Balea - Trend it up - спреј за коса кој штити од топлина. Спојлер Од повеќето препарати на Балеа за лице, не сум задоволна. Решив шанса да им дадам уште на оние за коса и тело. За овој спреј прочитав тука на формув, повеќето од вас го имаа пофалено, а ми требаше нешто што штити од топлина. Зимно време, секако ја фенирам косата секој втор ден, а сакам да имам нешто повеќе од 2/3 влакна на главата. Претодно немам користено спреј ја заштита или било каков, функционирав со силиконски капки после миење, па спрејов ми е премија. Имам коса до под рамена и ми е природно бушава. Бидејќи ја шишам на шест месеци, по одреден период почнува да се плетка, тутка и невозможно е да се исчешла. Прва убава работа од спрејов е што е лесен за нанесување, со пумпица. Јас дури и се занесувам малце со шприцањето. Среќа па нема контраефект од колку и да се нанесе. Втора работа е преубавиот мирис. Цитрусен, овошен, ама не трае. Косата ми ја отплеткува, што ми е најбитно и за што највеќе го користам. Го користам повеќе од месец дена и сега за сега е се` во ред. Сметам дека резултатите ќе дојдат после некој месец. Тогаш ќе видиме дали и со каква коса ќе останам. Бебешка пудра - Бекутан Ова ми е откритие на векот! Ја користам пудрава буквално за цело тело. Од глава до пети. После депилација, за иритирана кожа ми е спас, во комбинација со маслото на Бекутан. Имам и проблем со мрсна коса. Веќе на вториот ден е мрсна, а не секогаш успевам да ја измијам, па како превентива ми е одлична. Не е чиста, но лажира ептен. Таман за еден ден да издржи е супер. Некогаш и претерувам со ставање, па имам неколку нијанси на глава, меѓу кои и белата. Иначе вишкот лесно се отстранува со фен за коса. Balea More blonde spray - Спреј за осветлување на коса. Спојлер Сакам промени на косата, ама не сакам да ја фарбам. За колор шампон ми помина меракот, туку и не се погодува соодветна боја. Ме заинтересира спрејов кој меѓу другото содржи и процент на хидроген, ама нема па и амонијак. Бев убедена дека само еднаш доколку ја испрскам, ќе бидам задоволна. Првиот пат ставив само спреј, а не ја сушев со фен. И тоа, го прскав само задниот дел од внатрешна страна. Чисто да видам, како косата ќе реагира. Вториот пат ставив на цела коса, одозгора ја испрскав, нерамномерно. Каде ставив, каде не, некаде па и неколку пати и ја сушев со фен. Немаше повторно разлика. Е веќе третиот пат, ми осветли ептен. Позади делот веќе имаше жолтеникав отсјај и се гледаше промена. Посветла, за неколку нијанси. Решив толку, повеќе не ја осветлува. Сега пак, како расте, се прелива сета боја и изгледа преубаво. Кој аматерски фризер. Многу ми е јака сеа и плетенка внатрешна кога ќе сплетам. Се прелива во 3 нијанси. Иначе има црвен отсај на сликите. Блицот си го прави своето.
Мене од Балеа спρејот за κоса за осветлување, κосата ми стана поρтоκалова и пρестанав да го κоρистам, очеκував смеѓа...
