Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    1.Балеа восок за коса

    Јачина од 1 до 5 ,му е 3. Го користам за да ги залепам бебешките влакна и да не ми штрчат насекаде. :D Има многу пријатен мирис и не е тежок,леплив,да ја замастува косата.

    [​IMG]

    2.Др.Чолиќ маска за лице

    Прекрасна е,ја прави кожата мазна и мека.Содржи аминокиселини од растително потекло. И можда си замислувам ама ми го прави лицето одморено и свежо.

    [​IMG]

    3.Catrice eyebrow lifter

    Ова е кожа боја моливче,се нанесува под веѓите и ги прави истакнати. Нешто како хајлајтер за делот под веѓите. Убаво е ама само умерено нанесено,во спротивно дава многу драматичен изглед.

    [​IMG]

    4.Catrice pure shine colour lipbalm

    Леле како мириса,ми доаѓа да го изгрицкам. :D Ми мириса на колачи мене. Хидратантно е и остава малку боја,така проѕирно е.
    Обавезно ќе купам уште некоја боја.
    [​IMG]

    5.Catrice blush brush

    [​IMG]

    Четка како четка,мека е ,нежна,не и испаѓаат влакненца(барем за сега). Од понискобуџетните четки мислам дека е една од подобрите.

    6.She stylezone eyeliner

    Многу го сакам тушов. Мека четкичка има,лесно се нанесува.И има повеќе бои од класичната црна. Има и светкави варијанти што се особено интересни.

    [​IMG]

    7.Catrice lippencil

    Се насобраа многу Catrice продукти,ама нова е фирмата и се сакав да пробам. :$ Испадна дека имаат интересни работи. Моливчево за уста е со многу убава боја,некоја праскеста нијанса е. Пишува дека е водоотпорно,ама не е.Трае некаде 2-3 часа што е во ред. Само што иако ептен ја сакам нијансава,требаат многу бели заби за да делува убаво на устата.

    [​IMG]

    8. Catrice lash brow designer и Catrice eyebrow pencil

    Прво го користам моливчето,за пополнување на веѓите,па се убаво зацврстувам со безбојната течност. Многу природно делуваат веѓите вака и плус се си останува на место. Фиксирани се така како што ќе ги исчешлам со малото чешле што оди со моливчето.
    [​IMG]
    [​IMG]

    П.С. Имаше сличен продукт на Lash brow designer ама беше во боја, ептен ми фати око,ама ме буни тоа што има само една нијанса. Ако некоја го има користено,да сподели нешто околу него. :)
     
    На anuskaNESTLE, EMoonlight, simoncelicius и 7 други им се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Омилените продукти за месец Август се оние кои го обележаа мојот летен тропски изглед :lol: Бидеќи ги убив од користење додека бев на одмор, а и одкако се вратив заслужено се наоѓаат на листава.

    1. Carroten Gold Shimmer Tanning Gel
    [​IMG]
    Го имам спомнати во друга тема ама еве пак подетално. Кремов нема заштитен фактор, а е наменет за интензивно потемнување на веќе исончана кожа. Има бронзени светки и остава нежна кафена боја ама одкако убаво ќе размачка не делува селски и нападно, баш кожата ја прави да изгледа природна, а толку секси, мазна, светликава и бронзена. Јас го ставам негде после 3 дена сончање ама кога е псолабо сонцето околу 5-6. На јако сонце или без фактор одоздола нема шанси да го ставам, лани се зезнав така па ми изгореа колената што неможев да ги свиткам :D . Навистина ја потемнува кожата доколку се изложувате на сонце со него, а и подолго ја задржува. Јас сеуште не сум почнала да се лупам одкако го користам, а на 25ти Август се вратив од одмор, а обично се лупам одма штом се вратам. Мириса преубаво и многу споро се троши, мене ми е од лани, а го потрошив скоро до пола. Чини околу 500 денари во Космо, а го има и во грција во Лидл околу 5-6 евра ми се чини дека беше. Еден совет, доколку сте со бели купаќи не го употребувајте зашто никад нема да ги исперете.

