1. Камена пудра за лице Rimmel Stay matte Незаменлив производ од групата на камени пудри за мојата нормална до комбинирана кожа со масна т-зона.Лесно се нанесува и погодна е за создавање добар мат-ефект. Лесната текстура овозможува свеж и природен изглед на лицето. Цената е 330 ден. 2. Коректор за лице Very me cover up од Орифлејм Немам проблеми со акни и мозолчиња, но во деновите кога ненајдено се појавуваат "малите непријателчиња", овој коректор одлично ги суши, го прекрива црвенилото и не остава непријатна трага на лицето.Го изденачува тенот и ги прекрива недостатоците. Содржи масло од чајно дрво за смирување.Може да се нанесува самостојно или пред течната пудра за лице. Достапен е во две нијанса (светла и темна). Цената е 149 ден. 3. Крем за раце Nivea Express Hydration Брзо се впива, збогатен е со минерали за длабока хидратација кои оставаат пријатно чувство на негувана кожа. Ултра лесната формула со природен комплекс овозможува меки и нежни раце, ослободени од лепливост.
Victoria beauty (Curly Hair Fluid) Одличен продукт за виткање на косата, не ми ја лепи и не ми ја мрси одма другиот ден презадоволна сум. The Body Shop (Moringa Bpdy Scrub) Пилингов за тело од Бодишоп е предобар, кожата ми е премека и немам повеќе акни на грбот, и да мирисот му го обожавам. Oriflame (Pure Skin/ Face Wash) Го Фалев гелов и на блогот, одлично си ја врши работата пени убаво и добро ја чисти кожата и делот на Т-зоната ми ја држи мат во текот на целиот ден. Е сега јас се зезнав со цената го платив 400 ден а следниот пат беше на попуст 200 ден. Ingrid Cosmetics (BB Creme) Одлична ми е за секојден, солидна покривност и трајност ја користам секој ден и не ја осеќам тешка на лицето. Clarins Eyeshadows Сенкиве се повеќе од одлични, многу се трајни значи цел ден не мрдаат од око и боите таман ми се погодени за секој ден. Golden Rose 3D Mascara Маскарава никогаш не мислев дека ке ми биде омилена, купена е сосема случајно и е сосема одлична за таа цена. Jordana Cosmetics Single eyeshadows Многу ми е жал дека ги нема во Македонија да ги купам сите можни нијанси, многу се пигментирани и трајни.
Јас го купив од кај мојот фризер, тој работи со Wella препарати и истите можеш дас си ги купиш (не сум од Скопје). Провери по фризерскиве салони , мора некој да работи со Wella.
Билка пастава без парабен! Ептен освежува, мирисот се задржува подолго во устата, чак може и малце ми ја обели нијансава на забиве Ја има во ДМ, цена - 135 денари ми се чини беше. Има и со лимон и таа е супер. А сега дур ја барав сликава видов дека има и со вкус на зелен лимон некаде по светов, па би ги замолила од ДМ и таа да ми ја донесат
Avon Luxe-silken foundation Пудрава ја пробав на тестер и се воодушевив колку добро нијансата ми се вклопува со тенов , имам светол тен па едвај наоѓам светли нијанси на пудра.Решив да ја купам само ако ја начекам на голем попуст, не вреди да се фрли 500-700 денари за пудра од авон.Во предходниов каталог имаше понуда 2 производи од Лукс за 700 денари , па земавме по пола со една другарка.Не е толку покривна ,но мене ми е доволно ја земав како замена за бб крема.Супер е за дневен изглед.Само имам еден проблем , кога ставам под очиве почнуваат да ми солзат и да мене пече , незнам дали е од пудрава или од нешто друго. Essence lipliner - satin mauve Моливчево ми е фантазија најомилен продукт на месецов, конечно ја надов посакуваната нианса.Долготрајно е , кремасто , лесно се нанесува.Го земав 75 денари. Oriflame сунѓерче за нанесување течна пудра Мислев дека течната пудра најубаво се става со четка , но кога го пробав сунѓерчево го сменив мислењето , а го купив онака колку да го имам.Дури и оние пудри кои не ми одговараат прекрасно ги бленда и не изгледам како 10 кг пудра да имам на лицево.За 100 денари е повеќе од одлично. Real Techniques stippling brush Четкава ја тестирам неколу месеци па тука ќе напишам мала рецензија.На почетокот а користев за нанесување на ББ крема , супер ми се нанесуваше , само требаше повеќе блендање.Неколку пати додека нанесував пудра под очиве си го повредив оково со тие "боцките" , па морав под очиве да блендам со раце .