Да се надополнам за месец август Ги добив перлите на подарок и за роденденската вечер ги пробав. Дефинитивно се добри и се добива боја со едно нанесување ( со четка се разбира).
Не се сеќавам кој производ во кој месец сум го користела, затоа листава нека биде посветена на производи за ова лето Nivea шампон и регенератор Обично не експериментирам со шампоните, ама ми се најдоа овие два производи во несесерот, па ги испробав и сум презадоволна. И шампонот и регенераторот се одлични и имаат многу пријатен и освежителен мирис. Palmolive Mediterranean Moments Morocco гел за туширање Леле, ова е прекраснотии невидени! Се вљубив во мирисот и во нежнотијата што ми ја остава на кожата Силиконски капки Crystal and Tonic Досега ги користев само оние од Авон, ама не ми се чекаше сега, па ги купив овие. Убав мирис имаат, некои големи разлики во ефектот јас не забележав, а поевтина варијанта се. Avon 3 in 1 oil control За мојава комбинирана кожа е петка, мене ептен ми се погоди. Има многу освежувачки мирис и ми стана омилен производ за утринско чистење на лицево. Johnson's лосион за тело со мирис на лаванда Многу лесна структура, не е леплив и има пријатен мирис. Таман за вакво време. Две тубички потрошив летово. Лак за нокти Golden Rose Rich Color 50 Омилен лак за последниве неколку месеци. Ми се чини дека немам парче летна облека на кое не ми одговара. Многу убава нијанса, никако да ми досади Golden Rose Matte Top Coat Ми се чини дека и најшкуљавата нијанса на лак ја прави поинтересна Snake Oil Foot Cream TianDe Од каде ја довлечка мајка ми кремава стварно не знам, ама убавини е! На форумов прочитав пофални зборови и за други TianDe производи, дефинитивно ќе пробам уште некој.
-Кога бев на одмор изгорев од сонцето и почна кожата да ми се лупи, ставив од кремот и повеќе НЕ се лупев. -Потоа имав рана, од некоја инфекција на кожата и ја чепкав повеќе време ја разлутив, ставив од кремот за 1 ден ми омекна, се излупи и помина. -Кожата на рацете секогаш ми е многу сува, кога ставам од кремот ми станува ептен мека, хидрирана и трае. -Нежно и пријатно мириса (мирис на рози), ептен ја омекнува кожата, ја прави како свила. Овој ми е и ќе ми биде НАЈомилен продукт на животот. Го препорачувам на сите. Не е многу скап, го нарачав од една жена. Ќе пишам повторно кога ќе знам од каде може да се набави на друго место.
Nivea in-shower од какао и nivea бебешкото млеко за тело (кое посебно ме воодушеви поради фактот дека е без алкохол, парабени и бои) дефинитивно ми се откритие на месецов кои со сигурност ќе ги користам уште многу месеци ако не и години, се разбира во случај ако не ми здосадат набрзо како и секоја друга козметика. Патем гледам сите ги фалите производите на балеа, и мене ми се преубави имав гел за туширање на балеа и презадоволна сум, но бидејќи ми го донесе една другарка од Бугарија не знам каде може да се купат овие производи во Битола, по маркетиве никаде ги немам сретнато, ај ако знае некој нека ми каже
Овој месец моите три најомилени продукти се: Девојки да знаете само колку убаво мириса . Исто како парфем да сум ставила и плус ми ја прави кожата мазна Пудрава ја обожавам . Немам зборови. Едноставно преубаво мириса .
Овој месец имам повеќе омилени производи што ги утепав од користење: Garnier Moisture Match гел-крем за лице за комбинирана/мрсна кожа Значи преубаво свежо мириса, многу нежно и мазно го прави лицето и одлично е како подлога за шминка. Aura Absolute Shine сјај за уста Квалитетно, не лепи премногу а бојата е доста пигментирана... Одлични! Конкретно ја користам 510 Light Caramel нијансата, I'm in love! А во комбинација со карминчето од Golden Rose Velvet Matte нијанса 01 - совршенство!!! Gosh перли - едноставно прекрасни! Golden Rose Silky Touch Matte сенка за очи - убава чоколадна кафеава боја, лесна за нанесување. Kolynos паста за заби - прочитав повеќе пофалби од вас за пастава па решив да ја пробам и мислам дека малку по малку почнуваaт да се гледаaт рeзултати, веќе има мала разлика во забите во однос на бојата и на намалување на флеки од кафе и слично!
