Cien Shower gel Не е лош во споредба со цената,заедно со стикот ги земав околу 2 евра и нешто од Лидл.Врши работа а и пре-прекрасно мириса.
Премногу ми се допаѓа овој шампон на Афродита од кокос.Се осеќа мирисот после миење и ја прави косата мека + ефтин како за во лето за секојдневно миење на коса Веќе недела време го користам овој Дове сапун и сум презадоволна од него Парфемот ми е нова љубов откритие на лето 2014 веќе кажав збор два за него во соодветната тема
Шампонов од Афродита Прв шампон кој не ми ја мрси косата (ми издржува и до 2-3 дена) + убаво мириса до наредното миење
Омилени продукти за пола јуни и цел јули. 1.Maybelline Affinimat пудра Мене ептен ми се погоди пудрава, а ја купив случајно.Доста течна стуктура има,средно е покривна, многу осветлува подочњаци и дава свежина на лице.Единствен минус и е што не покрива црвенила, ги ублажува но не и да ги покрие. Цена: 500 и нешто денари. 8/10 2.Маybelline The Colossal Go Extreme! маскара Дефинитивно ја надминува Рокетот, дефинитивно!Преубава маскара, со еден слој убави трепки, со два пак огромни.Не се рони, не се губи после некое време.Лесно се брише со влажна марамица или средство за бришење шминка, но сама од себе-не.Одлична! Цена: Околу 350 денари, + , - ,тука некаде. 10/10 3.Golden Rose Velvet Matte кармин,бројче 20 Одличен е.Навистина пигментиран,навистина убава боја,и навистина мат.Не ми се допаѓа само тоа што не е многу хидратантен.Бојата ептен ми се погоди,долго време барав нешто вакво,го изнаносев. Цена: 120 денари,ако убаво ме служи меморијата. 8,5/10 4.Balea лосион за раце Јас не можам без крема за раце, не е битно годишното време.Овој пат се решив за лосионот за раце на Балеа.Овој на сликата е од арганово масло, токму тој го имам,но имам и од боровинка.Ги омекнуваат рацете, помагаат при заздравување на испукани места и што е најбитно-преубаво мирисаат. Цена: Не се сеќавам бидејќи купував многу работи, мислам дека беше околу 100-150 денари. 10/10 5.Ebelin beauty blender сунѓерче.Last, but not least. Да ми кажуваше некој колкава разлика има од нанесување пудра со прсти до правење на истото со сунѓерче, немаше да му верувам.Одлично нешто,навистина сум презадоволна, лесно за употреба и лесно за одржување.Служи и за нанесување коректор, бленда одлично.Буквално ја стопува пудрата со кожата. Цена: 180 и нешто денари. 10/10
во новото пакување ,иако малку е потешко за ставање сепак пакувањето е закон . Има толку добро огледало на пакувањето што ти ги покажува сите недостатоци за да можеш совршено да се покриеш. Пудрата го прави лицето совршено дефинитивно 10/10 одлична пудра за во лето , не е многу покривна ама лицето го прави премногу природно и има фактор. За мене идеална пудра за на плажа 8/10
Масло за тело и коса. Се нанесува на влажна кожа (по туширање), се впива инстантно, ја хидратира кожата, не остава мрсни флеки по облеката и најважно мириса прекрасно. Кога се нанесува на коса, препорачливо е да отстои најмалку 2-3 саати пред миење. Без парабени и масла од минерално потекло.
1. Kolynos whitening, паста за заби: Ќе го започнам мојов пост со оваа паста за заби, која не ми омилен продукт на месецот туку омилен производ на годината, затоа што многу пари сум фрлила на пасти за белеење на забите, но никоја од нив не го постигнала ефектот на Колинус. Забите ми се побели и тоа за 2 нијанси, со сигурност. Цената и е повеќе од пристапна (околу 70 денари - зависно од каде ја купувате). 2. Dove, Shea Butter, СЕТ: Значи од оваа линија на Dove, нема да издовјам ниту еден продукт, туку ќе кажам дека го обожавам целиот сет кој се продава со подарок несесер. Сетот содржи: крем за тело, крем за раце, гел за туширање и антиперспирант. Незнам колку чини, зошто јас го добив на подарок, претходниот месец. Ги користам подеднакво сите производи и подеднакво од сите сум задоволна, особено од мирисот кој трае и трае, дури и облеката ми мириса вака слатко. 3. H&M, bronzing powder: Го купив во Грција, во H&M, за само 4 евра и да ви кажам сум презадоволна. Јас на лето речиси никогаш не купувам нијанса потемна пудра, зошто сум исончана туку си ја користам истата нијанса на пудра како и преку година со тоа што над неа наместо камена ставам мат бронзер (за вечерни излегувања). Бронзеров е со невидена трајност и многу добро прилега на секоја течна пудра. Воопшто не се познава и многу лесно се блендира со четка, со што крајниот ефект е измазнет и рамномерен тен. За месњец јули, толку.
