Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.036
    Допаѓања:
    10.592
    Пол:
    Женски
    1.Real techniques-mini face brush
    [​IMG]Четкава од мини сетот на RT за се ја бива,за коректор , контурирање , пудра , дури и сенка за очи може да се нанесува на цело око.Неможам да се одлучам за што да ја користам.:?:

    2.African black soap , with oats , aloe & vitamin E
    Сапунов е на природна база , добар е за мрсна кожа,егзема,псориаза , и ред други кожни заболувања.Кога го плакнам лицето со вода ми чкрипти од што ми е чисто :).Го земав по смешна цена за 150-60 денари :D.Добра ,а и поубава замена за Авене и Еуцерин.5/5:mm::) [​IMG]
    3.E.L.F eyebrow kit
    Уште еден производ на ЕЛФ од кој сум презадоволна.Најмногу кај сетчево ми се допаѓа што има четка и огледалце , па идеално ми е за во чанта.:DПотемното е восок во боја , а посветлото "обична сенка".Цел ден ми стои на веѓите ;):D

    [​IMG]
    4.Garnier Ultra Doux -avocado oil and shea butter
    Имам густа коса и шампонов ми ја прави како фенирана, не очекував ваков ефект само од шампон :oСега за сега не приметив некоја разлика во мрсењево на косава.За мрсна коса не го препорачувам , само за дива и сува коса:emo:Ќе си го земам и регенераторот од истава линија.:D[​IMG]

    5.Маx factor kohl pencil - 090 natural glaze
    Треба само еден потег за да се добие преубава нуде боја .Сигурно 5-6 часа ми стои на очите, сепак е светла боја.:)Вреди за парите . :)
    [​IMG]

    уххх , се препотив :sweat::sweat::sweat:.​
     
    На glosipgirl, Lepaaa, ivancekitty и 8 други им се допаѓа ова.
  2. loreddie

    loreddie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67

    Од каде го зема сапунов африкански? :)
     
  3. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.036
    Допаѓања:
    10.592
    Пол:
    Женски
    На iherb.com , го нарачав :).
     
    На loreddie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    1. Гумено сунѓерче за миење лице на Ебелин, ДМ, 100тина денари

    [​IMG]

    Отидов со намера да земам четче за миење лице, некако гледам дека четкиве, и за шминкање, и за миење си имаат намена зошто постојат и се популарни... Навистина е друго. Во Џамбо имаше некои кинески сунѓерчиња или не знам што, ама не ми фатија око. Ова на тепка го земав, имаше уште едно, и е зачудувачки мноооогу добро. Значи мие, ама не струга, гумено е и претпоставувам дека е многу похигиенско од четче, на кое би му требало повеќе пажња околу одржување... Ова има како буце позади, се мијам што се мијам, го попарувам и го лепам на огледало, си се суши и спремно си е пак за употреба.

    Како варијанта на вакво нешто заедно со гел за миење, се оние на Лореал, тоа гумичето стои залепено на шишето.

    2. Ебелин и Есенс четки за шминкање, ДМ, точна цена не памтам, ги купив лани од Германија

    Ебелин ја користам четката за течна пудра, една година стоеше така, зошто, и сама не знам. Сега па шубе ми е да се шлакам со раци, после шминките ми се прават нечисти, не дај боже додека отидам до вц да се измијам да фатам нешто друго, блуза или косата, мислиш и нив сум ги шминкала. Вака уредно, фино, цап цап... Досега дали 5-6 влакна и паднале, најмногу на миење. За цената, која не беше висока, се исплати.
    [​IMG]

    А Есенс почнав таа за руж ставање да ја користам, ептен фино, мекичко, се зачудив колку боја се лепи на четкава... Јас ненавикната, кога се зацрвив, се бришев после. Мислам дека и други имаат пишувано за неа, исто е со пристапна цена... а солиден квалитет.

    [​IMG]


    3. Мат кармин на Голден Роуз, нијанса 020, нивно претставништво, 130 денари

    На зафрканција повеќе го земав карминов, некако не носам многу, ни светли ни темни, и сакав некој така да штрчи троа повеќе... Ииииии, нормално се воодушевив. Не се брише, не ја собира устата како што очекував од мат кармин, стои, сега не можеме да го споредиме со трајност со некој тродупло и повеќе поскап, ама за парите сосема пристојно си ја врши работата. Сега сум со план да ги пробам другите од линијава мат.... фино фино, изненадуваат ГР. :makeup:

    [​IMG]

    4. Рексона клир аква антиперспирант, најевтин во КАМ, 120тина денари

    [​IMG]

    Јас ич не сум љубител на спрејовиве антиперспиранти, повеќе сакам стикови, 90% од времето сум користела Рексона, некогаш Дав или Нивеа, чувствувам дека повеќе држат некако. Ама, откако почнаа речиси на сите блузи да ми се прават флеки, бели флеки, па уште како брашненце ти станува, а ни си се испотил нешто нарочито, ни па нешто си правел, и од едно носење, си викам, баталувај ги, ќе нема спас за алиштава. Спрејов мене ми мириса многу убаво, не мириса тешко, за разлика од зелениот Рексона, еднаш го земав и неврмор. Дека нема да се потите, не е точно, мора да се испотите, ама нема да мириса, мирисот си држи прилично долго. Досега немам приметено бело на ниедна блуза, го тестирав и во Америките, и откако си дојдов, солиден си е.:D

    Ако некој нашол стик што не ги прави сите блузи побелени, отворена сум за предлози. Тие што на нив пишува не остава траги дрн дрн, лажат, оставаат... И Рексона, и Дав, и Нивеа... Не знам што ми остана уште.:D


