Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Пошто на крајов на месецо нема да бидам тука да си ја пишам редовната рецензија а моментално треба да учам математика секако дека е идеално време да си ги пишам омилените продукти за месецов :rofl:

    Месецов главен фаворит ми беше лакчево, преубава боја многу долго го посакував, го меркав, и еден ден и тоа гледам ме мерка мене од полица ми вика?
    -Никааа, дојди земи ме, а јас при пари бев во моментот и си викам: па добро кога толку сака ај ќе го земам. Идам на каса и ми вика:
    -Па Ника не ли примети дека сум на попуст злато? И така ми идеше да го гушнам и бацнам и цел месец бевме во среќна врска. Прееска раскинавме, маникирката бордо нокти ми направи, ама од следниот месец пак сме заедно, на пауза мала сме сега :P:D
    Essie-fiji е иначе дечкото.
    [​IMG]

    А сега сериозни муабети малце, до мене е или кај нас сите шампони се малтене исто с... за што и да е? Пошто овој и тој што е само за оштетена коса или така нешто беше (белиот) се мноогу слични скоро исти по структура, мирис, боја.. Не знам, али не се покажа баш лошо линијава, како и повеќето на лореал е одличен ама не гледам некоја претерана разлика од овој до тој, може со тек на време ќе се види ќе видиме.. Иначе шампонот и маскава ги земав.
    [​IMG]
    Месецов од сува кожа, до екстремно масна, до масна со преку сув слој и перутање, се имав и лицево ми беше ушасно, минатата недела посебно имав снимање за не телевизија и мајко мила се изнамачив да го средам, секако не се среди преку ноќ никако ама еве до сега, многу е подобрена состојбата, и времево ми потпомогна малку морам да признаам. Аааали пред се серумов е “крив“ за подобрувањата. Баш е наменет за масна кожа, само по две-три капки на мокро лице се ставаат и лицето е топ. Сабајле и навечер го користам на чиста кожа нормално и презадоволна сум. Уште на попуст беше 1 плаќаш едно гратис, за мерак :) Ќе ви прикачам линк пошто сликата не можам да ја симнам па можете и да прочитате нешто повеќе, во Скопје за жал мислам дека го нема.
    http://www.alchemynaturals.com/product/prirodnakozmetikaserummasnakoza

    Долго време барав некое асално лабело, нешто што не сум пробала до сега пошто се што имам пробано нема некој ефект да ми ги подобри усниве, од ладно од топло од грицкање ми беа суви и целите со корки нешто што најмногу мразам па кога ги видов во дм лабелцава ептен им се израдував, ова е и за ладно време и за на сонце, ги штити усните од сите штетни фактори. Мене за еден ден мачкање ми ги оправи усниве. Нема некоја боја, малку како седефаст сјај остава ама не е лепливо, и стварно стои со саати и да пиеш и цигара да запалиш без притоа да лабелото од на уста на цигара и прсти да се пребаци. Иии да, ќе заборавев, мириса прекрасно, слаткасто ама освежително како со ментол, преубаво.
    [​IMG]

    Кремава уште пред некој месец беше во фаворити ама морам да ја ставам пак со оглед на тоа дека скоро ја потршив и сум мнооогу задоволна од неа. На почетокот бев така така задоволна, пофасцинирана бев од мирисот отколку од самата нега, па мислев за тие пари подобро нешто друго да купев, крема како крема. Последниве неколку недели све за неа се фаќам кога ми треба крема за раце, а порано вазелин беше на тронот, и уште ја ставам вазелин розевата ама од жал да не ја трошам оваа. Вреди дефинитивно да се инвестира во кремчево, да го дотрошам ова пакување и купувам друга само ќе видиме кој мирис ќе биде сега :f:
    [​IMG]
    Немам нешто друго да убацам тука ништо посебно не купив месецов али дефинитивно јануари ќе има доста новитети и фаворитиии, can't wait:pizza:
     
    На LaraSolare, SV1911, Boleyn.7 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.883
    Пол:
    Женски
    1. Mac кармин - plumful
    Прекрасен е, мириса убаво, бојата трае доволно долго за да бидам задоволна и ми се допаѓа како изгледа со мојата боја на кожа. За секој ден е совршен.
    [​IMG]