    2. Diorskin nude tan BB Creme
    [​IMG]
    Обично никогаш не користам пудри или ББ креми кога сум исончана ама оваа година морав бидејќи лицето ми е цело со ситни мозолки кои никако не ми поминуваат. Лицето не го ни сончам воопшто бидејќи ми излегуваат флекички така да ББ кремава ми се најде одлична за изедначување на тенот и додавање малце потемна нијанса на лицето за да биде иста со онаа на вратот и телото. Оваа линија на Диор е специјално за исончана кожа наменета, нијансата 001 ми беше идеална за мојот тен, другите две се многу темни. Има 15ка заштитен фактор, многу лесна структура има, брзо се впива во лицето и мене барем ми го прави мат, колку и да шетам по сонце и по топло лицето не ми изгледа мрсно туку многу природно и свежо, не е оној баш класичен мат туку онака нормално. Добро прекрива, 30мл е, јас ја земав 33 евра, кај нас е нешто поскапа ако не се лажам околу 2500.

    3. Loreal Volume Million Lashes Excess
    [​IMG]
    Предобра маскара, екстра црна боја остава, четкичката и е гумена убаво ги расчешлува и ептен ги издолжува трепките. Дава и густина ама иако е наменета за волумен мене некако ко повеќе да ми ги издолжува одколку што им дава волумен ама и онака ми се густи трепките. Би рекла и дека е долготрајна затоа што ми стои со часови и воопшто не се размачкува на топло време. Ми се допаѓа што четкичата е доста голема и сите трепки наеднаш ми ги опфаќа. Цената и е околу 700 денари во Космо.

    4. Rimel кармин Kate Moss 06
    [​IMG]
    Прво карминче ми е од оваа фирма, го имам уште од зимата ама некако бојата ми беше ептен летна па не го користев. Бојата е иста како на оваа слика, незнам зошто кога го пишав на гугл бројчето некои различни најнси ми даде иако се работи за истото карминче. Кај мене на уста стои исто како што изгледа на оваа слика, а не како на оваа на пример:
    [​IMG]
    Кај мене е ептен џиш :lol: Бојата ми се допаѓа ептен, дека е корална, тропска, летна, жешка и на исончан тен стои феноменално. Резервирана ми е за вечерни излегувања, малце е ту мач за преку ден, со устава моја има сите да ме гледаат, а тоа го мразам. Задоволна сум и од трајноста и хидратантноста, за 200 денари добив и повеќе од тоа што очекував.

    5. Loreal Glam Bronze
    [​IMG]
    Мојот најомилен бронзер на сите времиња и продукт што го заокружи мојот летен изглед! Има две нијанси блондс и брунетс, јас секогаш го зимам блондс затоа што нејќам да бидам многу напанда и темна со брунетс иако и тоа не е многу темно. Преубава боичка ми остава, ставам на јаболчниците одкако ќе контурирам малку со мат бронзер и баш ми ги истакнува и ставам на коската под очите во многу мала количина, ми дава нежен сјај и го финишира бронзениот изглед. Со оглед на тоа што имам пробано и бронзери од Диор, Клиник и Есте овој ми е незаменлив и иако чини три пати поефтино од нив мене ми е број еден. Чини околу 700 денари во Космо.
     
    На LaraSolare, anuskaNESTLE, EMoonlight и 14 други им се допаѓа ова.
  3. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Претходниот месец испробав многу нови производи и еве неколку фаворити :



    Не знам зошто никогаш го немам “приметено“ претходно овој гел/крем за туширање, за да ми биде избор за купување. Препознатливиот мирис на Нивеа.. остава преубаво чувство на мека кожа по туширање, нема потреба ни од млеко ни крема за тело..



