Најдобрата фарба што сум ја користела во животов , многу убаво ми фати , ми ја осветли косата, ги изгуби оние жолто-потокалови бои на косата , препрезадоволна сум исто сум задоволна и од коректоров , ми дава свежина на лицето и стои цел ден. сепак кога ќе се потроши ќе го пробам на Есте
За Јуни: 1. Фрутини пилинг за тело од кокос и банана На љубителите на кокос ќе им се допаѓа. Мириса преубаво, летно, тропско. Одлично си ја врши работата, пилингот е малку по груб со по крупни парченца што мене ми е плус, кожата ја чисти одлично и ја остава многу мазна. 200мл е солидна количина за цената од 230 денари, а јас го земав на попуст за 160. 2.Гош ББ крема Има солидна покривност слично како да сте ставиле пудра. По густа структура има од другиве ББ креми што ги имам пробано како на Гарние, Лореал, Дебора и најверојатно поради тоа е и доста прекривна. Супер избор на нијанси видов во Космо, ја одбрав 2 Беж на среден тен одговара одлично. Мене ми стои по цел ден, ја несувам само ББ кремава имам природен изглед, а сепак изедначен тен и прикриено црвенило, ситни мозолки по челото и темни кругови. Дава и сјај, а со камена или пудра во прав одозгора би била совршена и за масна кожа. 30мл има, а цената и е околу 600 денари. Јас би ја ставила пред сите други ББ креми од другиве марки во нејзин ранг. 3.Collin гел за околу очи (последното на сликата) Има разладувачко дејство и чувството кога се нанесува од гелов е многу пријатно! Бидејќи е ладен гелот ја потикнува микроциркулацијата во одрачјето околу очите со што спречува појава на темните кругови. И така им кажав Бај Бај! Незнам дали го има кај нас, треба да проверам, ни цената не му ја знам. Ако некој го забележал може да каже, знам дека во Космо имаат производи од оваа марка ама што поточно немам забележано. Јас си имам мало тестерче од 5мл уште одамна ама сега почнав да го користам и еве веќе цел месец терам со него наутро и навечер, а уште е полно. Значи од 15мл како што им е стандардната големина може да се тера пола година. 4.Фреш Минералс долготраен кармин Долготраен во смисла не се брише цел ден! Ама ми се допаѓа што со влажна марамица и со млеко за чистење шминка се вади лесно и целосно, не е како оние на Менхетн и Макс Фактор што се вадат само со операција. Боичката ме освои, е сега нијансата е како оваа на сликата, а бројчето најверојатно е ова 905900 Perfect Pair, незнам зашто волку бројки ставаат Нежна розевка-месо боја, многу природно изгледа. Ако нанесете само од карминот добивате мат изглед кој нема да се изрони или излупи ако не ставите од сјајот одозгора, а во комбинација со сјајот изгледа исто така многу убаво. Сјајот не лепи и нема гаден вкус, онака пријатен е. Цена 370 денари. Скептик бев за Фреш Минералс, а пудрите ме имаат разочарано, ама карминчево е топ. 5. Versace Yellow Diamond Perfumed Body Lotion Мириса волшебно на свежина, чистота, леснотија, рај! Толку е траен што не ти треба никаков парфем после мачкање со него. Има свиленкаста многу нежна тескстура и веднаш се упива во кожа. Не е нешто многу хидратантен ама мирисот си вреди за се! Измислен е за во лето. Цената не му ја знам бидејќи го добив на подарок, а незнам ни дали се продава посебно или само во сетови како на сликава. Просветлете ме, ќе морам да се снабдувам пак со него, ма не би ми пречело ни парфемот да си го купам.
Најпрекрасното нешто што го имам, не за еден месец, туку за цела година ! Преубав мирис имаат (посебно ми се омилени тоа од ванила и малина, синото нема мирис), даваат огромна хидратација бидејќи е путер, а не типично лабело. Погуста содржина има, па држат многу повеќе. Јас се мачкам директно од кутивче. Пакувањето е малечко и многу интересно. Се надевам дека што поскоро ќе ги донесат кај нас, јас моите ги добив на поклон.
