Seche vite top coat Прво се мислев дали да дадам толку пари за топ коат (една девојка што ја познавам го имаше на ОПИ ама беше толку незадоволна што цело шишенце го фрли во канта) ама читав многу по нет и јутјуб дека лакот држи и по 10 дена па решив да го купам, Ова чудо за 5 секунди го суши лакот , кој и да е , и најевтиниот од пазарче ќе ви држи со сигурност 10 дена на ноктите , ноктот изгледа како да имаш ставено проѕирен гел одозгора.. исто така има 14 мл па се исплати за парите и те како! Јас го земав 12 евра од Сефора ама и на ибеј се наоѓа за 8 евра од Англија Benefit - Hello flawless foundation Многу сум задоволна од пудрава , веќе пишав и во др тема , лесна пудра наменета за мрсно лице , со 25 заштитен фактор , ако сакате да биде потрајна на лицето мора да се стави прајмер и пудра одозгора , мене ми стои околу 8-9 часа на лицето , па бидејки нели имам мрсно лице почнува да ми свети прво тзоната. Ама пудрава е многу лесна , и исто така дава еден убав сјај на свежо лице , незнам како да објаснам кој има жолтеникав подтон повеќе ќе му одговара на лицето инаку морам да признаам дека нијансите се малку чудни. Кога ја пробував продавачката ми стави на лицето прво од нијансата iam plush & precious па излезе многу жолта и темна за моето лице. И со сигурност мојата нијанса е iam pure for sure и таа и ја земав. Со сигурност би ја купила повторно пудрава цената и е 36 евра а јас со 25% попуст ја земав 29
Извинете малку оф ќе бидам, но незнаев каде да го поставам прашањево. Каде се наоѓаат производите на Рефан (во потрага сум по поприродна козметика без парабени и чуда) и отприлика како се движат цените? Ви благодарам
Palmolive Smooth Delight Овој гел за туширање е дефинитивно омилениот продукт за месецов. Мириса толку убаво, што ми доаѓа да го изедам и дефинитивно не ми ја суши кожата, што најчесто ми се случувало после туширање. Од мене огромна 10-ка
Дел и од моите омилени продукти на месецот.Некој од нив веќе подолго ги користам,а некои само што ги купив,но за брзо ми станаа омилени! (како лајнерот на Лореал и парфемот) ° Маскарава Max Factor Masterpiece Transform!Нема подобра!Како и сите нивни маскари така и оваа,преубаво ги прави трепките,воедно и ги издолжува и ги прави погусти,без да остава грутки. °Balea памукчињата за остранување на шминката од очите.На база на Алоа Вера.Со еден потег ја бришат шминката и не предизвикуваат црвенило или чешање на очите. °Johnson's Body Lotion-Преубаво мириса ,а што е најважно не содржи парабен и ја прави кожата премека. °L'oreal лајнеров е најдобар!!Мн експериментирав со разни,но со овој ниеден не се рамни дефинитивно!Не би го сменила веќе со ништо Им го препорачувам на сите што сакаат квалитетен и долготраен лајнер. °И на крај мојот нов парфем,во чиј мирис сум заљубена.Прекрасен зимски и секако траен парфем. Roberto Cavalli- Nero Assoluto.Толку многу луксуз и прекраснотии во ова мало шишенце.
ne se somnevam vo toa kolku se dobri i lajnerot i parfemot i maskarata.No retko koj mozhe da si gi dozvoli kaj nas marka i originalot si e marka kolku i da kazhuva nekoj deka ima i poeftini a podobri ili soist kvalitet a poeftini. ne e taka. so zdravje da si gi koristish i jas da prisoberam pari i bisakala maskarata da ja kupam. eve i dva moi omileni od ovoj mesec. baby lips i rolonot nivea invisible.zadovolna sum mnogu i od dvata produkta. za latinicava se pogrizi mojot glup telefon sori
Пред неполн месец ја купив од ДМот во сити мол за 790 ден. Таа и е цената одприлика секаде.Околу 800,820.
