Албени чоколатцата дефинитивно.. Дури и се чудам како можеле толку убави да ги направат.. Бисквтче, чоколатце, мх мх мх.. ЗАБРАНЕТО ЗА ОНИЕ НА ДИЕТА: Спојлер
Сникерс Спојлер Албени Спојлер Сириус јагода Спојлер Секаков вид Милка Спојлер она што има бисквита покриено со чоколада не знам како се вика ChokoBisquit изгледа но не ми замерувајте!! Спојлер од ова нема слика жал ми е палачинки Спојлер И мноооогу други чоколади!! Спојлер И после да бидам на диета?? Не фала добра сум си вака Спојлер не дека сум дебела не ме сфаќајте погрешно!
Порано омилено ми беше Нестле, ама сега го расипаа и го поскапеа а ја намалија грмажата. Нашата Милка не би ми се свијала никогаш нешто посебно, ама кога пробав во германија видов дека врска си нема нашата со нивната. Ги сакам германските чоколада, алпико се убави, ама врв од германскиве ми Schogetten!!! Баш ми се практични што се коцка по коцка ни да се мачиш да кршиш само лапни си. Башка се 100грама а се 45 денари. Вкусови има лудница, незнам веќе колку се вида не сум пробала. Инаку нај нај нај омилени ми се Ритер спорт, нема поубаво и поквалитетно чоколадо, али и цената си е повиска, 70 денари се и повеќе. Ги сакам и бајадарите, и ferrero rocher, а посебно оние со вишна бобоњерите и атлантис исто. Афтер ејт не си ич по мој вкус. Ма да е би рекла не ни на сникер и марс, оние со кокос не ги сакам. Твикс како мала ми беа омилени, и M&M's мојата слабост уште ги обожавам како да сум бебе некое.
Сникерс, палачинки, Милка, Најлепше жеље (со бисквити особено), ишлери, еклери, фереро рош, чоко бисквит, кит-кет, таблероне ..ии уште многу.Чокохоличарка сум дефинитивно
Дорина со кекс ми е едно од поомилените. Исто и Чокса со какао, мх, убавини. Од Најљепше жељице оние малите пуцкетавци. Си пука ли пука во устата, жива среќна сум. Белото чоколадо од Кам и тоа со карамел. Атлантис и шери бонбони на Краш. И тофи. Милка, со некои најтужни вкусови, како крем од малина или некое капучино парфе чудо. Палачинки сакам, мафини, поп кејк, чоколадни торти, мх. Слатко од вишни и капини. Ама ако има врв на доброто благо... мора да е добра баклава. Стрина ми прави една со бадеми и ореви, леле дедо боже - Нутела не ѝ е рамна! Што убаво си подголнав, недела дена не сум лизнала ништо благце.
Mногу сакам палачинкии секакви торти, ама најмногу чоколадна аа од чоколадиве највише ги сакам: милка, киндер, сникерс, сириус, албени... иии многуу сакам ишлери
Мене ал тајм фејврит ми се Албени чоколатцата. За ништо не би ги сменила, а ниту пак споредила со било кои други. Таква вкусна содржајност имаат, абе мераци, би можела цел пакет да изедам од нив. Ми текнува ги засакав уште од мала кога бев, ги имаше во минијатурно издание, не знам дали денеска воопшто постојат ептен малите Албени.