    2. Benefit руменило - Coralista
    Со толку мерак го купив руменилово, го посакував со месеци. Јас не сакам многу нападни руменила, ова ми е баш по вкус. Единствено некако брзо се троши, а скапо е, криво ми е заради тоа. Иако сепак, го користам секој ден, без престан, од септември наваму.
    [​IMG]

    3. Maybelline маскара - Big Eyes
    Ја купив некако набрзина, рандом. Сакав да пробам нешто ново и дефинитивно не погрешив, одлична е. Трепките ми изгледаат подолго, и најважно, не е тешка за вадење, ама маскарата стои на место додека не ја извадам. Од кожа ме вадат маскари што после неколку часа ми се растечени под окото.
    [​IMG]

    4. Bourjois liquid eyeliner
    Ова ми е најомилениот туш на сите времиња. Не е невозможен за вадење, а стои цел ден. Четкичката е тенка и совршена за прецизно нанесување.
    [​IMG]

    5. Victoria secret лосион за тело - Coconut passion
    Јас обожавам мирис на кокос и ванила, овој лосион мириса и на двете. Ми ја прави кожата мазна и миризлива и си се гушкам после мачкање :D
    [​IMG]
     
    Последна измена: 24 декември 2014
    На LaraSolare, lovemme, SV1911 и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    1. Garnier Micellar Cleansing Water
    Можеби малку поскап производ, но решив да го купам и да го испробам. Вади дури и гел туш, не ги дразни очите и најважно од се, не остава мрсно на лицето :)

    [​IMG]
    2. Yves Rocher крема за раце од капини
    Преубава крема за раце, лесна формула, брзо се впива, а за мирисот да не ни почнувам. Вреди секој денар :D
    [​IMG]
     
    На Umbrella22, ivancekitty, SV1911 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Каде ја има оваа козметика во мк?
     
  5. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    @MissDior во Рамстор имаат продавница.
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.167
    Пол:
    Женски
    Не се ни сомневам дека кремава за раце од Yves Rocher е преубава... како и се друго од нивната козметика.
    Повеќето производи им се малку поскапи ама имаат и некои што се со пристапни цени.
    Досега имав прилика да го испробам само лосионот за тело од органска ванила, еве веќе второ пакување го трошам по не знам кој пат ќе кажам дека поубаво нешто не сум мириснала и не сум ставила на телово - СОН! :inlove:
    А сега ќе си земам од тие гелчињата за туширање да се почастам нешто. :lol:

    00082_B14.jpg
     
    На MiaNmaR, anuskaNESTLE, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Лесно се нанесува и брзо се суши. Како што сум неспретна кога станува збор за туш за очи, овој ми е полн погодок.

    [​IMG]
    Е оваа сенка за очи ми е нешто најкористено во последно време. Ја користам исклучиво за вечерни излегувања, за smokey eyes. Mногу често и место туш за очи или молив за очи. Феноменална е.
    [​IMG]
    Камуфлажот на Ардеко е прекрасен, многу покривен. Го препорачувам насекаде.
     
    На LaraSolare, lovemme, SV1911 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.167
    Пол:
    Женски
    За последниот месец од годинава ова се моите омилени:

    1. Labello Vitamin Shake Cranberry & Raspberry
    Демек требаше да си го земам тоа од Oriflame, ама ова доолго време го гледав низ продавнициве и сакав да го пробам.
    Ептен сум задоволна од лабелцево, устата ми ја прави мека, башка преубаво ми мириса и дава нежен розев сјај.

    cranberry-raspberry.ashx_.jpg

    2. Fitogal крема за раце
    Е оваа крема позитивно ме изненади, една другарка ми ја препорача и си ја купив.
    Прво се изненадив од тоа како ОДМА инстантно ми ги омекнува рацете, мириса на нежно на чисто и најголем + е што е доста ефтина - 89 денари од ДМ ја земав.
    Сега откако залади рацеве некако ми станаа суви, па кремава е полн погодок.