    Овој бронзер, го купив летово од Хрватска (за подоцна да видам дека и тука ја донеле линијата на Catrice во ДМ), за некоја ефтина цена од околу 200 денари.. и пријатно ме изненади.. остава убава дискретна кафена мат боја.. и што е најбитно не “мава“ на портокалово, што е случај со мн други вакви бронзери.. Препорачувам :)



    Исто така и овој дезодоранс никогаш не ми бил “опција“ за купување, а навистина не знам зошто.. ПРЕУБАВ мирис, свеж, траен, мириса на ЛЕТО, на убаво и чисто.. штета што одамна го немам видено по нашите маркети.. (исто така купен од Хрватска)



    Мицеларна вода на MIXA, искрено го купив ова чудо од љубопитност, да видам што се толку фалени овие мицеларни води.. и останав WOOOW, баш како на рекламите со еден потег ја вади шминката.. јас го имам пакувањето од 400 мл (купено од ДМ во Србија на попуст за 200 и нешто денари, тука се доста поскапи..но вредат :))



    Спрејов за тело од Body Shop го добив за подарок, и стоеше долго време бидејќи не ми се допадна мирисот првично.. летово да почнам да го користам и сосема сменив мислење, на почеток има јак мирис да подоцна се развие во преубава нежна, ненападна нота на цветови.. која трае и трае и трае... :up:
     

    Прикачени фајлови:

    На Sexybaby86, mims-89, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.368
    Пол:
    Женски
    Омилени продукти за летово.
    1.Балеа Mango Mambo bodyspray
    [​IMG]
    Во текот на летото постојано со мене си носам спрејчиња чисто за освежување, а овој ептен ми се погоди зошто има лесна текстура, освежува и плус неверојатно добро мириса.Не е како оние спрејчињата на Авон на кои им се губи мирисот веднаш, но сепак нели не трае толку долго како парфем.Во секој случај задоволна сум, а и цената е доста пристапна.

    2.Baby lips-Pink Punch&Cherry Me
    [​IMG]
    Постојано на интернет читав одлични reviews за лабелава, па конечно успеав и јас да ги купам и да ги испробам.Мирисаат најслатко на свет, да можев ќе ги изедам, оставаат малку боичка, таман за секојдневно користење и што е најважно од се ми ја оправија устава.И да, за нијанса повеќе ми се допаѓа Cherry me.

    3.Clean&Clear Blackhead Clearing Cleanser
    [​IMG]
    На самото шишенце пишува дека ќе има резултати уште од првиот ден, што ми беше тешко за верување, ама за недела дена веќе почнаа да се покажуваат резултатите.Го користам веќе месец ипол, сабајле и навечер, и прилично задоволна сум, убаво, темелно и длабоко чисти, ми се намали појавувањето на црнки и не ми остава црвенило после чистење на лицето.Планирам да го користам продуктов долг период.

    4.Здраве-Акне Стоп Локален гел против акне
    [​IMG]
    Заедно со тоникот на clean&clear се одлична комбинација.Се става локално на местата каде што има акни и за брз период ги суши и се повлекуваат, нема црвенило и спречува повторна појава на акни.Не е баш ефтино со оглед на тоа дека тубичката е минијатурна и има 15 мл., ама доста помага.
     
    На mims-89, EMoonlight, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.075
    [​IMG]
    Ја влажни кожата, има убав мирис и дискретно светка.
    [​IMG]
    Заштита од сонце во капсули. Предобри. Поеластична ја прават кожата и косата добива убав сјај. Секако, пак ќе си ставите заштитен фактор, но понизок, значително понизок. За оние со светол тен кој лесно горат се задолжителни. А да и малите први плитки брчки ги снемува магично, кожата е затегната и сјајна.
    И маст со невен од Зегин, не можам да најдам слика.
    Маст хев бјути продуктс.
     
    На anuskaNESTLE и mims-89 им се допаѓа ова.
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Овие две ми беа хит на летово :D Она од бадеми го барав ептен долго во Мк,ама на крај го најдов во Грција и си искупив еден куп,да ми траат цела зима :D Мирисот и чувството на кожата,прекраснотии!

