Се мислев да ја купам ама коментари ме предомислија. Дека оние до кај 80% се јадат а ова премногу горчело Сакам инаку вкус на какао
Па нема да те лажам, горчливи се, прилично. Како да сркаш сурово какао со лажица. Таа од 99% е ептен горчлива, и оваа со 90% е тука некаде. Мене за со кафе ми се таман, дупла горчина
Омилените чоколади, обожавател сум си на портокал во сите варијанти Don't mind the cake ) Вкусна беше ама чоколадо си е чоколадо
Ама поскапи се тие "Lindt" чоколади. Ги гледав во Рамстор, ги немам пробано, а верувам дека се убави. Во последно време, ми препорачуваат темно (црно) чоколадо, незнам зошто, велат поздраво било. Кои се бенефитите, треба да прогуглам, да видам. Инаку, заборавив, омилена ми е "Dorina" Рунолист, со резеда опаковка беше порано, но зошто ја нема по маркетите, никаде неможам да ја најдам, не ми е јасно. Во Краш можеби ја има.
Сите темни чоколади на Каока и црната чоколада со портокал на Карфур Био... А на љубителите на млечна чоколада им ги препорачувам млечната со лешници од Карфур био линијата (втората од лево на првата слика) и млечната на Каока (петтата од лево на втората слика). Онаа со лешници редовно ја имам во залиха последниов месец, а претходно со години не јадев млечни чоколади. Е, до толку е добра.