Форумџика на годината

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.198
    Пол:
    Женски
    ^^
    Каде го купи Косили млекото? Одамна го барам шампонот по маркетиве но не сум налетала да го купам.
     
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    100.605
    Пол:
    Женски
    Во Космо Тинекс.
     
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.077
    Пол:
    Женски
    1.Лабело за усни Rosal Violet Touch
    Пред да го купам бев скептична околу хидратантноста и интензитетот на бојата, но се покажа дека е одлично за секојдневна употреба.Освен лабело, претставува и добра замена за кармин,бидејќи ретко користам.
    Цена: 122 ден.

    [​IMG]

    2.Маскара One Wonder black од Орифлејм
    Ова е еден од добро тестираните и проверени козметички производи на Орифлејм кој останува незаменлив за мене.
    Цена: 299 ден.
    [​IMG]

    3.Пилинг за тело Swedish Spa од Орифлејм

    Ароматичен пилинг со мешавина од гранули од сол и лушпа од бадем кои ја измазнуваат и полираат кожата, маслото од ѓумбир ја тонизира и омекнува,а маслото од сладок бадем и витамин Е ја заштитува од дехидратација.Го користам еднаш неделно за отстранување на мртвиот слој на клетки од површината
    на кожата.Посебно го препорачувам на оние со комбинирана и масна кожа.
    Цена: 299 ден.
    [​IMG]
     
    На SV1911 и EMoonlight им се допаѓа ова.
  4. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Најнов од Шаума . Го купив од Веро за 119 денари
     

    Прикачени фајлови:

    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу задоволна од ова. Ми го реши проблемот со мозолките на рацете и на нозете. :D Додуша јас го користам како млеко за тело, а тоа да ти било млеко за туширање.. but, I don't care.. :D
     

    Прикачени фајлови:

  6. gabitem

    gabitem Нов член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    kade gi kupuvate ovie Catrice proizvodi?
     
  7. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.665
    Пол:
    Женски


    Во ДМ маркет
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    100.605
    Пол:
    Женски
    Значи не сум нормална,стареам очигледно. :tmi: Сум плеснала слика од шампон а зборувам за млеко за тело. :?: Амбалажата е ваква само си пишува млеко за тело.
    Се извинувам.
     

    Прикачени фајлови:

    • 552104624l.gif
      552104624l.gif
      Големина на фајлот:
      92 KB
      Прегледи:
      1.216
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    10.311
    Одамна не сум напишала, има опасност да се зајдам :lol:

    1. Кокосово масло Био планет
    Го користам веќе скоро два месеца, апсолутно нема на што да се пожалам. Го ставам на коса, ја прави свила. Го ставам како маска на лице и го одмивам после 20 мин, затоа што имам комбинирана кожа па вака најубаво ми делува. Кожата ми е премека после тоа. Вадам шминка од очи, нежно и убаво ја вади, без многу триење. Дополнително ставам под очите и пред да си легнам наместо крема и супер нега ми дава. Многу посвеж ми е тој предел наутро, ситните брчки ми се намалени, подочниците не ми се толку темни. Го мачкам и на тело после бањање, кожата ја прави премека. Мирисот му е прекрасен и се задржува доста долго на кожата. Ми се случило и после 5 часа после ставање да си го доближам носот до коленицата и преку фармерките да соетам доста интензивен мирис на кокос.
    Ми помогна и со поблага форма на кандида.
    Треба ли повеќе да кажам? :lol: Производ на векот!
    Го има во Зегин, можно е да му е сменета малку амбалажата и достапно е во две милилитажи. Мојата е 200 мл, цена 360 ден.
    [​IMG]

    2. Roll-on Алверде за сензитивна кожа
    Заљубена сум во производов. Сосема случајно го открив и решив да му дадам шанса. Обично не сакам рол-они поради непријатното чувство што го даваат, но доста бзо упива, а и некако не ми пречи додека го соеќам. За осетлива кожа е, со екстракти од алое вера и ориз. Нема алуминиум хлорид и алкохол и е екста нежно. Го ставам и веднаш после бричење кога брзам и не осеќам никакво пецкање. И покај тоа што е бело ми нема оставено флеки по облеката при потење. Кога сме кај потењето, не го сузбива скроз, што според мене е во ред, затоа што не сакам да си ги силувам потните жлезди, доста осетлива сум по тоа прашање. Најважно ми е што и покрај тоа што се потам, пријатно се чувствувам, а лош мирис нема, макар и после поголема физичка активност.
    Го користам можеби месец ипол и сигурно има уште третина во шишенцето, а некогаш ставам и по два пати во денот.
    Го има во ДМ, цена околу 150-200, јас го земав на попуст па не ми текнува точна цена во моментов. Во секој случај за мои потреби вреди и го препорачувам на сите оние што сакаат природни и не толку агресивни део средства.
    [​IMG]