    [​IMG]
    Путеров е совршен за летниот период.Освежува,мириса прекрасно,малку ми фалеше да го изедам :lol:

    [​IMG]
    Летно време избегавам тешки парфеми,па овие спрејчињата од Авон ептен ми се корисни.Ова лето го утепав користејќи,3 шишенца отидоа сигурно.

    [​IMG]
    Шампонов ми е најубав и најсоодветен за мојата луда коса,ја прави мека и сјајна,а нема електризитет.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. loreddie

    loreddie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67




    Каде можам да го најдам здраве акне стоп гелот и по која цена? :)
     
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.368
    Пол:
    Женски
    Jaс го земав од Бугарија, околу 10 лева = 300 денари :)
     
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    1.Johnsons baby лосион за тело со мирис на лаванда

    Лесна и пријатна структура која брзо се впива и не создава непријатно чувство на лепливост.
    Кожата ја прави мека и нежна.Мирисот на лаванда се задржува неколку часа во текот на денот.
    Погоден е за употреба во секоја сезона.
    Цената е 180 ден.
    [​IMG]

    2.Отстранувач за лак за нокти Dahlia

    Еден од најдобрите козметички производи за нега на нокти што сум ги користела.
    Не содржи ацетон, не ги суши ноктите, лакот се отстранува со мало количество без да остава траги и има мирис на праска.
    Кремот за кутикули е дополнителна нега за ноктите што значи дека повеќе не се оптоварувам со изборот на посебен производ за таа намена.
    Цената е 80 ден.

    [​IMG]

    3.Антиперспирант ролон Fresh natural од Нивеа

    Како долгогодишен корисник на производите на Нивеа посебно сум задоволна од овој производ.
    Негата и хигиената на пазувите е битна во секој период, а особено во лето.Доволно е малку да се нанесе за да постигне ефект и бавно се троши.Свежиот мирисот се чувствува 48 часа дури и на облеката.
    Цената е 140 ден.
    [​IMG]

    4.Четирибојни сенки за очи од Авон

    Имаат добра покривност,интензитет на бојата и долготрајност,па ми одговараат на типот на кожата која е помасна на очните капаци.Освен тоа од оваа палета има голем избор на бои.
    За тие со помасна кожа навистина се добри.
    Цената е 310 ден.
    [​IMG]

    5.Optimals Bust хартиени марамчиња за чистење на лице од Орифлејм

    Омилен производ засекогаш за мојата комбинирана кожа.
    Пожелно е да се користат пред нанесување на шминка на чисто лице, а може и по неколку часа од нанесување на пудрата.Се во зависност од типот на кожата (комбинирана или масна).
    Секојдневно ги употребувам и многу сум задоволна.
    Ги препорачувам на сите девојки со масна т-зона.Лесни се и практични за носење во чанта,а толку неопходни во текот на денот.
    Едно пакување има 50 парчиња по цена од 153 ден. која варира во каталозите.
    [​IMG]
     
    На anuskaNESTLE, EMoonlight, A-j-a и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.927
    Руменило Rimmel stay blushed - peach flush 003

    Иако на тубичката пишува liquid овој производ има како некоја мус текстура, одлично е пигментиран и потребно ви е мноогу малку од истиот да нанесете за да добиете природен финиш на лицето. Исто така имаат одлична трајност. Е сега мене нијансата не ми е погодена, ова што го имам ми е како за потемен тен, а јас сум бела, но како и да е ова е нешто што треба да се има.



    Маскара Catrice lashes to kill

    Супер маскара за уште посупер цена :). Лесно се нанесува, им дава солиден волумен на моите трепки и не ги слепува.


    Дермогал лосион за лице

    Одлично отстранува нечистотии и маснотии од кожата.


    Кармин Golden rose vision lipstick 105 (средниот на сликата).

    За неговата цена кај мене супер си ја врши работата. Мат а сепак не ми дава ефект на засушени усни, со одлична трајност и пигментација. Би си купила уште некоја нијанса.
     