    Едит - го заборавив коректорот на Катрис, мада што сигурно веќе го знаете, нема некој на форумов што не го пробал. Бидејќи го видов по препораки тука, еве кој се мисли дали да го земе, нека го земе, најдобар коректор што сум го користела дефинитивно, па мене да ми даваат 200 денари (колку што е цената на коректорот) нема да ве покријам толку добро колку тоа чудо, е така да си знаете... :D:D
     
    На rainbowec, kala21, 1209 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Бидејќи септември го утнав, сега ќе ви ги претставам омилените производи и за септември и за октомври, сепемете се за скролање! :D
    1. Eucerin ph5 oil shower
      [​IMG]
      Незнам зошто ама кога фаќа период септември-октомври па натака кожата ми станува ужасно сува до степен на перутање, најверојатно од промена на годишното време и падот на температурите, или затоа што сонцето ми ги исцицало сите резерви на природна маснотија на кожата. Ме спаси маслово за туширање од Еуцерин. Има пријатен, долготраен мирис, кожата ја прави премекана и нежна, спречува лупење и перутање, а ако имате нормална кожа после него немора ни млеко за тело да нанесувате. Го земав од Виола 400 и нешто денари. Го има и во поголема милитража од 400мл за некои 500 и нешто денари, незнам точно. Се препорачува и за егзема.
    2. Eucerin repair lotion urea 10%
      [​IMG]
      Така бидејќи маслото не беше доволно, морав да земам и лосион со уреа па ми го препорачаа овој во аптеката и не зажалив. Чини околу 900 денари 250мл. Мирисот му е грд, т.е. не мириса на нешто конкретно ама така нема некој убав мирис, структурата му е малку леплива но брзо се впива, затоа кожата сјае и држи хидратација и повеќе од еден ден. Исто така спречува лупење на кожата и навистина ја прави мазна и растеглива. Сувите делови позади колената ми исчезнаа, а остатокот од телото совршено стана хидратиран. Претходно кожата знаеше да ми се собере на некои места, но одкако го користам си се врати во нормала. Сега одкако го потрошив си преминав пак на обично млеко за тело и немам проблеми.
    3. Dior пудра во прав
      [​IMG]
      Најсовршената пудра во прав што сум ја користела. Одговара предобро и на сува кожа како мојата, не се собира во брчките кога ќе се насмеете, лицето го прави премазни и без никакви несовршености, не остава брашнаст изглед туку се слева со течната пудра и дава совршен природен изглед, е мерак ми е и слика да ставам значи... Може да се користи над течна пудра, а и самостојно со претходно нанесена крема одкако добро ќе се впие во кожата или бб крема, секако ја имам истестирано. Оваа на сликата е постарата амбалажа, сега е со тегет капаче и со неа оди четче, ама кога е на попуст не е на одмет да се купи и стара колекција за поефтино секако без поминат рок, ја земав 2100 денари можеби пред 4-5 месеци од Космо инаку мислам дека цената и е над 3000 денари. Од линијата Nude e, jaс ја користам нијанса 022, исто како што ми е и течната пудра.
    4. Диор млеко за чистење лице за нормална до комбинирана кожа
      [​IMG]
      Одамна го имам, сега трошам второ шишенце и ред е да го пофалам убаво. Намерно одбрав за нормална до комбинирана кожа затоа што поубаво ќе чисти од она за сува кожа и не се зезнав, вади и најтврдокорна шминка и подлоги и сенки за очи и се. Уште маскара да вадеше и ќе беше чудо на козметиката. Нежен мирис, свиленкаста структура, прво го размачкувам и масирам убаво на цело лице, а потоа поминувам со памукче. После кога ќе поминам со тоник без да се мијам со вода и гел забележувам минимални остатоци од шминката што не ми било случај со други млека за чистење лице. 200мл е 1600 денари.
    5. Lavera summer glow facial moisturizer
      [​IMG]
      Крема за лице со минимален ефект на самопотемнување, дава преубав сјај на кожата, сосема малку природно ја затемнува, идеална е за кога ќе се вратите од одмор да си го продолжите тенот на лицето, а нели и онака е посветло од останатиот дел на телото па може да се постигне некој убава баланс. Јас ја нанесував и на вратот, не е онаква што остава `рѓа и црнила како обичните креми за самопотепмнување, оваа е баш природна. Мирисот е и малку тежок поради тоа што содржи природни сосотјки е од 99,9% природно потекло, без парабени и чуда. Одлична хидратација, разладувачки ефект, инстантно впивлива, содржи и невен. Цената и е околу 600 денари 30мл.
    6. Biotherm aquasource deep serum
      [​IMG]
      Серум за лице за длабинска хидратација. Цената не му ја знам, пекав по него долго време бидејќи го имав само како мало тестерче на крај си го добив :D. Биотерм е 100% природна козметика, најчесто производите им се базирани на алги и минерали од морските и океанските длабочини. Пријатен мирис, нежна формула која разладува и се впива веднаш во кожата. Идеален е за сува кожа, ама наменет е за сите типови на кожа. Може да се користи наутро и навечер, јас го користам само навечер зашто преку ден многу ќе ми дојде и серум и крема па и пудра ако лупнам ептен ќе се преоптоварам, а ништо чудно и да светам. Убав е за нега на дехидрирана кожа (читај мојата) и дава здрав изглед на лицето со редовна употреба.
    7. Lavera natural concealer
      [​IMG]
      Уште едно нешто на природна база, коректор на Лавера. Чини околу 600-700 денари. Две нијанси има кај нас кои баш природно изгледаат. Структурата му е течна, океј покрива, не се собира во линиите под очите и најбитно е што од него не ме печат очите, што е случај на некои други течни коректори кои ги имам користено на пример Артдеко, Клиник и Буржоа.
    8. Aura multi color
      [​IMG]
      Руменило, хајлатер незнам што е ама е предобро. Уште еднаш потврдувам дека одлични руменила имаат Аура. Јас го користам одкако ќе нанесам руменило, било какво затоа што ова остава само некој златест сјај и супер изгледа врз кафено мат руменило. Одлично би изгледало и ако самостојно се нанесе на јаболчната коска по контурирање. Трае со часови, сите ме прашаа што имам ставено се осеќав ко да го носам моето непреболено Bronze Goodes
      [​IMG]
      Цената 200 и нешто ситно денари. Препорачувам!
     