    3. Balea Extra power - лак за коса
    Јас ја имам мини верзијата за во ташна од 100 мл. Го земав за скротување на некои прамени што ми се разлетуваат кога ми е фатена косата, нешто како подолги бебешки влакна ми се тие и страшно ме нервираат. Имам една техника на мазнење со ова и една убава густа четка. Шприцнувам малку и си држи со саати. Најважно ми е што и покрај тоа што е со 4-ка јачина не ја закоравува многу косата и тоа се приметува само кога ќе пробаш да ја исчешлаш, додека на допир и на изглед имаш чувство како ништо да не си ставил. Добар ми е и за фиксирање на брановидни локни што понекогаш ги правам, а за други фризури што бараат позахтевни лакови не би можела да тврдам. Мирисот не му е лош и нападен, а и брзо се губи.
    Го има исто во ДМ, цена околу 50-60 денари.
    [​IMG]

    4. Catrice camouflage крем коректор
    Кажав во соодветната тема, но морам да го спомнам и тука. Предобар коректор! Јас имам доста темни подочници и ми ги покрива ко од шала. Лесно се размачкува, мала количина е доволна за да се постигне убав изглед, кремаст е, не се собира во ситните брчки и во порите и долготраен е. Кутивчето е супер практично, мало е и на навртување, така што веројатноста да ви се упропасти капачето е доста мала. Ова го кажувам затоа што јас сум експерт за откачување капачиња па ако има некоја смотаница како мене да си знае :$
    Достапен е во три нијанси, мојата е 02 light beige и супер ми се уклопува со тенот.
    Цената е 205 денари во Дм, за 3 грама производ, но со оглед на тоа колку малку се става којзнае колку време ќе трае. Ако сакате коректор од типот на Артдеко, ви препорачувам да го пробате. За мене лично е и подобар од Артдеко, а и воопшто е еден од најдобрите коектори што ги имам користено. Чисто десетче :)
    [​IMG]

    5. Orzene шампон и регенератор за нормална коса
    Се навраќам втор пат на производиве, така што ми се старо-нови. Не знам дали сум ги спомнала до сега, но толку сум воодушевена што и да сум ги напишала, повторно би одвоила збор-два за нив.
    Ретко кој шампон толку убаво ја измива косата. Доста е течен и потебно е мало количество за да направи убава мека пена. Пренежен е со скалпот и не ми направил до сега никакви иритации. Регенераторот исто е предобар. Ги скротува врвовите и ја расплеткува косата до последно влакно, дури и кога е расцветана.
    Мирисот за мене е пре предобар. Ми мириса на некои тревки, на нешто природно, а па колку е долготаен тоа е веќе друг муабет. Доста често ми трае и до наредното миење. Се чудам богами како може, ниту еден шампон не ми мирисал волку интензивно
    Наредно ја купувам и маската.
    Околу 160 денари се и не планирам да ги сменам додека не почне косата да ми се презаситува. Се надевам тоа нема да се случи никогаш, затоа што скроз сум заљубена :lol:
    [​IMG] [​IMG]

    6. Normal clinic - тампони

    Тампони не ставам само вториот ден кога имам најобилна менструација, инаку за другите денови немам гајле и се почесто ги користам затоа што се прва лига. До сега сум користела о.б. но ги загледав овие и сакав да ги пробам затоа што се дупло поевтини. Обично не штедам за вакви работи, но многу сум среќна па кога ќе начекам нешто евтино а фино, особено кога се работи за производ кој влегува во елементарна хигиена и мора да се купува секој месец без исклучок. Мене тампониве ми се докажаа како супер, не ми пропуштиле никогаш, убаво апсорбираат, меки се и воопшто не ги осеќам. Може да се користат и за првичната намена, но и за припремање на домашни вагиналети при било какво воспаление. Ги има во три големини, јас користам нормал.
    Цена 45 ден. во Дм.
    [​IMG]