    Прикачени фајлови:

    • P2050218.JPG
      P2050218.JPG
      Големина на фајлот:
      90,6 KB
      Прегледи:
      1.076
    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      6,1 KB
      Прегледи:
      1.076
    • download.jpg
      download.jpg
      Големина на фајлот:
      3,7 KB
      Прегледи:
      1.077
    • images (1).jpg
      images (1).jpg
      Големина на фајлот:
      5,2 KB
      Прегледи:
      1.077
    На EMoonlight, Doozy и rainbowec им се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.620
    Допаѓања:
    106.573
    Пол:
    Женски
    Sephora Lip Stain 01

    [​IMG]

    На овие мат карминчиња на Сефора им нема замена - поубава црвена боја не постои на светов , трајни се , не се бришат лесно , ги имам и дреч розевото и кафеното а најнормално сега и црвеното го земав :D
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Master drama Maybelline молив за очи
    [​IMG]
    Одличен молив за очи,долготраен кој не се размачкува.Трајноста му е огромна,затоа и малку потешко се одмива.

    Clinique Lash Power Mascara Long-Wearing Formula
    [​IMG]
    Мислев дека за мене подобра маскара од Лореал милион лашес не постои,се додека не ја пробав оваа маскара на Клиник.Предобра! Немам зборови колку сум воодушевена од маскарава.Убави бујни трепки со најприроден изглед на свет,исто како да немам нанесено маскара воопшто,ниту ги чувствувам трепките како тешки што е случај со скоро сите маскари,ниту се рони,ниту прави грутчиња.Не е ниту премногу течна ниту пак густа,таман си е.Четката и е совршена за нанесување,прецизно и без размачкување,трепките разделени,долги и густи.
    Трае бесконечно на очи,а се одмива многу лесно,само со топла вода.
    Кај нас колку и е цената незнам,ако знае некој нека ми каже,јас ја купив од duty free.
    Ја препорачувам,нема утка.

    L'Oreal Lumi течна пудра
    [​IMG]
    После долг период купувам течна пудра.Ја купив Лореал Луми и ја користам цело лето.Јас сум презадоволна,лесна пудра,доста трајна (сигурно околу 6 часа со минерална пудра во прав врз нејзе)
    дава природен,свеж изглед на лицето.Солидна покривност во комбинација со минералната пудра во прав од Лореал мене ми е супер.

    Ahava dead sea minerals plants крем за тело
    [​IMG]
    Хидратантен крем за тело,ја прави кожата мазна и мека,нежен не нападен мирис.Ahava е 95% природна козметика со минерали од мртво море без парабени.Може да се нарача од интерент.

    D&G Light Blue Dolce&Gabbana
    [​IMG]
    Најубав и незаменлив,мојот омилен парфем.Повторно го купив,го користев цело лето,а планирам и зимава да продолжам.
     
    На anuskaNESTLE, EMoonlight, rainbowec и 7 други им се допаѓа ова.
  13. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Шмпонот и регенераторот на Schauma Fresh it up наменети за корен што брзо се масти и суви врвови на косата. Мојата коса е токму таква, шампонот убаво ја чисти косата и при тоа не е агресивен, а регенераторот задоволително ми ги омекнува сувите врвови. Резултатот е убава, свежа и мека коса 2 дена, после тоа веќе 3 ден почува да се мрси. Формула без силикони со млеко од цвет пасифлора. Мирисаат фантастично. :inlove:
    [​IMG]

    Лусионот на Johnson baby bedtime
    Лесно се размачкува и одма се упива, при тоа убаво ја навлажува кожата и најбитно не е леплив и тежок ко некоја мрснотија да останува на кожата, туку кожата е мазна и мека. Ептен ми се погоди за мојата нормална кожа, незнам како и порано не сум си го купила. Има арома на лаванда за опуштање и да навистина опушта и мирисот се осеќа некое време на кожата, а не дур да се обечеш да го снема.
    [​IMG]

