Јас не можам да издржам ако не јадам благо........поарно благо ќе јадам него леб А најомилени ми се:палачинки, од чоколадите со лешник, милки, сириус, чоко бисквит, албени и мн др... исто така мн сакам чоколадни кикиритки И ишлери нив ги заборавив
Обожавам благи работи! Нема ден да помине без јас да си каснам по нешто благичко,кога ќе видам благо баталувам и диета и се! Обожавам Тирамису,тулумби,баклави,кадаиф,индијанки,домачици,пудинг,наполитанки,ресани,чајни колачиња,оние Сирма колачиња со кокос,бисквити и нутела...да не набројувам се цела ноќ ќе ми помине пишувајќи. Е,кога станува збор за чоколадо..Чоколадото е мојата дрога! Било што чоколадно да има низ дома го снемува пред сите да го видат... Омилени чоколатца ми се : Едит - заборавив Сникеррс неговото величество..И Mars и Twix и Bounty секако! Инаку сакам да пробам Cheesecake,па да ве прашам дали имате видено во Скопјево ?
Благо јадам и сакам да јадам али не во енормни количини, но едно нешто мене ужасно ми пречи доколку тортата, колачите или бонбоните не се убаво декорирани или се во лоша опаковка не ги пробувам едноставно мислам дека ако однадвор не ми изгледа убаво не е ниту вкусно. Така еднаш се излажав пробав од оние турскине чоколадни бонбони што ги има во различни бои и мислам ќе повратев од тоа колку ми беа гадни а сите дома велеа дека биле убави, и од тогаш па навака ако треба ќе умрам за благо ама од нив не јадам.
Дефинитивно од благите работи, на прво место кај мене е чоколадото. Не сум по брендовите у стил мора да е Милка, Нестле или слично, само да не се од оние со ориз (јес да се диетални, ама многу ми се суви бе брате ). Значи не е важно која само да е со лешници и тоа цели, не ситнети или кршени. Кога сме кај лешниците, кај една другарка јадев баклава со лешници. Значи инаку јас не можам да ги јадам баклавите, еклерите, тулумбите, кадаиф, све од таа фамилија, многу ми се тешки, а јас и онака имам проблеми со желудникот, ама баклавата со лешници беше превкусна А дефинитивно, она што не можам да го смислам е ореви во торта. Ма и да се најситно мелени, јас веднаш ќе ги детектирам.
Се чувствувам како да сум најголем зависник од благо, особено чоколади. Но, гледам дека не сум единствена
Има чизкејк, се продава во поголемите маркети, јас имам видено во новото Веро ама има и во другите мислам. Чизкејкот е правен од една слаткарница од Куманово, Зафир се вика, ако ја знаеш и луѓето навистина прават прекрасни колачи и торти, ама чизкејкот им е врв, мораш да го пробаш!
витанова чоколатца и цица маца и делириум ми се омилени, а ги сакам и најлепше желје и дорина ледена. и каде без ресана?
дали ви текнува на едни чоколади имаше на една машко детенце а на друга девојче порано мн ги јадев тие ама сега ич не ми текнуваше како се викаат
можам слободно 5 во еден ден да ги изедам од овие најголемиве покрај овие обожавам палачинки со еурокрем, шлаг, банана, и прелив од чоколадооо... мммммм ..
милка ми се најомилени потоа најлепше жеље посебно од ментол,баунти...има и мн.други ама да не ги набројувам сите, а знам дека порано имаше едни чокалада лакта се викаја е тоа беше поим за чоколадо само што одамна ги немам сретнато незнам ни дали се произведува уште.