Крем за тело. Одлично мириса, го начекав за живо џабе-100 денари. Уште едно нешто задоволително од ДМ. Ми ја разладува кожава,а исто останува мирис на кожата, па и не така лоша замена за парфем. Mоето најново откритие. После лошите искуства со Нивеа и превисоките цени на Рексона, се одлучив за поефтина варијанта која слободно можам да кажам дека е многу подобра и од Рексона и од Нивеа. И за крај пудрата. Ја добив на поклон и конечно да имам убава пудра. Пред тоа користев на Менхетен мат, што е доста покривна,но сепак паштета ефект повеќе дава,а оваа го измазнува лицето, ниту се размачкува, ако помине време за да се впие и исуши не остава ни траги(нормално освен ако не ватиш длабинско триење). Сума сумарум, најдобрата пудра до сега што сум ја имала.
За месец јули имам нов фаворит, ама ова ќе ми биде фаворит подолго време осеќам! Мирисот е неопислив, трае доooоолго време, ја прави кожата мека и мазна, I JUST LOVE IT!
Garnier Blond Booster - маска за плава коса се употребува како маска за коса, 2 пати неделно , стои на косата 10-15 мин и се исплакнува. Најубавиот производ што сум го користела досега, не пожолтува косата, не ја суши косата туку напротив -делува како маска за коса, кога ќе се измијам косата ми е нежна,мека,сјајна. Дефинитивно кога ќе го потрошам ќе земам друго, единствено негативно е милимитражата 150 мл , 6,50 евра ама се наоѓа често по супермаркетите и за пола цена
На прво место го ставам сапунот на Malizia delicate, white flowers and jasmine. Спојлер Во нашите продавници ќе го најдете во слично пакување, малце поразлично од ова. Не знам колку точно чини, но ми ја заврши потрагата по сапун за суви раце. Секакви сапуни пробав, со не знам какви хидратантни моќи, и секогаш после миењето на рацете морав да нанесувам еден дебел слој крема. Сапунчево го препорачувам на тие што имаат суви раце, пробајте го. * Гелот за туширање на Adidas. Спојлер Прекрасно ми мириса, трае подолго од повеќето гелови за туширање во однос на мирисот после плавењето. * Гелот за туширање на Oriflame , Harmony. Спојлер Прекрасен, свеж и релативно траен мирис, кожата ја прави мека и нежна. Помеѓу овој и тој на Adidas не можам баш да се одлучам. * And last, but not least! :geek: Гроздовата маст на Фитофарм од цреши. Не можам да најдам слика, но повеќето сигурно ја знаат. Ништо подобро за моите усни. Само тоа ме спасува од суви усни наутро.
Gliss Total Repair Shampoo Имам густа и тешка коса и до сега ја миев само со Wash&Go шампонот за против првут, затоа што секое негово менување ми ја правеше сува, кршлива, ми се појавуваше првут и ужасно ме чешаше, па секогаш му се враќав на истиот. Но, откако го открив овој шампон косата ми е посјајна, по лесно се пегла (и не исчезнува мирисот на шампон) и подолго ми стои права. Во комбинација со маската подолу, совршенство. Цената му е околу 120 денари. Gliss Hair Repair маска за коса После 2 пати убаво измивање на косата со шампон, ја нанесувам маската, ја оставам да стои 2-3 минути и ја плакнам. Иако избегнував користење на маски за коса поради отежнување на пеглањето, оваа е добра. Здраве крема Оваа крема ми прави чудо на лицето особено во ПМС. Ја нанесувам пред спиење, дебел слој на лицето и наутро акните се значително повлечени, дури и исчезнати. За смешни 60 денари.
Задоволна од кремава за сончање од Клиник. Не лепи,нема мирис и е без парабени. Ја земав на попуст ,14 евра Презадоволна сум и од кремава за сончање во боја. Има 50 фактор , густа како ББ крема, многу покривна , мат е, идеална за тие со мрсно лице.Е сега не стои долго време на лице,нормално , на моето лице стои околу 4 -5 часа
Avon Sugar Plum & Vanilla scented spritz Совршен е! Преубаво мириса, долго трае, би го порачала пак и пак и пак Avon Naturals Mango & Ginger Cleansing & Balancing 2-in-1 Shampoo and Conditioner Не ја мрси косата, после миењето е нежна и лесно се чешла а мирисот останува и неколку дена после миењето TianDe Milk Handcare Cream Еден од најдобрите кремови за раце кои сум ги користела, ако не и најдобар до сега. Чиста 10ка Balea Fussbutter Lovely Мелем за проблематични стапала, единствен недостаток е пресилниот мирис Bioten Soothing Cleansing Milk Имам многу сува и чувствителна кожа и мака мачев додека да најдам соодветно средство за чистење, сите ми беа преагресивни. Не очекував дека од толку евтин продукт ќе бидам волку задоволна