    Nivea Cream
    Си го купив за да ми стои во купатило за после миење на раце како крема за раце, што се покажа одлично кремчево за таа намена. Хидрантно е, многу ми ги омекнува рацете и лесно се упива. Во последно време понекогаш си го користам и како ноќна или дневна крема за лице што исто ми се покажа супер доколку нанесам многу малку во спротивно би ми бил премрсен. Не ми предизвикал бубулици или некоја алергија дури мислам дека ми го зачистува лицето. Памтам дека овој крем мајка ми го корстеше со години зошто имаше многу сува кожа и се сеќавам дека овој крем на времето беше мнооогу мрсен ама очигледно е дека му е сменета формулата и е прилагоден да може да одовара и на тие што имаат нормална и комбинирана кожа. Исто се покажа добро и како лабело, додека за тело не го сакам зошто многу тешко се размачкува и останува како мрсно на кожата.

    [​IMG]
     
    На LittlePinky, EMoonlight, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  14. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Одамна немам пишано ништо на темава па редно е да сумирам што највеќе користев летово. Малце подолг пост али нема везе :lol:
    Да почнам од лице и шминка
    1.[​IMG]
    кремава ја добив гратис со мицеларната вода на лореал, втор пат ја користам и сум многу задоволна, убаво ми го негува и измазнува лицето, не ми го мрси. Наменета е за нормална до комбинирана кожа и мене совршено ми одговара и за посувите делови на лицето а и за т зоната која ми е по масна.

    2.[​IMG]
    Пудрава кој ја купил нема шанси да не ја стави во фаворити. Доволно е кажано и од другите феминки за неа. Најсовршена пудра на светот за тие што имаат проблематично лице и помасна т зона, мислам дека не е за сува кожа. Веќе пишав во соодветната тема за неа, огромна препорака од мене, време да одвоите за ова совршенство.

    3.[​IMG]
    Коректоров е и повеќе од солиден за цената. Убаво ги покрива темните кругови околу очите, јас немам многу модри подочњаци али ми се по малку модри и кожата тука ми е почудна по жолта некако. Од сите коректори кои ги поседувам овој ми е моментално фаворит. Може слободно да им парира на доста поскапи коректори/илуминатори.

    4.[​IMG]
    Руменилово е вистинско чудо. Цената е и премала за тој квалитет. Сосема е малку доволно за интензивна боја која трае цел ден. Веќе месец дена го корисам скоро секој ден и шаркиве што се на него се исти како кога го земав што значи дека многу малку е доволно за интензивна боја. Јас ја имам таа најдреч розевата од овие само не можев нормална слика да најдам од неа на интернет.

    5.[​IMG]
    Овој шампон за туширање го користам веќе година дена а мислам дека не сум го спомнала на темава. Прв шампон чии мирис стои на телото после туширање и мириса бре неколку саати. Пресовршен мирис, не ја суши кожата. На попуст во грчка беа два од по 650мл за 5евра, не се пропушта никако :lol:

    6.[​IMG]
    Негата на мојата коса ја доверувам на истата фирма и воопшто не сум разочарана, напротив воодушевена сум. Ги користам шампонот и маската за фарбана коса и сум презадоволна. Бојата подолго ми трае а косата после неа мириса сигурно уште ден два.

    7.[​IMG]
    Чудово го користев на одмор некои 3-4 дена и ненормално поцрнев од него како ниедна година до сега. На вториот одмор го ставив еднаш само и бојава не паѓа никако, а баш годинава сакам што побрзо да ми падне бојата :?: Иначе единствена мана му е што се можно околу вас ќе офарбате и пешкир и посветли купачи ако носите, и не се вади тоа од нив... И според мене уште една негативна страна е што многу е масен и дури и да не се мачкате пак цел ден се лепите од ова. Гушкање во вода заборавете исто пошто ќе се лизгате цело време.

    8.[​IMG]
    Ова го земав од грчка пред некои 2-3 години и годинава го дотрошив за жал. За изгореници е мајка, најубаво ја смирува и лади кожата, а јас секоја година првите денови од осмор сум рак со што год да се мачкам. Многу ми е жал што не можам да го најдам никаде во грчка, најдов само некој гел за после сунчање ама не е тоа тоа.