I Love Stage - Eyeshadow base Ја користам базава веќе трети месец и можам да кажам дека сум задоволна со оглед на тоа дека е една од поефтните бази достапни на пазарот. Треба многу малку за да го покрие цел капак, а потоа сенките откако ќе се нанесат изгледаат појаки и траат подолго. Само со базата, а потоа молив за очи - не, барем кај мене ми се размачкува, а имам пробано разни моливи за да видам каков ќе биде резултатот. Сама по себе базата го прави капакот да изгледа ептен мазен, бидејќи ја изедначува бојата и дава полу мат ефект. Miracle Teint Concealer Одличен е за под очите, бидејќи е лесен, но покривен. Се нанесува со тапкање, со прсти, а потоа се фиксира со камена пудра и стои цел ден, барем на мојава кожа. Од коректоров има и верзија за чувствителна кожа. Единствен недостаток според мене е пакувањето, треба да се чека додека излезе коректорот на четката. Jimmy Choo парфемирана вода Омилен, најомилен парфем. Еве ви линк за редоследот на нотите http://www.sephora.com/jimmy-choo-P304901?icid2=JimmyChoo_EditorsPicks_Carousel_P304901_image. Pure Active Daily Energising Gel Scrub Го користам речиси 2 месеци и сум задоволна од резултатите. Навистина ги прочистува порите со редовно користење, еднаш до два пати дневно. Ми се допаѓа што лесно се отсранува и после тоа чувството е - чисто лице конечно. Parodontax Toothpaste Пастава ми ја препорача една феминка, бидејќи се пожалив дека непцата ужасно ми крварат откако почнав да носам фиксни протези. На почетокот, првите 2 недели, чувството е благо кажано непријатно, но после месец ипол користење, мене непцата престанаа да ми крварат воопшто. Исто така, поради протезите, забите почнаа по малку да ми пожолтуваат, но со пастата и тој проблем се среди. Aquacolor by Kryolan (copper) Крем сенка која не остава линии на капакот. Пигментацијата и бојата се прекрасни и трајни. Доколку ви се најдат при рака, не се мислете дали да пробате некој нивен прозвод, високо квалитетни се и плус цената за таква професионална козметика е сосема ок. Pure Shine Lip Color - Catrice Уште еден производ на Катриц од кој сум презадоволна. Карминов не е силно пигментиран, има убав сјај кој не ја лепи косата и ги омекнува усните. Бојата сама по себе трае некои 2-3 часа, а после тоа усните се меки. Планирам во скоро време уште некој од оваа колекција да купам. Јас го имам четвриот од десната страна на сликава. Glossy Lipbalm - Essence Мириса прекрасно и ги прави усните сјајни и меки. Трајноста му е некаде 1.5 - 2 часа, а после тоа усните остануваат меки уште толку време. Сунѓерчиња за нанесување на шминка од Алиекспрес Пишав во соодветна тема за нив, прекрасни се. Не гледам причина да давам за оригинални бјути блендери по 25$, кога и овие одлично си ја вршат работата. Еве линк од продавницата: http://www.aliexpress.com/item/Love...Makeup-Cosmetic-Powder-Sponge/1946161377.html
откако ја порачав пудрава нон стоп ја ставам и за навечер и за прку ден, има лесна текстура и покривна е Исто и овие ги користам и за преку ден и за навечер
Baby Lips Pink Punch Најомилен производ 3 месеци. Го користам првенствено поради бојата, за хидратација и така не е нешто посебно. Бојата ми е прекрасна, плус многумина ме пофалиле дека одлично ми стои . Повеќе имам пишано поодамна во соодветната тема за лабела. Аvon Luxe Silken Foundation Секој втор пост на темава е за пудрава гледам многу сме го искористиле попустот кој вредеше. Обично не нарачувам пудри од Авон, зошто читав дека биле како вода но со оваа не е така. Имам светол тен и имам проблем со наоѓање нијанси па ја нарачав најсветлата Porcelain, преубаво ми се вклопи воошто не ми дели. Убава е и кремаста, средно покривна мојата кожа е сува/нормална па ми одговара . Инаку погоре прочитав дека пудрава нема мирис, ИМА и тоа каков цветен (и кармините го имаат истиов мирис) се чуствува додека ставате а потоа на лице се губи. А цената па, 350 денари навистина е супер за ваква пудра. Aura моливче за усни - 53 Моливчево ми е релативно ново но и омилено . Отидов да го купав бр. 31 но ми се виде многу темно па го зедов ова која е преубава nude боја, кремасто, трајно. Прекрасно стои и со јака и со понежна шминка. Цена: 120 денари. Не можам да најдам слика од нијансата, но вака изгледа моливчето. (Патем, го имам истово од на сликава и е преуба фушчиа нијанса) Oriflame beauty blender Додека не го пробав не знаев дека толку убаво и рамномерно се нанесува пудрата со вакво нешто . Скоро и да не нанесувам пудра со прсти после ова. Нема неред со пудрата, лесно се одржува Цена: 99 денари,
