Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    73.084
    Пол:
    Женски
    А каде може да се најде кремата Далтон?
     
    На s.T.e.F.i му/ѝ се допаѓа ова.
  2. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.749
    Допаѓања:
    8.814
    Пол:
    Женски
    Каде ја има нивеата за усни, ја донесоа и кај нас? Мислам ја немаше :wasntme:
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  3. the-Anya

    the-Anya Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2014
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    293
    Нешто и за овој месец :)

    1. Garnier ultra doux honey treasures регенератор за коса.
    [​IMG]
    Го користам веќе 2 недели и можам да кажам дека косата ми е мека. + на тоа мириса преубаво и долго, скоро до следното миење :)

    2. Балеа гел против акни.

    [​IMG]

    Немам за среќа проблем со акни. Многу многу ретко се случува да излезе некоја (обично пред да добијам) Со оглед на тоа што гелчево не е скапо, има одличен ефект. Ги суши акните веднаш и другиот ден веќе не се ни приметува дека имало бубуљичка :)

    3. AVON advance techniques instant repair spray.
    [​IMG]
    Голем фан сум на оваа колекција од АВОН! Се што сум земала било чиста 10ка!

    Иако не ја пеглам често косата и не сакам да ја сушам често со фен, ми се крши и расцветува многу брзо. Од кога го користам спрејчево можам да кажам дека има голема промена. Се става на мокра или сува, чиста коса. Искрено го препорачувам на тие што почесто се пеглаат.

    4. Maybelline baby lips mint fresh lip balm.
    [​IMG]
    Не ми беше во план да го купам ама кога видов дека има со ментол не можев а да не земам :) Во зима односно кога е поладно времето многу сакам да користам лабела со мирис и вкус на ментол :)Очекував да биде нешто помеѓу лабело и кармин ама за среќа не е така. Убаво ја навлажнува устата но не трае долго. Се на се задоволително :)
     
    На Giovanna, Sunshine.Sunshine, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    1.815
    Нешто за декември :)
    1.После многуте фалење се решив да ја пробам фамозната пудра Double Wear на Estee Lauder . Иако имам нормална до сува кожа, пудрава е СОН. Трае по цел ден, не остава флеки на алишта, дава природен изглед на лицето. Јас ја имам најсветлата нијанса 1N1 Ecru , бидејки сум доста бела и оваа нијанса најмногу ми одговараше. Оценка 10/10
    [​IMG].
    2. Lorea'l skin perfection - Micellar Gel
    Го користам за отстранување на шминка од очите, обично кога сум нашминкана со сенки , неколку слоја маскара и слични чуда. Многу е нежен, немам никакво печење или црвенило на очите. Баш е наменет за осетлива кожа. Само 2 пати поминувам со памукчето и вади се. Има некоја структура како гел што ми се допаѓа. Нема никаков мирис, парфеми, ништо, затоа е доста добар за осетливи очи.
    [​IMG]
    3, Victoria's Secret- On the go makeup kit
    Сет од 16 сенки, 4 руменила, 4 сјаеви за усни и 4 eyeliners. Со него има и огледало и 2 четки. Сенките се со некои дискретни светки, само 2 се мат ама сите се доста пигментирани и траат . Ги добив за подарок, ептен ме израдуваа. Руменилата се одлични, едни од најдобрите што сум ги користела. Сите палети се ваѓаат , може да се стават во огледалцето за да се носат во ташна.[​IMG]
    4, Wella -Refresh Shampoo
    Долго време имам проблеми со опаѓање на косата и имам испробано разни шампони, домашни рецепти и чуда. Овој е еден од подобрите кои ги имам користено. Косата ја осеќам како зајакната , имам бебешки влакна и не ми се мрси . Задоволна сум
    [​IMG]
     
    На LaraSolare, tinkerbelll, ivancekitty и 14 други им се допаѓа ова.
  5. viviette

    viviette Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Го купив од Еурофарм во Веро 2 (Тафталиџе), а може да го има и во Оскарлек на Илинденска дека и таму држат Далтон производи :)
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. viviette

    viviette Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    За жал ги нема овие нивеа за усни кај нас, другарка ми го донесе од странство :/ Се надевам ќе ги донесат, имало и со други мириси.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  7. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    8.558
    Пол:
    Женски
    А која цена е? Претпоставувам дека е поскапа ама ако се исплати подобро оваа да си ја купам отколку епителиалот :)
     