oд месецот и јули исто со почетокот на август сега Revlon Photoready Bronzer , Blush and Highlight Plaette мат е и многу е добар, не прави многу боја како природно изгледа и барав бронзер без светки никаде неможев на најдам и овај го купив и мат се погоди конечно BC Nail Polish ( Neon Skull Cоllection ) преубава ми е бојава и лакот и шишенцето многу ја обожавам бојата + лакот мириса откако ќе се исуши New York Color кармин име на карминот : Petal број: 314 боја : нежно розева мајка ми го имаше едно време и многу ми се допадна па решив да си купам за мене и никако неможев да го најдам баш овај , сите ги имаше од овај кармин сите беа продадени и го најдов после неколку месеци Essie 3 in 1 Base Coat + Top Coat + Strengthener овај го пробав прв пат пред неколку дена кога се лакирав и вчера ги избришав ноктиве и здола каде што го кладов како base coat беше како да имам залепено најлон згора и барав на интернет да видам што чудо било тоа и пишуваше дека како најлонски слој правело за да ти ги заштити ноктите и навистина е многу убав , ноктите ти ги зајачува и најважно ти ги штити со таа формулата а јас имав голем проблем со тоа зошто ми се лупеа нон стоп кога ќе ги избришам со ацетон и такви работи Bath and Body Works парфем Sweet Pea преубаво мирисаааа Revlon Pencil Eyeliner Photoready - бел и црн неможев да најдам добра слика , креон од едната страна е црн од едната е бел и многу е пигмантиран , имам купено илјада креони и некој ич боја не оставаат окото треба да го рушам за да пуштат овај лесен е и многу е убав
Пре презадоволна од овие произзводи , јас го имам шампонот за плава коса и кремата за оштетена коса. Шампонот за 5 минути ми го `покри` сето жолтило , сека косата ми е прекрасна и притоа не ја суши косата. И од маската сум презадоволна , косата ми е многу мека и ми сјае Презадоволна сум и од пудрава , стои цел ден , немора да се инвестира толку многу на камени пудри кога може и за поевтини пари да се најде нешто Хидратантните кармини на ГР не ми се допаѓаа воопшто , највеќе заради мирисот , но овие се прекрасни стојат со часови и за 120 денари супер е карминот , јас сега за сега ги имам 03 и 04 ама ќе си купам и други обавезно
За месец јули: 1. Bioderma мицеларна вода. Пред некое време го потрошив шишенцето за осетлива кожа и ако тогаш останав воодушевена, овој пат не можам ниту да опишам колку повеќе ми се допадна верзијата за комб./масна кожа. Преубаво средство, конечно имам чувство дека лицето ми е чисто и свежо и ослободено од ситните гадотии кои се собираат низ порите, па и досадниот мрсен сјај кој ми се јавува премногу често на топлово време. Одличен производ, апсолутно вреди за парите и би го купила повторно и повторно. 2. Benefit they're real push up liner. Долго време се мислев дали да го земам, се убив од гледање ефекти по слики и навистина сакав да се уверам дали навистина е толку добар. Лајнерот е фантазија! Лесно се аплицира, многу е издржлив и многу лесно се постигнува winged ефектот. Првите две-три аплицирања се малку чудни, но за брзо се стекнува навика. Многу е прецизен и пушта баш blackest black боја, а и лесно се стигнува до саканата дебелина. Ако некогаш донесат Benefit козметика кај нас, ќе се истопам од среќа+лигавење пред штандот. 3. Eveline diamond gloss лак за нокти. Откако ги израснав и зацврстив ноктите до саканата должина, прекинав да го користам лакот за потткинување на растот. Ноктите ми растеа како луди и ја губеа формата, па ми дојде преку глава ден - преку ден да бидам со турпијата во рака. Овој diamond gloss е одличен и како база и како надлак. Безбоен е, дава одличен сјај кога се нанесува како надлак и се заљубив во него. Конечно ноктите ми изгледаат примерно и сјајно и не ми оставаат чкртаници по листовите. Три пати ура за Eveline! 4. Dahlia крема за раце со алое вера. Одлично решение за оние кои си патат од сувата кожа на рацете и во текот на летото. Ја најдов на бирото кај мајка ми и скришно си поткраднував додека не се наканив да ја купам, а верувајте, не ми беше потребно мнгу време за тоа. Хидратантна и лесна и што е најважно - ефтина. Кога се работи за кремите за раце, не ми се даваат многу пари затоа што навистина брзо ги трошам. Оваа е одлична, засега ми е омилена и не се делам од неа.
Најпрво започнувам со моите 2 чуда на месецот,со најголеми пофалби до koritsaki Estee lauder double wear, досега не сум користела ниту еден производ со кој се гледа разлика уште при прво нанесување, бев И второто Rimmel stay matte камена пудра, многу покрива и супер изгледа над течната од Есте Лаудер Babylips презадоволна од зелено,сино, розево, лилјаково, најНЕзадоволна од портокалово. Воопшто не ми се допаѓа, има чуден мирис, и остава груба црвена боја. Останатото е 10ка Max factor лак за нокти max effect , pretty in pink. Не знам за цена го добив на подарок ама преубаво стои, долготраен и сјаен. Препорачувам. Max factor коректор, добив тестер и планирам да го земам бидејќи ептен ми одговара кога не нанесувам пудра И последно Викториас Сикрет на намаление се на фришоп, не на Македонскиот, да не сте се излажале цените им се за разлика од Грчкиот напумпани до небо. Презадоволна од Love spell
За почеток, направив промена на шампонот за коса. Бидејќи пола година го користев тој од Афродита од лук против опаѓање, ми се потроши и решив да сменам. Незнам за вашето искуство, јас сум фарбана црна боја на коса иако сум природно црна, претходно бев фарбана други бои, се одлучив да го земам шампонот против оштетена и сува коса мислам дека беше. Прекрасен е и убаво мириса. Косата ми е свиленикаста и мека. Баш така како што сакам јас. 10/10 За месец август мада и за секој нареден. Јас сум задоволна и од една маст, лечи се. Устата ми беше сува и воспалена. Користев нивеа бидејќи бев во странство и едно лабело за уста, нивеата колку толку ми помогна, но кога дојдов дома си го барав Кутерид. Да, Кутерид за 2 дена устата ми е старата, нежна и мека и воспалението ми го нема повеќе. За сега толку, па ако имам уште нешто ќе си допишам.
1. Пилинг за тело од Авон (од новите тој розовиот) 2. Антиперспирант Балеа (розевиот) 3. Пастата Kolynos