Овој месец може да се каже и цело лето омилени ми се: 1.[imghttp://1.bp.blogspot.com/-_PBlT8KWJOk/UpnWBgcv5_I/AAAAAAAAAsI/OPP4WOtggis/s1600/1460028_225973884246722_1786297490_n.jpg][/img] лонсионов каде што ми го чисти лицево подобро и од други препарати за чистење на лице дури ги суши и ги снемува за ден-два мозолчињата 2. Го освежува лицето и го прави меко и нежно
1. Oriflame Beauty Палета коректори Палета од три коректори за прекривање на сите недостатоци на кожата. Совршени за корекција секогаш кога е потребно во текот на денот. Содржат нежни состојки за третман на мозолчиња, добра хидратација, смирување на кожата и редуцирање на црвенилото. Овој производ за мене е производ на годината. 2. Dancing Lady Hypnotic Night Тоалетна вода од Орифлејм Неодолив, интензивен и сензуален мирис со егзотичните ноти од шафран, ангелски фламенко и крем од сандаловина во пакување од 50 мл.Создаден за летните вечери. 3. Лак за нокти Glden Rose Paris 83 Го користам само во летниот период,а бојата на циклама ме потсетува на цвеќе.
Овој месец се изнакупував многу работи , ама ќе одвојам 5 кои ми се најфаворити. Let's get started! Е.L.F. Makeup mist and set Безалкохолен спреј за фиксирање на шминката .Може да се користи и во текот на денот за освежување на шминката . Essence all about matt Мислев дека после ставање на пудрава ќе изгледам како каспер во лицево , ама воопшто не се познава. E.L.F. Counturing blush & Bronzing powder - St lucia Треба нежно да се помине со четкичката во бронзеров за да не изгледа како еурокрем да си ставил на лицето, а за темен тен е идеален.Ружот има бледо розева боја , предобар за дневна шминка.Содржат и светки , кои мене не ми сметаат. Maybelline baby lips - pink punch Се изненадив колку е пигментирано лабелцево , ми мириса на мастики мммм. .Би купила уште 10 во истава нијанса. Е.L.F. Lip stain Да знаев дека постои овој никогаш немаше да купам од макс фактор .Малце само ми е потраен макс факторот.
Остава убава розева боја, за нега не е баш којзнае што. За овој балзам имам само пофални зборови. Преубав, освежувачки мирис.
Омилен производ на месецот и засекогаш. Толку јака формула која кај мене не дозволува ни малку да се испотам, не остава трагни на облеката, и мириса.....ммммммммммм свежо. Не би го менувала ѕа никој друг.
1. ептен задоволна сум добра покривност има ... Спојлер 2.се мачкам после капење супер е.. Спојлер 3.најомилениот овој месец .. Спојлер 4.мн сум задоволна и од кремот бб од лореал парис ... Спојлер
Благодарност до феминката која го спомна шампонов е чудо, Нивеа може вода да му носи косата до сега не ми била толку убава иако имам испробано секакви поскапи шампони,а имав и проблем со мрсна коса, сите вие кои се тепате со мрсни коси, еве ви го решението.. Dolce i Gabanna Light Blue парфем, го купив пред 1 недела од грчкиот фришоп намален беше 20% мириса најпрекрасно,летно и свежо како лиметка,цитрон,лимон.. Препорачувам
За месец септември Јас обично не купувам сенки од пазар бидејќи се ронат и не траат долго. Но, за овие многу размислував и решив да ги купам. Квалитет за малку пари,ќе си траат доста време. Јас преферирам мат сенки, а една нијанса ми се допадна одлично, кога ќе ја нанесете не се приметува дека имате ставено сенка. Спојлер Ленти за депилација на Balea - за бркови Ги користев на Вит но, после остранувањето на лентата многу печеше и многу црвенило имав. Ги купив на балеа и сум презадоволна, не се скапи во дм се 130 денари со 20 пакувања внатре. Јас еднаш месечно се депилирам, па ќе имам доста време. Спојлер Catrice matte - камена пудра за лице. Прв пат да погодам нијанса на пудра за моето лице. Има добра покривност и стои, но не долго време. Светнувам за некои 3-4 часа, па ја користам само за вечерни излегувања. Има добри нијанси. Спојлер Туш за очи за мега ефект Авон. Јас никогаш не сум користела на Авон тушеви, но овој ми падна во очи поради четкичката, како маркер е. Дефинитивно нема да зажалите, лесно се оцртува и брзо се суши, што е најважно не се размачкува. Вреди за парите. Спојлер
Значи мириса прекрасно и трае долго, а не како некои после 5 минути и како да не си се намачкал. откритие на месецот ми е и ќе си го користам уште мнооооогу долго
Гел за туширање и лосион за тело од лубеница на Балеа Ги земав овие две работи од МК , гелот за туширање е сон , цела бања мириса толку убаво мириса што ми доаѓа да го изедам и сега си ја чукам главата што не си купив уште 1-2 пакувања овде кај нас нема ДМ маркети памет за др пат ога ке доаѓам во мк ќе купам повеќе пакувања