    7. Victoria ленти за депилација
    Вообичаено се депилирам со шеќерна паста, но кога немам време за правење нереди по дома, секогаш ми се наоѓаат некои вакви лентички за депилација. Обично тоа до сега биле Veet, ама малку се занесени со цените, па од секогаш сум сакала да им најдам достојна замена.
    Лентиве случајно ги земав кога беа на попуст, ги пробав и тие со камилица и тие што се за сензитивна кожа со алое вера.
    Моиве раце, нозе и надусници ги депилираат беспрекорно, а за препони не би знаела да кажам затоа што не сум пробала. Супер си ја вршат работата, многу лесно се загреваат само со триење низ дланките и супер се одлепуваат една од друга. Не оставаат никакви остатоци од восок и се максимално хигиенски.
    Јас лично сум презадоволна. Цената ми е 165 денари во ДМ, можеби некаде се наоѓаат и за поевтино.
    [​IMG][​IMG]

    8. Blistex - класичен балзам за усни
    Не користам лабела, обично сум со кармини, но доста ми се најде ова во еден период кога ми испука устата. Ми ја оправи за помалку од еден ден,а цела ми беше со ситни мали разранети браздички. Не можев да ја движам од болка.
    Има неутрален вкус, малку благичок, без мирис е и не остава боја. Има само минимален сјај. Хидратантен е и негува, нема што повеќе да барам :)
    Каде може да се најде и цена не знам, мајка ми го купила.
    [​IMG]

    9. Aquaphor healing ointment

    Пре предобар поизвод. Ми го донесоа од странство и ни го препорачаа за екстремно сува кожа или за послаби изгореници. Фала богу доста долго време не дојде време за да се употреби, но го сефтосав баш пред 2-3 недели за изгореница на дланката. Производов е чудо. Толку брзо не ми се смирила изгореница никогаш. На еден дел имав плик којшто доста брзо се смири и се повлече, а на другиот дел што полесно помина буквално не дозволи ниту плик да избие. За три пати го скратува нормалното време на заздравување, без преувеличување! Толку делотворно нешто јас одамна немам ставено на себе. Верувам дека исто така делува и за пресува и испукана кожа.
    Има структура како крем-гел, и одлично лизга по кожата. Не знам дали го има кај нас, но од iherb.com може да се нарача за 7-8 долари.
    [​IMG]

    10. Dolce & Gabbana -Intense

    За крај да ви го претставам моето најверно другаче за сезонава што следи. Го посакував уште од лани и еве конечно ми дојде во раце. Еден од најубавите зимски парфеми што сум ги мириснала и користела. Баш е јас. Мириса преубаво и женствено и нема шанси да го промашиш, малку е благичок, а сепак воопшто не е загушлив и јак. На кожа совршено ми легнува и секоја нота убаво се уклопува и доаѓа до израз.
    Цената варира од 4500 до 6000 и нешто ситно, зависно од милилитажата, а го има во сите поснабдени парфимерии.
    [​IMG]
     
    На kala21, anuskaNESTLE, A-j-a и 13 други им се допаѓа ова.
  10. the-Anya

    the-Anya Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2014
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    293
    Во последно време сум во потрaга по квалитетна козметика со достапни цени :) Во тој дух ја купив оваа камена пудра на Catrice. :D Немам ништо освен пофални зборови!! Лесна за нанесување, со посакуваниот мат ефект и немаш чувство како нешто да ти тежи на лицето! После неколку часа лицето не ти е масно-не ти свети (проблем кој ме мачеше со години). Перфектна за оние што не сакаат многу шминка. + чини околу 230-240ден (во DM)
    Иако не е уште крај на годината, можам слободно да кажам дека ова ќе биде мојот омилен продукт на годината. :lol:

    [​IMG]
     
    На LittleFairy, TheSecret, rainbowec и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.462
    Допаѓања:
    91.827
    Пол:
    Женски
    Catrice camouflage крем коректор
    [​IMG]
    Јас и не сум нешто многу пребирлива околу коректори, можеби затоа што немам некои многу темни подочници, но овој многу ми се допадна, можеби и најмногу од сите што до сега сум ги користела.
    Малку ми е посветол, а некако не ми се допаѓа оној изглед кога делот околу очите е посветол од цело лице, па го нанесувам пред пудра.
    Убаво прекрва црвенила, не ми ја суши воошто кожата, не се собира во линиите околу очите, а и во прелот околу носот фино стои.

