Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    [​IMG][​IMG] овие најповеќе
     
    На SV1911 и rainbowec им се допаѓа ова.
  2. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.158
    Пол:
    Женски
    Да да потврдувам и јас за коректоров уште еднаш, го имав ставено во претходните постови како еден од омилените продукти.
    Малце е поскап (бар за мене) али одлично си ја врши работата, многу мала количина треба за да покрие било што.
    Е откако ќе го потрошам овој, следен коректор што сакам да го пробам е камуфлажот на Catrice или коректорот на Misslyn... гледам доста ги фалите а и дупло поефтини се од коректорот на Bourjois.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    51.851
    Пол:
    Женски
    Овој производ ми е најдоброто откритие на годината :D
    Ми ја оправи косата, плус е најевтиниот шампон што некогаш сум го користела. Препорачувам.
    [​IMG]
     
    На EMoonlight, Love...music, Aschenputtel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lollipop7

    Lollipop7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    го имав и тој на Мислин и не е многу поефтин од буржуа мислам дека беше накај 350 , многу бргу се троши-јас го користев вкупно 1 месец секојдневно а хелти мисков веќе втор месец не е ни до пола, и мислин помалку е пигментиран од другиов... :)
     
  5. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.158
    Пол:
    Женски
    Не знам зашто мислев дека е поефтин околу 250 денари максимум... океј фала на инфо да си знам. :)
     
    На Lollipop7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Крем Eucerin ph5- предобар крем ,погоден за сува и чувствителна кожа,поготово за вакво студено време.Многу ми се лупи кожата на лице,се суши,а кремов доволно ја хидратира. Е,сега,мирисот мене не ми се допаѓа,ми мириса како на болница,што знам :?: .Како и да е,мирисот не е од толкава важност,важно е кремата да помага.
    [​IMG]
    Balea пилинг туфери и балсам за усни- ги добив како подарок од ДМ маркетот,имам напишано и рецензија,задоволна сум од производите.Туферите добро го отстрануваат слојот на мртва кожа,само на почетокот малце чудни ми беа поради тоа што почувствував пецкање на лицето поради тоа што кожата ми беше иритирана,а туферите содржат алкохол,но веќе вториот пат кога ги користев се' си беше во ред,не почувствував никакво пецкање,Задоволна сум и од балсамот,добро ги хидратира усните,добро доаѓа на времево,испукани усни се ноќна мора. :x
    [​IMG] [​IMG]
     
    На Giovanna и MiaNmaR им се допаѓа ова.
  7. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.972
    Допаѓања:
    67.579
    Доколку бараш поефтин, а високо покривен коректор, тогаш задолжително купи го камуфлажот на Катрис.
    Јас мојот го користам уште од април или мај минатата година и повеќе од пола има. Економичен е бидејќи има густа структура и треба многу малку за да заврши работа.
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Ова ќе биде пост исклучиво со препаративна козметика која ми ја препороди сувата кожа и безживотната коса во овие зимски месеци.

    1. Глина Сина Ума
    [​IMG]

    Иако ја користев само минатиот месец, според досегашното дејство мислам дека ќе ми биде продукт не само на месецот, туку и на годината. Мултифункционален производ - наменет за кожа склона кон акни и мастење, наменет за мрсна кожа и проблеми со скалпот, за редуцирање на целулитот. Јас го користам само како маска за лице - нанесувам со четка, 2-3 пати неделно, ептен мала количина е доволна за цело лице, некои 15тина минути ја оставам да делува. После континуирано користење го измазнува и избелува лицето, дури и некои флеки кои ги имав со години избледнуваат пополека. Ставам понекогаш и само директно врз акната и другиот ден скоро и да ја нема. Ептен сум задоволна од глинава, мака сум мачела со кожата на лицето во зима, секогаш ми била безживотна, на одредени делови и ми се перутела, а сега мислам никогаш не ми било помазно и посјајно лицето.

    2. Ziaja goat's milk hand cream
    [​IMG]

    Го земав од Космо на акција кога беше заедно со кремот за лице. Кремот за лице воопшто не ми одговара, но затоа овој ми е совршен за нега на сувата кожа во зима. Јас сум склетџија кога се работи за крем за раце, ставам крем и постојано имам чувство дека рацете ми се валкани па трчам и ги мијам. Но, со овој крем сум пријатно изненадена колку брзо се впива во кожата и го препорачувам на сите кои имаат мака со сува кожа.

    3. Johnson's baby oil
    [​IMG]

    Обично после депилација го користев маслото на бекутан, но немаше такво кога барав и го земав ова - и оп, љубов на прво користење и помирисување. Сега го користам не само после депилација, туку и како замена за лосион за тело и сосема добро си ја брка работата - ставам после туширање и кожата ми ја прави мека, еластична и хидрирана до следното нанесување.