    1349458848283.jpg

    3. Essence I love Stage Eyeshadow base
    Супер производ, ми се погоди ептен.
    Ако не ставам база или прајмер ништо од сенката ја снемува за 1 саат, а со ова ми трае се додека не ја избришам. :makeup:

    Essence-I-Love-Stage-Eyeshadow-Base.jpg
     
    На SV1911, mims-89, MiaNmaR и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Не го користам цел месец, но сепак се одлучив да го вклучам.
    Солидна заштита, ништо преизненадувачко. Супер за секојдневна употреба. Исто има убав свеж мирис.
    Nivea-Anti-Perspirant-Stress-Protect-Spray-150ml-4005808719136.jpg
    nail polish malena 15.jpeg Лаковиве на Малена во последно време особено ми се допаѓаат. Не носам многу црвен лак, не го обожавав, но сега постојано го носам. Купив еден посветол црвен од овој, и тој го носев, но се одлучив да купам некаква deep red, па се решив за овој Malena 15 . Не останува долго време на ноктите, се лупи, но не ми смета, со оглед на тоа што често се лакирам. 206x600_Quality97_fb02f081a6f80a1d059114ad213757ea.jpg Врз претходниот лак го нанесувам овој. Па, издржува и до 3 дена, со малку лупење на краевите на ноктите. Иако пишува бејс и топ коат, јас го користам само како топ коат, премногу време би ми одземало доколку го нанесувам и одоздола. Одамна го купив, па не знам дали е се' уште достапен.
    mfQh_hq2lhVxVZreONAI0AA.jpg
    :bow:- еве тоа е за ова лабело.
    Веќе имам напишано review, па само ќе го цитирам.
     
    На SV1911, anuskaNESTLE, Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    551
    1. Catrice Nude Illusion течна пудра
    Последниов месец ја користам секој ден и сум презадоволна. Ја земав во ДМ кога беше оној попуст од 25% на козметиката од Catrice и мислам дека ја платив негде околу 400 денари. Што значи редовната цена и е околу 500 денари, што според мене е солидна цена за течна пудра. Јас имам комбинирана кожа, која во зимскиов период станува посува, односно нормална. Камена пудра секогаш користам бидејќи сакам мат финиш која оваа пудра не го дава. Пудрава дава семи-мат финиш, кој е погоден за сите кои сакаат природен изглед и немаат проблем со светнување на т-зоната и за оние кои имаат нормална/комбинирана кожа. Оние кои имаат проблем со светнување на т-зоната, малку камена пудра го решава проблемот.
    [​IMG]
    2. Catrice Camouflage cream
    Мислам дека нема потреба да навлегувам во детали. Предобар коректор! Покрива подочњаци, флеки, црвенило...За мене ова е откритие на годината.
    [​IMG]
    3. Revlon colorstay lip liner, 16 wines
    Ова моливче за уста го најдов во несесерот на мајка ми сосема случајно. Го користам од кога си го присвоив :). Незнам од каде е купено и која му е цената. Нијансата е 16 wines, која е црвенкаста-бордо нијанса која го дава оној изглед your lips but better. Јас прво ставам лабело, па моливчево одозгора, и крајниот ефект мене ми е прекрасен.
    [​IMG]
    4. Loreal Glam shine gloss brilliance 6h, 206 Fuchsia Obsession
    Сјајчево го добив како подарок. Дефинитивно не би дала 700 денари за сјај (мислам дека толку му беше цената во Космо). Во секој случај секако го добив како подарок, па нормално дека го користам. Супер оди во комбинација со моливчето кое го спомнав погоре, а исто така одговара и со црвен, бордо, розев па и виолетов кармин. Има светки кои не се нападни и преочигледни. Не го користам секогаш, туку само кога сакам сјаен ефект. Не би се согласила дека трае 6 часа, освен ако не јадете, пиете или што и да е друго во тие 6 часа. Сметам дека за многу помала цена може да се купи нешто многу слично на ова, ако не и подобро.
    [​IMG]
    5. Yves rocher четка за сенчање
    Четкава ја спомнав и во темата Четки за шминка. Цената и е 309 денари и дефинитивно вреди за парите и си ја врши работата како што треба. Има и потесна четка од оваа која ако не се лажам беше и поефтина, но многу наликува на онаа виолетовата од Есенс која веќе ја имав. Оваа е одлична за блендање на сенките во оној прегиб/преклоп (незнам како да го наречам) од окото. Презадоволна и дефинитивно ќе купам уште некоја од нивните четки.
    [​IMG]
    6.Orzene регенератор за нормална коса
    Презадоволна! После многу испробани регенератори овој ми се чини за мојата коса е најдобар.
    Шампонот го немам пробано, имам чувство дека ќе ми ја мрси дополнително косата. Ако грешам нека ме поправи некој.
    767756.jpg
     