    Shayna дезодоранс
    [​IMG]
    За неверојатно ниска цена, одличен производ. Порано не се потев воопшто, а ова лето само ова ми беше спас. Јас искрено не сакам производи кои целосно го спречуваат потењето, само не сакам да мирисам лошо и да имам лоши траги, не дај Боже жолти на бела гардероба.
    Мирисот трае долго, на свежо. Потта не се ни чувствува, иако сега веќе не се ни потам, него си има луѓе кои и преку зима си имаат мака па да си кажам. :wasntme:
    Го препорачувам, цена 65 денари.

    Туш на S-he
    [​IMG]
    Ги имам зелениот и виолетовиот. Боите се одлични, долго време стојат на очи. Од зелениот сум позадоволна, околу 2 месеци го имам, а воопшто не е исушен, а виолетовиот уште од кога го купив е малку посув.
    Се исцртува убава линија, прецизен е, јас би ги земала сите бои.
    Околу 150 денари.
     
    На kala21, SV1911, rainbowec и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Од каде го купуваш дезедорансот? :)
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.462
    Допаѓања:
    91.827
    Пол:
    Женски
    Од маалска продавница во Лисиче. :)
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.968
    Допаѓања:
    90.353
    Пол:
    Женски
    Planet spa sleep serenity
    По долго двоумење дали да го порачам или не го начекав на екстремно намалена цена овој спреј и кремче за релаксација :D (така си ги викам јас)
    Спрејот е за постелнина за перници како што пишува во каталогот за релаксација,одмарање и мирен сон.
    Малото кремче е за масажа на слепоочниците :wasntme: Имаат преубав мирис кој што делува хипнотизирачки барем на мене, значи поубаво нешто од програмата на планет спа не сум пробала. :!: го препорачувам
    [​IMG]

    Dove Purely Pampering (Shea Butter and Warm Vanilla)
    Веќе го трошам третото шишенце,најважно ми е што не ја суши кожата и мирисот трае после туширањето исто како да сум ставала млеко за тело :wasntme: преубаво нешто од кое сум презадоволна.
    [​IMG]

    Colgate max fresh
    Колгејт макс фреш е паста која ми е омилена во последно време :wasntme:
    [​IMG]

    Nivea fresh active
    Можеби ќе ми се смеете но јас одсекогаш користам машка Нивеа или Рексона :tmi: :D
    Преубаво ми мирисаат и траат во текот на целиот ден и за разлика од женските дезедоранси мислам дека машките повеќе траат.Моментално го користам овој фреш актив и сум презадоволна од неговиот мирис :wasntme:
    [​IMG]

    Бекутан марамици
    Никаде без нив,нон стоп имам во ташната со мене дали мало или големо пакување ми се допаѓа нивниот материјал затоа што не се синтетички тоа ми е голем + а влажноста и мирисот мислам дека не треба да се коментираат :lol: Најчесто ги користам за чистење на шминка
    [​IMG]

    Golden Rose кармин
    Го добив на подарок и се изненадив од нијансата која ја има ,јас сум заљубена во таквите нијанси на кармин и секогаш сум си нацрвена :D во последно време овој ми е меѓу најомилените.
    Не дека е подарок но навистина ги почитувам луѓето кои гледаат да го подарат онаа кое што се искористува до крај .
    [​IMG]
     
    На joy1, SV1911, ivancekitty и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Нежен дезодоранс, трае нешто подолго од другите.