    На glosipgirl, Lepaaa, rainbowec и 28 други им се допаѓа ова.
  6. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Продукт на месецов - коректоров на Катрис

    Catrice re-touch light reflecting concealer (y)

    [​IMG]

    Има кремаста структура, со средна покривност.
    За под очи е одличен, мене ми покрива одлично и покрај тоа што имам големи подочњаци. За поголеми недостатоци на лице неможам да кажам, бидејќи немам такви проблеми, но ситни црвенила и несовршености покрива. И за мене најважно, на лице во никој случај не е cakey!
    Цена не се сеќам точно, но не е повеќе од 300 денари.
     
    На SV1911, Giovanna, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lollipop7

    Lollipop7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    - Сет за нега на лице од Garnier за нормална до комбинирана кожа
    [​IMG] презадоволна од сетов, ми го среди лицето

    -[​IMG] himalaya крем за раце- преубава лесно впивлива текстура. Ги прави рацете нежни и меки
    -[​IMG] косата ми е како свила и ми ја прави многу мека

    -[​IMG]
    ова е масло за коса со арган, односно третман кој се става на миена мокраа или исушена коса. јас го ставам на крај откако ќе ја средам косата. Ја измазнува дава многу убав сјај, мека е и преубаво мириса.

    -MAC Face and Body и Studio fix течни пудри
    [​IMG]

    После еден куп купени и до половина истрошени пудри,купени низ нашиве дрогерии, со цел да најдам пудра за дневна полесна варијанта и една со поголема покривност, конечно го најдов тоа пто го барав. Пудриве се препредобри. Постојани се, над 8 часа издржливост, не се вовлекуваат во порите, не ги истакнуваат, идеални се за сува нормална и комбинирана кожа. Не се споредуваат текстурите на пудриве со други пудри кај нас.
    Јас имам жолт подтон, па така кај нас не можам да најдам ниту една нијанса на пудра која ми одговара со подтонот (освен пудрите на Буржуа)што ми стана премногу иритирачки поради тоа што дистрибутерите кај нас не ги носат сите нијанси.

    -МAC Studio Fix Powder Plus
    [​IMG] камена пудра со средна покривност... доволна е ББ крема или само крема и малку коректор... исто како и претходните две прекрасна пудра.

    -MAC Up The Amp кармин
    [​IMG]
    [​IMG]
    значи се напнав барајки кај нас лила кармин и не најдов... Го обожавам карминов ГО ОБОЖАВАМ :inlove::l: Mojата втора љубов:D

    -MAC 217 четка за блендање - без оваа четка јас нема шанси да шминкам. Неспоредлива


    - МΑС Fix plus
    [​IMG] ова чудо има повеќе намени:може да се користи пред да се шминкате за да ја освежи и хидрира кожата, после шминкање- ја фиксира шминката односно изедначува се што е вишок нанесено на лицето,потоа се прска на четката за сенка и потоа сенката ја прави поинтензивна, доколку имате некоја исшена крем сетка или крем ајлајнер прскате одозгора и повторно можете да го користите производот. Исто така презадоволна

    - Bourojois сенка за очи
    [​IMG] оваа сенка јас ја користам како хајлајт за целото лице каде што сакам да имам сјај. Предобра е за таа намена. така да ако си барате хајлајт ова одлично функционира :)

     
    На glosipgirl, Lepaaa, tinkerbelll и 16 други им се допаѓа ова.
  8. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    Октомври :P:

    Olay Almond Body Wash
    - многу ми ја прави мека кожата и многу убаво мириса
    [​IMG]

    NYC lipstick 320
    - преубава есенска боја , многу многу слична како тој на NARS само овај што е многу поевтин од nars а и нема некоја голема разлика , единствено што не е мат ..
    [​IMG] [​IMG]

    L.A Colors - little black book of eyeshadows
    - оваа ја гледав повеќе време и конечно ја купив , многу ми се убави сите бои и многу се сјајни ^_^
    [​IMG]

    Max factor 350 lipstick + lip gloss pack
    -
    значи ова иде со карминот и сјај за усни .. карминот пушта премногу боја и мат е , стои цела ден и одвај после се брише :D а тоа сјајот или лабелото се става пред карминот да го ставиш и после .. зошто тој се суши многу и сјајот помага за да не ти се исуши кожата на усните ( long explanation :whew:)
    [​IMG]
    Revlon Color Stay pressed powder

    - мат е и стои на лице повеќе од 4 часа

    [​IMG]

    Veryme funky eye pencil
    - ова го имав уште од македонија од орифлејм ко го порачав и никогаш не ми беше отворено tbh .. повеќе за веѓи го користам него за очи :D
    [​IMG]

    ХРАНА :pizza:


    Tapple Caramel Covered Apple
    - најдоброто нешто што го имам пробано цела есен :inlove:
    [​IMG]
    Honey Almond Cereal

    - мислам дека сликата се си кажува :)
    [​IMG]
     
    На ivancekitty, senza.parole, SV1911 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.157
    Пол:
    Женски
    Лелеее како ми летна месецов еј, еве ги моите омилени стварчичи:

    1. Најубавото руменило што постои! :inlove:
    Секој ден се повеќе и повеќе се заљубувам во руменилово т.е. во нијансава Deep Wine, значи препреубаво стои поготово за периодов есен/зима.
    Толку го сакам што дури и како сенка за очи го користам. :l:
    Го препорачувам!