За нанесување на потешки пудри никако не е бидејќи остава линии по лицето .Сега бидејќи имам нова четка за пудра а користам за руменило и сум презадоволна.Може да се користи и за течно руменило , ама јас сеуште немам , се надевам дека во скоро време ќе набавам едно. Sleek Makeup au naturel palette Добар избор направив што инвестирав во палетава , благодарение на некои феминки .Не се мислев многу која да ја купам , бидејќи не сум љубител на сенки во разни бои веднаш се одлучив за оваа, боите од прва до последна може да се користат.8 сенки се мат , 3 се металик а 1 има ситни светки.Од пигментациата сум прееезадоволна , добро малце првите 5 не се толку пигментирани , ама сепак се светли бои.Малце бев скептична дали ќе ги користам conker , moss и mineral earth , ама кога ги пробав на око го сменив мислењето.Bark и cappuccino си ги користам за пополнување на веѓиве , а taupe може да се користи и како хаjлајтер , една од омилените ми е оваа боJа .Цел месец се шминкам со палетава за по дома , сакам сите можни комбинации да ги испробам.
Јас ја користам оваа, дека хомеопатија примам, ги имам пробано сите, оваа им е најдобра, најосвежителна, лимонот не е толку убава, од оваа го осеќаш до пладне во устата тој свеж природен вкус на грејпфрут. Има и со цреши/вишни, ама оваа ми е најубава.
1. Green farmacy Body butter -shea butter and green coffee и tea tree and green clay Исрено не знам за каква козметичка фирма станува збор бидејки со нејзе за прв пат се сретнав кога на поклон ги добив путериве за тело во комбинација со гелови за туширање. Морам да кажам дека пред се мирисаат ПРЕ-КРА-СНО. Првиот има некој благ и нежен мирис а вториот ме потсека на цитрус и има некој освежителен мирис. Нешто многу важно за мене е тоа што се многу хидратантни и брзо се упиваат во кожата а нивниот мирис трае долго. Ги користам скоро година дена и сум презадоволна и од двата. 2.Avon cocoa butter Не сум некој љубител на козметиките на Авон и на Орифлејм и никогаш не нарачувам од таму. И овој путер за тело мајка ми случано го зела и не погрешила со изборот. Како и предходните два и овој е хидратантен,се упива исклучително брзо а мирисот му стои и му стои. За они кои се опседнати со путери за тело како мене и сакааат некои кои ке бидат хидратантни и брзо да се упиваат топло им ги препорачувам и предходните два а и овој. 3.Balea -Туфери за остранување шминка од очи со пилинг 2во1 Туфериве ги има во наградната игра на ДМ на форумов и ради тоа и ги зедов да ги пробам бидејки предходно користев други на на Балеа и бев поприлично задоволна од истите. Овие за разлика од предходните не се мрсни него напротив навлажнувачки се ,од едната страна туферот е рапав ко со топченца а од другата е мазен како памукче. Има многу пријатен мирис и не се лепи а што е најбитно не печат очите од него. Шминката доста солидно ја вадат иако сметам дека тие другите беа за нијанса подобри од овие. (за предходните имам напишано кратка рецензија во темата од наградната игра па нема да се повторувам пак) Се на се доста солиден производ според мене иако може да биде и подобар. Спојлер: Balea Tuferi 4.Balea My golden twenties -крема Кремичкава вчера ја купив така да далеку од тоа дека ми е за цел месец омилена ама ке ми биде. Пред се доказ дека амбалажата го продава производот. Ја зедов токму поради интересната кутија иако не знаев каква е али морам да признаам дека не згрешив. Мало кутифче од 30 мил. за мене совршено бидејки си барав некоја таква мала крема за раце која можам да ја влечкам со мене бидејки сум пушач и се напињам кога после запалена цигара рацете ми копаат на никотин. Како љубител на хидратанта козметика и оваа крема е полн погодок за мене. Не се лепи и брзо,пребрзо ми се упива во рацеве а има интересен мирис кој му служи на мојата намена за која ја земав. 5.Golden Rose City Style Mascara За крај маскарава на Голден Роуз. Вика дека е за мега волумен и должина и не лаже. Многу ми се погоди маскарава убаво ми ги издолжува,ми ги дефинира без да ги лепи трепките и им дава густина. Цената е повеке од пристапна и јас сум презадоволна во целост од маскарава.