Cliven тоник и млеко за чистење лице Јас без тоник не можам да функционирам, зашто имам мрсна т-зона. Секогаш испробувам нови, ама секогаш му се враќам на Кливен Многу нежен мирис има, не содржи алкохол и убаво ја чисти кожата. Последен пат кога го купив, го земав и млекото за чистење лице. Истиот мирис го има и супер ми е за чистење на шминката, особено од очите. Violeta влажни марамици Обично ги користам Бекутан марамиците, прв пат ги купувам овие. Ама добро се покажаа. Имаат пријатен мирис и најчесто ги користам за површно вадење шминка. Најмногу ме се допаѓа тоа што имаат такво капаче за отварање, зашто не ретко налетувам на веќе отворени пакетчиња во кои првите неколку марамици се веќе исушени Solutions ББ крема Прв пат пробувам ББ крема, така што немав поим што да очекувам. Јас во принцип имам чиста кожа, голема покривност не ми треба, така што ја купив како замена за пудра, а не како подлога. Пријатно ме изненади - има интересен мирис, многу лесно се нанесува и остава убав финиш. Јас ја користам Менхетен пудрата и ја нанесувам со четка откако ќе ја измешам со крема, ама некогаш немам време за такви работи. Па во два потези ја мачкам кремава и добивам изедначен тен. Некогаш ставам сосема малку камена пудра врз неа, ако ми треба поголема трајност. Planet Spa Turkish Thermal Baths маска за лице Прво, мирисот е божествен! Лесно се нанесува, личи на чоколадо, а после станува цврста и менува боја. И вадењето оди лесно, а кожата после е нежна и чиста. Само внимавајте каков тип на кожа имате, зашто во рецензиите читам дека можно е да ви се јави црвенило на лицето ако не ви одговара на кожата. Proderm бебешка крема Тргнав во потрага по вазелинот со невен и Д-пантенол на Галафарм, ама во неколку аптеки го немаа во моментот, па во Стокомак ја загледав кремава. Околу 140 денари чини, 300мл + 50мл гратис И оваа крема е со масло од невен и Д-пантенол и обично ја користам за стапалата, задолжително после пилинг. Рацете ги мачкам само пред спиење, бидејќи е прилично мрсна. И убаво ми мириса, баш како на бебешки производ
1. Loreal Super Liner Ultra Precision Тушов ми е омилен долго време, остава интензивна црна боја, многу лесно се нанесува,и е доста траен. Го имам и другиот туш на Лореал како гел што е, но овој ми е подобар, четчето е фантазија. со еден потег ја добивам посакуваната линија. 2, Aura Lipliner number 34, 33 Ги имам двете нијанси и се повеќе од одлични. Гледам ги фалите по темава, ги пробав и сум воодушевена. Некогаш дури не ставам кармин, само со моливчето ја бојам усната и пак изгледа супер. Меки се , оставаат јака боја и траат, за цената се супер. Оценка 9/10 3, Valentino Valentina Body Lotion Мајка ми го купи парфемот, беше со подарок лосион, но бидејќи таа не користи млека за тело и слични работи ми го подари мене. Прекрасен мирис, го користам за деколтето и за рацете, посебно пред излегување. Има некои дискретни светки што даваат софистициран изглед, не се воопшто нападни , баш се женствени. Не е многу хидратантен, ама и немав такви очекувања,сите овие парфемирани лосиони ми се само за посвечени пригоди, а не за секој ден 4. Dolce and Gabanna - Dolce Најдоброто за крај Го обожавам парфемов. Има специфичен мирис, свеж, погоден за секојдневна употреба. Преовладуваат цвените тонови, но исто така и некоја цитрусна нота и е ултра женствен. И покрај тоа што овие ноти се прилично летни, има и некоја длабочина која го прави совршен зимски парфем. Нема потреба да напоменам дека шишенцето е супер слатко
Нешто што ми ја спастри косата овој период (за мрсна коса е) Првиот лак од фреш минералс, убава боичка, убава покривност, некоја си бургунди нијанса и добро траен. Преубаво нешто за рацете во овие ладни зимски денови. Убаво мириса, брзо впива во кожата, кожата е мека и нежна.
Кога сум во Солун обавезно ја земам маската за лице H&M со краставици и алое вера, околу 3евра ама многу е добра за лицето и освежувачка. втората омилена работа од H&M е моливчето за усни кое јас го користам како кармин, бидејќи и за таа намена одговара со сјај преубаво нешто. го земав бидејќи најпрво ми беше омилен,ама сега некако не ме влече повеќе ми е летен отколку зимски парфем но сепак преубав.
