Сум пишала претходно ама сум заборавила еден човек, поточно една легенда. Легендата на Реал Мадрид и еден од подобрите играчи во историјата на овој клуб. Играч кој уште од мала го сакав, тогаш беше ѕвездата на кралскиот клуб, а и сеуште е. Раул Гонзалес Мислам дека нема потреба да зборувам за тоа колку направил за тимот, затоа што се знае веќе. Се надевам, иако не верувам да има многу шанси, ама сепак сакам да ни се врати и да се пензионира во Реал. Таму да ја заврши кариерата и да биде достојно испратен. Но и да не биде така, сепак си останува за мене еден од омилените фудбалери на сите времиња. Респект кралу .
Рафа Од кога знам за мене го сакам и го гледам на секој натпревар..посебно ми е драга победата пред неколку дена на Barcelona Open Banc Sabadell во Барселона и тоа што триумфира и по 7ми пат Има и многу други но мислам дека Рафаел е сосем доволно
На мојата листа на прво место секогаш бил и ќе биди Alessandro Del Piero . Професионален, скромен и чесен. И пред се голем ЧОВЕК. Го обожавам уште од мали нозе и ќе ронам крокодилски солзи кога ќе се пензионира. 2. Fabio Cannavaro и неговата најубава насмевка . Уште еден фудбалер кој играше фантастична одбрана. 3. gianluigi buffon Овие тројца ми се најомилени од сите, но има многу кои бескрајно многу ги почитувам и ги сакам. Повеќето моментално играат во тимот за кој навивам, а другите некогаш играле. Јас ќе ги напишам сите кои моментално ми текнуваат затоа што мислам дека вреди да се најдат овде. Павел Недвед, Зинедин Зидан, Edgar Davids, David Trezeguet, Андреа Барзаљи, Џорџо Киелини, Алесандро Матри, Клаудио Маркизио, Артуро Видал итн. Иако сум за Јувентус јас сум фер и искрена и затоа на оваа листа ќе се најдат уште двајца од противничките тимови. Хавиер Занети кој го сметам за еден од најчесните играчи покрај нашиот Алекс. И Паоло Малдини единствениот фудбалер на Милан кој вистински го ценам и почитувам затоа што го заслужува тоа. Од кошарката си ги сакам сите од нашите, а инаку Џордан. Федерер ми е исто меѓу омилените. И години наназад омилен Фернандо Алонсо. Овие ми паѓаат први на памет. Ќе се надополнам во иднина. Како и да е гореспоменатите сите до еден заслужуваат...
Морам да ги спомнам, иако не се од Реал ама многу ги сакам. Петр Чех И од Ноер е подобар, само од Касиљас не е . Го обожавам, одличен голман . Џон Тери Почитувам фудбалери кои цела кариера ја поминуваат во еден клуб а Тери е еден од тие. Едноставно Челзи го поистоветувам со него. Одличен капитен и мислам дека заслужи да го подигне пехарот од ЛШ барем еднаш во својата кариера. Кога би требало да бирам омилени фудбалери освен Реаловите овие би биле први на листа .
тенис - Р.Федерер♥ кошарка - К.Брајант и нашиот Перо секако ♥ фудбал - В.Руни ♥ ракомент - К. Лазаров ♥
Не ми се верува дека не сум го спомнала Дарко Панчев. Еден од омилените. Со Маја ми се ептен совршен пар. Еве му го семејството Овде е неговото интервју за кармакаша http://www.karmakasha.mk/top-kasa/fala- ... bav-fudbal Ма, обожавам со човекот, легенда е. Гордост.
Eдиствениот спортис на кој вистиски сум му се восхитувала, кој најногу од сите сум го сакала, но и сум му се налутила.Има среќа што лутината брзо ми поминува, па му простив што не напушти за Реал. Рикардо Изесон Сантос Леите- КАКА Има некоја хемија човеков, неможам да објаснам, го сакав од привот ден кога дојде во Милан. Но тој е и причината да не гледам веќе толку интензивно фудбал, затоа што најмногу на свет сум се изнериврам кога си отиде. Но сепак за мене си останува секогаш број 1 Несакам да гледам слики со него во дрес на Реал,само на старите добри слики си се потсеќам од време на време. Џокович Он је Ноле сви га воле, али едноставно ми интересен како личност и беспрекорен тенисер. Со теков на последниве 2 годни ептен ми зарасна за срце. Будала блесава е, но му се диван на успехт кој го постигна, моментално е нуберо уно