја пофалам, прекрасна за комбинирана кожа, не ми ги суши образите, а не ми светнува Т-зоната, убаво ја хидрира и не остава масен траг. Се мислев многу дали да ја земам,ама не згрешив, а и убаво мириса и меко ми го прави лицето. Во комбинација со пената за лице на Афродита лицето ми е почисто, не знам дали баш од кремата, битно подобро е.
    [​IMG]

    Малена црно моливче за очи. Презадоволна за таа цена, убаво пушта и ми стои 5-6 саати без да се размачка.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Clean & Clear daily exfoliating wash
    [​IMG]
    Гел за секојдневно миење на лицето со нежни гранули.Прв пат користам производ на Clean & Clear и мислев дека ќе ми го суши лицето но, грешка сум била.Одличен е гелот,нежен,чисти убаво и не ја суши кожата.Следно би ко купила и скработ да го пробам.
    Го користам во комбинација со четче за миење лице,исто мој омилен производ кој го користам веќе една година.
    [​IMG]

    Bioten крем за лице
    [​IMG]
    После неколку години користење исклучиво Гарниер крем за лице,решив да сменам и да ја пробам кремата на Биотен.Ме привлече дека е без парабени па ја купив.Задоволна сум многу,нежна,хидратантна не мрсна,нежен пријатен мирис и свиленкаста кожа.Одлична е.

    Цептер крем за раце Swisso Logical special edition
    [​IMG]
    Неможам да опишам колку е предобар кремов за раце на Цептер.Мириса преубаво,има нежни златни светки,хидратира и ги прави рацете нежни и меки.Убаво пакување со пумпица што особено ми се допаѓа .
     
    На mims-89 и LittlePinky им се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ова е гел, не е крем. Направено е на база на масла, има пријатен летен мирис, состојките се навистина исклучителни, од одбрани видови масла.
    Ја прави кожата мека, сјајна, дава хидратација. Нема заштитен УВ фактор.
    Негативност е што може на посветла гардероба да остави боја (како чоколаден е), и не дава чувство како со масло, крем, туку малку поинаква му е структурата и поинаку делува на кожата.
    Цената е малку поскапа, 500 ден.- 150мл. (иако сите производи за сончање се поскапи)

    [​IMG]
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.707
    Essence eyeliner - Многу добар производ, одличен за парите. :lol: Ептен сум задоволна, стои цел ден, не се размачкува, водоотпорен е, ама со сапунче лесно се тргна и не прави црнила околу очите.


    Rimmel Stay Matte Foundation - Омилена месецов во поглед на издржливоста под сонцево, но можам да кажам дека нијансата ја утнав или пак ми потемне лицето за овие неколку недели, па веќе не ми одговара во тој план. Како и да е, одличен производ со пристапна цена, не за џабе толку ја фалеа во темата за пудри.


    Rimmel Stay Matte Pressed Powder - Има некоја си така-така покривност, ама ми се допаѓа како ми го матира лицето и така држи неколку часа. Бидејќи течната пудра ме прави бледа, ја ставам оваа само со крем и коректор одоздоле и задоволна сум од резулатот.


    Clean&Clear Blackhead Clearing Daily Scrub - Земав мало пакување од причина што до сега за вакви работи само утки правам, ама морам да го пофалам - пилингов го бива. Убаво го чисти лицето, не ми ја иритира кожата, црнките на носот конечно се намалуваат, ама треба упорност и триј, триј, триј...


    Himalaya Nourishing Skin Cream - Баш од темава видов дека две членки ја фалеа, па викам да пробам и јас. Ме изненади, мене ми одговара како подлога за пудра дури, целата си се шлапам со кремава буквално. :lol:


    Christine Face Contouring - Сетов го најдов во локален супермаркет, ептен ефтин беше и го земав. Задоволна сум, лесно се контурира со него, не дека јас имам нешто многу искуство во овој план, ама за сега ми врши одлична работа. - Слика неможам да прикачам, до 5 е максимумот нели |(

    И уште пар четки за коректор и течна пудра made in China на кои што неможев слика да им најдам онлајн :D
     

    Прикачени фајлови:

  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.140
    Допаѓања:
    12.836
    Пол:
    Женски
    Baolishi кармин

    бројче 16 розова боја
    и бројче 20 портокалова боја

    не се скапи, а трајноста им е добра + голем избор на бои имаат :)

    не можев да ги сликнам, па затоа слики најдов од интернет
     

    Прикачени фајлови:

    • 20.jpg
      20.jpg
      Големина на фајлот:
      43,5 KB
      Прегледи:
      253
    • 16.jpg
      16.jpg
      Големина на фајлот:
      187 KB
      Прегледи:
      253
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    8.558
    Пол:
    Женски
    Иако темава ми е една од одмилениве мислам дека до сега немам пишувано во неа. Ама прво нешто што проверувам кога ќе се логирам е баш оваа тема. И знам дека звучи забегано ама ако еден производ се појави повеќе пати обавезно си го зачувувам во фолдер, за да го купам и испробам :tmi:
    Deborah Hi Teck - руменило во нијанса 12 Cacao
    Има потемна боја па поради тоа го користам и како бронзер, совршен ми е за контурирање на лицето. Има некоја преубава темна кафеава боја која кога ке се нанесе на лице делува како да сте исончани :inlove:

    [​IMG]



    Balea- светликава крема за стапала и нозе

    Освен што ми е одлична за нега дава и суптилен сјај па си ја нанесувам на цели нозе, кога планирам да носам нешто кратко :)
    [​IMG]

    Balea влажни марамчиња за симнување на шминка

    Знам дека е спротивно од тоа што ми го има кажано дерматологот, и дека влажни марамчиња не се за тргање шминка ама овие ми се фантастични. Прво го поминувам лицето со млеко за вадење шминка, па со овие марамчиња и на крај го плакнам со гел за миење лице и имам чиста кожа :)
    миристот им е ептен погоден, а и матријалот од кој се направени се разликува од останатите.
    [​IMG]

    И за крај кремава исто од Balea, која ми има совршен мирис кој ме потсетува на колачиња. Во поглед на хидрирање средина некаде е, ама како и да е мене не ми одговараат тешки и мрсни креми па оваа ми е баш по мерка :)
    [​IMG]
     
    На mims-89, ivancekitty, sweet-cherry и 5 други им се допаѓа ова.
  9. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    1. lipblush - bone bell cosmetics
    [​IMG]
    2. L'oreal shocking extension telescopic mascara
    [​IMG]
    3. Goldwell Flat Marvel ( крема за правење на косата)
    [​IMG]
    4. EOS lip balm - strawberry
    [​IMG]
    5. Revlon Jaded Nail Polish
    [​IMG]
     
    На anuskaNESTLE и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Се извинувам за офтопик ама само да прашам што е разликата помеѓу бронзер,хајлајтер...?И како го контурирате лицето? :?:
     
  11. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Обично бронзерот служи за контурирање додека хајлајтерот за да му даде некоја свежина на лицето. Еве една слика се надевам ќе ти помогне.
    [​IMG]
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.622
    Допаѓања:
    106.573
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Морам да ја пофалам новата колакција на Гарниер Фруктис за оштетена коса , јас ги имам дома само шампонот,генераторот, серумот за коса и маската за коса , мирисаат прекрасно и најважното е што имам приметено дека не ми е оштетена косата иако многу често се фарбам во последно време , јас сум презадоволна :) порано воопшто не ми се допаѓаа производите на Гарниер но сега ме изненадија пријатно со ова.

    [​IMG]

    Apivita шампон за коса со мрсен корен и суви врвови

    Исто така задоволна сум и од овој шампон, косата не ми се мрси како претходно и дава и волумен ,а не ја прави ниту сува :) негативно е само цената , околу 9 евра
     
  13. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Од каде го купи шампонот дали го има во Македонија ?
     
  14. Derby

    Derby Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Прекрасни сее :inlove:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.622
    Допаѓања:
    106.573
    Пол:
    Женски
     
  16. frose1

    frose1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    35
     

    Прикачени фајлови:

  17. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.167
    Пол:
    Женски
    Не знам колку дезодоранси сменив до сега, и од овој сум воодушевена. Преубаво мириса, не остава траги на облеката и долго време држи така да дефинитивно фаворит месецов! ^_^
     

    Прикачени фајлови:

  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.622
    Допаѓања:
    106.573
    Пол:
    Женски
    Revlon Colorstay Whipped

    [​IMG]

    Одлична пудра , веќе пишав и на темата за пудри , многу е покривна , мат е , кога ја нанесуваш потоа кожата е толку нежна , не се брише од облека,стои по цееел ден дур не ја извадиш, не свети воопшто лицето единствено што ми смета е мирисот многу јако мириса и некако ко хемија и пакувањето што е како крема што мора да ставам внатре прсти . Инаку е одлична пудра , не е скапа ја земав од ибеј се вкупно 12 евра. :)
     
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Уште еден производ од Нивеа кој не ме разочара.
    Мицерална вода за чистење на лице за сите типови на кожа со лесна и свежа текстура.
    Се нанесува на козметички памук,се поминува лицето и нема потреба од плакнење со вода.Кожата е подготвена за нанесување на крем.Може да се користи и за отстранување на шминката од лицето и од очите.

    [​IMG]
     
    На ivancekitty и hermosa им се допаѓа ова.
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Ненападан сјај, преубав мирис. Обично не сум љубител на "светлечки ефекти", ама овој лосион брзо ме освои, многу ми е симпатичен - право летни! Во ДМ- цели 136 денари.
    [​IMG]
     
    На ivancekitty и A-j-a им се допаѓа ова.