    PicMonkey Collage (1).jpg

    2. Шампонов на Schauma мислам дека нема никад да го сменам!
    Конечно да ми се погоди шампон еееееееј, косата ми ја прави мека и не ми се сплеснува одма утредента, за мирисот да не коментирам аххх прекраснотии...

    DSC_0376.jpg

    3. Е сега ова третово мое омилено нешто, јас го имам како тестерче како тие на сликата десно и количински доста има внатре што значи ќе имам за одредено време да го користам.
    Мене лично многу ми се свиѓа, ми се погоди нијансата скроз а и доста течно е па ептен лесно се размачкува еднакво по целото лице.
    Многу природен изглед дава, и посебно ми се свиѓа ефектот што се добива кога одозгора ќе ставам од бронзерот и руменилото, некако ептен лесно и убаво изгледа.

    PicMonkey Collage.jpg

    4. Карминче од Oriflame -Triple core lipstick
    Случајно го откопав по дома од некоја фиока не знам зашто претходно не сум го видела, нијансата е Dramatic Ruby.
    Убава боја остава и доста долго трае, да беше мат ќе ми се свиѓаше повеќе али во секој случај супер боичка за есен.

    rrrg.jpg

    5. И за крај регенераторов на Gliss, ептен си го сакам.
    Откако ќе ја измијам косата прснувам неколку пати во рака и убаво го размачкувам низ целата коса.
    Мирисот што се шири околу мене додека го правам тоа не се опишува! :sun:

    10609347_10205076592222058_2067468519_n.jpg
     
    На ivancekitty, senza.parole, SV1911 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    И јас ги прескокнав последните неколку месеци, па овој пост нека се однесува за последните 2-3 месеци и омилените продукти кои спаѓаат во нив. :)

    1. Garnier Perfect Blur - Прајмер
    [​IMG]

    Мене овој прајмер ми е нешто прекрасно, значи минатата недела цело време правев - еден ден стави само пудра, следен прајмер и пудра, и се така по цел ден, и успеав да забележам и осетам дека ако прво ставам од прајмерот пудрата после тоа ми стои повеќе и ми стои поубаво на лице, како да кажам, поприродно, помазно, како мала доза на фотошоп да сум удрила у живо на лицето. И сега редовно си го користам, и не ми е жал за парите што ги дадив, иако летото првата импресија ми беше - Леле два кармина за тие пари ќе си купев. :rofl:

    2. Vichy Dermablend.
    [​IMG]

    Нема да разложувам на долго за пудрата, само ќе кажам, ова е најскапата пудра што ја имам купено, најдобрата до сега, ми одговара совршено на тенот, кој патем ми е со жолт подтон и баш оваа нијанса ми е таман, ми стое цел ден, покривноста и е голема баш како што јас сакам и не ми остава траги по алиштата. По втор пат ја купувам и знам дека пак ќе ја купам.

    3. Eveline коректор 2 во 1 (covering and illuminating)
    [​IMG]

    Мене лично коректор како коректор на лице не ми треба, ни па сум користела многу во животот, доволна ми е пудрата за да покријам се што треба, но откако се дигна прашина за познатото контурирање на лицето со хајлајтори и бронзери, решив да си купам ваков коректор, што го користам најмногу под очите (секој ден), а кога се шминкам повеќе, си ставам секаде каде што треба, на т зоната и под очи.
    Многу е течен и за секој ден доволно е само две мали точки под очи за одма да ми се осветлат подочњаците и да се покријат сините брчките на крајот од очите кои за жал ги имам. Не е мат коректор, така да не го препорачувам на оние што имаат ептен мрсна кожа, а и плус дава таков природен сјај кога ставам повеќе, кога се шминкам повеќе мислам, како се осветлува и кожата ја прави мазна и свилеста, значи стварно прекрасен коректор, а сега забележав дека исто така и мојот омилен туш е од фирмата Евелине, значи општо се на се, изгледа сум задоволна од нивната козметика. :)

    4. Eveline туш за очи
    [​IMG]

    Јас сум личност која е зависна од туш и кармини, и имам многу пробано, и поскапи и поефтини, и како најлош до сега ќе го одвојам на Голден Роуз
    со таа најглупава тенка четка, кој е патем само 90 денари, незнам зошто мислев дека може ќе е добар, а да напоменам ми го испофали другарка ми која држи парфимерија, значи фино лепо после и кажав дека е буквално одвратен, да не го препорачува наоколу многу ако не сака да и се смеат, пошто работава дал да плачам ил се смеам беше, не ми е жал за 90те денари, мислам фала богу, тушот ќе го дотрошам со друга четка, ама пошто баш она ми го препорача ај си викам да го пробам, па мој совет - немојте, четката е толку тенка што е и непредвидлива, лесно се превиткува и не можиш прецизно да си го нацрташ очниот капак, забегува лево десно горе доле :@
    .И нормално одма после тоа пак си го купив овој туш на Евелин, кој е се спротивно на тој од ГР, има совршена четка и убава црна боја, четката е малку подебелка но најдоброто wing eye си го добивам со него и трае цел ден, не се размачкува и брзо се суши откако ќе се нанеси.

