Рафаел Надал и Марат Сафин, пред сите други. Надал го следам уште кога се пробиваше на АТП листата. Баш во тој период некоја од нашиве телевизии даваше преноси од 95% од АТП турнирите, и го имав задоволството да си гледам нон-стоп . Го почитувам зашто е вистински спортист. Со едно огромно С. Неверојатно фокусиран и концентриран за време на меч, воведе во тенисот еден нов до тогаш невиден стил на игра, невиден борец-ова е особината која најмногу му ја сакам и заради која најмногу го почитувам. И што е најважно од се-многу прибран и културен на сите јавни настапи. Не прави никави испади и будала од себе. Спортист 100%, ма и повеќе од тоа. Марат Сафин го сакам премногу. Не заради фантастичниот изглед (според мене), туку затоа што е многу карактеристичен тенисер. Русин по потекло, неверојатно темпераментен.....Тоа и го „уби“ во тенисот-неговиот темперамент и недостаток на самоконтрола. Инаку, знаеше и тоа како добро да игра....Ама ете, се повлече. Прерано, според мене, можеше уште да игра. Меѓутоа, ако прочитаме нешто во врска со неговиот живот надвор од терените-па и многу издржал Инаку, секоја чест за него Од жените спортистки ќе ја издвојам Јаница Костелиќ. Една и единствена, ако не се лажам, сеуште ненадмината. Освои експресно се што можеше да се освои од трофеи, награди и медаљи-и се повлече бе, толку млада Навистина ми недостасува на скијачките трки. Имам уште двајца омилени спортисти-Михаел Шумахер и Себастијан Фетел. За првиов немам многу што да кажам, се е веќе кажано, , ваков или таков-се уште неговото име стои зад сите рекорди. И си вози од кеиф, и за нешто плус паричка. Барем не се преправа како некои други од тој бизнис. И е шофериште невидено, талентот му е апсолутно неоспорен. Себастијан Фетел-момчево ме остава ваква кога го гледам Многу ми се допаѓа како си вози. Трпелив, собира искуство, талентиран до бесвест.....Се надевам дека ќе ги пребрише рекордите на претходно спомнатиов негов сонародник и ќе напише нови. Многу сакам да има максимален успех во Формула1. (и едвај чекам да почне новата сезона ). п.с. Се извинувам многу што немам фудбалер на листава. Не следам доволно фудбал, затоа.
Francesc Fabregas ми е најнајомилен пред сите! од секогаш и ми бил. Наумче Мојсоски најомилен ракометар. После тие двајца ми сее,Alexis Sanchez,Gerard Pique иии на крајј Novak Djokovic
Од секогаш ми бил најомилен фудбалер Alan Smith..имат играно во Манчестер Јунајтер а сега игра во Newcastle..Го обожавам....
Моментално само на ракометари ми текнува а омилени ми се Филип Јихча од Чешка и Стевче Алушевски од кај нас
За спортистите веќе се изјаснива. Сега за омилени спортистки. Од нашиве Индира Кастратович и Гордана Нацева. Од странскиве Анита Горбич и Јелиз Озел.
Алексис Санчес премногу го сакамм .. умирамм по негооооо најмногу го засакаф кога го гледаф видеово значиии срцка е ...ептен шеговит !!! http://www.youtube.com/watch?v=4XfcdWWOoaY&feature=related
Како за очеток мојата најголема лјубов на светот JOHN CENA! Оваа е мојата лјубов од кога бев 9 години со таткоми секоја вечер гледавме wresling и полека по полека мојата лјубооов расти го обооожавам и кога се тепа -кога губи (многу редко) плачам ко луда ко татко да ми е а што да правам но кога побдува (скоро секогаш) рипам, ѕипам по станот пејам уфф мори мајко На второ место доаѓа MESSSSSSSSIIII! На трето но сепак многу важно место доаѓа NADAL! Многу го сакам но повеќето беше зарди мојта братучетка она е ноговиот #.1 фан направи и фацебоок страница РАФЕЛ НАДАЛ-МАКЕДОНИЈА
1 Меси 2 Рафаел Надал 3. Меккејлеб 4. Пике 5. Индира Кастратовиќ 6. Гордана Нацева 7. Дрогба 8. Валтко Илиевслки 9. Алонсо 10. Иниеста