Каде најблизу има вакви спрејови, во Грција? Можеби во Србија? Ме интересира, оти имам доста производи на Vaseline од кои сум задоволна, ама се купени од подалечни дестинации, не од соседството. Сакам и спрејов да го пробам.
Од Грција ги земав, чепкав сега по изводите од банка маркетот се викаше Alfa-Beta Vassilopoulos, ги имаше само овој и зелениот од алое вера. Мислам дека не беа повеќе од 3 евра.
1. Каротен крем за интензивно потемнување Доволно го имам испофалено низ темите, дефинитивно без него не ми поминува летото, преубава боичка си добивам. 2.Кокосово масло Го користам буквално за се, тело, коса, лице, а во лето го користам и за сончање како и за нега на кожата после сончање. Многу ми ја омекнува и потхранува кожата, одкако ќе се упие кожата изгледа сјајно и здраво. Ниеден лосион ни афтер сан не ми е толку убав како маслово. 3. Викторијас Сикрет спреј Lost in fantasy Во лето баш и несакам да се прскам со парфеми затоа спрејчињава на ВС ми се идеални за во лето. Омилен мирис ми е овој, мириса на чисто, свежо, тропско. Баш потсеќа на рајски остров и преубаво се осеќам кога мирисам на него. 4. Лореал бронзер Пудра вооппшто и не користам во лето, на потемнет тен немам воопшто потреба од такво нешто. Доволен ми е бронзеров за да изгледам баш како што сакам. Го нанесувам на врвот на јаболчниците, го користам и како сенка, на крајот на веѓите го нанесувам како и на почетокот на окото и под носот на врвот на усните. Најубавиот бронзер ми е од сите што сум ги пробала, а сум ги пробала скоро сите што ги има низ нашите парфимерии. 5. Есте Лаудер кармин Pure Color Lipstick - Fuchsia Fever 60 И нормално кармин во тропска боја. Летово ми е омилен овој, совршено стои на потемнет тен. Летна преубава боичка, долготраен е карминот, уните ги омекнува. Сјаен е, едноставно совршен за во лето.
Balea флуидот-ми го освежува и матира лицето.За екстра мрсно лице како моето посебно на жешкото е полн погодок. Aloe ролонот од Forever-го имам можеби две години и уште е на пола.Многу споро се троши.Се колнам во овој производ, не знам што би правела без него.Нема мирис, не остава траги на облеката и не создава иритации што е најбитно.Добар е и за против комарци. Avene термалната вода-Против иритации, изгореници и алергија.Ја купив пролетта, кога обично имам проблем со алергијата, но добро другарче ми е и цело лето.Ја носев со мене и на одмор и многу ми се најде првите денови, кога и приредив шок на кожата од премногу лежење на сонце. Balea Golden Shine-омилениот ми лосион.Овој производ ми го обележа летото, бидејки летово ми е all about the bling bling!Имам сличен ваков од Авон за истакнување на тенот, ама не е ни до пола добар како овој.На исончана кожа многу убаво стои. Плус и мирисот е . Аура highlighter Golden Spice-како што кажав, на лето си љубам да светам како лампион.Не ме нафрла што е многу битно за мојата проблематична кожа и не изгледа лошо на мрсна кожа.Само дава Џеј Ло изглед. Manhattan Clearface бб крема-пудрата од истата линија многу ми се се погоди па си ја земав и бб кремата и не згрешив.Не ми се користи пудра, ниту пак камена на жешково, па си терам само со бб крема.Лицето ми го држи матирана околу 4-5 часа ама не ми смета и да светнам. Маслиново масло со кантарион-користам долги години наназад за постигнување на чоколаден тен.Нормално првите денови користам крема со фактор 30, а понатаму си терам само со маслото.
Повеќе производи користам во зима отколку во лето. Во лето само сапун, гел за туширање, ретко шминка. Некогаш ставам лабело или крема за раце ако ми се премногу суви.
Во летото не сакам никакви кремови за лице,масла,лосиони,шминка на мене.Доволно ми се само сапун,гел за туширање и дездоранс.
1. Victoria's Secret Aqua Kiss Fragrance Mist 2. NYX Soft Matte Lip Cream - Abu Dhabi 3. bareMinerals Complexion Rescue 4. bareMinerals Original Foundation 5. Gamarde Roll-on Deodorant