    5. Bellaoggi сенки за очи
    [​IMG]

    Овоа ми е прва палета на сенки така поголема, јас сум човек што цел живот купува сенка по сенка, т.е поединечни, пошто сакам одредени бои и баш тие сакам да ги имам, па не ми се исплаќа по цели палети само заради 1-2 бои да купувам, а ми требаше палета за да ги имам сите бои што најчесто ги користам за практичност при моите редовни патувања Скопје-Неготино, па оваа палета баш ги имаше скоро сите бои што и како посебни ги имам, некои мат, некои со светки, ама тука се сите земјени тонови убаво средени, а и за 350 денари (y), мислам нема збор, преубава палета, и за секој ден, и за смоуки шминка навечер, и сенките се стварно добар квалитет, се блендаат убаво, мене ми траат цел ден, а не секогаш ставам подлога за сенка, обично од пудрата си ставам секогаш преку ден, па ако некој ги нема на форумот што не верувам топло му ги препорачувам.

    6. Аура руменило
    [​IMG]

    E ова е права есенска/зимска боја на руменило, со добар квалитет и добра ефтина цена. Општо руменилата на Аура сите ми се убави и ми траат, и многу ми се свиѓа што постои како фирма, пошто за нашиот жален стандард благодарение на Аура :l: си имаме квалитетни руменила и останатите производи кои се достапни за сите, за ефтина цена.

    7. Аура хајлајтори
    [​IMG]

    Уште еден производ од Аура, т.е две, ги купив и двете, и секој ден ги користам, и по ептен малку само ставам над образите, и милина ми е лицето :makeup:. Дава дискретен хајлајт, шо јас го користам како завршеток, над камената пудра, пошто така повеќе до израз ми иде, а јас сакам вакви дискретни светкави работи, како коректорот од Евелин, па у комбинација со тоа, шо да ви кажам, Кардашијан не ми е рамна. (mooning)

    8. Кармини :makeup:

    - AVON Luxe Joie
    [​IMG]

    Ова е најдобриот кармин што постое во брошурата на Авон, значи ги имам сите пробано, не зборам за нијансата, ами за кармините општо, кармините на Лукс се со најдобар квалитет, и затоа се најскапи.
    А сега општо за нијансата, незнам како да ви кажам, ама да може трајно би си ја истетовирала на устата, толку убаво ми стое, и на тенот како ми одговара, значи има да го потрошам зимово од носење, таква убава јака боја е, и трае, стварно трае, не праве линии, не ја собира устата, не ја суше, не се брише.

    - AVON Lilac shimmer
    [​IMG]

    Oва е нежна лила боја, доста мрсен е, и дава хидратација на устата и остава траги на сите чаши и образи. :lol: Нијансата ми е преубава, и не ми ја суше устата туку напротив ми ја навлажнува и ми ја праве мека, а маната е што се брише лесно и остава многу траги на се, но тоа е заради тоа што не е мат и е наменет за суви усни.

    - Rimmel Undressed 240
    [​IMG]

    Пишав во соодветната тема за карминот, мене ми е најдобрата нуд нијанса до сега, иако на побледите тонови повеќе на софт портокалово може ќе им изгледа. Хидрантен е што ми е најбитно мене, а мана му е што исто така остава траги на филџанчиња и чаши, но сепак трае на усните, и е таква нијанса што оде со секаква облека и секаква шминка, па дури и без шминка.

    Ајде сега да мавнам една цедевита, мислам дека 2 часа буквално го пишев постот. :tmi:






     
    На Lepaaa, tinkerbelll, simoncelicius и 16 други им се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    blog 8.jpg
    Преубаво нешто за овие ладни денови и без парабени и алкохол. Брзо впива и ја прави кожата мека и убава, убав нежен мирис и најголем + за пимпицата. Сувишно е да фалам про-ди од оваа колекција.
     
    На simoncelicius, ivancekitty, anuskaNESTLE и 4 други им се допаѓа ова.
  12. mariolet

    mariolet Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    18
    [​IMG] Путер за тело посебно со мирис на кокос. ммм...најдобар е :)
     
    На Lepaaa, AGIrlNamedMarija, EMoonlight и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Многу ја запоставив темава, тууу, со месеци не сум пишала ништо. Затоа еве сега една така троа подолга листа, get ready::lol:

    1. Afrodita Clean Phase пена за лице
    [​IMG]
    Намерно земав за нормална до масна кожа, пошто увидов дека агресивните средства за чистење на масна кожа што досега ги користев ми ја пресушуваат кожата, а како резултат на тоа подоцна истата лачи уште повеќе маснотија. На мојава прилично масна кожа пенава совршено одговара, ги вади нечистотиите, ја отстранува шминката и освежува ептен. Мириса преубаво, блага е, неагресивна, а содржи и хијалуронска киселина и екстракт од лимон што дополнително ја освежуваат и хидрираат кожата. Ја земав пред некое време од ДМ на попуст за 200 и нешто денари, мислам дека редовната цена и' е околу 300 и нешто.

    2. Biotherm Aquaource Deep Serum Concentrate - хидратантен серум за лице
    [​IMG]
    Најфантастичното нешто за хидратација што постои! Дури и на масната кожа и' е потребна хидратација, спротивно на мислењето на многумина дека масната кожа не мора да се хидрира. И Мимс напиша за истиов погоре, да не се повторувам, само ќе кажам дека иако е наменет за сите типови на кожа, мојава масна кожа совршено ми ја хидрира, тенот ми е поизедначен, а лицето наутро кога ќе станам ми е полно со живот, баш plump (за жива глава не ми текнува соодветен збор на мк :D). Јас имам две тестерчиња од серумов и ги користам буквално секоја вечер веќе месец ипол и уште ми трае второто. Многу мала количина е доволна (бидејќи е серум, т.е. концентрат), што значи дека многу долго би траело full size пакувањето од 50 мл. Во план сум да го земам кога ќе го дотрошам и второто тестерче. И забележав дека откако го користам, Т-зоната не ми се масти толку како порано, што значи делува и во делот на балансирање на кожата.