Извини што касно ти одговарам голден роуз се 130 ден мислсам.Ефтини се а преубави,многу ги имаат фалено низ темиве.јас сум многу задоволна
Каде го купи Кутерид мастот? Јас го барам неколку месеци и никако да го најдам а потребен ми е поради проблемот со егзема :/
Јас го барав во сите аптеки во Ку и никаде го нема... рекоа дека нема да се произведува повеќе, затоа сакам да знам од која аптека е купено па макар и до Скопје да одам само за тоа
Одамна немам пишувано во темава. Претходните месеци малку се подновував. Но за месец ноември можам да издвојам доста. Пудра за лице Лукс - Авон. Мојата претставничка ми ја препорача, па и побарав тестер и од кога ја пробав, си ја нарачав. Дефинитивно не жалам за дадените пари. Јас не сум љубител на пудрите на авон бидејќи се како воденести и кашести и не се погодни за моето лице. Никогаш не сум им дала шанса, но сега воопшто не жалам. Да напоменам станува збор за свиленикастата пудра. Инаку незнам зошто велите дека ќе светите како лампиони, кога јас мислам дека не е така. Тоа е лесна пудра за оние кои немаат што да покриваат многу. И колку помалку немате што да покриете толку подобро. Балсам за усни од какао. Подобро нешто за усните мои и нема. После 2-3 нанесувања ќе забележите разлика. П.С. Вашиот дечко сигурно ќе го обожава. Кој пробал- знае. Шампон против првот - Авон Тука читав милион препораки за шампони против првот и се наканив да купам, но ми текна дека еднаш бев задоволна од шампонот против првот од Авон. И си го нарачав и би ви го препорачала за оние што имаат бел првот. Помага, го чисти првутот целосно. Сенки за очи Naked Basic оригинал Овие сенки речиси и немаат разлика со копијата, но подобро стојат и боите се поинтензивни. Ги имам и копијата и оригиналот, но копијата нема интензивна боја и не стои долго, а оригиналот стојат подолго. Ги добив на поклон од тетка ми од Шпанија. Јас би ви ги препорачала доколку сте во можност оригинал да си купите.
1.http://www.biotencosmetics.com/umbr...ht=283&pad=true&BgColor=FFFFFF&constrain=true задоволна сум многу од оваа крема убаво мириса и не е скапа околку 170 денари. 2.http://4.bp.blogspot.com/-XS_d6GXbS...Agg/uKBcWuHkR7c/s1600/Bioten_CC_Light_wow.jpg од истата фирма и оваа CC крема
Macadamia Deep repair mask Оваа маска ја користам веќе неколку недели и сум многу задоволна. Мириса прекрасно , а косата ја прави многу многу мека , на пакувањето пишува дека делува маската 7 минути ама јас ја држам косата 30 минути во крпа и потоа косата е невероватно мека и сјајна. Јас ја земав најмалата амбалажа 100 мл 13 евра од lookfantastic.com. Секако дека пак би ја купила! Benefit Rockateur blush Одамна го посакував ова руменило иако не ми се даваа толку пари , имаше попуст и реков ќе го земам. Бојата е розевкасто корална (повече корално изгледа кога ке се нанесе на лицето) со малку светки кои што не се приметуваат , многу е трајно стои сигурно повеќе од 5 часа и мириса на цвеќиња. Не би го земала повторно би сакала да пробам и други руменила Bioten care moments Задоволна од овој гел за туширање , јас го земав тој во средината што мириса на лајм - зелен лимон. Мириса толку многу што потоа цела бања мириса. Убаво е и тоа со мед но тоа првото мириса толку многу на чоколадо што дури ми се згади искрено кога го мириснав Garnier color sensation 111 Веќе неколку месеца како се фарбам плава , пробав многу фарби како еволушн , игора , колестон , палете , но едни ми правеа жолтило од други ме печеше главата или смрдеа ужасно , оваа фарба е идеална за тие што сакаат здрава плава коса , и вади одлична бело плава боја , мириса на цвеќиња и најважното не ми ја гори кожата. Ја препорачувам на сите плавуши Loreal Elnett Volume spray Овој спреј го користам веќе 2 недели и е супер за тие што имаат слаба коса и сакаат волумен. Се нанесува на мокра коса на коренот и дава волумен до 3 дена како што е и опишано на производот плус заштитува од топлина. Маана му е само што има еден парабен но гледам да не го користам толку често баш поради ова.