    На LaraSolare, Ana-Marija24, SV1911 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.982
    Допаѓања:
    10.231
    @cocopuff Јас ги користам со месеци и шампонот и регенераторот, само пофалби имам и на памет не ми паѓа да барам нешто друго.
    Имам пишано рецензија баш за нив пред некоја страна. Преубаво ми мириса, многу пена прави и преубаво чисти. Би ти препорачала да го пробаш. Јас имам нормална коса и 3 дена е убава, а за понатаму не знам да ти кажам затоа што ја мијам.
     
    На Sexybaby86, cocopuff и Doozy им се допаѓа ова.
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Aura lipliner No 34
    Најубавата бордо/бургунди боја на светов што постои. После моливов мислам дека обичен кармин никад во живот нема да купам. Го користам како кармин на цела уста не само како молив и сум пре ,презадоволна од него. Нешто што многу ме изненади и беше неочекувано е тоа што има многу интензивна боја која долго се задржува на устата и не се брише ни од храна ни од пијачка. Огромен + му е тоа што делува како мат кармин и изгледа совршено на усните.Во план сум да си купам и други бои на моливчиња од истава марка. Цената сосема приступачна 110-120 ден во ДМ а сега со попустите мислам дека е околу 90 ден.Убедливо најомилено нешто.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Essence Nude Love кармин
    Карминов го купив случајно од Дм. Генерално кармините на Есенс не ми се нешто посебно бидејки не се баш долготрајни , но кога ке најдам некоја боја која ми се допаѓа го купувам па макар да треба и по 10 пати да го ставам во текот на вечерта.Карминов има преубава nude боја и е доста хидратантен.За секој ден е совршен избор бидејки не е некој нападен и може да се носи во секаква прилика. Долготрајноста не му е некоја јака страна но како што кажав мене лично не ми смета и по неколку пати да го нанесувам доколку ми се избрише. Цената во Дм му е околу 170 ден со попуст мислам дека искача околку 140 ден.
    [​IMG]
    Essence superfine eyeliner pen
    Oдамна сакав да си земам туш за очи во форма на пенкалце за да видам дали ке ми биде полесно нанесувањето со него. Со оглед на тоа дека има многу негативни критики за овој вид тушеви дека не пуштаат боја и брзо се сушат морам да признаам дека многу позитивно се изненадив од овој. Има многу убава и тенка четка која истовремено не е премека па нанесувањето е многу едноставно.Од друга страна има преубава интензивна црна боја и не треба да се мучиш ко грешен ѓавол за да нанесеш убава црна линија на очите.Исто така изненадна ми е неговата долготрајност која е на завидно ниво.Трае со часови и не бледнее а исто време со туферите на Балеа 2 во 1 што се многу лесно се вади од очи и не се размачкува. Цената ако не се лажам му е 150 ден што е сосема солидна сума за ваков квалитет.
    [​IMG]
    She stylezone powder rouge No 001
    Руменилово го зедов сосема случајно стоеше на каса со некои други продукти на She stylezone во ДМ. Според мене полн погодок е, моето е со некоја недефинирана праска накај кафеаво боја и одлично ми прилека на тенот.Има интензивна боја а истовремено делува нежно на лице и е доста долготрајно.Цената му е околу 130 ден.
    [​IMG]
     
    На LaraSolare, SV1911, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Rozevo

    Rozevo Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    32
    Мисцеларната вода на Лореал.
    Фантазија производ. Прво со влажни марам4иња за4истувам поголемиот дел од пудрата, па потоа се поминувам со маги4нава води4ка на паму4е. Со два-три потези го завршувам она што никогаш не може да го довршат марам4ињата, па останувам со свежа и 4иста кожа. Милина. 279 ден. во Космо 250 мл.[​IMG]
     