Надополнување за декември 1. Fa Sport Double Power- Shower gel Не трошам многу пари за гелови за туширање, затоа што сметам дека сите се слични и дека нема некоја разлика, барем кај мене. Кожата ми е секогаш сува доколку не ставам млеко за тело, па затоа повеќе инвестирам во млека и путери. Овој гел од Fa ми е повеќе од добар, одлично мириса и кожата ми ја прави нежна и чиста. Исто така може да се користи и за коса, но јас не го користам за таа намена. Цена сто и нешто денари. 2, Naked basics Прекрасна палета, jа имам оргиналот и не може да се спореди со ништо дуго што имам . Боите се неутрални, јас и најмногу преферирам вакви бои на сенки, поретко користам во јаки бои, трајноста е извонредна, не се бришат цел ден, а за пигментација да не зборувам.. Доволно е само малку да се нанесе на четката и остава совршена боја. Сите бои може да се комбинраат и даваат многу природен , а преубав изглед. 3,Loreal Telescopic- Clear definition mascara Имам природно убави и густи трепки, со оваа маскара ми се издолжуваат и дури успевам малку и да ги свиткам. Четката е пластична, не остава топчиња под очите и не се прават грутки на трепките. Општо сите маскари на Loreal ми се добри, па така и оваа. 4, Ацетон со витамин Е Овој ацетон го користам со години, одлично ги отстранува и темните лакови ,што ми е важно посебно сега во зима кога се лакирам со потемни бои. Доста е ефтин, го купувам од Тинекс. Препорачувам( Го најдов на оваа страна www.andros.com.mk , македонско производство е )
ја купив целата колекција по препорака на другарка ми и сум прееезадоволна. Дефинитивно омилени производи на годината не на месецот . Иако ме чинеше повеќе од планираното затоа што дополнително платив и царина ама сепак воопшто не се каам. Вреди за секој потрошен денар. иако никој не ја пофали маскарата, ја купив повеќе поради дизајнот, сепак јас сум задоволна од неа. Ми ги прави трепките доволно долги -но природни.Одличен производ. А и има страшно добар изглед.
Рецензии за малце поинакви производи кои ги користам со години . 1,Микрофибер ракавичка за лице Ја користам веќе година дена и сум презадоволна од нејзе,дури ми беше откритие на векот. Ја добив во колекцијата со погоре кажаните производи на Green Farmacy и сум презадоволна од нејзе. Најчесто ја користам за вадење шминка од очи во комбинација со крема на Nivea baby и совршено ми ги чистеше очите од секакви траги на шминки и маскари. Пред се е многу мекана и нежна па не го гребе и дразни лицето т.е очите. Особено нешто што ме изненади е тоа колку лесно се пере и не остануваат дамки на нејзе. Со едно поминување под топла вода и малце течен сапун како нова е . 2.Четка за чистење на лице Ја купив од Џамбо сосема случајно по некоја смешна сума од околу 60 ден. Си ја користев некои добри 2 години се додека пред некое време не ми се скрши. Генерално од самата четка сум презадоволна како го чисти лицето.Јас ја користев во комбинација на пилинг гелот на Балеа 3во1 за кој имам зборувано во други теми. Влакната и беа нежни а истовреме доволно цврсти за да убаво го исчистат лицето и да му дадат блага масажа. Кренав раце од нејзе и најголем минус ми беше тоа што после употребата самата четка не се чистеше убаво. На коренот на влакната кај што беа прикачени се собираше многу од пилингот кој го користев и некако имав чувство дека постојано е прљава и полна со бактерии. Дури едно време баш во тој дел влакната почнаа црни да стануваат како мувла да се ствараше на нив. Ради тоа се откажав од нејзе. Не знам дали е со сите четки така и дали други го имаат истиот проблем како мене или само јас не знаев како најдобро да ја исчистам.Сепак како производ е доста солидна. 3.Ebelin Massage Pad -Туфер за масажа и пилинг на лице Омилено ! Иако го купив вчера и не го користам цел месец јас сум презадоволна од туферов за масажа и пилинг на лице.