  8. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Мимс ме интересира во врска со гелот за миење на лице од Балеа, дали успеа да ти исчисти нафрланите делови на лицето, има ефект? И дали стуктурта му е како гел за миење на лице, пени убаво? Имам лошо искуство со останатите производи од Балеа од овој тип, слабо пенеа и не го чувствуав убаво измиено лицето, имаше уште остатоци од шминка кога ќе го поминев лицето со тоник :/ Сакам да му дадам шанса на производов, ама прво да слушнам искуство....фала однапред :)
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.162
    Имам сува коса склона кон мрсење, сува кожа на главата па редовно користам маски, уља, регенератори.
    Но најголема мака ми беше првутот. Долго време го користев шампонот на Виши и сум презадоволна. И го купив и на мајка ми, и кај нејзе го имаше истиот ефект.Предходно она имаше буквално корузи на главата, со него се исчезна.
    vichy-dercos-anti-schuppen-pflegeshampoo-fur-trockenes-haar-200ml.jpg

    Проблемот се јави кога сакав да се префрлам на нормален шампон. Намерно зедов бебешки, демек понежен...и за недела две пак се наполнив со првут и се вратив на виши. Имав и други слични неславни обиди.

    Новото откритие ми е шампон за екстра осетлива коса, т.с кожа на главата. Презадоволна и конечно ми се стабилизира и влакното, т.с помалку ми се мрси.
    PHY_DEU_Flasche_250ml_SC_Mildes_Shampoo_V4_offen_detail.jpg

    Пред неколку недели при случајна посета во дм изнакупив некои ситници, меѓу нив бутер за усни со вкус ванила и макадамиа.
    Прекрасен мирис, одлична влажност и солидна трајност. Многу подобар избор од класичните лабела. Нареден пат ќе зедам и од другите вкусови, сигурно се подеднакво добри.
    Labello-Lip-Butter-Vanilla-und-Macadamia-167-g.jpg
     
    На tinkerbelll, ivancekitty, Giovanna и 11 други им се допаѓа ова.
  10. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    551
    @danichap како се цените на шапониве и од каде ги купуваш? Тој вториот ми фати око. И јас имам осетлив скалп, само никогаш не сум имала проблеми со првут. Имам позади кај вратот една раничка која никако да ми оздрави, а и јас сум си крива што постојано ја чепкам. Косата ми е тенка и склона кон мастење. Секогаш купувам нови шампони со цел да си го најдам оној вистинскиот. (типично женско нели :D)
     
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.162
    Го купив од аптека по препорака на жената која таму работи со цена околу 10 евра, но не е од Македонија.
    Би ти советувала да прошеташ и Мак. низ аптеките и прашај. Сигурно има некои кои се далеку понежни од бебешките плус и непарфимирани.
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Не ми се баш исчистени но ми се во голем дел намалени, а дефинитивно спречува да ми се појават нови. Проблемов со другите ми се најеројатно шишките, ама пак не се страшни, не се ни приметуваат кога ќе ставам пудра. Структурата не му е како класичен гел туку е бело и густо како паста и има гранули. Нема пена туку стурктурата му станува кремаста. Јас сум задоволна од тоа како ми го чисти лицето.
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  13. le.dentiste

    le.dentiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    544
    Пол:
    Женски
    1. Шампон Ultra Doux 5 planter
    После 4 месечното користење на Syoss косата ми стана тешка, тестеста и после миењето не ја чувствував така свежа. Навистина не знаев каков следен шампон да земам. Овој го зедов и јас самата не знам зошто но за среќа се покажа дека е супер!
    prod-P42121-big.png

    2. Seventeen matt plus liquid foundation
    Без парабени и барем за мене најидеална за комбинирана кожа
    QraoBeC.png

    3. Ziaja hand cream

    За рекордно време се упива, моето е од 80 мл па така е згодно за носење во чанта.
    images.jpg

    4. Aura glorious cheeks 215

    Супер пигментирано, баш ми е некако за зимскиов период

    images (1).jpg


    Ви посакувам добра ноќ :f::)
     