    На mims-89, anuskaNESTLE, MiaNmaR и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    551
    Баш деновиве треба да купам нов шампон, па ако ја има уште во Рамстор и Веро акцијата шампон и регенератор од Орзен за 170тина денари баш добро ќе ми дојде :)
    Мојата коса е склона кон мастење и ја мијам на 2 дена. Но не користам шампони за мрсна коса, затоа што ми ги пресушуваат врвите. Валда ќе се погоди овој, ако не кај некоја другарка ќе заврши :D
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Ја има акцијата во Веро сеуште, во саботата си земав и јас комплет шампон и регенератор. Презадоволна сум од шампонот за фарбана коса (имам пишувано и во темава), веќе 6 месеци го користам само тој, а регенераторот прв пат го пробав сега и баш ми се допаѓа. И најзадоволна сум од мирисот, мириса преубаво и мириса се до следното миење (јас коса мијам секој втор ден, чисто за референца). Патем, имам нормална коса, ама склона кон мрсење пошто многу ја чепкам :D Затоа и често ја мијам како што реков, секој втор ден, и за честово миење Орзен совршено ми одговара и не ми ја пресушува, многу е нежен :)
     
    На Doozy, Giovanna, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.229
    Го начекав кремот за 79 денари. Претходно го имав пробано онака од кај другарка и прочитав многу позитивни критики па го порачав. За тие 79 денари, прекрасен крем, прекрасно мириса да го изедеш. Јас пошто имам такви раце да речам чуствителни преку зима-лето или пресуви, па кремов одлично ми дојде. Го користам секоја вечер пред легнување и наутро кога ќе станам ми се рацете премеки и сеуште се чуствува мирисот.
    [​IMG]
    Исто така и маслениов зацвстувач го начекав за 79 денари од истиот каталог. Ја имам големи нокти не ми се да речам кршливи но го испробав. Брзо се суши, безбоен е и не е сјајен.
    [​IMG]
    + Кармините се добри од авон и парфемите кои досега ги имам користено, трајни се и не извертуваат.
     
    На SV1911 и Giovanna им се допаѓа ова.
  17. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Минатиот месец не пишав пошто некои продукти покасно ги купив и сакав повеќе рецензии да ми се соберат, па еве сега да ја заокружиме годинава, со последните омилени продукти од 2014тата, ноември и декември.

    1. Маски за лице од Авон, првата е со минерали од Мртвото море која е за намалување на порите и за регулирање на маснотијата, а втората е пил оф маска, со кинески женшен за блескаво и чисто лице.
    [​IMG]

    Оваа маска ја користам почесто од женшенот бидејќи имам проширени пори, и да ви кажам право не забележав некоја разлика на тоа поле, иако само 4-5 пати ја користев, ќе видиме за некоја недела, но можам да кажам дека лицето воопшто не ми е масно, точно зима е, и тоа има влијание секако, ама т-зоната ми е чиста, немам ни едно брунче на неа. Се на се, нема некојси уау ефект, нормално Авон е, и за таа цена е добра. Можеби па за некоја недела ќе ме изненади и во врска со порите. 8-|

    [​IMG]
    Оваа маска со жен шен им е на сите фаворит, па си викај ај и оваа да ја пробам, и баш ревитализирачки делува на лицето, чиста релаксација заедно со по едно кругче краставица на секое око. Лицето откако ќе ја излупам ми е блескаво, си има некојси сјај и не ми е црвено, некако смирено ми е и прелесно си го чувствувам. Но :!: ич не сум фан на стегнувањето на маската, значи лицето цело ми е стегнато, едвај голтам, се препотувам, едвај чекам последната минута се да зацврсти и да ја извадам, :D
    Првата повеќе ми се свиѓа, сепак морам да напоменам.

    2. Гел/масло за туширање Нивеа

    [​IMG]

    Овој гел прв пат го користам, го купив заедно во сет со деодорантот што подоле ќе го постирам, и сум пријатно изненадена. Има некои гранули внатре, што многу убаво ми ја чистат кожата на цело тело и има пренежен пријатен мирис, кој делува смирувачки и релаксирачки, мирис на чисто, оној најубавиот. Дефинитивно пак ќе си го купам.