    4. Essentials Lip Balm with Macadamia nut oil - Oriflame
    [​IMG]

    Ретко кога користам лабело, преферирам карминчиња, но минатиот месец усните ми испукаа како никогаш досега - пробав неколку лабела (нивеа, еуцерин, росал), ниедно не ми помогна и уште еден доказ дека не секогаш поскапото е подобро. Ова мајка ми ми го порача, по некоја смешна цена но предобро е и ми ги оправи усните. Убаво ги хидрира усните, ми го спречи лупењето и пукањето, а се заљубив и во неодоливиот мирис.

    5. Кокосово масло Био планет
    [​IMG]

    Го испофалија маслово неколку феминки, затоа и го земав и воопшто не згрешив, на пофалбите се придружувам и јас. Го користам најчесто наместо маска за коса, после секое миење и косата ми е премека и сјајна, лесна за обликување. Мирисот му е прекрасен и се задржува долго на косата. Сега следно ќе го тестирам како маска за лице и лосион за тело, па ќе видиме како ќе се покаже.
     
    На A-j-a, Doozy, Giovanna и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    Го користам за се'!

    [​IMG]
     
    На SV1911, Rose96, Fatalnata и 8 други им се допаѓа ова.
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.433
    Допаѓања:
    91.612
    Пол:
    Женски
    Lorvenn пена за коса
    И благодарам на @mims-89 што ја препорачала во соодветната тема. Бидејќи пред некое време ја скратив косата, а мојата е брановидна, но бушава ми требаше нешто што ќе ја смирува и обликува. Од пенава сум воодушевена, не ја замрсува, не лепи, косата не изгледа ко да имам нешто ставено, него ко природна да е таква. Ми обликува убави локни и ја прави косата повиткана не само брановидна.
    Особено ми се допаѓа што наредниот ден не изгледа како гнездо за птици него е сеуште убава како и кога сум ја средила.
    Околу 220 во Космо.
    [​IMG]

    Balea fluid
    Овој производ ми е откритие на годината, имам пишувано за него и на блогот. Прекрасен е, лицето ми го прави како бебешко газе. Не ме нафрла дополнително, го изедначи тенот, убав е и за под пудра.
    150 ден. во Дм.
    [​IMG]
     
    На A-j-a, SV1911, AnimalLover и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    [​IMG] незнам дали е баш овој изгледа е тој или сличен е од бреза е и е на природна база и многу ми се допадна почна да ми расте коса над челото зошто не ми беше баш најнај имав како вдлабнато бес коса ако ме разбирате на што мислам (y)(y)(y):D
     
  12. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Hm_body_splash04.jpg Го Имам розевото и значи ми е најомилено и најслатко спрејче што досега сум го пробала
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Бидејќи одамна немам пишувано во темава, сега ќе напишам за повеќе производи на кои се сетив:

    1. Авон Лукс пудра за лице
    Ја зедов на намаление (и мислам дека вреди само кога е на намаление), многу е нежна, мека, лесно се нанесува, повеќе е погодна за сува и нормална кожа, нема некој мирис (дури мислам дека и воопшто нема мирис), многу убаво се прилагодува на кожата, преубаво изгледа на кожата, има средно покривање (супер е за денски, но и за оние кои не сакаат/немаат потреба од јака шминка), со руменило супер е и за навечер. Сите кои ја нарачавме сме задоволни.
    Ова е најубавата пудра за ефтина цена (на намаление 350ден.) од Авон и Орифлеим нарачана воопшто.
    И би ја нарачала пак.
    Само внимавајте на нијансите, премногу се светли (ние зедовме дури за 2 нијанси потемни за да се ок).
    [​IMG]

    2. Субрина шампон од макадамија за нега на оштетена коса
    Никогаш не сум нашла шампон за оштетена коса (не ја фарбам, не ја штетам многу, но сакам таков шампон малку да ми ја живни косата, на зима од ладново, на лето од сонцето) кој не ја мрси косата.
    Обично таквите шампони многу ми ја плескаат и мрсат косата.
    Овој од Субрина е чудо. Воопшто не ми ја мрси, дури дава и убав волумен, пријатно мириса и супер е.
    Со масло од макадамија, 300мл. чини околу 120ден.
    [​IMG]
    3. Хипп лосион за тело без додатоци
    Не сакам многу да се шлакам со лосиони (зарад парабените и боите), па го купив овој лосион од Хипп, за околу 180 ден. 400мл. (ако добро памтам).
    Има премногу нежен мирис, нема парабени, бои, додатоци, и навистина се осеќа на кожата колку е нежен, ненападен, не запушува како обичните лосиони. Супер е, ем исплатлив.
    [​IMG]