    Преубав, сладок мирис. Има уште неколку видови, ќе ги пробам сите. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.693
    Допаѓања:
    106.909
    Пол:
    Женски
    Real techniques your eyes - starter kit

    [​IMG]

    Овие четки немаат врска со оние копиите на ибеј , влакната се многу квалитетни , мекани , а и не се скапи , 18 долари од Iherb :) сега сакам да си ја земам и четката за течна пудра :D

    Sleek palette IDivine Ultra Mattes V2 Darks

    [​IMG]

    Ја нарачав од ибеј поточно од Англија за 13 евра , палетиве на Слик се прекрасни , сите бои супер пигментирани , единственото што ме нервира е тоа што има 2 парабена внатре :| ама се на се многу ми се допаѓаат овие палети :)

    Macadamia No tangle brush

    [​IMG]

    Четката ја порачав од lookfantastic.coм , запците се меки со чешлањето се виткаат и не дозволуваат мократа/сувата коса да се кине. По фризернициве кај нас чини 18 евра а јас ја порачав за 8 евра :)
     
    На LaraSolare, SV1911, anuskaNESTLE и 2 други им се допаѓа ова.
  17. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    1.Детската крема на Solea
    Прекрасна крема, прекрасен мирис рацете и лицето ми се свила од нежност, целата куќа мириса на бебенце, слатко, мило. :inlove: 70 денари е, вреди за секој денар. :)
    10/10

    2. Стик Rexona-diamond
    Издржува 26 часа(толку го имам тестирано), преубав мирис, 165 денари.
    10/10

    3.Шампон Wash&Go од овошје
    Косата ми е многу убава и мека, не ми се мрси до 3 дена. 140 денари.
    10/10

    4. Парфем Parisian Chic од Авон
    Има многу голема трајност и многу убаво мириса, цената не ја знам го добив како подарок.
    9/10

    :)
     

    Прикачени фајлови:

  18. viviette

    viviette Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Најдобра крема што ја имам користено! Кожата мека како памук ми ја прави, инаку имам многу сува и чувствителна кожа. Го пробав и млекото за чистење овој месец, чиста 10ка е. Конечно да си најдам добро млеко, многу лесно ја вади шминката и маскарата, а не да ми остануваат траги од маскара со денови. Препорачувам! :inlove:

    https://www.facebook.com/dalton.mac...0318478354017/651161218269738/?type=3&theater

    [​IMG]
     
    На bubac му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.891
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
     
    На rainbowec, kala21, lovelife и 3 други им се допаѓа ова.
  20. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Месецов еден куп фаворити не знам од кај да почнам :wasntme:
    1.[​IMG]
    Карма сапунот од лаш го имам одамна ама сега почнав да го користам и сум презадоволна. После туширање цело купатило ми мириса на него, во кола два дена не можам да ви опишам како ми мирисаше а кратко бев внатре. преубав!

    2,[​IMG]
    Месецов ја извадив надградбата и чудово ми помогна премногу во опоравување на ноктите. Имам повеќе нивни производи за нокти и од сите сум задоволна, месецов ова најмногу го користев и само пофалби од мене.

    3.[​IMG]
    пред некоја недела ја земав кремава за раце и сум прилично задоволна, можеби негата не вреди за тие пари баш ама мирисот ми е префантастичен. Океј е и негата ама некако по споро ми се упива од вазелин розевата крема за раце. Али ми е многу убавка за во ташна кремата некако во несесерот ми се сите нај производи и ова е меѓу нив. Сјајчево го немам ама е следно за купување.

    4.[​IMG]
    Парфемов го добив од Лондон и многу го користев месецов. Голем е споро се троши и жал ми е за секој ден од Прадата да ставам па овој е супер. Мирисот стварн не знам да го опишам ама убав е хахах

    5.[​IMG]
    Шанел сјајот го земав пред некое време и го убив од ставање. лепливо е доста ама не ми смета многу кога пушам цигара. И дава некоја нешна розево корална боја.

    6.[​IMG]
    Такоџе не ми се троши секој ден од есте пудрата а и понекогаш не ми треба толкава покривност и да ми стои цел ден пудрата, па се вратив на фаворитов од пред некоја година и не се разочарав. права бб крема свежо изгледа лицето со неа, убаво, од сите бб креми кои сум ги пробала оваа е фаворит.

    7.[​IMG]
    Двеста трета четка за пудра ја пробав кај другарка се одушевив и ја купив. Мислам дека ја нема во скопје овде е околу 5 евра имам повеќе четки од фирмава и сите се предобри.


    Друго моментално не можам да се сетам некако останатите ствари ми се тие па тие одамна и веќе се ставени во фаворити порано, а останатите нови ствари не се уште доволно испробани за да се најдат тука :)
     
    На glosipgirl, SV1911, duffi и 12 други им се допаѓа ова.