Конечно по толку мислење како се вика . (одамна немав јадено и никако да ми текне) Schogetten со лешник.
Зависник од благо ДА и тоа многу.Подобро кажано ИЗДРОГИРАНА за благо јадам се освен овошни торти и колачи пошто неможам да јадам овошје мешано со нешо благо
Јас сум голем обожавател на чоколадото а и кремови, пудинзи такви работи многу сакам. Понекогаш ми се случува да изедам и цело чоколадо сама. Многу го сакам мммм
Порано омилена ми беше оваа дорина (додуша уште си ја сакам, ама не ми одговара со Кока Кола) Сега поише кејф ми праи Шолгетен жолтото за деца што е
Се утепав јадејќи ги деновиве, плус имам цела кутија дома, којзнае како тоа ќе се одрази на мојата линија