    3. Нивеа деодорант
    [​IMG]

    После сто години ја сменив Рексоната, некако се презаситив, до сега најдобра дефинитивно на број 1 ми е, и уште ми е, ама овие последните неколку недели заедно со неа ми е и овој од Нивеа, исто ептен нежен и пријатен мирис кој трае долго. Но, една негативна работа, некогаш ако се испотам повеќе, при вежбање или поголго брзо пешачење обично кога го шетаме кучињата - се ствараат некои бели груткички. А со Рексоната тоа никогаш не се случило, ама го заслужи местото тука заради долготрајниот мирис и ефикасноста. :)

    4. Хемел, крема за петици
    [​IMG]

    Е кремите од Авон можат вода да му носат! Зимно време, петиците ми се лом, незнам што чудо ќе бев, исто е и татко ми, ваљда генетски е нешто, имам прегруба и цврста кожа на петата. Не дај боже на секое бањање да не ги тријам, ни пила за дрва сечење нема да може да ја откорне цврстата кожа. Цел живот имам проблем со нив, од време на време менувам креми ама се на крај само ова ми ги опоравува, т.е најефикасно ми делува. Ете шампонот за сува коса, не ме воодушеви, напротив, добив првут од него :^) Чешање ненормално на скалпот, темето, и првут, што никогаш у живот не сум имала, одма го сменив. Иако мислам дека голем удел има и тоа што многу шампони сменив последните неколку месеци.

    5. Гош лосион за тело, крем бруле
    [​IMG]

    Ако ме читате, знаете дека Гош лосионите ми се омилени, па зимно време сакам да мирисам на нешто топло, благичко, слатко, или кокос, или ванила, или крем бруле овој месец. :^: Страшно примамлив сладок мирис има лосионот, и трае, не мириса чудно после неколку часа, нормално бледнее, ама бодињата, блузите, кошулите, се ми мириса на него, исто како парфемот. И затоа кога сакам некогаш парфемот да преовладува, не ставам од овој лосион, пошто ми се мепаат мирисите, е до толку е прекрасен лосионот. Мене лично лосионите на Гош, ми се прав погодок и откритие во животот и баш сум среќна што си ги открив пред неколку години, пошто мојата кожа најпозитивно реагира и ги прима нив, што не е случај со други лосиони што ги имам пробано, некои и дупло поскапи, ама кога едно нешто не ти одговара, џабе е, со сила нема убавина,

    6. Авон кармин, extra lasting formula, forever pink нијанса.

    [​IMG]

    Ги имам пробано сите кармини од Авон освен од оваа формула, па се решив за бејби пинк нијанса, која што ќе ја изнаносам секојдневно сега во зимата, пошто е доста хидрантен и мрсен. Како lipstick junkie потврдувам дека и овие кармини се убави, посебно за овој дел од годината, ако сакате да сте у устата како шајн брајт лајк а дајамнт 8), или ако имате суви усни и ви треба кармин кој ем ќе ви ги негува ем ќе трае подолго, а овој трае да, 4 часа си трае (y). Јас некогаш под него ставам и моливче за поинтензивна боја - прекрасен е и така.

    7. Авон палета за очи Starry night
    [​IMG]
    Најдоброто за крај. :P Дефинитивно најголем фаворит последниот месец ми е палетата. Точно дека тоновите на боите и нивната интензивност ограничуваат, и затоа сметам дека е палета за вечерни излегувања. Прво, не се совршени, се ронат минимално да, сепак се работи за Авон, но не се ронат до тој степен да паѓат под очите, туку брзо се трошат пошто при тапкање со четката во палетата се праве прашинка што дозволува побрзо трошење, но за тие пари, повторно би ја порачала дефинитивно. Второ, сенките траат луѓе, не е возможно колку траат, и колку се интензивни боите, што не е случај со сенките на Аура, Есенс, Белаоџито, овие ми се дефинитивно подобри, пошто бојата не избледнува иако на претходните и траат подолго. А се иста цена ако не и поефтини.
     
    На LaraSolare, Umbrella22, SV1911 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. MiaNmaR

    MiaNmaR Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да си пишам за декември
    1.Eucerin AQUAporin крма за лице за нормална и комбинирана кожа- со еден збор Предобар! Имам комбинирана кожа која на зима дури и станува сува и ми се појавуваат лишаи, исто имам и прилично чисто лице и за прв пат ми се појавија мозулчиња ситни со употреба од само 3-4 дена ми ја врати во нормала кожата и ми е чисто лицето како порано. Го земав од аптека 840 ден. лесна текстура, хидритира а кожата не ми ја масти послем некое време. 6853978.jpg 2.Loreal nude magique BB cream- Уште еднаш благодарност до @mims-89 :bow:пишав и во друга тема значи од како го земав пудра немам ставено. Лесно се нанесува, покрива само коректор на подочњаци и спремна сум :), по цел ден стои и не ми ја масти кожата и што е најважно кожата ми дише и не ни осејкам дека сум ставила нешто. Го земав на попуст 680 ден. loreal-nude-magique-bb-cream-L-vOdcF3.jpeg