После многуте пофални зборови за кокосовото масло решив и јас да си го купам. Но во Зегин кога побарав кокосово масло на Био Култ (тој најмногу го фалите) ми кажаа дека го немаат во моментот туку дека имаат на Био Лајф-тоа ти е само друга фирма-ми вели аптекарката. Е сега да си прашам овде-тој на Био Лајф исто е добар како оној на Био Култ? Друго што сакам да прашам, на каква коса се става маслото? Пред да ја мијам или после миење? На мокра коса или сува? Овде прочитав дека го користите за: лице како крем тело како лосион устата околу очи пред спиење трепки -дека ги потхранува суви места-стапала, лактови и сл. коса Ако има и некоја друга примена пишете.
@papillonP јас го користам на лиолајф и сум задоволна, мислам дека се работи за истото масло. Инаку тука е добро објаснето за што се' се користи, а и дека има варијации на кокосовото масло, па кое за што е. https://www.organicfacts.net/health-benefits/oils/health-benefits-of-coconut-oil.html Во врска со косата тука пишува дека луѓето го користеле после миење. Мене малце ми е чудно тоа, страв ми е дека ќе ми изгледа помрсна од претходно, па затоа ја нанесувам пола саат пред да ја мијам, од половина надоле и ја врзувам во пунџа.
@papillonP маслото се става пред миење, најдобри резултати дава ако го држиш подолго. Јас кога нанесувам масло го оставам околу 30 саати, да се впие убаво и после ја мијам косата. А доколку стнанува збор за чисто кокосово масло или кокосов путер, без секакви додатоци, тогаш можеш да го користиш и како лосион за целото тело, отстранувач на шминка и итн. Суди според тоа како твојата кожа реагира.
Aura absolute matte Ги има во ДМ чинат околу 280 ден. Одма штом ги нанесеш на усните за кратко време стануваат мат,ама она прав мат кармин и преубаво изгледаат. Предходно од Мејбилин имав ваков сјај кој наводно требаше мат да стане ама од мат ни М немаше на него. Овие се пресовршени.Во последно време Аура ептен ме изненадува со козметикава. Од мене овие имаат 10/10 Eucerin Lip Aktiv Лабело од некоја причина не користам никогаш а имам огромен проблем со усните.Бидејки често ми излегуваат херпеси и устата од ацикловирот многу ми се суши се навикнав да ја мачкам со Павлодерм бебешкана крема за да ми смекне. Но таа остава бело и надвор не можам така да излезам па решив да си купам некое не толку комерцијално лабело(ко на пример бебјби липс сите што ги форсираат) а да ми врши работа во овие студени денови. Продуктите на Еуцерин до сега никогаш не ме разочарале. Лабелово нема ни боја ни мирис ни вкус а пред се не е многу мрсно да се слева од усните.Но,сепак е доволно навлажнувачко да ја смекне усната и да ја одржува влажна и притоа да не дозволува да се суши и пука. Ја го купив од Зегин по цена од околку 123ден. Eucerin soap sensitive skin Одамна му се токмам на сапунов ама никад прилика не дошла бидејки многу многу лицето не сакам да го мијам со сапуни пошто многу ми ја сушат кожата па користам различни гелови и пилинзи наместо тоа. Не знам што ми текна случајно да го земам сапунов ,сакав да го пробам да видам како ке ми биде со него со оглед на тоа дека си ги поштувам Еуцерин како бренд. Со сапунов се мијам 2 пати на ден а истовремено и се масирам со туферот на Ебелин за пилинг на лице што е. Морам да признаам многу сум задоволна од сапунчево.Има некој пријатен не многу изразен мирис и е доста нежно.