По првото ставање си велев што е оваа глупост, ама после 2-3 недели секојдневна нега можам да кажам дека се заљубив во уште еден производ на Гарниер (прва незаменлива љубов ми е Pure 3 in 1). Лицето си го чуствувам така меко, нежно ... прекрасно.
Леле Роси, кога го видов ми текна дека ме прашуваше за цената. Извини , изумив скроз. Ама мило ми е што ти се погодил производов, ептен се чувствува ефектот.
Дефинитивно еден од моите омилени производи на Авон! Практикував масажа на лицето секоја вечер и навистина станува понежно и почисто И овој лак ми беше хит за мај месец Не знам зошто изгледа многу порозево на сликата, ама вака на нокти делува преубаво, има некоја нежна неутрална нијанса. Инаку 114 е
нај нај продукт на овој месец мие GARNIER pure Deep pore wash (најдесно на сликата),лицето го прави како на бебе ефект се осеќа уште од првата употреба
Јас немам продукти на месецот, туку на милениумот! Овој ми е No.1: Ги регенерира и обновува усните во рок од само 15 минути! Порано стално си ја гризав устата и ми беше целата катастрофа, ама откога го ставив лабелово, устата ми е како свила. И се сеќавам го видов кај наставничката по англиски пред може 1 ипол година и досега го немам сменето, а не ни помислувам на тоа
Johnson's baby-bedtime oil Кожа ко на бебе, а мирисот преубав и траен. За вадење на шминка од очи е одлично. Имам слушнато дека било добро и за коса па ќе пробам.
Bitter-girl и јас сега почнав да го корисам хлораколот, па се мислев која крема оди заедно со него и дава добри резултати. Сакам да те прашам дали и ти имаше проблеми со поткожните мозолчиња (мене ми се појавија пред извесно време) и мрсната кожа и дали ти помогна да ги исчистиш? Гледам дека си напишала нешто, ама ја пак да си прашам Ако е стварно добра без размислување ќе ја купам (уште да најдам некој од Орифлејм ) Ептен ќе ми помогнеш ако ми одговориш. Фала ти однапред П.С. Извинете што сум оф топик ама морав да си прашам
Го добив на подарок од другарка пред 2 месеци можеби и така си дремеше во плакар зошто не сум баш по златото и мислев ќе бидам како лампион. Го употребив прв пат пред 3 дена и останав со отворена уста. Прво и најбитно лесно се впива во кожата и не лепи и не ме поти на овие горештини! Второ кожата ја прави идеално мазна и свиленкаста и трето нема ни С од светките, ни на сонце никаде, дава само таков здрав сјај на хидрирана кожа! И четврто прееееубаво мириса Мислам дека нема да преживее до крајот на месецов секој ден ќе го користам! Е сега малце не е вкусен (дечко ми на тоа се пожали, било како кога ќе се бакне место со парфем) ама сепак ќе си го користам. Здравје после ќе ги пробам розевиот и синиот спреј можеби тие се со поубав вкус!
Омилени продукти на месецот дефинитивно ми се млекото и спрејот Victoria's Secret - Coconut Passion. Сите алишта и пижами ми мирисаат на нив Долго трае мирисот,а потсеќа на лето и плажа
моето откритие на месецот го видов од вас, и се согласувам, навистина ги побеле за една недела ефтино а со ист квалитет како поскапите го добив на поклон незнам овде дали го има, ама е прекрасен
дефинитивно кремава за стрии и целулит.. многу е ефтина (214 денари во зегин)..презадоволна сум.. се мачкам 2 пати во денот, а стриите ми ги обели за помалку од 2 недели, и ми корегира речиси не се познаваат им благодарам на сите феминки кои ја имаа препорачано кремава.. да не беше фемина немаше да ја откријам
Дефинитивно пастава за заби делува. Има резултати после првата недела, само треба активно да се користи
Прекрасен е ацетонот после тплу време да најдам убав ацетон ем има некои масла во него за нокти. Исто така и балсамот на истава фирма.
Во принцип не сум нешто воодушевена од Орифлеим ни Авон, не нарачувам, ова мајка ми го зела па ми даде да пробам. После секакви чуда за чистење на лице, Гарние, Нивеа, Виши и остали глупости, ова е чудотворно. И за шминка вадење и за чистење. Јас недела дена го употербувам, насабајле и навечер, ми ја израмни фацата буквално, тенот поизедначен никогаш не ми бил. И свеж изглед, одморен, дискретен сјај, и навлажнува. На годината, не на месецот. И пастата од Колгејт за белење новата, исто.