    На SV1911, rainbowec, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  14. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот :) Разгледав на интернет, видов дека има и гел за миење од истата линија, па може ќе го земам него, би требало да е подеднакво добар. Имам комбинирана кожа на лицето, повеќе накај сува, но имам приметено дека кога ќе земам гел за миење со кремаста структура, повеќе ми се нафрла. И тоа немам проблем со типични акни, туку само поткожни. Утре планирам да го купам, мислам дека ќе биде гелот, ако не се предомислам во меѓувреме :D :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. viviette

    viviette Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Околу 1850-900 ден. беше, ама вреди :) + и доста има, со месеци ќе ја користиш.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2014-12-12-22-18-18-1.png
    °Путерот за усни на Нивеа,од малина.Прекрасен е и мирисот и све!Устата ја прави премека и хидратантна.
    Штета сеуште ги нема кај нас одма би ги пробала и другите,од карамела и од ванила.
    Мене од Германија ми го донесоа.
    Screenshot_2014-12-12-22-37-40-1.png
    °Макс Фактор двобојниве сенки.Предобри се,имаат убава пигментација,а и нијансите на овие две бои ги обожавам.
    Screenshot_2014-12-12-22-28-55-1.png
    °Неутрогена крема за раце.Незнам зошто до сега сум експериментирала со др креми за раце.
    Предобра е!!
    Screenshot_2014-12-12-22-22-31-1.png
    °Маскава на Балеа за лице,со цинк.Јас имам мн чисто лице и неможам да кажам и дадам коментар дали е добра во врска со чистењето на лицето од митесери, но можам да кажам за друго.Мене ми е супер за повремено освежување и потхранување на лицето.Затоа што содржи цинк и глина.(y)
     
    На jelly888, Mama25, BabyyBoo и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Aura Glorious Cheeks Highlighter

    [​IMG]

    Конечно излегов од мојата all matte everything комфорна зона и о, моја прекрасна светкавост, колку ми недостасуваше! Се одлучив за хајлајтерот од лево (Golden Spice) и засега сум презадоволна. Совршен за здрав, dewy финиш на моето претходно екстремно матирано, скоро безживотно лице. Плус и цената му беше само 180 денари или помалку (го земав за време на акцијата на Аура во DM) (highfive)

    Wet N' Wild Mega Last Lipstick

    [​IMG]

    Лошо пакување, пластично капаче кое често го „потфаќа“ карминот при затворање (видливо е и од сликата), но многу бои, неверојатна трајност и мат ефект за само $3! Читав за карминиве уште пред да отидам во Америка, за како се многу евтини и мат, а некои од нив и dupes на MAC, и кога отидов таму морав и лично да се уверам :nod: Еднаш беа на акција за $1.50. Имам 6-7, омилена нијанса ми е остро виолетовата Sugar Plum Fairy.
    [​IMG]

    Catrice Ultimate Nail Lacquer 62 Must-Have STEELetto

    [​IMG]

    Уште еден попуст кој го искористив во DM. Мазно лакче, лесно за нанесување, брзо се суши. Многу необична боја тешка за дефинирање, би ја нарекла розеникавo холограмско сребрена, изгледа различно на различна светлина. Ме изненади трајноста, се излакирав во вторникот вечер и се` уште не е мрднато :rock: Моменталната цена е 129 денари.

    Ebelin гумено сунѓерче за пилинг и масажа

    [​IMG]

    Досега не сум користела никаков сунѓер за лице затоа што мислев дека ќе ми биде груб, ќе ми создава црвенила и/или иритации. Но ова е најмекото и најпријатното нешто со кое го имам измиено лицево. Понекогаш се подзаборавам и се тријам и по 15 минути :rofl: Се навикнав на него, го користам по двапати дневно. 109 денари во DM.

    LOréal Triple Active Anti-Shine крема за лице

    [​IMG]

    Немам постојана крема за лице, последно се решив за оваа затоа што прочитав дека Мims ја препорача во некоја тема. Засега сум задоволна, хидрира, а матира, а не многу креми ја овозможуваат таа привилегија. Цената е многу достапна, околу 350 денари.
     
    Последна измена: 13 декември 2014
    На LaraSolare, SV1911, Mama25 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Од каде може да се купи овој шампон?
     