Убаво ми прија на лице и не ми ја суши кожата иако можеби влијание има тоа што јас одма после миење се мачкам со крема за лице исто од Еуцерин. Од друга страна другарка ми ми се жалеше дека на нејзе многу и го сушел лицето и она не беше задоволна од него така да ваљда од кожа до кожа си е разликата. Се на се ја сум презадовлна од него.Го купив од Зегин по цена од околу 160 ден. Eucerin dermopurifyer day cream Кремава ја користам со години. Ми ја препорачаа во Зегин сосема случајно и од тогаш не ја сменив. Јас генерално имам мрсна кожа и не трпам крема на себе ми ствара ужасна нервоза.Пред 2-3 години баш овој период кожата на лицето почна ненормално многу да ми се суши и како лишаи да ми се ствараат. Прво сакав некоја обична крема за лице да земам од нивеа или било каква ама мајка ми во комбинација со аптекарката ме предомислија и не згрешив. Мислам дека зеленава колекција е као за кожа склона кон акни а конкретно мојата крема е за обнова на кожата после интензивен третман на кожата против акни. Не можам да кажам колку помага кремава акни нови да не настануваат бидејки јас само нејзе ја користам а не и другите производи од оваа линија,но како дневна крема со заштитен фактор 30 ми е совршена.Што е многу битно за мене одма се упива во кожата на лицето бидејки како што реков не трпам на себе креми и го прави мекано и нежно. Исто така и летоска си ја користев на одмор за на плажа бидејки има фактор 30 да не ми гори лицето. Малце ме напиња мирисот да бидам искрена ама добрата страна е тоа што одма штом се впие во лицето го снемува и не се задржува. Чини околку 700-800 ден во Зегин ,но они увек имаат некои акции на Еуцерин така да може да се најде за некоја 100ка поефтино кога се акциите. Airol cream Кремов го користам по препорака на кожен лекар.Прави хемиски пилинг на лицето и е доста ефикасен при отстранување на флеки и нееднаквости на лицето. Треба многу внимателно да се користи и од кога ке се намачка на лице да не се излегува на сонце цел ден. Исто така е доста ефикасен при борбата со акните и ги суши во рок од еден ден. Доста агресивен препарат е но со редовна употреба исто така исклучително ефикасен.
1. Balea BB creme Првпат купувам ББ крем, па се одлучив за овој. Во преден план ми беше да направам замена за течна пудра затоа што не ја користам редовно. Кремот лесно се нанесува и го изедначува тенот. Создава добра и трајна матираност со средна покривност што навистина ми одговара. Има една универзална нијанса која се прилагодува на тенот. Одличен производ за секојдневна употреба. Цена: 157 ден. 2. Balea Aqua Serum Со првото нанесување на серумот се забележува видлива разлика. Посебно ми се допаѓа што има можност да се користи наутро и навечер. Предностите од неговата употреба се: матирана т-зона, лесен и свеж мирис, природен изглед, добра хидратантност, редуцирање на црвенилото. Цена: 241 ден. 3. Essens soo glow highliter Со мала количина се постигнува дискретен и природен изглед. Го нанесувам на делот над јаболчниците и сосема малку на носот за да го истакнам тој дел од лицето. Погоден е за секојдневна употреба. Достапен е во две нијанси. Цена: 209 ден. 4. Гел за туширање Discover Miami Spirit Мирисни ноти во комбинација од личи и тропски цвеќиња кои пријатно ги разнежуваат сетилата и создаваат чувство на мека и негувана кожа. Цена: 149 ден. 5. Дезодоранс Eclat Femme од Орифлејм Свежа мешавина од портокал, јасмин и сандалово дрво која создава незаборавен привлечен мирис. Понекогаш го користам во комбинација со парфемот. Цена: 169 ден.
