ОБОЖАВАМММ!!!! БИЛО КАКВО САМО ДА Е ЧОКОЛАДОО!!! НЕ ПРЕБИРАММ!!!( дури и чоколадо за готвење ми е убаво)
Кревам рака како чокохолик. Ова е зло од кое не се откажувам. Би јадела за доручек, ручек и вечера, и измеѓу како ужинка. Да признаам, некогаш така и испаѓа. Нема да јадам ништо солено, доколку има нешто благо прво. Дури и тестенини одбивам пред чоколада, иако ми се омилено јадење. Најнов фаворит ми е чоколадото на Banat со бисквити, пред недела дена го видов во маркет и реков да го пробам. Предобро е. Подоцна доаѓа Сникерсот, Лајн, темното чоколадо на Шогетен, сите видови на Канди итн. Ма сѐ прифаќам, нека биде само благо и чоколадно.
И јас се пријавувам во групата чокохолици Со тек на годините само приметив дека сакам темно чоколадо со бар 70% какао или со полнеж. Пред години ги обожавав агроблок оние жолтите ама последните години ги уништија, сменет им е вкусот скроз Инаку во омилени ми се пионир со цели лешници, најлепше жеље со портокал и лешник, дорина со пунч полнеж едно време мн ја јадев, мислам ја прејадов а сега феворит ми се Lindt excellence dark со портокал,таа со кокос и 85% какао. Milka ич не ги сакам преблаги ми се.
Не би се нарекла чокохолик ама па и никако не би одбила чоколадо доколку ми е понудено. Јас сум од оној тип на "досадни" луѓе што во Палма ќе купат топки сладолед со вкус на чоколадо и од оние кои чоколадните торти и колачи не ги менуваат за ништо. Како омилени би ги издвоила Милка со лешници (и скоро сите останати милка освен таа со суво грозје ), Дорина ледена коцка, Најлепше желје темно чоколадо, Атлантис да не заборавам, Бајадери сникерски баунти......епа сепак сум била чокохолик
А дали има некој што сака благо ама не чоколадо,пример слатко мармалади колачи Еве го моето омилено Schogetten Straciatella
Сега само што изедов едно 100грамско со сецкани лешници... Во состојба сум и да преживувам само со чоколадо Е единствено што неможам да го јадам е бело чоколадо. Самиот збор чоко ме асоцира на темно кафено па од проста причина не јадам бело чоколадо
Чокохолик guilty as charged тоа ми е решение за се, најомилен подарок, најдобар другар... Ова ми е омилено
Сакам и јадам благо, ама не сум чокохолик Како Кримка, повеќе сум по соленото. Во текот на денот со кафе може ќе изедам една од тие малите темни чоколатца на Најлепше жеље или по една рум плочка на Европа. Може затоа што претежно ќе јадам такви, плус како Афтр ејт, што реално не ти дозволуваат да претерашш, туку со едно парче да ти е сосема доволно. Благо не одбивам, ама не би се нарекла чоколхолик Но, ги има тие некои 5 дена од 365 кога може да се декларирам како таква Денови кога би згмечила Киндер Буено, Рафаело, Сникерс и Мон Шери во рок еден саат, а цел ден би јадела само торти
Од чоколади сакам само милка чоколада и оние другите што се со лешници. Сакам многу торти и колачи, љубов ми се
Зависна сум од какаото како состојка на чоколадите, а не од самата чоколада како таква. Затоа и не јадам секакви чоколади, ова на сликава ми е омилено. Со текот на годините научив да бидам пребирлива кога се во прашање чоколадите, што не е случај со десертите. Идат предвид и црните на Линдт со сол и портокал, соодветно, ама се со помал процент на какао. Милка одамна не ги ни гледам, а од останати чоколади купувам на Европа темните Ексклузив чоколади. Млечно не сакам ни јас, преблаги ми се.
@Devil99 доколку си од Скопje има продавница на Линдт спроти Мериот хотелот. Инаку претежно и во Тинекс и Рамстор ги има. Оваа со 90% какао во Рамстор ja имам гледано.
Ти кажала веќе @CrazyOne, јас од Рамстор и Тинекс ја купувам, а ако ја нема таму, во Скопје сигурно ја има во продавницата на Линдт спроти Мериот. А ако не си од Скопје, не би знаела каде да ја бараш.