  19. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Burberry - Weekend
    [​IMG]

    Многу убав, ненаметлив, освежителен и опуштачки.Сладуњаво-цветен мирис. Има јачина ама во исто време е и нежен и свеж, не гуши, Доста е универзален, носив е во секоја пригода и годишно време. Ми буди радост, мириса како најубав и најсреќен пролетен ден, мириса на чисто, на природа и спокој. Ја има таа англиска префинетост, елеганција и достоинство. Воздржан и отмен, ништо не отскокнува, сите ноти се добро вклопени. Не е некој фатален ниту не забравен, направен без претерување, едноставно и класично, а јас се заљубив во неговата искрена едноставност. :inlove: Збор со кој би го опишала е младост (младалашки дух).

    Max Factor - Creme puff pressed powder
    [​IMG]
    Одлично се вклопува како завршница со сите течни пудри што ги имам. Супер матира, и не го дава оној тежок паштетест изглед туку природно изгледа онака мазно и свилекасто.


    Catrice sun glow matte bronzing powder

    [​IMG]

    Преку ден без или можеби само нежно нанесено ама навечер без бронзер нема шанси. Го имам и тој за темна и тој за средна кожа си ги мешам. Од ова што се нуду кај нас и за тие пари екстра се. За да не должам и да не се повторувам имам пишувано за бронзеров поопширно во темата за бронзери.

    Essence blush up - 20 pinky flow

    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    Омбре розево руменило кое си го користам и како сенка. Ледено росева е бојата, многу ми се допаѓа, ми дава свежина на лицето. Мат е, трае цел ден, не бледнее и лесно се нанесува. Доста е пигментирано, доволно е само лесен допир со четката во руменилото, за да не испаднете како кловн.

    Essence - Soo glow highlighter, 20 bright up your life

    [​IMG]
    Достапен во две бои, бел и розев. Го земав розевиот бидејќи имам бели хајлајтери од други фирми. Лично мене повеќе ми се допаѓа од белите бидејќи многу поубаво се вклопува како боја со други руменила. и изгледа многу поубаво. Нежно розев е, има кремаста структура што го прави супер лесен за подеднакво нанесување. Дава баш светкав изглед ко на холивудскине ѕвезди. И како што веќе пишав во друга тема мене ми е најубав хајлајтер што го имам. П.С. хајлајтеров во комбинација со горе споменатото руменило е фантазија.

    Essence eyeshadow 06 Metropolitan

    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    Порано ич не бев задоволна од единачните сенки на Есенс, ми беа многу суви, не доволно пигментирани и воопшто не се нанесуваа рамномерно...ужас беа, е ама оваа ептен ми се погоди, вагда им ја смениле формулата, а и општо целокупната нивна козметика им е со подобар квалитет од порано. Сенкава е чоколадно кафена боја со златни светки, светкава е ама не премногу. Доста е пигментирана,по малку ставам и ја зголемувам послетено јачината на бојата за да не се затемнам наеднаш. Текстурата не и е сува воопшто туку некако камено кремава. Лесно и рамномерно се нанесува и бленда. Хит ми е есенва, најчесто користена сенка сезонава.


    Aura long lasthing lipliner 34 и 31

    34 е бордо боја, а 31 е кафена боја, нит е темен нит е светол. Моливчињава за околу 100 денари се екстра. Кремасти се, пигментирани и не ми ја сушат устата.

    Golden Rose lipstick 50, 73 од класичните црни пакувања и Vision lipstick 120

    Бр. 50 е чоколадно кафена боја. [​IMG] [​IMG]
    Бр. 73 е темно виолетов, слично ко на сликата [​IMG]

    И бр 120 е темноцрвен со кафен подтон[​IMG] [​IMG]
    Боите ми се баш есенско зимски и во последниве два месеца само овие три кармини ги носам,:makeup: а како што ми изгледа ќе продолжам и зимска сезона, се опседнав со нив.:inlove:
     
    На SwanMay, SV1911, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  20. the-Anya

    the-Anya Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2014
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    293
    Во листата морам да ја додадам и оваа крема :) Совршена за студени денови :) Доволно е еднаш дневно да се нанесе и рацете се меки цел ден :)
    [​IMG]
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.