Ау, долга ќе биде листата. Јас, како голем љубител на благо (зависник ) не можам да издвојам само неколку. Имам десетици омилени. На ова кога ќе му седнам, 90грама одеднаш одат како од шала. Го обожавам, заедно со Ишлерите. Потоа: Исто така Ресани обожавам, чоколадни наполитанки, крофни во секаков вид и со секакво полнење, Рафаело, рум штангли, еклери, чоколадни торти. А ова е мојата најнова зараза, Гриоте:
Каде има да се купат и дали ги имате пробано ??? Кандит Престиж Само за последниве 3 чоколади знам ги имало во Рамстор Сити Мол и Капитол, на намаление во моментов околу 120 ден.
Изгледа само јас не можам да ги смислам Јаки ми се некако..ене ги стојат 2 месеци Ја сакам И ако некој некогаш начека вакви..нека проба! Или било што од истиот бренд.
Ауууу, јас на времето од Грција ги порачував, сега од ко ги имаме и овде мераци сум. Едно пакување во рок од 10 мин маф го правам
Најмногу обожавам марципан, така да, се што е во комбинација со него ми е превкусно. Исто така, обожавам и карамела. Ми се допаѓаат и комбинациите со кокос и комбинациите со рум. Кога бев во Америките, имав омилено чоколадо што нон-стоп само тоа го јадев. Dairy milk со (течна) карамела: Од оние кои ги има во Македонија, омилено ми е на ritter sport со марципан: Меѓу поомилените слатки ми се kings меките колачиња, поготово оние triple chocolate chunks: Си ги сакам и m&m's: Обожавам и Харибо:
@♡BuBaLe♡ Аа океј Инаку, кога спомна After eight, ги обожавам и јас, а сега ги има и limited edition, со вкус на лимон, ирско кафе, портокал, марципан и дива рибизла @Dust Тогаш Даст да ја прашам Чоколадираните плодови ги има во Мк или не знаеш?
@Ketchup Како ми се чудиш Летото пробав едни италијански колачиња, а внатре беа со кремаст лимонов фил, и сега барам тука, ама видаут ени лак Дорина, вистина? Не сум приметила, добра е или?