    3. Misslyn concealer- коректор кој трае по цел ден покрива и подочњаци и црвенила и не се собира доволно фален низ темите немам што повеќе да додадам. Цена 350 ден. Concealer.jpg

    4.Loreal lip contour parfait- ја пронајдов свршената нијанса за мене 660 heather rose, лесно се нанесува но од трајноста и не сум баш задоволна за цена од 340 ден очекував повеќе. contour-parfait-660-heather-rose.jpg

    5.Pantexol крем- ме спаси оваа зима. Нема повеќе лишаи и иритирана кожа-140 ден. 0_0030_pantexol_krema.jpg
     
    На Pocahontas9, Mama25, Anabelle.Amorette и 10 други им се допаѓа ова.
  19. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    1.Крема за лице со мат ефект-ја пофалив и во соодветната тема.Лесна ,хидратантна и не предизвикува акни
    [​IMG]

    2.Balea шампон за права коса-косата е сјајна,здрава и не се разлетува.Не се масти брзо и убаво се обликува.Не планирам да го сменам со друг
    [​IMG]

    3.Essence 3D сенка за очи-месецов само неа ја користам.Убави нијанси,трајни,прекрасно стојат.[​IMG]

    4.Golden rose velvet matte кармин - најомилен за месецов.Нијансата 10 ми е совршена и за дневна и за вечерна шминка
    [​IMG]
     
    На A-j-a, SV1911, Giovanna и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Lollipop7

    Lollipop7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Омилени за месец декември:

    - PANTENE -oil therapy 2 min masque [​IMG]
    ова ми е откритие на векот... после милион испробани маски оваа се покажа како најдобра. Ја земав по препорака на една јутјуберка и веќе не можам без неа. Косата ми се расчешлува многу убаво со оглед на тоа што јас имам долга коса со тенко влакно, и згора на се ПРЕУБАВО мириса и мирисот се задржува до наредното миење. ПРЕПОРАЧУВАМ!!!

    - Dove purely pampering pistachio cream with magnolia body wash
    [​IMG]
    -најомилениот мирис на Дав за мене ... кожата е премека и нахранета

    -Sebamed krema
    [​IMG]
    Oвој крем не знам како сум можела да заборавам дека сум го купила... после 8 месеци случајно го најдов неотпакуван... месецов го користев навечер и при секоја прилика кога сум дома бидејќи е прилично мрсен и веќе ми е при крај... не ми текнува од каде го земав но оддамна ги немам видено производите на себамед така да ако знае некој нека ми пише каде да барам затоа што ми е при крај веќе а не сакам да менувам бидејќи прилично ми одговара и ми го изедначи тенот....

    - Bourjois healthy mix коректор
    [​IMG]
    ме чуди како не е фален низ темиве овде..... или пак јас не сум забележала :D сосема случајно го земав затоа што ми требаше итно коректор за пат и очекував онака нешто лесно нежно, т.е. очекував онака да е ко пудрата.... лелелеле ставање под очите и бев 8-| :rofl: Ова е толку многу пигментирано што се живо покрива, не се прават линии ко камуфлажот на артдеко, ода се впива во кожа и згора на се пишува дека ги редуцира подочњаците. Комотно можам да кажам дека е потполно еднаков на MAC Pro Longwear коректорот. Јас го користам и како хајлајтер зошто има убави нијанси па се изначитав како барате добар коректор кој ќе ви пркрие подочњаци, црвенила, да не се вовлекува во линии, да не е претежок... ЕПА ОВА Е ТОА! (y)

    - L'oreal Lash Architect 4D маскара
    [​IMG]
    Имам долги трепки.. Дава прекрасен волумен, ми ги витка убаво и уште толку издолжува

    - МAC Blankety
    [​IMG]
    мојата најпогодена и најомилената NUDE нијанса. Го обожавам ефектот кој го дава карминов.
     
    На LaraSolare, crimson, Mama25 и 8 други им се допаѓа ова.