    3. Nature's Eye Contour Puffiness and Dark Circles Cream - крема за околу очи
    [​IMG]
    Фино кремче, хидратантно, освежувачко и делува против ситните брчки околу очите. Наменето е за дефинирање на областа околу очите, против подуеност и темни кругови. Нормално, не прави чуда преку ноќ, но областа околу очите ми е видно освежена и посветла. Јас го ставам и наутро пред да се нашминкам и навечер пред спиење и одлично ми е. Тотално е природно и органско - содржи киви, кофеин и unicellular water (што и да е тоа ;)). Го земав од Космо пред некое време, не памтам колку беше, ама знам дека е некаде околу 900 денари. Се става по малку, така што иако е мало пакување, трае доста долго.

    4. Dior Contour lip liner pencil 593 brown fig- молив за уста
    [​IMG]
    Преубаво кафеавкасто nude моливче за уста, што може да се носи и самостојно на цела уста, и со кармин, нормално. За поприроден, дневен изглед преферирам да го носам самостојно. Трае буквално цел ден, и со јадење и со пиење. На едниот дел е моливче, а на другиот има четка за нанесување кармин. Во самата кутија заедно со моливот доаѓа и острилка, што е доста практично. Цена кај нас не му знам, не знам ни дали го има, моето го земав пред некој месец од Загреб, ама појма немам колку беше, искрено.

    5. Loreal Glam Bronze бронзер
    [​IMG]
    Мислам дека ова е најпопуларниот и најкористен производ на Лореал :D Одличен бронзер, совршен и за контурирање, а и за носење самостојно, како руменило. Не е претемен, туку баш таман. Го има ми се чини во две нијанси, за плавуши и за бринети. Јас иако сум плава, го земав за бринети, пошто барав производ за контурирање и овој баш супер ми одговара, особено бидејќи имам жолт тен. Во пакувањето има бронзер и хајлајтер, а под нив се наоѓа прилично големко и корисно огледало и четка. Четката не ја користам воопшто, исто како кај било кој производ што доаѓа со четка, едноставно ми се бескорисни, ама огледалцето врши работа кога немате друго, поголемо при рака. Хајлајтерот не ми е баш омилен, некако светките во него се преголеми и се двојат на образите, па не го користам речиси воопшто. Брозеров најчесто го комбинирам со хајлајтерот Мулти Колор на Аура, кој патем е одличен (истиот оној што Мимс го има спомнато погоре).

    6. Loreal Super Liner Brow Artist молив за веѓи
    [​IMG]
    Молив за веѓи што најмногу одговара на моите од сите што сум ги пробала. Јас го имам во нијанса blonde, и совршено ми се вклопува со природната боја на веѓите. Не влече на кафено како повеќето, туку е баш blonde. Штета што го нема кај нас, кога ќе одам во странство ќе си набавам повеќе залихи. Од едната страна е моливче, од другата има восок за да ги фиксира веѓите на место, а на капачето има и мало четче. Се' што ми е потребно во еден производ, не ми треба ни фиксатор за веѓи со моливчево. Четката не е нешто нај нај, ама кога се нема друго, врши работа.

    7. Maybelline Fit Me Concealer - коректор
    [​IMG]
    Одличен! Најфален е на нет за најдобар drugstore коректор, и сега гледам зошто. Многу покривен, ама не е тестест, не се собира во ситните линии и трае цел ден. Исто и супер избор на нијанси има, мојот е sand, бр. 20 и е баш природен и со жолт подтон каков што ми одговара. Повторно и за овој производ штета што го нема кај нас, најубавите производи не ги носат тука :^)Смешна цена има, не знам точно колку беше, околу 200-300 ден. во наши пари. Вреди многу, многу повеќе! Воодушевена сум, го победи дури и мојот омилен Мислин. Прилично е густ, што не е вообичаено за течен коректор, така што многу мала количина е доволно. Добар е и за под очи и за прикривање на флеки, акни и сл. на лице.(y)

    8. Seventeen matte lipstick no 12 - кармин
    [​IMG]
    Не успеав да најдам поубава слика од нијансата. Бојата е нешто меѓу кафена, бордо и виолетова, но кафената преовладува. Преубава есенска нијанса, заедно со Севентин мат 22 ми се фаворити овој период. Овој некако повеќе го носам, и преку ден и навечер. Со еден слој се добива интензивна боја, многу е пигментиран и доста темен, баш vampy, што мене страшно ми се допаѓа периодов. Малку невообичаена и неодредена боја, ама на уста изгледа феноменално. Нема кој не ме прашал за карминов.

    9. Orzene Beer шампон за фарбана коса


    [​IMG]
    Конечно си го најдов совршениот шампон и многу сум среќна! Прекрасен нежен мирис кој трае до следното миење, косата е мека, лелеава и не се електризира, дава убав сјај и ми ја одржува бојата убава и светла до следното фарбање. Јас секогаш користам шампони за фарбана коса, кој се фарба знае колку е тешко да се одржи убавата боја, а особено плавата :nod:, и овој шампон ме воодушеви. Фален е многу и на форумов и потполно се согласувам. Досега цело време користев шампони специјално за плава коса кои чинеа прилично многу, ама за чудо кај мене овој шампон се покажа дури и подобар од сите нив, иако не е конкретно наменет за плава, туку општо за фарбана коса. Само пофални зборови од мене.

    Имам уште доста производи, ама ќе ги оставам за следен пат, се изморив :whew:. За сега, доста се :)
     
    Последна измена: 4 ноември 2014
    На Lepaaa, Doozy, tinkerbelll и 18 други им се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    1. Шампон за коса Garnier ultra doux Lavander
    [​IMG]
    Презадоволна сум од употребата на шампонот.Со мала количина се создава пенеста смеса од коренот до врвовите, на скалпот се чувствува пријатна свежина и од првото измивање се забележува позитивен ефект.Косата е мека, сјајна и мазна при допир.Не содржи парабен и силикон.Искрено го препорачувам.
    Цената е 118 ден.