    4. Авон кармини (лукс), но и сите од поскапите линии
    На намаление може да ги купите за 200ден., имаат огромен избор на нијанси, убави пакувања, долготрајни се, негуваат...
    Кармините им се супер!
    [​IMG]

    5. Лореал лак за нокти
    Ова е луксуз кој си го дозволив (зошто му имав фрлено око одамна :sweat:).
    Лакот го зедов на намаление околу 320ден. (беше 400ден.).
    Долготраен е, лесно се нанесува, брзо се суши, има луксузно пакување, преубави нијанси (кои не можев да ги најдам кај другите лакови).
    Кога се лакирате имате чувство како да сте во некој преубав салон, абе само жена може да ме разбери, мажите не можат да го сфатат ова. :rofl:
    И потоа само се фрцкате со прстињата. :lol:
    Штета што е скап за наш буџет.
    [​IMG]
    6. Пак и пак Хајлајтер од Аура
    За само 200ден. добивате преубав производ, пигментиран, супер честички (т.е нијанса), лесно се нанесува, лесно се чисти, не се троши брзо (од кутивчето), и откако се навикнав на нив, не можам без хајлајтер. Му дава на лицето некој посебен сјај и шмек.
    Има и други хајлајтери, но од Аура ми се број 1 засега.
    [​IMG]

    7. Лосиони Натуралс од Авон
    Некогаш имам желба за миризлив лосион (посебно налето), па кога не сум при пари за ВС и слични, овие се супер, за само 99ден. (на намаление).
    Брзо и лесно се нанесуваат и впиваат, не оставаат траги и многу убаво мирисаат.
    Мене омилени ми се од црешов цвет и слива (овој од слива е многу сладникав).
    Ги користам и за раце и честопати ме прашуваат со што сум напарфимирана.:lol:
    [​IMG]

    8. Фреш паломи од лаванда
    Јас дури и за паломи пребирам. Овие ми се супер, со супер мирис. Многу интензивен и кога веќе морам да користам палома, барем да уживам и во тоа. :rofl:

    [​IMG]
    9. Инфинити парфем од Авон
    Парфемов ми е преубав, немам зборови, толку нежен, а женствен.
    Штета што ретко е намален во каталогот.
    [​IMG]
     
    На A-j-a, Giovanna, Umbrella22 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Од каде го купуваш шампонот? :)
     
  15. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    @sia.bella верувам дека на сите ќе ни е од корист да знаеме од каде ја набавуваш сенаменската глина?
     
    На blackstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    @Youlen добив и неколку лп со истото прашање. Мене ми ја набави другарка од Скопје преку некој човек, 250 денари е тоа пакување. Други поконкретни информации немам, ама со оглед на тоа дека ве има повеќе заинтересирани ќе се распрашам и кога ќе дознаам ќе споделам обавезно.
     
    На blackstyle и Youlen им се допаѓа ова.
  17. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2015-01-06-00-54-13-1.png Преубава нијанса на мастило плава боја.А за трајноста на овие лакови да не ни зборам.:inlove:Откако ќе се налакирам,брзо се сушат и ми траат дури и по две недели.
    Screenshot_2015-01-06-00-45-10-1.png Го имам првиот лосион за тело од какао и малина.Прекрасен мирис и кожата ја прави перфектно мека.
    Screenshot_2015-01-06-00-36-32-1.png Овој регенератор го користам цел месец веќе и ќе продолжам,затоа што ја прави косата мн мека и има прекрасен освежувачки мирис кој ми трае се дур не ја измијам косата повторно.
    Screenshot_2015-01-06-00-30-30-1.png Ова кокосово масло е чудо.За секој дел од телото е одличен,како и за косата.А и мирисот му е прекрасен.
    Вреди за секој денар.
    Screenshot_2015-01-06-00-27-54-1.png И на крај овие гелови за туширање.Ги испробав првите три.Одлични се,прекрасен мирис имаат и не ја иритираат кожата.И што е најважно, барем според мене,не содржат никакви штетни состојки.
     
    На rainbowec, simoncelicius, tinkerbelll и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Го имаш буквално по сите маркети. ;)
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Колку го зеде boujouris коректорот?
     
  20. Lollipop7

    Lollipop7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Оф..не ми текнува. Мислам дека некаде околу 380-420 ден. Но според мене навистина долго трае...затоа што 3 точки се доволни за целото лице
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.