Повеќе омилени производи на годината, отколку на месецот , но океј 1. Биотен крем за лице за комбинирана кожа Кремот е лесен и многу хидратантен. Мирисот е малку тежок но океј е, задоволна сум. Цена: околу 150 денари. Спојлер 2. Терапија за нокти 8 во 1 од Евелин Веќе добро позната на сите. Откако го открив неможам да живеам без него. Го користам и како база пред лак. Цена: 115 денари. Спојлер 3. Сапун за лице од Дав Предобар. Единствен производ што го користам за чистење на моето лице било да е од шминка или онака. Да, ми ја сужи кожата по малку ама со кремот за лице немам проблем, го нанесувам одма после миење на лицето. Цена: 65 денари. Спојлер 4. Серум за коса од Балеа Производов ми беше врв. Премногу се разочарав кога неможев сега да го најдам и дознав дека го нема веќе. Ми траеше повеќе од година. Ја заштитува косата од топлина и ја прави многу мека. Го нанесував на мокра коса пред сушење и пеглање. Цена: околу 150-160 денари (неможам да се сетам) Спојлер 5. Спреј за заштита на косата од топлина на Авон Спрејот го купив кога почна да ми снемува од горенаведениот серум а воедно беше и намален. Не очекував многу со оглед на тоа дека ваквиот спреј на Шварцкоф не ми се допадна ич, овој е супер. Не ја лепи косата и мириса убаво. Неможам да кажам дали ја штити косата, го немам користено толку долго време но сега за сега е океј. Цена: 130 денари. (на намаление) Спојлер 6. Кармин Голден роуз мат број 12 Тргнав по 2јката, завршив со овој. Повеќе ми се допадна нијансата. Предобар е. Иако е мат не е сув и супер лежи на усните. Нијансата е потемно розе и не е воопшто нападен. Цена: 130 денари. Спојлер: Како стои на уста 7. Лабело на Росал, Вајолет тач Лабелцево ми е фаворит. Да можам да најдам кармин со ваква нијанса ќе го купам веднаш но сега за сега ми е одлично. Повеќе е пигментирано за да се нарече лабело, но не ми смета, го користам цело време. Цена: 120 денари. Спојлер 8. Коректор од Евелин Коректоров го земав за подочници и предобар е. Една нијанса посветол од пудрата, за осветлување на пределот под очите.Задоволна сум. Не се собира во линиите на очите и стои цел ден. Цена: Околу 160 денари. Спојлер 9. Бјути блендер од Орифлејм Последново е рандом бјути тул но сепак вреди да се спомне. Предобро ја бленда пудрата и е многу по хигиенски нанесувањето отколку со прсти. Цена: 99 денари. Спојлер
@Sw3et.Ang3l од каде го зема коректорот на Евелин? Јас ја немам забележано таа козметика нидге во Скопје, а гледам на форумов е неколку пати спомнуван.
^ коректорот го земав од парфимерија во Штип, за Скопје стварно неможам да ти кажам каде го има, може некоја феминка знае?
Балсамчево го добив поклон и веднаш го ставив во листата на омилени за месец Декември постојано се шлапам има преубав нежен мирис, ги прави усните меки и што вика дечко ми убави за бакнување
Алверде маска за коса со кајсија и цитрус Ја користам оваа маска веќе еден месец.Ја купив бидејќи сакав нешто по нежно за косата зради паѓањето периодов и не згрешив.Маската ми се покажа одлично и дефинитвно ќе ја купам повторно.Косата ја отплеткува,лесно се расчешлува,мека е и сјајна.Искрено не очекував дека ќе бидам волку задоволна,немав никогаш предходно користено маска од Алверде. За таа цена е повеќе од одлична,а ефектот ме изненади позитивно. Clinique 123 step Го имам овој сет со број 2 односно сува/комбинирана кожа или подетално суви образи и помрсна Т-зона. Јас имам сува до нормална кожа па нареден пат би земала број 1 односно за сува кожа. Е сега да кажам мое искуство за секој продукт посебно. Гелот за миење лице (зелената туба) е најпрекрасниот гел за миење лице што некогаш го имам користено.Нежен е и нема некој мирис како и сите производи од сетот.Доволна е мала количина за цело лице,бидејќи прави пена како сапун нешто му доаѓа.Мие се,ама буквално се од лицето дури и најцрната маскара.Лицето е мазно и меко,јас чувствувам мало затегнување на лицето после миењето и само поради тоа би пробала со број 1 за многу сува кожа.Но,тоа затегнување го чувствувам многу кратко време,одкако ќе нанесам крем за лице проблемот е решен.Не ми ја досушува кожата. Тоник за лице не сум користела тоник за лице многу долго време.Овој има малку мирис на акохол ама не нападно или многу јако.Го нанесувам после миење на лицето со гелот.Чувствувам мало пецкање и ладење на лицето и чисти се што случајно не сум измила со гелот.Одличен производ јас сум презадоволна и дефинитивно би го купила повторно како и гелот за лице. Лосион за лице (жолта туба) Доста е течен,нема никаков мирис и мене на лицето ми одговара совшено.Хидратира,а не мрси и лицето е како свиленкасто после нанесување.Мене ми одговараше дури и на најладно време кога кожата ми е доста посува од нормално.Дали би го купила повторно хмм не сум сигурна не дека не е добар туку сметам дека и друг крем ми дава сличен ефект,би пробала нешто друго што ќе ме импресионира повеќе. Гелот за миење и тоникот би ги купила повторно без размислување,презадоволна сум и ги препорачувам.