    2. Лак за нокти Golden Rose Paris 63
    [​IMG]
    Во овој период од годината користам потемни бои, но најчесто тоа се нијанси на бордо и темно виолетова.Месецов го избрав токму овој.
    Цената е 50 ден.

    3. Тоалетна вода Eclat femme од Орифлејм
    [​IMG]
    Го користам во сезоната есен-зима.Има нежен и дискретен мирис кој се задржува во текот на целиот ден.Мирисна комбинација од мандарина, листови од јасмин и сандаловина што создава чувство на сензуалност и женственост.
    Цената е 999 ден.

    4. Крем за лице 3 во 1 Very me perfect од Орифлејм
    [​IMG]
    Бела крем формула која се спојува со лицето без да остави траги, ја матира кожата и ја намалува видливоста на порите.Идеален за комбинирана и масна кожа.
    Може да се користи самостојно за природен изглед или под шминката за помазен, долготраен финиш како замена за прајмер.Од козметиката за лице, овој производ го прогласувам омилен засекогаш.
    Цената е 199 ден.

    5. Аура хајлајтер

    [​IMG]

    Го користам како финален производ кој создава дискретен светкав изглед на целокупната шминка на лицето.
    Цената е 210 ден.
     
    На senza.parole, Giovanna, bubac и 6 други им се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    106.333
    Пол:
    Женски
    NYX Eyebrow gel - Blonde

    [​IMG]

    Не е производ на месецот , туку на векот. Најпрво сакав да го купам гелот за веѓи на Make up forever Aqua brow но некако за еден гел од 7-8 мл 33 евра многу ми беа , па видов овој гел на NYX дека многу го фалат и има многу видеа на јутјуб за него па реков ќе го пробам и не е скам (јас 9 евра го земав) и имаше повеќе нијанси на избор одколку овој другиот. Јас го нанесувам на рака -една мала точка и доволно е и за двете веѓи. На крај дава природен изглед не е воопшто нападно нели зависи и колку ќе ставиш ама и држи цел ден дури завчера се бањав и не ни излезе од веѓите. Стои се додека не го извадиш а и лесно не се вади за секој случај по миењето на лицето го вадам и со мицеларна вода. Јас сум презадоволна , го порачав од ибеј , ако некоја е заинтересирана нека ми пише да и пратам линк :)
     
    На Giovanna и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.972
    Допаѓања:
    67.579
    На прво место ми е откритиево за кое што цел свет знаеше како да го користи, освен јас - сунѓерче за нанесување на пудра! :party: Значи, колку добро се нанесува пудра со него, истата пудра што не можев да и најдам решение како да ја нанесам затоа што лицето ми се потеше од неа секој пат, а сега стои совршено. Јеј! (Веднаш нарачав и од оние бјути блендер:D).
    [​IMG]
    Следен омилен производ, кој што не ми е од минатиот месец туку од овој, но со смелост можам да кажам дека веќе ми е омилен, е Rimmel Lasting Finish Lipstick - shade 240 Undressed.
    Имам пробано неколку нуд кармини до сега, но овој дефинитивно стои најпрекрасно и не ме прави the walking dead. Трајноста не е баш lasting, тоа е единствениот минус, 2 саати и толку, но може да се нанесе повторно дури и без огледало при рака. Доста е хидратантен што многу ми се допаѓа, не мора пред секое нанесување лабело да ставам. Девојќи, доколку сте во потрага по нуд кармин, пробајте го овој.
    [​IMG]

    Спрејов е мммммм... мириса на бонбони, на свежина, на лето, на сладок сок. Кај производите на Victoria's secret изгледа дека нема утка. Го обожавам (се додека не го купам следниот:lol:).
    [​IMG]

    Следен најкористен производ месецов ми е Essence Sun Club Bronzer.
    Има пријатен мирис и е одличен за контурирање кога сакам да изгледам како без шминка. :wasntme:
    [​IMG]

    Уште еден кармин од Ultimate Colour колекцијата на Catrice, нијанса 340. Бојата е првото нешто што ме привлече кон карминов. Хидратантен е доста. Ми се дооаѓа тоа што можам да „маневрирам“ со карминов, односно да избирам како ќе го нанесам, дали да биде јака бојата или не. [​IMG]

    Уште еден кармин... Многу ми беше мерак да пробам некој ваков chubby lipstick, па се одлучив за овој на DMGM Xtreme matte chubby lipstick, нијанса CS02 Possum Haw Holly (мислам дека:wasntme:). Јака портокалова боја, долготраен, единствен минус е тоа што дел од бојата останува во линиите на усните.
    [​IMG]
     
    На rainbowec, anuskaNESTLE, ivancekitty и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.534
    Допаѓања:
    201.645
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Наместо стикови и дезодоранси, овој рол он е супер. Јас во принцип не ги сакам ролоните, ама во овој се заљубив, ептен ми е погоден. Има пријатен, ненападен мирис, држи доволно долго, не спречува потење ама нема непријатен мирис, што е случај со останатите средства од овој тип. Не содржи алуминиум, цена околу 150 ден.

    [​IMG]

    Порано го користев ББ кремот на Алверде и бев презадоволна, меѓутоа кога требаше да си купам нов, немаше, а итно ми требаше, решив да го земам овој. Кога го пробав дома, мислев дека сум утнала, нијансата ми беше премногу жолта, и не мислев да го користам. Сепак, наредниот ден ставив, и супер излезе, ми го изедначи тенот и некако бојата ептен ми се вклопи. Уште го користам, а го купив пред три месеци (секој ден ставам, освен кога сум дома). Мирисот му е фантастичен (ко за ББ крем).