    9.[​IMG]
    Млеково демек го штедам пошто е малку поскапичко ама тешко ми оди, скоро цело ми е потрошено ама не можам да му одолеам на мирисот и кожата каква мека ми ја прави. :inlove:

    10.[​IMG]
    Prada candy l'eau ако некој не го познае на сликата ама преубава ми беше морав таа да ја ставам :lol: а и во парфемов сум презаљубена и осеќам дека многу брзо ќе го снема. Мириса на нешто слатко на благо, преубаво, и комплименти од неколку машки добив за тоа како сум мирисала :$
     
    На ivancekitty, anuskaNESTLE, mims-89 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    И јас дојдов да го фалам Фреш ит ап шампонот на Шаума :D
    Измислен е за коса што брзо се масти, не ја суши воопшто, лелеава и мека на допир вака не ми била од бебе сигурно :D а веќе трет ден ја носев денес, што досега не ми се случило ниеднаш. Штом мојава коса не направи сајли ни денес на делот кај кркмите, значи шампонов стварно си ја брка работата.
    Од мене 10+ :)
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Порано се викал Нирил, сега е Нерилекс.
    Го земав, не бидејќи ми паѓа косата, туку зошто премногу ја оштетив летово.
    Можам да кажам дека има пријатен мирис (медицински шампон е), прави убава, богата пена, кога се измива малку шкрипи низ прсти (што е нормално за вакви шампони), косата не ми ја мрси, ама не ми ја ни суши, значи некако неутрален е, 200мл-200ден., косата ми е значително зајакната, освежена, а воедно не ми паѓа (кажав и пред тоа немав проблеми со паѓање).

    Во споредба со сите скапи шампони од овој вид, видов дека го има истиот состав како нив, само далеку поефтина цена.

    (Новото пакување има малку поинаков состав и поубав мирис)

    [​IMG]
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Силвер од каде го зема и цена,баш имам проблем со паѓањето и јас после одморот.
     
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    1. Lady's Secret Chic - парфем
    Парфемов е предобар, убав нежен мирис, долготраен (6 саата сигурно трае) го земав за 100 ден. :D ама мислам дека до сега овој е најдобриот парфем што сум го користела :)
    [​IMG]

    2. Кармин за усни
    Одамна барав некоја нежна нијанса, праска боја, преубаво мириса, долготраен е и најважно нема светки.
    [​IMG]

    3. Адидас дезедоранс
    Долгортраен е, освежува и убаво мириса.
    [​IMG]
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    NERILEX
    200мл-200ден.
    100мл.-120ден.
    лосион (со полош мирис, значи не е мирисот како од шампонот)-триста и нешто...
    (Во локална аптека го зедов, секаде го има).
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Незнам дали имам пишувано за месец Септември
    Little Black dress - Авон парфем
    Парфемчево одамна го меркав и си реков ќе го порачам. Не се покаав, дефинитивно најдобро нешто што постои. Сакам јаки мириси и долготрајни, па покрај омилените ќе го издвојам и овој
    [​IMG]

    Shakira - парфем
    Парфемчево е скапо, доста скапо. Кој колку може да си дозволи. Братучедка ми го доби на поклон, а јас сум таква штом ми фати мирис носот мора да го имам и јас. Стои долго и по неколку дена мирисот не се тргнува. Вреди за секоја пара.
    [​IMG]

    Кога го добив беше мало по пакување, Артдеко е поголемо малце. Но сепак, го земав за да го користам почесто, а артдеко за специјални прилики. Лесно се размачкува и не остава трага. Доста трае, со часови и не мрда шминнката од очи. Беше на попуст во тековниот каталог 130 денари.
    [​IMG]

    Денес прв пат го употребив овој спреј за фиксирање на шминката од авон. А одамна го имам,уште на почетокот кога го понудија во каталогот. Не ми се допаѓа само миризбата, инаку вака е прекрасен, но не е за секојдневна употреба. Штом не сум светнала за некои 6 часа, можеби и нема уште долго.
    [​IMG]
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.