Кога бев мала, се продаваа чоколадни мини-ролати од Горенка, неколку парчиња во проѕирна кутија беа. Поубави ролати немам пробано, ги најдов пред 5-6 години во сосема поинаква амбалажа и доста променет беше вкусот на полошо, оттогаш и ги снема или јас не ги перцепирам.
Речиси сѐ од марката Вафлини. Посните медењаци со портокал им се врв. Добри им се и кроасаните, мињон коцките и оние тенки чоко барови (има со кокос, ментол и рум). Од Алпинела чоколадите обичното млечно и она со ментол.
Чоколадите од Стокомак, ама таа со ментол мене не ми е убава, ментолот ја прави неблага некако. Најубави ми се белата, таа со кикиритки, со суво грозје, со кафето не е лоша. Има еден жолт колач со овошје внатре, вкусен ми е. Чоколатцата со рум си ги купувам.
Омилена слатка ми е таа со смоква и орев внатре (мислам дека се вика свекрвино око ) А омилено чоколадо СНИКЕРС