    [​IMG]

    Пенава за миење лице ја купив минатата недела. Искрено, мислам дека нема повеќе да купувам друг гел или пена за миење лице. Вади шминка многу лесно (јас не користам водоотпорна шминка, имајте го тоа предвид), а лицето е мазно и сјајно. Малку повеќе затегнато, ама после ставам крем од невен на лицето и супер ми е. Ја купив затоа што не можев да го најдам гелот за миење лице со невен на Алверде (што е со нив, многу производи ми недостигаат), и гледам дека воопшто не згрешив.

    [​IMG]
    Со ваков лосион секогаш го чистам лицето наутро пред нанесување на било што. Ем за освежување, ем за чистење. А и мирисот не е за фрлање.

    [​IMG]
    Вечно заљубена во мирисов! Трае и трае... кожата мека, нежна и миризлива.
     
    На Doozy, SV1911, senza.parole и 9 други им се допаѓа ова.
  18. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    Во последно време сум редовен корисник на бебешките производи. Како производи на последните 2-3 месеци би ги издвоила следниве :
    1. на прво место, идеалната пена за миење лице што ми го воведе лицето во ред. Нежна е, убаво ги отстранува остатоците од шминка, ефтина е, го има претпознатливиот мирис на бекутан, на чисто
    http://ilike.mk/wp-content/uploads/images/2014/05/Becutan-pena-iLike-mk.jpg

    2. Го купив за одмор, а од тогаш потрошив уште многу шишиња. Шампон и пенливо, 2во 1, економично е, убаво ја чисти косата и кожата, од како го користам веке не ми се нафрлува грбот :)
    https://ofyblog.files.wordpress.com/2013/05/ax217716.jpg

    3. Имам некоја навика секогаш исто да ми е млекото за тело, со гелот за туширање. Ми одговара, убаво ми ја храни кожата на телото, а и мирисот за ова време ми е идеален.
    http://img.mojagarderoba.mk/images/2/dcbdadb83884e8d90138dd4818151286.jpg
     
    На scorpias му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    makeup-ei-dm-blender.JPG downloadfile.jpeg catrice.png V322691.jpg _20141114_163052.JPG _20141114_163111.JPG 1.Балеа beauty blender-одлично сунѓерче за блендирање и за нанесување рамномерно на пудра
    2.Catrice коректор-не знам дали некој на темава не е запознаен со најсовршениот коректор!
    3.Catrice сет за веги-нешто најслатко!Две мат сенки огледалце и посебна фиокичка со минијатирна чупалица и четка.Нешто што мора да го има секоја девојка во ташна!
    4.Victoria's secret спреј..не е баш зимски ама не можам да се заситам од миризот!
    5 и 6 . Velvet matte golden rose кармини-број 02 и број 27.повеќе се есенски кармини,не се нападни,нежни долготрајни и мат! :)
     

    Прикачени фајлови:

    • downloadfile.jpeg
      downloadfile.jpeg
      Големина на фајлот:
      8,3 KB
      Прегледи:
      25
    • catrice.png
      catrice.png
      Големина на фајлот:
      324,9 KB
      Прегледи:
      30
    На LaraSolare, la-chicka, anuskaNESTLE и 5 други им се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    1. Парфем Incandessence Flame Avon
    [​IMG]
    Вака на прво шприцнување има јака нота, ама после како да омекнува. Како мачка во вреќа го порачав, ама не се разочарав. И прилично е траен. Обично се заситувам од еден парфем, па го земав за промена, да не ми досади Little Red Dress. И сега ми се чини дека овој почесто ќе го користам :lol:

    2. Гел за туширање Senses Avon
    [​IMG]
    Одамна немам користено од овие гелови за туширање, па решив овој да го порачам. Некако ми е баш зимски мирисов и дефинитивно од новогодишниот каталог ќе си го порачам големото пакување. За тоа дали е траен мирисот - не знам, бидејќи секогаш користам млеко за тело после туширање.

    3. Лак за нокти Nail Experts Strong Results Avon
    [​IMG]
    Има чудна структура, како масло е. Ми се чини дека се впива кога ќе го нанесам на ноктите, па затоа и во упатството пишува да се мачкаат ноктите секојдневно во период од една недела. За разлика од другите лакови за зацврствување кои сум ги користела, ми се допаѓа повеќе бидејќи не се прават дебели слоеви, па да се лупи.

    4. Plump Pout Lipstick (beige nude) Avon
    [​IMG]
    Вака делува многу темен, дури кога го отворив си помислив да не ми ја утнале нијансата. Ама има многу неутрална боја, со некој портокалов подтон. Јас кармин никогаш не нанесувам директно на уста, секогаш прво балсам. Ама на интернет има пофални зборови дека е доста хидратантен и има убава пигментација.

    5. Extralasting Lipstick (cappuccino) Avon
    [​IMG]
    Овој има потемна нијанса (иако делуваат многу слични на сликите) и не е толку сјаен како претходниот. Читав критики на интернет дека не бил толку extralasting, ама јас многу често го обновувам карминот и онака, така што тоа не сум го забележала.

    6. Nivea Moisturizing Day Care
    [​IMG]
    Со мојава комбинирана кожа ретко наоѓам производ за лице што потполно ми одговара, ама кремава не е нималку лоша. Прво кога ја намачкав ми делуваше малку помрсна, ама многу брзо се впива во кожата. И има ептен освежителен мирис.

    7. Dove сапун
    [​IMG]
    Со сапуниве на Dove ги заборавив сите производи за чистење на лице што ги имам :D Врти, сучи - со него го мијам лицево. Последниов месец хит ми беше овој во плаво пакување. Многу нежно ми мириса.
     
    На Lepaaa, kala21, crazylady и 11 други им се допаѓа ова.