Го зедов од ДМ по цена од 105 денари што е сосема солидно и приступачно . Самиот туфер е гумен и флексибилен. Од самата слика подоле се гледа на кој принцип е направен. На лице е многу нежен како и четката го корстам со пилингот на Балеа и после миењето со него осетив ко секоја пора на лицево да ми се отвори. Го прави нежно,мекано и мазно а притоа совршено го чисти и го масира. За разлика од предходно наведената четка која ми беше тешка за чистење ,туферов е прелесен за миење и нема страв од тоа дека на него можат да се создадат бактерии заради остатоци од предходното користење. Исто така си доага со несесерче за чување кое убаво се затвора на патент па во секој момент си сигурен дека ти е заштитено од секакви надворешни влијанија. Од мене овој производ ептен има thumbs up и го препорачувам на сите. 4,Make up sponge -Сунгерче за нанесување на течна пудра Пудра цел живот нанесувам со прсти и никогаш не сум била некој мејк ап фрик да посветувам големо внимание на шминкањето со оглед на тоа дека многу ретко се шминкав и нанесував пудра.(само за у град викендашки). Гледам овие сунгерчиња во последно време сите ги зборат и се доста актуелни па во Џамбо случајно го забележав по некоја смешна сума од 50-60 денари ако не се лажам па си реков ај да видам што е работата што толку го фалат. Не е лошо морам да го пофалам,убаво ја блендира пудрата и ја измазнува на кожата на лицето. Мене лично ми се допага како за некое третокласно сунгерче набавено од Џамбо. И чистењето не е нешто тешко,со течен сапун под чешма.
Да ја затворам годината со последните омилени производи за месец декември. 1. Катриц коректор за очи. Коректорот е супер, покрива дури повеќе и од Артдеко камуфлажниот коректор. Јас го нанесувам со тапкање за да не ми се собере под очите. Бидејќи лесно се размачкува па се собира. Од друга страна, не е скап 209 денари е. 2. Гел за туширање на Балеа од маракуја. Од сите гелови што ги имам пробано, овој ептен ми остави поголем впечаток. Дефинитивно пак ќе си го купам. После туширање мирисот трае, не ветрее како останатите. Уствари ова му доаѓа како крем бидејќи е густ. Не можам да пронајдам слика. 3. Палета Сенки Накед 2 - оригинал. Кога би имале можност да си купите, јас со задоволство ви ги препорачувам. Преубави се, за пигментираноста и за долготрајноста да не правиме муабет. 4. Farmasi коректор Јас овој коректор го имам порачувано и порано, но го немаше едно време во каталозите и конечно го начекав и си го нарачав. Јас го користам за контур. Лесно се нанесува и размачкува, го имам користено и како коректор за подочници и е многу покривен. Не е скап 170 денари е. 5. Paris маскара Уствари ова е обична маскара како што би купиле на пазар. Може е и некој фалш марка. Нема везе, јас случајно влегов во космо и ја видов имаше џабе цена од 90 денари. Четкичката ми се допадна.Маскарата не остава интензивна црна боја, но не ги сплеткува трепките и не остава грутчиња. Јас сместив во оваа категорија од причина што не се осеќа дека имаш ставено маскара, а се приметува дека се поголеми трепките. Може ова е некој ефтин производ со убав квалитет. - Неможам да пронајдам слика - Тоа е се за месецов. Се гледаме догодина.
Парфемов го имаше @mims-89 дадено како предлог на некоја феминка што бараше парфем до 1000 денари,па бидејќи месецов имам најмногу трошоци а немав парфем решив да му дадам шанса.Интересно парфемче,свежо,секојдневно...
Sephora party box limited edition Ми требаше помала палета за да ја носам кај што сакам , има сенки од сите бои , ружеви и сјаеви (што мислам нема да ги искористам) сенките се прекрасни,пигментирани ,долготрајни (секогаш ставам база за сенка) , исто така воопшто не се скапи За 36 сенки , 6 ружеви и 12 сјаеви цената е 17 евра со попуст